Помош за Илија Јосифовски - потребна се итни испитувања во Нирнберг поради ОДМОР на нашите ‘доктори‘

Статус
Затворена за нови мислења.

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.136
Поени од реакции
18.135
Има ли новости?
Иста ситуација како до вчера.Само родителите се понервнозни шо е логично.Ако некој читат од надлежните ги молам да реагират до Имунологија во Скопје, работата е за еден мизерен потпис.7-8 ПАТИ ГО ВРАЌАЛЕ ТАТКОТО НА ДЕТЕТО И ГО ШЕТАЛЕ ПО РАЗНИ ДОКТОРИ И РАКОВОДИТЕЛИ, БУКВАЛНО ИЗЖИВУВАЊЕ!
 
Член од
1 септември 2011
Мислења
177
Поени од реакции
113
Едно ретко добро дело на полицајците во соработка со локалниот Црвен Крст
И охридската полиција во акција за спасување на младиот Илија



Охридските полицајци од денеска се вклучија во акција за помош на седумнаесетгодишниот Илија Јосифовски, кој боледува од леукемија и на кого му е потребна итна операција во Германија.
Велосипедските полициски патроли од утрово делат флаери на кои се испишани телефонски броеви за донација за помош на младиот Илија. Полицајците флаерите ги делат насекаде низ Охрид, во чаршијата и низ сите плажи сè до Свети Наум.
Флаерите ги изработи македонскиот Црвен крст, а полицијата се вклучи во хуманитарната акција за помош на младиот охриѓанец. Ова не е првпат охридската полиција да се вклучува во хуманитарни акции за помош на граѓани. Охридската полиција и лани летото му помогна на младиот Илија со организација на голем хуманитарен концерт, кој се одржа во Домот на културата, а на кој учество тогаш зедоа сите познати музички имиња од Македонија.
Илија Јосифовски има само 17 години и е тешко болен од леукемија. Неопходна му е итна операција во Нирнберг, Германија, која чини 255.000 евра. Фондот за здравство ќе покрие 80 отсто од трошоците, но 20 отсто мора да обезбеди семејството. До вчера семејството Јосифовски имаше обезбедено само 16.000 евра, а за да биде примен нивниот син во болницата во Нирнберг им требаат нешто повеќе од 20.000 евра.
Е.З.
Донирано.​
Многу позитивно сум изненадена од полицискава хуманитарност, ја поздравувам акцијата и се надевам дека и останатата локална полиција ќе земе пример од охридската.
Брате, ти посакувам што поскоро да заврши твојот кошмар и да ни оздравеш- Господ нека те чува!
 
Член од
17 јули 2010
Мислења
1.421
Поени од реакции
2.203
Донирано!
Се надевам на одзив од акцијава!
Што побрзо да оздрави!
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.136
Поени од реакции
18.135
Многу позитивно сум изненадена од полицискава хуманитарност, ја поздравувам акцијата и се надевам дека и останатата локална полиција ќе земе пример од охридската.
Брате, ти посакувам што поскоро да заврши твојот кошмар и да ни оздравеш- Господ нека те чува!
Ако ги имаме и на форумов, нека читнат.Eден колега имаме сигурно, (Shaman) па нека прошират.
Бидете хумани за детето на вашиот колега!Донирано.


Можно ли е од странство да се донира? Не прашувам за телефонските броеви, него за на жиро сметката од Тутунска банка.

Најверојатно не, по логика пошо не се напишани IBAN и Swift број.
 
S

Shaman

Гостин
Ако ги имаме и на форумов, нека читнат.Eден колега имаме сигурно, (Shaman) па нека прошират.
Бидете хумани за детето на вашиот колега!Донирано.





Најверојатно не, по логика пошо не се напишани IBAN и Swift број.
fala mnogu so me oznaci.
momentalno ne sum vo mkd, ama mojot del ke si go zavrsam.
 

Итар Пејо

Слободен Радикал
Член од
10 октомври 2011
Мислења
736
Поени од реакции
660
Господ нека е со него, ме интерессира само дали сите тие 118 денари идат за него или и тука има данок наменет за преродбата?? Е имало, стигна порака ама не ја видов веднаш
 
Член од
31 јули 2011
Мислења
936
Поени од реакции
741
Животов е суров....почивај во мир,замина на подобро место...
 
Член од
20 ноември 2008
Мислења
6.104
Поени од реакции
2.514
Бог да го простит... Не го познавав многу, али за тие 5-6 месеци од нашкола изгледаше добро дете.. Многу ми е жал.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Се собраа ли парите? Или не успеа терапијата? :(
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.136
Поени од реакции
18.135
Се собраа ли парите? Или не успеа терапијата? :(
Парите се собрале, луѓето веќе отидоа во Германија на испитувања со мало каснење...ама доволно за ваков крај.Се поради лични бубачки во умот на некакви си самонаречени доктори, ова е на нивна душа.Се надевам дека убаво си поминаа на одмор, а потписот за побрза реакција...па и не е битен сега нели :mad:
Почивај во мир Илија :(
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Cccc.... Neka pociva vo mir :(
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom