Crazy in Love
Here's looking at you kid.
Најпрвин би сакала да истакнам дека темава не треба да служи за дневнополитички препукувања, туку едноставно да го разгледаме феноменот наречен политика.
Сум приметила дека кога се работи за политика, луѓето многу избувнуваат, се расправаат, дебатираат, се караат. Секогаш политичките теми предизвикуваат караници меѓу двајца или повеќе луѓе. Дебатите обично околу тоа кој е подобар и дебатите општо за политика се многу пожестоки од обични дебати кои не се поврзани за политика.
Има луѓе кои одат до таму што и пријателите ги бираат врз основа на политичка опција, не ги поднесуваат тие од спротивната. И тоа зборам за обични луѓе кои не се функционери од самата политичка партија.
Сум чула и муабет од типот: Ако дечко ми гласа за таа и таа партија ќе му раскинам.
Еве и на форумов: Темите за политика се десет пати попосетувани од оние кои немаат врска со политика. Многу квалитетни теми не се ни приметуваат, за разлика од темите за политика кои не можат да не останат искоментирани.
Зошто е тоа така?
Зошто политиката претставува сама по себе огромно јаболко на раздорот?
Што е тоа во самата политика што има таква моќ да создаде таков раздор, караници, во некои екстремни случаи и прекинувања на пријателства?