Покрај поскапувањето на струјата, укината е и дневната ефтина тарифа

  • Креатор на темата Креатор на темата SpiderWeb
  • Време на започнување Време на започнување
Она што треба да бараме на протестите е оставка на Регулаторната комисија
Во член 19 од Законот за енергетика е пропишано како таа може да се смени и можеш да видиш дека неа не може да ја смени ниту Собранието, ниту Владата. ( таа е независна ). Единствено ако самата поднесе оставка.
Што значи мораме да бареме оставка и да им речеме: Одете си и никогаш повеќе да не дојдете..
Еве го Законот за енергетика:
http://www.slvesnik.com.mk/Issues/EE982E53C03DAB4C982055F184E70F66.pdf
На еден таков протест би требало да дојдат барем неколку електро инженери, енергетичари или не знам во која област спаѓаат струиве :-) за да биде издржан. Најпотребно е да има поголема транспарентност во формирањето на цената, да се види долгорочниот план кој е?(еве сега спомнаа со Св.петка демек се намалува увозот од странство, а другите ХЏ што се во план како ќе влијаат на цените? Зошто никогаш не се намалува цената?:-)
 
Она што треба да бараме на протестите е оставка на Регулаторната комисија
Во член 19 од Законот за енергетика е пропишано како таа може да се смени и можеш да видиш дека неа не може да ја смени ниту Собранието, ниту Владата. ( таа е независна ). Единствено ако самата поднесе оставка.
Што значи мораме да бареме оставка и да им речеме: Одете си и никогаш повеќе да не дојдете..
Еве го Законот за енергетика:
http://www.slvesnik.com.mk/Issues/EE982E53C03DAB4C982055F184E70F66.pdf
Не верувам дека се будали да откажат од такви привилегии.. Кој знае колку сметки имаат во банка, и кој знае колку пати биле поткупени од компаниите..
 
Не верувам дека се будали да откажат од такви привилегии.. Кој знае колку сметки имаат во банка, и кој знае колку пати биле поткупени од компаниите..
Нека одат и нека работат во Топлификација или во ЕВН. Тие цело време работеа за нивните интереси,... нив ги имаат задолжено со своите активности, ...тие нека ги вработат....
 
1bfe1026b75eea1690937264370bc17f.jpg
 
На ивентот има над 3000 што потврдиле дека ќе присуствуваат што мислите вие колку навистина ќе бидеме??? јас мислам 300-400 за жал ама така е секогаш подели со 10 ако не е повеќе
 
На ивентот има над 3000 што потврдиле дека ќе присуствуваат што мислите вие колку навистина ќе бидеме??? јас мислам 300-400 за жал ама така е секогаш подели со 10 ако не е повеќе
Што има да размислуваш колку ќе бидеме. Јас одам таму да барам оставка од Регулаторна и не ми е гајле колку ќе бидеме. И сам да сум, ќе викам Оставка! Оставка!
 
Што има да размислуваш колку ќе бидеме. Јас одам таму да барам оставка од Регулаторна и не ми е гајле колку ќе бидеме. И сам да сум, ќе викам Оставка! Оставка!
пошто сме овци,ако не го знаеш правилото - Овцата која се дели од стадото,ја јади волкот
 
пошто сме овци,ако не го знаеш правилото - Овцата која се дели од стадото,ја јади волкот
Штом ниеден волк не ме изел во претходните 59 години нема да ме изеде ни во наредните 100.
 
Да бевме многу бунтовен и револуционерен народ немаше последни да направиме држава на балканот, и немаше да ги трпиме овие политичари 20 години. Ама се надевам дека полека се будиме и ќе покажеме отпор. ВРЕМЕ Е!
 
22 години ги трпиме поточно. Незнаеш кој од кого е полош, народот веќе бира помало зло кога гласа. Кај овие последните ти се смешка и те поткопува во корен. А се нарекуваат десничарска партија ако знаат што тоа значи воопшто.

3_godini_gruevski.jpg
 
Овие организаторите на протестот ептен заспани се. Нема ни линк од јутјуб, ни да постираат слики, логоа ни по форуми ни по соцојални мрежи а сакаат бунт да креваат. Вака ли мислите да го извадите народот од дома?
 
На страна 19 , во пост # 278, од оваа тема, поставив поднесок кој го поднесов до Државниот пазарен инспекторат...
Денес добив одговор....
Велат: „ Државниот пазарен инспекторат нема надлежност да влијае на донесување на одлуките за утврдување на цебата на електричната енергија, ниту пак да го0 менува начинот на пресметување и определување на тарифите.
Врз основа на напред наведеното, Вашата претставка ќе биде препратена до надлежната институција, во случајот Регулаторната комисија за енергетика “ и следат четири потписи и печат.
Еве можете да видите се е ова масло на Регулаторната комисија, а тие се „ боси “, видовте дека не знаат да пресметаат ни за колку поскапела струјата... Затоа мислам дека е голема грешка што денес во 18 часот, на протестите нема да бараме оставка од Регулаторна. Ако остане овој состав на Регулаторна кој знае што ќе направат во иднина
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom