Пити, буреци, гибаници, лезници..

Наташа Радио Милева Мара

Проф. Др. Маг. Мами
Член од
29 април 2005
Мислења
3.835
Поени од реакции
1.118
  • Ѓевречиња

    Потребни продукти:
    - 1 кг. брашно
    - 1 стасан квасец
    - 1 лажиче сол
    - 1 лажиче шеќер

    Начин на приготвување:
    Брашното, квасецот, солта и шеќерот се замесуваат со вода за да се направи средно меко тесто, кое потоа се дели на 12 еднакви делови. Од секој дел се обликува по едно ѓеврече.
    Се вари еден литар вода со три лажици мед. Во зовриената вода се спуштаат ѓевречињата. Штом се кренат над водата, се вадат со решеткаста лажица, се валкаат во доста сусам, се редат во намастена тепсија и се печат на појак огон за да поруменат.
    Препорачуваме да се јадат веднаш со овчо сирење или со џем од кајсии.
    На здравје!
  • Пирошки
    Потребно е:
    - 50 г. квасец
    - 1 лажица брашно
    - 2 жолчки
    - 50 г. маргарин
    - 1 лажиче сол
    - половина литар млеко
    - малку сол
    - малку шеќер

    За филот:
    - 500 г. рендан кашкавал
    - 500 г. салама (мартадела) сецкана на мали коцки
    - 500 г. кечап, или сос за шпагети
    По желба можат да се додадат и други работи како: печурки, сирење, маслинки итн.
    (Сите овие состојки се мешаат во еден длабок сад).

    Приготвување:
    Квасецот се раствора со 3 лажици топло млеко, малку сол, малку шеќер.
    Се бијат две жолчки со 1 лажиче шеќер, се додава стасаниот квасец, размешаниот маргарин, па му се додава млако млеко и брашно.
    Тестото се меша со лажица додека се појават меурчиња, потоа се меша со раце и се остава на топло да скисне тестото.
    Кога се’ е готово, на масата која е попрскана со брашно се тура тестото и се меша повторно и се шири со сукало (или оклагија дебела половина см).
    Тестото се сече со чаша или со калапчиња за пирошки, кои се полнат со филот.
    По 1 голема лажица не преполнета од филот (ако ги сечете со чаша тогаш ќе го преклопите тестото да добиете месечина и со вилјушка ќе ги притискате краевите).
    Потоа се пржат во врело масло (потребно е масло исто како за пржење компири).
    Се пржат од двете страни додека не заруменат, се вадат, се цедат од маслото и се сервираат по избор, топли или ладни.
 
Zelnik? Recept a mozi gotov da mi pustite :)
 
Пита Ореов Лад

Потребни состојки:

- 1 кгр. Брашно
- 200 гр. Сирење
- 300 гр. Урда
- шеќер
- 2 јајца
- 1 свеж квасец
- вода
- масло за јадење
- сол

Подготовка:

Во еден поголем длабок сад ставаме 500 мл. вода. Потоа додаваме 200 мл. масло за јадење. Додаваме и малку шеќер. Посолуваме. Потоа во садот додаваме една четвртинка свеж квасец и 2 јајца.
Со рака ја мешаме смесата а потоа во садот додаваме брашно додека добиеме средно тврдо тесто. Користиме од моето брашно на мелницата Кадино со 10 годишна традиција поради квалитетот.
Со рака го замесуваме тестото и го месиме додека почне да се одлепува од садот. Потоа тестото го префрламе на набрашнета работна маса. Со двете раце убаво го месиме тестото додека стане мазно. Потоа тестото го развлекуваме во долга форма и од него сечеме 4 еднакви дела. Преостанатото тесто го оставаме настрана. Од секое парче тесто правиме по една топка И на набрашнетата работна маса со сукалка расукуваме кори. Расуканите кори ги оставаме да стојат на еден чаршав.

Во еден поголем длабок сад ја ставаме урдата и сирењето. Потоа земаме една од рассуканите кори И ја ставаме на чаршаф на работната маса. Со раце ја развлекуваме кората од сите страин во големина на работната маса. Ја попрскуваме кората со масло за јадење и ја филуваме со урда и со сирење. Со помош на чаршафот кората од двете страин ја виткаме во ролати кои се соединуваат на средината.

Земаме една бакарна тава за печење И ја намрснуваме со масло за јадење. Претходно свитканиот ролат го виткаме во круг И го ставаме во средината на тавата. Истата постапка ја повторуваме И со втората половина од тестото. Питата одозгора ја попрскуваме со масло за јадење И тавата ја ставаме во фурна да се пече на температура од 250 степени 20- тина минути. Користиме вградена фурна на НАРДИ мултифункционална со 4 грејач и 2 вентилатора со што се спречува создавањето кондензација, а се овозможува и печење на повеќе нивоа без мешање на миризбите. Откако питата ќе добие златно румена боја ја вадиме тавата од фурна И ја ставаме на работната маса. Со нож питата ја сечеме на поголеми парчиња И секое парче го ставаме на чинија за сервирање. Украсуваме со 2 топки кисела павлака И по едно гранче копар врз нив.
 
Австралиска пита со месо

потребни состојки:

- 500 гр. брашно
- 1 јајце
- 200 гр. јунешка кртина
- 300 гр. пилешко месо
- пармезан
- прашок за печиво
- 500 мл. млеко
- масло за јадење
- сол и црн пипер

подготовка:

Во длабока чинија го ставаме брашното. На средината на брашното со лажица правиме длабнатина. Во длабнатината ставаме прашок за печиво, сол и мелен црн пипер. Потоа во длабнатината го кршиме јајцето. Почнуваме да мешаме со лажица и во чинијата додаваме од млекото. Замесуваме помеко тесто. Работната маса ја набрашнуваме. На работната маса го ставаме тестото. Го месиме тестото со раце и постојано додаваме брашно, додека не стане доволно тврдо. И јунешкото и пилешкото месо ги сечкаме на коцки. Парчињата месо ги посолуваме и ги наросуваме со мелен црн пипер. Со раце ги мешаме парчињата месо на даската за сечење, за да попримат од солта и црниот пипер. Тавата за печење ја намрснуваме со путер. Тестото со нож го сечеме на два дела. Првата половина од тестото ја набрашнуваме и ја месиме со раце. Со сукалка од тестото развлекуваме кора. Кората ја ставаме во тавата за печење. Врз кората ги редиме парчињата месо. Месото го наросуваме со пармезан. Магдоносот ситно го сечкаме. Потоа и магдоносот го додаваме во тавата за печење.
Вториот дел од тестото го месиме. Со сукалка и од него развлекуваме кора. И оваа кора ја ставаме во тавата за печење. Со помош на вилушка горната кора ја притискаме за да се залепи со филот и со долната кора. Врз кората наросуваме пармезан. Врз пармезанот ставаме парчиња путер. Тавата ја ставаме во рерна. Печеме 40- тина минути на температура од 250 степни. Откако питата ќе порумени ја вадиме тавата од рерна и ја ставаме на работната маса. Со нож питата ја сечеме на поголеми коцки.
 
Брза скопска пита

потребно:

-3 јајца
-300 гр овчо сирење
-500 гр спанак
-3 дл кисела вода
-500гр готови кори за пита
-масло за јадење

подготовка:

Го земаме спанакот и на даската за сечење со нож ситно го сечкаме.
Исечканиот спанак го ставаме во еден поголем длабок сад. Садот со спанакот го оставаме на страна. Во една чинија сирењето со вилушка убаво го гмечиме. Изгмеченото сирење го додаваме во садот со спанакот.Во чинијата каде што го гмечевме сирењето едно по едно ги кршиме јајцата. Потоа јајцата ги матиме со вилушка. Изматените јајца ги додаваме во садот со спанак и сирење. Целата смеса во садоот со лажица убаво ја промешуваме и ја оставаме на страна.

Земаме една тава за печење и ја потураме со масло за јадење.
Земаме една од корите за пита и ја попрскуваме со масло за јадење. Потоа со лажица кората ја потураме со кисела вода. Кората ја филуваме со пртходно подготвениот фил од спанак, сирење и јајца. Вака подготвената кора ја виткаме во ролат. Готовиот ролат го виткаме во круг и го ставаме во средината на тавата. Ја земаме втората кора, ја подготвуваме на ист начин како и првата кора и ја ставаме во тавата. На овој начин редиме КОЛПИТА. Постапката ја повторуваме додека имаме кори и додека ја исполниме целата тава. Готовата пита ја попрскуваме со масло за јадење и ја ставаме да се пече на 225 степени околу 20-тина минути.
По дваесетина минути испечената пита ја вадиме од рерна и ја ставаме на работната маса. Со нож питата ја сечеме на четвртинки. Го земаме парчето пита и го ставаме на чинија за послужување.
 
Пита со туна


- 1 пакување смрзнато лиснато тесто
- 370 гр туна од конзерва
- 400 мл павлака
- 8 тврдо варени јајца
- сол и црн пипер



Во поголем длабок сад ја ставаме туната. Ја гмечиме со вилушка. На покрупната страна од рендето во садот ги рендаме варените јајца. Мешаме со вилушката. Посолуваме. Наросуваме мелен црн пипер. Ја додаваме павлаката. Мешаме со вилушка.
Работната маса ја набрашнуваме. На набрашнетата работна маса ја ставаме кората од лиснато тесто. Ја набрашнуваме кората, како и сукалката. Со сукалката ја рассукуваме кората. Со помош на тавата ја формираме кората од лиснато тесто. Со алатка и ги отсекуваме краевите на кората, но толку за да биде по два сантиметри поголема од тавата. Керамичката тава за печење ја попрскуваме со масло за јадење. Со четка ја намрснуваме целата внатрешност на тавата. Со помош на сукалката ја земаме кората од работната маса и ја ставаме во тавата. Врз кората го ставаме филот од туна. Го рамниме филот со лажица.
Повторно ја набрашнуваме работната маса. На масата ја ставаме втората кора. Ја повторуваме истата постапка, како и со првата кора од лиснато тесто. И втората кора ја ставаме во тавата. Со помош на алатката ги отсекуваме непотребните делови од корите. Потоа двете кори заедно ги свиткуваме по работ на горната површина на питата. Го кршиме јајцето и ја делиме жолчката од белката. Ја матиме жолчката со готварска четка. Во изматената жолчка додавамемасло за јадење. Со помош на готварската четка, со изматена жолчка ја премачкуваме Питата со туна. Со нож на неколку места ја боцкаме питата. Тавата ја ставаме во рерна. Печеме 20- тина минути на температура од 225 степени. Ја вадиме тавата од рерна.
 
Пита со пилешки гради

- 400 гр. пилешки гради
- 3 лажици брашно
- 80 гр. путер
- 1 кг. варени компири
- 5 јајца
- 100 гр. сирење
- 180 мл. павлака
- 1 главица кромид
- масло за јадење
- сол и црн пипер

Кршиме три јајца и ги делиме белките од жолчките. Ги оставаме во два сада. Во поголем длабок сад го ставаме путерот и го матиме со миксер. Посолуваме и ги додаваме жолчките. Откако смесата ќе се соедини го исклучуваме миксерот. Со алатка за правење пире во садот ги додаваме изгмечените компири. Повторно матиме со миксер додека смесата не се соедини. Во садот го додаваме брашното и мешаме со жица за матење. Посолуваме. Во поголем длабок сад ги ставаме белките и ги матиме со миксер. Кромидот ситно го сечкаме. Во тава за пржење на оган ставаме масло да се загрее. На загреаното масло го ставаме да се пржи исечканиот кромид. Пилешките гради ги сечкаме на ситни коцки. Исечканото месо го додаваме во тавата со испржениот кромид. Ја тргаме тавата од оган и додаваме уште масло за јадење. Ја враќаме тавата на оган. Откако месото ќе се испржи го посолуваме и го зачинуваме со мелен црн пипер. Ги матиме белките со миксер. Изматените белки ги додаваме во првиот поголем сад. Мешаме со жица за матење додека смесата не се соедини. Земаме керамичка тава и ја попрскуваме со масло за јадење. Со четка ја намрснуваме целата внатрешност на тавата. Во тавата ја ставаме половината од смесата од длабокиот сад. Со лажица ја рамниме смесата. Врз неа го ставаме филот од пилешко месо. Врз месото ја ставаме втората половина од тестото. Со лажица го рамниме тестото. Преостанатите две јајца ги кршиме во садот со павлака. Потоа павлаката и јајцата и претураме во поголем длабок сад. Мешаме со жица за матење. Смесата ја нанесуваме врз тестото во тавата. Ја ставаме тавата во рерна. Печеме 30- тина минути на температура од 180 степени. Откако питата ќе добие златно-румена боја ја вадиме тавата од рерна. На ситната страна од рендето врз питата рендаме сирење. Чинијата за сервирање ја украсуваме со листови зелена салата. Две парчиња пита со пилешки гради ставаме на чинијата за сервирање.
 
Пита со спанаќ

- еден кг брашно
- 500 гр спанаќ
- растопен квасец
- 400 гр сирење
- еден литар вода
- сол
- масло за јадењее


Растопениот квасец малку го промешуваме и го тргаме на страна. На брашното му додаваме малку сол и два дл масло за јадење. Потоа на брашното му го додаваме целото количество растопен квасец. вака подготвената смеса ја месиме на рака. На почетокот на месењето малку по малку додавама вода. некаде околу два и пол дл, колку да се натопи брашното. Потоа тестото го вадиме надвор од садот и го месиме на рамна подлога посипана со брашно. Тестото го месиме се додекка не ја добие потребната цврстина.

Тавата која ќе ни послужи за печење на пуитата со спанаќ ја полеваме со масло за јадење, а тестото го обликуваме во форма на една векна леб. Го сечеме на парчиња од кои ќе ги развлекуваме корите. Секое парче од тестото убаво го месиме за да го истиснеме воздухот и брашното потполно да се впие во тестото.

Со сукало започнуваме да го развлекуваме тестото до дебелина од еден сантиметар. Така развлеченото тесто го ставаме во тавата и го валкаме во маслото за јадење. Ова го повторуваме со сите парчиња тесто кои ги оставаме да одлежат во маслото.

Свежиот спанаќ го сецкаме на ситни парчиња. Исецканиот спанаќ го ставаме во сад и го посолуваме. Го промешуваме со рака за да солта допре до секое ливче од спанаќот.

Целото количество од сирење го дробиме врз исецканиот спанаќ по што на рака ја промешуваме смесата.

Парчињата тесто најпрвин ги развлекуваме на рака по што го ставаме на памучен чаршав на кој ќе ги развлекуваме корите. Тестото го развлекуваме најпрвин со рака. го попрскуваме со масло, по што ја ставаме смесата од сирење И спанаќ. Вака подготвената кора ја виткаме во ролна И ја ставаме во тава во спирална форма. Формираме доволен број кори за да ја исполниме тавата во целост И ја ставаме во загреана рерна на температура од 250 степени. Питата ја печеме додека горниот слој од корите не порумени, односно некаде околу 20-тина минути. Питата е печена И ја тргаме настрана.

Питата ја служиме откако ќе ја исечеме на поголеми парчиња кои ги ставаме на чинија. Како прилог кон питата во чинијата ставаме две топки кисела павлака.
 
Тартатин пита од јаболки

потребни состојки

- 2 јаболки
- 50 гр. шеќер
- 1 лимон
- 30 гр. путер
- 1 јајце
- листови од нане
- 50 гр. брашно
- павлака

подготовка на овој десерт

Јаболките ги лупиме, им ги отстрануваме семките и ги сечкаме на ситни парчиња. Земаме една тава за печење и на дното го ставаме шеќерот. Потоа во тавата додаваме малку вода и преостанатиот шеќер, па тавата ја ставаме на оган. Го оставаме шеќерот да се растопи и да се направи карамел. Ја тргаме тавата од оган и во неа ги редиме парчињата јаболки. Тавата со јаболки ја ставаме во една правоаголна тава, која ја ставаме во рерна. Печеме 20- тина минути на температура од 200 степени.
На оган ставаме тава за пржење и во неа ставаме шеќер да се растопи. Повремено промешуваме за да не загори шеќерот. Половина лимон цедиме во цедалка. Нишестето го разредуваме со вода. Во растопениот шеќер во тавата додаваме вода и оставаме да проврие. Потоа во тавата го додаваме сокот од лимон и разреденото нишесте. Мешаме додека ја добие потребната густина.
Ја тргаме тавата од оган и оставаме смесата да се стегне. Брашното го истураме на работната маса и во средината го ставаме путерот. Потоа го кршиме јајцето. Белката ја оставаме настрана, а жолчката ја ставаме на средината на брашното. Во длабнатинката додаваме малку вода и со раце замесуваме тесто.
Тестото убаво го месиме на работната маса и го делиме на 2 еднакви дела. Од првиот дел рассукуваме кора и со калап ја сечеме во големина на чинијата. Испечените јаболки ги вадиме од рерна и ги оставаме да се изладат. Кората ја ставаме во тава, која ја ставаме во рерна. Печеме 10- тина минути на температура од 175 степени. Ја вадиме тавата од рерна и ја ставаме на работната маса. Испечената кора ја ставаме во тавата врз испечените јаболки.
Тавата ја покриваме со чинија и ја превртуваме. Тавата и калапот во кој се печеа јаболките ги отстрануваме , а површината убаво ја мазниме со нож. Тавата со изладената смеса ја враќаме на оган и во неа додаваме 1 лажица мед. Убаво промешуваме и ја тргаме тавата од оган. Со црпалка од смесата истураме на чинијата за сервирање. Потоа сечеме парче од колачот со јаболки и го ставаме на чинијата. Декорираме со четвртинка заечено нелупено јаболко и топка павлака. По краевите на чинијата наросуваме цимет.
 
ragazza напиша:
Zelnik? Recept a mozi gotov da mi pustite :)

Посен зелник со пченкарно брашно


Потребни состојки за 6 порции:

600gr пченкарно брашно
500gr коприви или спанаќ
1 филџан масло
сол
1 печиво

Подговотка:

Го замесуваме тестото од пченкарно брашно, печиво, вода, малку сол и масло.
Половина од тестото ставате во тепција со масло, и добро поравнувате за да добиете рамна кора.
Исчистениот спанаќ или коприви ги измивате и ги подпржнувате малку во масло.
Спанаќот се става врз кората и рамномерно се распоредува, преку него се става и остатаокот од тестото, со што се обликува втората кора.
Се пече на умерена температура околу еден сат.

442_pi.jpg
 
Burek


1 pakovanje suv kvasec
1/4 kg ml mlaka voda
1/4 g seker
3 1/3 kg od pripremenoto brasno
1/2 g sol
3/4 kg mlaka voda
1/2 rastopen margarin

Dodatok

9 jajaca ( malku izmateni )
1/2 kg izdrobeno feta sirenje
3 kocki rastopen margarin

Margarinot se rastopuva vo golem lonec ) broj 15-16 = i se stava na strana. Se priprema kvasecot so 1/4 kg mlaka voda i 1/4 g seker. I toa se stava na strana. Se prosejuva brasnoto i se dodava solta vo golema vangla, pri toa se ostava dupka na sredinata. Se dodava pripremeniot kvasec vo toa. Se mesi racno i poleka so sporo dodavanje na mlakata voda. Se mesi taka testoto se dpdeka ne pocnat da se formiraat meuri po testoto. ( od prilika okolu 10 minuti ). Se deli testoto na 14 isti parcinja, i se pravat krugovi., i se pokrivaat so krpa i se ostavaat da stojat okolu pola saat. Se rastopuva 1/2 margarin vo lonec. Se razvlekuvaat kori od 4 topcinja , se stavaat edna preku druga, pri toa se macka sekoja kora so rastopen margarin , osven najgornata. Se ostav da stoji, pa se stava na poprskana so brasno podloga, malku pogolema od dnoto na tavata kade ke se pece. Se stava vo tavata i se podmackuva vrvot so rastopen margarin. Se izmatuva dodatokot ili filot i se poprskuva po kraevite na tavata. Sega se razviva kora sto mozes potenko, se poprskuva so margarin, i poleka i slobodno se nabira, pa se izdolznuva korata so blago vlev+cenje na istata. Se pocnuva od centarot na tavata, se dodava filoti se pravi kako kotur. Se potoruva procesot i so ostanatite topki se do krajot na tavata. Se poprskuva so ostatokot od margarinot. Se pokriva so cista krpa i se stava Burekot so tepsijata nad vrela voda da stoji okolu 20 minuti i potoa se stava da se pece na 300 stepeni okolu 45 minuti dodeka ubavo ne pocrvenee.
 
Абе, пита со праз му е мајката.....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom