Десетина приведени на протестите: Скршени прозорци од објектот на владата, демолиран Крајслер, нападнати граѓани!
Без претходна најава, освен неформалните најави и повици преку социјалните мрежи, околу 17 часот пред владата се собра група од околу илјада млади лица за да изрази незадоволство од петкратното убиство. Групата не пријавила во полиција дека ќе се собира.
Во официјално соопштение МВР информира дека протестот продолжил со викање и фрлање камења и тврди предмети кон објектот на владата, при што се скршени 3-4 стакла.
Од таму групата се упатила во правец кон Бит Пазар, по што во непосредна близина на АД „Македонска пошта“, повеќе лица оштетиле автомобил „Крајслер“ сопственост на МВР, при што го скршиле ветробранското стакло и направени се вдлабнатини по целото возило. На групата со употреба на средства за присилба не и е дозволено да се движи во насока кон Бит Пазар, што што се упатила кон мостот Гоце Делчев, а оттаму кон Камениот Мост и плоштадот Македонија, за да на крајот стигне до Собранието каде во помали групи се расделила низ централното градско подрачје.
- Во текот на движењето своето незадоволство го искажуваа со викање и со фрлање камења и тврди предмети при што се оштетени два билборди на улица Теодосиј Гологанов и на улица Македонија, а лесно се повредени двајца полициски службеници, додека три други лица пријавиле дека биле физички нападнати од засега непознати причини и сторители, стои во официјалното соопштение од МВР.
Во врска со нарушувањето се приведени десетина лица, од кои пет се деца. Со приведените сè уште се разговара и по целосно документирање на случајот ќе следат соодветни пријави. Се бараат и останатите инволвирани во нарушувањето на јавниот ред и мир. МС
Bez komentar!!!