Папагали (општи дискусии)

  • Креатор на темата Креатор на темата mRnO
  • Време на започнување Време на започнување
Сега додека сум овде на комјутер, некое пиле ми пееше на тераса, но по малку време ми долета шарено папагалче право во соба, потоа ја затворив вратата и сега е тука, де лета де си шета или стои некаде и нон стоп пее.
Еве и на глава ми застана ама се исплашив и избега. Еве внукава го игра сега.
Што понатаму - помош.
Ништо чичко Анчо, чим ти влегло во твојот дом, греота ќе биде да го избркаш, а башка по твоево пишување, гледам се спријателило со вас. Затвори прозорците, терасната врата, гледај да нема промаја во домот. Оди до најблискиот ПЕТ-ШОП купи кафез, просо, витамини, ќе побараш и садче за вода да ти дадат. Се ќе те фати околу 1500/2000 денари максимум. Со здравје да си го чувате :LOL:
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Lu
Сега му изронив сусам од геврек и јадеше и ми доаѓа на раце и рамена, сега ќе пуштам и слики.
И само пее.
 
Абе оди купи му живеалиште, после ќе ставаш слики :pos:
 
Е незнам дали има ваква тема во „Животни“.
Пред малку додека сум на комјутер (а само што дојдов дома), на тераса пееше некое пиле, не обрнував внимание на тоа.
Но по малку време тоа долета во собава и застана на ТВ.
Продолжи со пеењето, јас ја затворив вратата од тераса.
Тоа се гледа дека е домашно папагалче не бега и се зближи.
Му изронив сусам од геврек и тоа почна да колва од него.
Сега нон стоп пее и ми застанува на рамо, додека пишувам.

Но би го вратил на сопственикот, сигурно ќе им недостига ... еве го неканетиот гостин, кој сака да биде дел од фамилијава.
Прегледај го приврзокот 73314Прегледај го приврзокот 73315Прегледај го приврзокот 73316

Папагалчето е од видот Тигрица.
Греота е да го пуштиш надвор, штом самото ти дошло дома и веднаш се спријателило со вас, чувајте си го.

Потребно ти е кафез, ќе прашаш во Пет Шоп да ти дадат кафез за Тигрица, не се многу големи кафезите и не се скапи.
За храна треба да користиш просо, исто така се купува од Пет Шоп, и треба да му купиш специјална поилка за вода да пие ... се што ти е потребно за грижа за папагалчето можеш да купиш од Пет Шоп.

Ако имате некакви прашања околу грижата за папагалчето, слободно прашајте во оваа тема :)
 
Бев сега и му купив ПРОСО, најдов и кафез, кога влегов дома тоа беше позади завеса, го ставив во кафез, не ни погледна во јадењето.
Ја пикнало главата позади грбот, помеѓу крилјата. Можеби е изморено.
Така ли спијат папагалите. И не пее повеќе. Да го покријам ли кафезот.
 
Така спијат ... остај не го покривај кафезот докај некаде 22 часот, можеби ќе му се сојаде на папагалот. Гледај да не го дехидрираш за вода.
 
Што може да му биде на папагалов? Нешто многу светла столица има, иначе Тигрица е.
Друго се е нормално, си игра, си пее, им ставив куќарка сега почна да влегува внатре, и да не треба посебна исхрана да им давам за да се спарат?
 
Бев сега и му купив ПРОСО, најдов и кафез, кога влегов дома тоа беше позади завеса, го ставив во кафез, не ни погледна во јадењето.
Ја пикнало главата позади грбот, помеѓу крилјата. Можеби е изморено.
Така ли спијат папагалите. И не пее повеќе. Да го покријам ли кафезот.

А вода му даде ли ?
Папагалите пијат вода од едни мали поилки, ако немаш купено таква поилка, тогаш утре од сабајле оди во Пет Шоп и кажи им дека ти треба поилка за Тигрица.
Главата кога им е свртена од позади грб, така спијат.
А тоа што нема каснато од просото, ништо страшно, му треба некој период да се прилагоди на новата околина и новиот кафез, просото го стави во специјален сад за хранење на папагали така ?

И најбитно, кафезот немој во никој случај да го оставаш на провев бидејќи се многу нежни и може да умре.
 
Што може да му биде на папагалов? Нешто многу светла столица има, иначе Тигрица е.
Друго се е нормално, си игра, си пее, им ставив куќарка сега почна да влегува внатре, и да не треба посебна исхрана да им давам за да се спарат?

Тоа столицата може да е од премногу пиење вода, ама ништо страшно, се додека пее, јаде, и е нормален. И два папагали мора сами да се спарат, кога тие ќе посакаат...неможете вие со сила да ги терате да се чифчаат. Не иде тоа со сила така :icon_lol:
 
Дали можам да чувам Нинфа папагал во кафез со должина 28цм, ширина 21цм, и висина 27 цм
 
Како да познаам дали Бро е машко или женско? Бро е нимфа, иначе.
 
Видете имам младо папагалче тигрица земено од пред неполн месец. Премногу е живо и сака да си игра. Денеска сабајлево почна изметот да му станува течен, постојано да добива нагон за повраќање, целото се подуло, спие и не е како порано.

Што може да му е? Што да правам?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom