Панделис Пулјопулос - Гркот што се бореше за обединета Македонија и Пандо Џиков-Џиката

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
Македонците од Егејска Македонија водеа долгогодишна борба против грчкиот режим.Борбата за национално и социјално ослободување дојде до полн израз (1941-1945) т.е. во времето на борбата што ја водеа против германско-италијанските и бугарските окупатори на грција и Егејска Македонија како и против домашните предавници.

Голем број од нив како истакнати ревулуционери, организатори на македонската борба ги дадоа своите животи. Доволно е да се споменат дел од нив:Лазо Трповски и Ташко Караџа од с.Д’мбени, Киро Попвасилев од с.Добролишта - Костурско;Трифун Хаџијанев,Ташко Мијалев и Ристо Бирозов од градот Воден;Коста Думов-Дини,Димитар Картов и Вангел Попов од с.Владово Воденско;Домитар Лесков-Леската и Атанас Попов од с.Чеган Воденско;Михаил Кљанев од с.Пателе Леринско и други.

Пандо Џиков-Џиката роден 1906 во убавото македонско село Чеган - Островски реон -Воденска околија во сиромашно земјоделско семејство. Според тогашната административна поделба на Егејска Македонија од страна на грчиштата, Островскиот реон влегувал во состав на Воденската околија. Овој реон е лоциран меѓу планините Кајмакчалан и Каракамен. Во негов состав се наоѓаат селата:Чеган со околу 300 куќи со чисто македонско население,Жерви со околу 400 жители,Ослово со македонци и турци ,но во 1924 година по Лозанската конвенција ова население било прогонето и на негово место биле населени грчки семејства од Мала Азија.Селото имало 700 жители.с.Русилово -чисто македонско население околу 450 жители,Острово на времето било населено со чисто македонско население ,подоцна се населило и турско население, но во 1924 г.турците биле прогонети и на нивно место се населиле грци од Понт Мала Азија.

По Втората светска војна Острово броело 860 македонски и 800 грчки семејства (т.н.маџири), потоа с.Друшка со мешано население (македонци и дојденци од Понт) со околу 300 жители.
Џиката бил ликвидиран поради тоа што имал храброст во 1943 г.во весникот на МАО(македонска ослободителна организација)во Воден да напише статија по повод 40 години од Илинденското востание , а било повод на КПГ (кое никогаш немало правилен став кон македонското национално прашање)тајно го осуди на смрт и подло го ликвидира.Втората причина за негова ликвидација била што припаѓал на левицата на КПГна чело со Панделис Пулјопулос -наречена Археомарксисти,која ги признаваше Македонците како посебен народ и нивното право на самоопределување и отцепување од грчката држава.

Овде му е местото да се каже дека гревот на КПГ спрема Македонците најдобро може да се види оттаму што таа не ги зеде зборовите на Панделис Пулјопулос кој уште во 1940 г. во весникот „Ризозпастис“меѓу другото напиша

1. “Кој не го признава постоењето на македонското национално прашање во минатото и денес , тој е бездруго лакеј на буржоазијата“

2.“Кој не го признава историското ослободително движење на Македонците - тој е или неписмен или треба да ја научи историјата на тоа движење и неговите национални херои или пак е лакеј на една од трите угнетувачки буржоазии“
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
КПГна чело со Панделис Пулјопулос -наречена Археомарксисти,која ги признаваше Македонците како посебен народ и нивното право на самоопределување и отцепување од грчката држава.

Ова не е точно. Никаде КПГ нема дадено гаранција дека егејска Македонија ќе може да се обедини во етничката Македонија, туку дека ќе бидат признаени правата на Македонците, и ќе бидат рамноправни граѓани на грција. НИкакво отцепување! Нека не ве ставаат во заблуда.

Егејските Македонци се изиграни и од страната на КПГ, и од страната на КПЈ.
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Како, кога КПГ не ни добила можност да ги изигра? :)
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
Пишував на една друга тема за граѓанската војна во егејска Македонија...ќе пробам да си го најдам постот па ќе ти кажам, или да ти дадам кинга една да прочиташ? од секретарот на КПГ
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Ајде. Јас ќе набавам исто една книга која ми ја препорачаа.
"Изгубената победа на генерал Маркос".

Ќе ја простудирам, после Еуро 2008 :)))
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
Пантелис Пулјопулос-Ги бранеше правата на етничките малцинства, вклучително и на македонското, во Грција и тоа беше една од причините за судирот со КПГ.
http://www.marxists.org/makedonski/pouliopoulos/biography.htm
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
1924 година Панделис Пулјопулос , секретар на ЦК на КПГ, во весникот "Ризосвастис", орган на КПГ, објави опширна статија во неколку продолженија под наслов "Македонски вулкан", во која, покрај другото, пишува дека по балканските војни Македонија е поделена меѓу трите победнички држави, а солзите на грчката, бугарската и српската буржоазија за "ослободување на поробените браќа биле само крокодилски солзи". Тој, во објавената статија, со аргументи го брани ставот за "Единствена и независна Македонија". Сличен став во своите написи во весникот "Ризоспастис" имаа и Серафим Максимос, А. Кимос, Никос Захаријадис, В. Пападопулос и други кои со нивните противници полемизираат и пишуваат за македонскиот јазик, како посебен јазик и како македонски народ, а никако "бугарски", Бугари или "славофони Грци"... Интересно е да се спомене и статијата на Никос Кирјакопулос, пратеник во грчкиот парламент, избран на листата на "Обединетиот фронт", инаку Влав од село Псодери, Леринско, кој во статијата под наслов "Зашто Македонците се на страната на Единствениот фронт - еден одговор што им должиме на господата Драгумис и Модис. Господата Драгумис и Модис треба да сфатат дека Македонците се сметаат себе си за многу горди поради тоа што порано од другите сфатија каде им е местото во денешното капиталистичко општество... Ве уверувам, г. Драгумис и Модис, дека Леринскиот округ не гласаше за Киријакопулос, туку за Обединетиот фронт на работниците и селаните и бегалците...". Таквите нивни пишувања и полемики со луѓето од власта не останаа без последици. Биле судени и осудувани на затворски казни итн. Така, кандидатот за градоначалник на Солун, Дукас, поради тоа што во изборната програма зборувал и за независноста на Македонија и на Тракија, на 24 март 1931 година во Солун бил суден и осуден. Секако, најстрашниот период за Македонците под грчките режими беше времето од 1936-1941 година за време на Метаксасовата диктатура. Со доаѓањето на власт во Грција на генералот Јанис Метаксас, со Кривичниот закон беше забранет мајчиниот македонски јазик да се употребува и во кругот на семејството, со кој, само врз таа основа за јазикот, во периодот на неговото владеење од 1936 до 1940 година биле казнети парично или со затвор над 5.250 Македонци.

Интересно е да се спомене и личноста на Сотирос Гоџаманис, кој лично му напишал писмо на Метаксас, во кое го советува да преземе соодветни мерки за да не мора да се слуша, покрај грчкиот, албански, куцовлашки и оној мешаниот грчко-словенски дијалект. На ваквите негови совети, уште истиот месец на 19 јануари 1939 година Ј. Метаксас, претседател на грчката влада, му одговори: "Драги мој господине Гоџамани, го примив и го проучив со големо внимание твојот доклад од 5 јануари оваа година и топло ви благодарам за помошта што ми ја укажувате - многу мерки од тие кои ги предлагате веќе се преземени, други ќе бидат преземени, а трети се проучуваат..". Така било во недалечното минато. Но, наместо да се најде храброст, како Вили Бранд, новите грчки влади кои владеат во едно друго време на демократија, тие продолжуваат со анахрони дејства, да сугерираат на западните демократи да ни се промени името на нашата држава и нашето национално име.
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
Интересно е да се каже дека кампањата што се водела за парламентарните избори во грција 1928 г.раководството на КПГ за прв пат почнало да зборува и за македонското национално прашање.Ова раководство покрај св.економска програма којашто на широко ја пропагирало во исто време макар и декларативно,ја истакнало и паролата“Автономна Македонија и Тракија“ дури со право на отцепување од грчката држава.Сите тие идеи оптимистички влијаеле кај македонското население и со право се надевале дека со помошта на КПГ ќе ги реализираат своите права.Затоа и голем број македонци го дале св.глас за КПГ.Но, како и што се очекувало тој изборен успех на КПГ,мошне ја изненадил и разгневил грчката покиција и жандармерија и таа спровела голем терор против македонските револуционери и комунисти Ѓорги Бардаров,Крсте Лимбаров и Петре Попов(кои биле претставници на кандидатските листи на КПГ за парламентарните избори).
На 4 август 1936 генералот во пензија ЈоанисМетаксас во грција ја вовел фашистичката диктатура.Во најтешка положба се нашле македонците на кои им било забрането да го зборуваат св.јазик дури и во приватниот живот.Поради тоа македонците биле непријателски расположени кон диктаторскиот режим на Метаксас.Таа ситуација подоцна се обиде да ја искористи нбугарската пропаганда во текот на германско-италијанската окупација во грција со цел да ги придобие македонците на св.страна.
 
Член од
22 февруари 2009
Мислења
746
Поени од реакции
35
Пулјопулос е грчки комунист, но истовремено и правник, кој, покрај грчкиот, познавал уште 11 други јазици. Оттука, прилично е тешко на еден интелектуалец од таков ков да му се приговори дека не знаел што зборува. Во 1925 година станал генерален секретар на грчката комунистичка партија во време кога веќе успеал да ја наметне политиката за независна и обединета Македонија (во почетокот тој зборува за обединета Македонија и Тракија). Тоа го довело во судир со предводниците на десното крило во партијата, Јонас Котадис и Томас Апостолидис, кои сметале дека таквите ставови се во спротивност со грчките национални интереси. Истата година, по воведувањето на диктатурата на генералот Пангалос, е уапсен токму поради неговото залагање за независност и обединување на Македонија, но по падот на режимот и амнестијата излегол од затвор. Во меѓувреме генерален секретар на КПГ станал Елефтериос Ставридис, соработник на грчката тајна полиција, што дава една фина слика за КПГ во тоа време.
Токму затоа, Пулјопулос ја формирал КПГ-интернационалисти. По судирот во КП на Советскиот Сојуз, тој се определил за линијата на троцкистите, но со КП на Грција едно од клучните разидувања му било токму по македонското прашање: КПГ тоа го гледа како малцинско прашање во рамките на Грција, а Пулјопулос зборува за правото на народите на самоопределување, право што дури по 1945 година ќе стане еден од темелите на новоформираната ООН.Животот на Пулјопулос, толку колку што тоа го дозволувале условите, кај нас посебно го има проучувано Стојан Киселиновски од Институтот за национална историја на Македонија, а на него се осврнува и Ташко Мамуровски во книгата за револуционерот Пандо Џиков-Џиката. Киселиновски истакнува дека Пулјопулос бил посебно импресиониран од националната свест на Македонците, кои не се откажувале од својот јазик и покрај теророт на грчките власти. Да не изумиме - зборуваме за време од пред 70 и повеќе години, кога и самиот констатирал дека македонскиот јазик е посебен јазик, а не дијалект на српскиот или на бугарскиот, како што тоа се обидувале да го претстават приврзаниците на Котадис.
Пулјопулос е роден во 1900 година во селото Тиваико, Пинд. И тој и мајка му речиси умреле при породувањето. Одличен ученик, завршил гимназија, а потоа се запишал на Правниот факултет во Атина. Ги познавал следните јазици: француски, англиски, германски, шпански, руски, италијански, бугарски, латински, есперанто и старогрчки. Во затворот „Акронавплија“ го научил и македонскиот јазик, а според Киселиновски, еден негов затворски другар тврдел дека таму се зафатил и со пишување македонска граматика.
Мобилизиран е во грчката армија и учествувал во грчко-турската војна 1919-1922 година, која, според Киселиновски, влијаела да заземе антивоен став. Бргу потпаднал под влијание на Октомвриската револуција и по војната станал член на КПГ.
Во 1924 година ја наметнал политиката за обединета и независна Македонија, наспроти КПГ чија политика била за целосна рамноправност на малцинствата во рамките на грчката држава. На таквите ставови на КПГ, Пулјопулос одговорил со обвинување за грчки национализам.
Во 1936 г. е воведена диктатурата на генералот Метаксис и од првиот ден на теророт почнала потрагата по Пулјопулос за тој да биде уапсен.
Во 1938 година, по две години успешно криење, бил предаден, уапсен и испратен во затворот „Акроновплија“.

По окупацијата на Грција од Германија и од Италија, Италијанците го презеле Пулјопулос како затвореник и го преместиле во затворот во Лариса. Во меѓувреме веќе била објавена статијата „За македонското прашање“. Во јануари 1943 година единиците на ЕЛАС извршиле саботажа врз воз што превезувал италијански војници. Во знак на одмазда, 107 затвореници од затворот во Лариса, меѓу кои и Пулјопулос, биле однесени во реонот Курново и на 6 јуни 1943 година 104 од нив биле стрелани. Пред стрелањето, Пулјопулос им одржал говор на италијански јазик на војниците од стрелачкиот вод, по што тие одбиле да пукаат во него. Поради тоа морал да интервенира офицерот, кој лично го застрелал Пулјопулос.По убиството селаните ги погребале ликвидираните, освен Пулјопулос и уште пет негови другари, чиј погреб КПГ не го дозволувала. Нивните тела биле оставени таму каде што паднале, за по некој ден да бидат погребени надвор од гробиштата. Од стреланите тела на Пулјопулос и неговите другари постои една фотографија што пред смртта неговата сопруга им ја предала на некои од неговите преживеани другари и таа фотографија е објавена во една грчка книга, но поради лошиот квалитет нејзиното препечатување е речиси невозможно.

Статијата во „Ризоспастис“, мај 1940 година
Македонскиот народ има право на самоопределување


Еве што од затвор напишал Пулјополус во партискиот весник:

1. Кој не го признава постоењето на македонското национално прашање во грчка, српска и бугарска Македонија, во минатото и денес - тој бездруго е слуга на буржоазијата.

2. Кој не го признава историското ослободително движење на Македонците - тој или е неписмен и треба да ја научи историјата на тоа движење и неговите национални херои или, пак, е лакеј на една од трите угнетувачки буржоазии.

3. Ова движење досега беше задушувано во крв и предавство или имаше уништувачки последици за интересите на македонските работници и селани и беше искористувано од балканските буржоазии (особено од бугарската).

4. Ова движење може да најде нов развиток во новите поволни историски услови: општествени, економски..., политички и во различните политички услови.

5. Кој не ја признава оваа можност - тој е слеп или намерно слеп ако не е лакеј на националистичките прогонувачи на измачениот македонски народ.

6. Комунистите не се зафаќаат да создадат национални движења таму каде што тие не постојат, тоа би била попуста работа, тие поддржуваат такви движења таму каде што тие се појавуваат.

7. Комунистите не ги затвораат очите пред едно поразено националноослободително движење или пред национализаторските стремежи на нивната националистичка буржоазија и не стануваат приврзаници на свршениот чин. Ние нема да се откажеме од реалноста на националното угнетување на една нација и нејзината желба (што постои во срцето на секој македонски трудбеник), еден ден да го отфрли националното ропство. Комунистите ги усвојуваат овие слободарски желби на македонскиот народ и отсега изјавуваат гласно дека народот има право на самоопределување до државно отцепување, ако тоа е негова желба...



 
Член од
20 јуни 2007
Мислења
809
Поени од реакции
18
Навистина интересно. Значи дури и во тој период имало свесни Грци, кои ги гледале работите со малку поинакви очи.
 
Член од
20 декември 2008
Мислења
1.193
Поени од реакции
75
Навистина интересно. Значи дури и во тој период имало свесни Грци, кои ги гледале работите со малку поинакви очи.
Интересно е зошто сите свесни луѓе се секогаш комунисти.
 
E

emission

Гостин
Интересно е зошто сите свесни луѓе се секогаш комунисти.
Интересно е што луѓето кои ја виделе вистината се секогаш или Бугари или Срби или Руси или Германци или Французи или Американци (членови на комунистичката партија на САД) , има по некој Чех, Полјак, еве по некој Грк. На крај и самите Македонци останале на своето не подлегнале на соседните пропаганди . Сите овие иако веројатно не биле свесни за тоа - биле комунисти затоа што еден обичен волгаристански платеник така напишал на форумов бидејќи не може да се помири со своето unknown потекло па пробува со ниски удари да негира нешто што е невозможно да се негира.
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
Панделис Пулиопулос

1) „Самоопределување на македонската нација до отцепување“ (од државата во која е). 2) „Балканска Федерација на Социјалистички Советски Републики“. Ова треба да бидат нашите општи пароли; сепак не е точно дека ставовите на Архиомарксистите и ККЕ се „бундистички“ или „австромарксистички“. Овие две партии (Архио отсекогаш, а ККЕ од 1932 понатаму) никогаш не се бореа ниту за едно (1) непосредно барање на Македонците. Тие го игнорираат нивното постоење јасно и гласно и велат дека грчката буржоазија ги расчисти прашањата со двојно подјармувачкото етничко чистење во Македонија, т.е. грчко-бугарската „доброволна“ размена и грчко-турска размена на население. Тие се буквално партиски агенти на грчкиот национализам. Кога се случило сталинистички парламентарец да проговори барем за едно, макар и неважно прашање од непосреден интерес за Македонците во Парламентот? А помеѓу останатите трагедии на таканаречена „Тврдина Акронафплија“ (во која Пулиопулос беше затворен во тоа време), најтрагична е таа на Македонците кои се затворени тука како сталинисти. Слушнавме дека има и Архиомарксист од овој најтрагичен вид.


http://www.marxists.org/makedonski/pouliopoulos/1940/makkom.htm

--- надополнето ---

i gejskiot izvor http://www.marxismos.com/content/view/275/28/.

--- надополнето ---

Интересно е зошто сите свесни луѓе се секогаш комунисти.
pointeresno e ova :toe:

 

Kajgana Shop

На врв Bottom