^
Го отвораш официјалниот веб сајт на Зелената Лотарија:
https://www.dvlottery.state.gov/
Кликнуваш на Begin Entry, се отвора електронскиот формулар за пополнување и го пополнуваш истиот.
Многумина се збунуваат кај 5-та и 6-та точка од формуларот:
5. Country Where You Were Born;
кај која треба да одбереш држава на раѓање;
6. Country of Eligibility for the DV Program;
кај која треба да одбереш дали се пријавуваш како граѓанин на државата во која си роден, или се пријавуваш како граѓанин на друга држава.
Поентата кај 5-та точка од формуларот е во тоа што треба да одбереш во која држава си роден, не во која држава живееш, туку во која држава си роден.
Поентата кај 6-та точка од формуларот е во тоа што треба да одбереш дали се пријавуваш за Зелената Лотарија како граѓанин на државата во која си роден или како граѓанин на некоја друга држава.
На пример, има луѓе кои се родени во други држави, а живеат во Македонија и се пријавуваат за Зелената Лотарија како граѓани на Република Македонија и обратно, има луѓе кои се родени во Македонија, а живеат во друга држава и се пријавуваат за Зелената Лотарија како граѓани на таа друга држава во која живеат.
Ако, да речеме одбереш дека си роден во Македонија во 5-та точка и се пријавуваш за Зелената Лотарија како граѓанин на Македонија, тогаш кај 6-та точка треба само да ја одбереш опцијата Yes и да не одбереш ништо од листата Select A Country... што ја даваат под опцијата Yes / No.
Ако, да речеме си роден во некоја друга држава, а се пријавуваш за Зелената Лотарија како граѓанин на Македонија, во 5-та точка ја одбираш државата во која си роден, во 6-та точка ја бираш опцијата No, а во листата Select A Country... под опцијата Yes / No ја бираш Македонија.
Ако, да речеме си роден во Македонија, а се пријавуваш за Зелената Лотарија како граѓанин на некоја друга држава, на пример, да речеме дека живееш во Србија и имаш српско државјанство, во 5-та точка ја одбираш Македонија, во 6-та точка ја бираш опцијата No, а во листата Select A Country... под опцијата Yes / No ја бираш Србија.
Кај 7-та точка треба да се закачи слика, ова е многу важно, сликата мора да е слика за пасош, не може било каква слика од мобилен телефон или не знам што, мора да биде слика за пасош, на наредниов веб сајт можеш да ја тестираш дигиталната копија од фотографијата која сакаш да ја закачиш:
https://www.dvlottery.state.gov/photo.aspx
Остатокот од формуларот е лесен за пополнување, не е никаква филозофија, се разбира, под претпоставка дека разбираш англиски јазик и знаеш да се снаоѓаш при навигација на веб сајтови на англиски јазик.
Пријавувањето за Зелената Лотарија завршува на 5 ноември 2011, а првичните резултати треба да бидат објавени од 1 мај 2012 па понатаму.
Откако ќе завршиш со пријавувањето за Зелената Лотарија преку Интернет, ќе добиеш Confirmation Number и Digital Signature, сериски броеви кои задолжително мораш да ги зачуваш, по можност запиши ги на некое ливче кое ќе го прибереш на безбедно место од каде што нема да го изгубиш или заборавиш.
Пријавувањето е бесплатно, оти немет платно
, нема никакви плаќања, кој ви каже дека треба нешто да се плати при пријавување за Зелената Лотарија, ве лаже.
За да провериш дали си одбран при компјутерскиот избор, од 1 мај 2012 па понатаму , на официјалниот веб сајт на Зелената Лотарија, кој го спомнав на почетокот на постов, ќе треба да се логираш со Confirmation Number серискиот број, презимето и годината на раѓање.
Доколку си одбран при компјутерскиот избор, ќе ти бидат прикажани инструкции што понатаму, мислам дека ќе треба да одиш до американската амбасада на интервју или не знам што.
Како и да е, доколку те одберат при компјутерскиот избор и доколку после евентуалното интервју во амбасадата одлучат да ти издадат Зелена Карта,
ќе треба да им платиш околу 800 долари за административни трошоци за да ти издадат Зелена Карта, поконкретно 775 долари, но ова важи само ако ти издадат Зелена Карта и ако одлучиш да ја прифатиш истата, бидејќи дури и да одлучат да ти издадат Зелена Карта, сепак имаш право да ја одбиеш истата доколку во меѓувреме си се премислил, и нема ништо да им платиш се разбира, ќе треба да им платиш административни трошоци за издавање на Зелена Карта само ако одлучат да ти издадат Зелена Карта и само ако одлучиш да ја прифатиш истата.