Онлајн шопинг

Дискусија во форумот 'Мода и убавина' започната од rossonerka, 21 јуни 2010.

  1. Marick14

    Marick14

    Член од:
    23 јуни 2011
    Мислења:
    5.633
    Допаѓања:
    1.345
    Сте имале ли проблем со некои поголеми порачки, како што се патики, телефони и слично? Јас порачувам од Aliexpress.com, а од Ebay не сум порачувал до сега. Прашувам и за двата сајта.
    --- надополнето: 25 декември 2013 во 17:12 ---
    Дај кажете ако знаете некои македонски сајтови кај што можам да си нарачам онлајн?
  2. Shakti

    Shakti The blue-lidded daughter of Sunset

    Член од:
    6 ноември 2012
    Мислења:
    806
    Допаѓања:
    2.727
    Од е-bay имам нарачано чизми, е сега доцнеа ама важно стигнаа.Требаше да стигнат приближно за еден месец, а стигнаа по скоро два месеца.
  3. Marick14

    Marick14

    Член од:
    23 јуни 2011
    Мислења:
    5.633
    Допаѓања:
    1.345

    Гледам има доста патики, чизми што ги нема кај нас, па сакав да слушнам некој со искуство што порачувал.
    А иначе јас порачав на 18-19 овој месец. Ситно порачав, две алки, али сега што има празници па кога би ми стигнала нарачката?
    Пишуваше од 15-40 дена.
  4. Shakti

    Shakti The blue-lidded daughter of Sunset

    Член од:
    6 ноември 2012
    Мислења:
    806
    Допаѓања:
    2.727
    Би требало да ти стигне за тоа време.Има веројатност да доцни заради празниците ама ќе ти стигне секако.Претходно што сум порачувала облека имало случаи да ми стигне и за две недели.
    На zozulec и Marick14 им се допаѓа ова.
  5. Marick14

    Marick14

    Член од:
    23 јуни 2011
    Мислења:
    5.633
    Допаѓања:
    1.345

    А со Amazon како стоиш? Некои се жалат слушам.
  6. Shakti

    Shakti The blue-lidded daughter of Sunset

    Член од:
    6 ноември 2012
    Мислења:
    806
    Допаѓања:
    2.727
    Не сум порачувала ништо од таму досега, па не можам да ти кажам ништо...
    На Marick14 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Marick14

    Marick14

    Член од:
    23 јуни 2011
    Мислења:
    5.633
    Допаѓања:
    1.345
  8. 3ckap3cka

    3ckap3cka

    Член од:
    29 ноември 2013
    Мислења:
    11
    Допаѓања:
    4
    Дали некој има нарачувано таблет околу 100 долари да ми каже колку пари го царинеле кај нас?:noze:
  9. Bojan Van Buuren

    Bojan Van Buuren Колектор

    Член од:
    11 април 2008
    Мислења:
    2.626
    Допаѓања:
    2.882
    Ќе може некој да ми објасни како иде нарачувањето на алиекспрес ?
  10. Zebar

    Zebar

    Член од:
    19 март 2013
    Мислења:
    206
    Допаѓања:
    261
    Ќе си избереш/најдеш производ што го сакаш. Притоа многу внимавај на фидбекот што го оставиле претходните муштерии и за продавницата и за производот. Ако е под некои 95%, почнувај да вклучуваш аларми. Можеш да ги исчиташ коментарите, ама имај предвид дека можеби се работи за некои поткупени од конкуренцијата, што тераат инат или едноставно немаат врска со животот. Но, според мнозинството коментари можеш да добиеш генерална слика за продавницата и производот.

    Потоа, ако се решиш да го купиш производот, прво треба да се регистрираш на Алиекспрес ако не си регистриран. Оставаш податоци: име и презиме / e-mail адреса / поштенска адреса / телефон. Треба да ги оставиш вистинските податоци затоа што тоа ќе ти биде адресата на која ќе ти испорачаат (иако мислам дека има опција да смениш адреса на испорака за некој конкретен производ). Телефонски број е потребно да се остави поради некое поштенско правило или пракса (во светот) демек да може да те најде поштарот ако не си дома, ама нашиве поштари не се замараат со такви работи.

    Ќе ти стигне мејл со потврда и оттогаш ќе можеш да се логираш на Алиекспрес. Е сега, што треба да се знае за Алиекспрес? Тоа е посредник, односно не постои фирма Алиекспрес што произведува нешто, па ти го испорачува, туку функционира како некој трговски центар каде што има дуќанчиња и секој производител си одговара за својата стока (па затоа можат да се најде и бофл стока и дури и измамници). Меѓутоа, Али нуди одредена заштита за купувачот така што ги чува парите во џеб додека купувачот не потврди дека производот стигнал, па дури потоа му ги префрлува парите на продавачот. Веројатно, ако стигне дефектно, може и да се рекламира, односно да се пратат фотографии со недостатокот на производот, па понатаму да се тера работата (јас од тоа досега не сум имал потреба и не знам како оди). Здравиот разум кажува дека најдобро би било да се купува од продавачи со репутација што не би ја ризикувале за некоја ситна сума пари за која ќе те измамат, но ако некој решил да те измами (или ти си се уловил во мрежа на измамник), малку потешко ќе се спасиш од тоа. Исто така, нереално е да се имаат преголеми очекувања од она што сепак е кинеска стока. Меѓутоа, цените не може никој друг да ги надмине (надолу).

    Плаќаш на начин што ти одговара (може картица), бираш начин на испорака, доплаќаш за tracking number (или не, зависи од продавницата) и следува најмачниот дел: чекањето. Најбрзо време за кое може да се надеваш дека ќе ти стигне нешто е две недели, и тоа ако авиокомпаниите, кинеските и нашите цариници и поштари решат да соборуваат рекорди, значи многу тешко. Пореално време за очекување би било меѓу 30 и 40 дена, а често има случаи и на подолго чекање. За тоа време постојано проверуваш на сајтови за следење на поштенски пратки (tracking), на пример http://www.17track.net/index_en.shtml или на нашата http://www.posta.mk/sledenje_pratki_stranstvo.html која за чудо понекогаш добро работи :), но ретко со Кина. :( Секогаш земај (или доплаќај за) тракинг број, затоа што помалку ќе се нервираш, а и помала е веројатноста да ти го снема производот ако му се допадне на некој цариник или поштар.

    Кога ќе стигне пратката во земјава, може да оди на царинење, а можеби и не. Најчесто, ако е поголем пакетот, задолжително оди на царинска проверка, која се плаќа и да нема царина, но не е многу. За царинските стапки мислам дека има посебна тема на форумов. Мене тогаш почнува да ми се појавува тракинг бројот и на нашиот сајт, па знам дека пратката е стигната во земјава.

    Кога ќе завршат формалностите, следниот ден (најчесто) ти доаѓа поштар дома и ти ја предава пратката ако е помала, или ти остава картонче да одиш да си ја подигнеш. Во вториот случај, ако има и царина, таму ти даваат и уплатница и си ја плаќаш на лице место.

    Си ја земаш пратката и си одиш дома. :vozbud:

    Дополнување: од она што сум го прочитал на форумов, не земај ДХЛ или друг начин на испорака по брзи пошти зашто царинската (шпедитерската) услуга за нив е скапа кај нас.
    Последно уредено: 24 март 2014
    Elena Salvatore, Disconnect, Srcee и на уште 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Srcee

    Srcee Unforgettable

    Член од:
    29 април 2008
    Мислења:
    5.137
    Допаѓања:
    3.303
    Леле денес кои попусти ги имаше на алиекспрес, па па па.

    Имам едно прашање - ако сајтот не ги префрла парите на продавачот се дури не потврдиш дека ти стигнала пратката, тогаш како може да бидеш зезнат?
  12. Zebar

    Zebar

    Член од:
    19 март 2013
    Мислења:
    206
    Допаѓања:
    261
    Прво да кажам дека досега имам само неколку работи порачано од Али, па не сум некој врвен авторитет по тоа прашање. :) Но, ќе се обидам да одговорам.

    Може да е зезне на повеќе начини. Да ти испорача нешто што не одговара на описот на производот, со послаб квалитет, полоши материјали, или дури и цигла, па ти објаснувај се со Али и докажувај му. :tapp:
    На Srcee му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Marick14

    Marick14

    Член од:
    23 јуни 2011
    Мислења:
    5.633
    Допаѓања:
    1.345
    Кога имало попусти? Има уште?
  14. Srcee

    Srcee Unforgettable

    Член од:
    29 април 2008
    Мислења:
    5.137
    Допаѓања:
    3.303
    Нема веќе. Вчера имаше, мобилни, таблети, облека, бадијала. Брзо се испопродадоа.
  15. Marick14

    Marick14

    Член од:
    23 јуни 2011
    Мислења:
    5.633
    Допаѓања:
    1.345
    Ако мислиш на она по еден долар попуст, го видов. :D

Сподели преку: