Новости во науката/технологијата

INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
ЈАс слушнав нешто ново од полето на компјутерите. До сега се користеа силиконски транзистори кои доста добро се покажаа и ја зголемија силата на компјутерите многукратно. Најновите истражувања покажале дека графитот кој цело време ни бил под нос (мислејќи на црнката од моливот) имал поголема спроводливост од силиконот. Силиконот како што знаеме со команда (електрицитет) може да го отвори струјното коло, и затвори притоа создавајчи дигитални нули и единици - јазикот на компјутерот.
Graphene - кој се добива со одделување на атоми од графитот може да создаде транзистори (процесори_) кои работат со силина на тера херци. tera Hertz - frequency ranges. Тоа значи дека ќе се доста моќни и имале плус некои опции кои биле во испитување да го разбијат ритамот од нули и единици и да создадат плус нешто измеѓу. Јас тоа не го разбрав ако некој го итересира или знае нека каже.
http://en.wikipedia.org/wiki/Graphene
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.069
Поени од реакции
4.716
ЈАс слушнав нешто ново од полето на компјутерите. До сега се користеа силиконски транзистори кои доста добро се покажаа и ја зголемија силата на компјутерите многукратно. Најновите истражувања покажале дека графитот кој цело време ни бил под нос (мислејќи на црнката од моливот) имал поголема спроводливост од силиконот. Силиконот како што знаеме со команда (електрицитет) може да го отвори струјното коло, и затвори притоа создавајчи дигитални нули и единици - јазикот на компјутерот.
Graphene - кој се добива со одделување на атоми од графитот може да создаде транзистори (процесори_) кои работат со силина на тера херци. tera Hertz - frequency ranges. Тоа значи дека ќе се доста моќни и имале плус некои опции кои биле во испитување да го разбијат ритамот од нули и единици и да создадат плус нешто измеѓу. Јас тоа не го разбрав ако некој го итересира или знае нека каже.
http://en.wikipedia.org/wiki/Graphene
Како што нафтата беше клучот за огромниот развој на човештвото во 20тиот век, така графенот ќе биде генератор на развојот во 21 век.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Како што нафтата беше клучот за огромниот развој на човештвото во 20тиот век, така графенот ќе биде генератор на развојот во 21 век.
Те молам да објасниш нешто повеќе, зошто ја поврзуваш нафтата со графенот
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.069
Поени од реакции
4.716
Те молам да објасниш нешто повеќе, зошто ја поврзуваш нафтата со графенот
Нафтата е еден од главните ресурси кои го направија 20тиот век тоа што е.
Благодарение на нафтата се добиваат разни продукти, како на пример, гориво, бои, од нафтата се направени гумите, асфалтот, но пред се пластиката и најлонските влакна, кои имаат огромна примена во секојдневието.

Графенот не само што е на добар пат да ја замени нафтата во продуктите, туку значително и ќе ги подобри. Неколкукратно.
Почнувајќи од транзистори, оптика, батерии, структурен материјал, развој на нанотехнологијата (која ќе има безброј апликации) и сл.
http://en.wikipedia.org/wiki/Potential_applications_of_graphene

Се уште е скап за производство, но постојано се наоѓаат нови начини за негово добивање. Така цената за негово добивање е драстично падната во споредба пред 3-5 години.
 
D

Daedalus

Гостин
По 80 годишно трагање, пронајден е начин како светлината да се конвертира во материја

Истражувачите работеа на проблематиката која вклучува создавање на материја од чиста светлина, а веќе постојат и планови за да го прикажат тоа во следниве 12 месеци.
Теоријата позади оваа идеја е прво опишана пред 80 години од страна на двајца физичари кои подоцна работеле на создавањето на првата атомска бомба. Во тоа време, тие мислеле дека конвертирање на светлината во материја е невозможно во лабораториски услови.

Но оваа недела, физичарите од Imperial College London тврдат дека успеале да го решат проблемот со помош на високоенергетски ласери и друга достапна опрема.
„Во принцип, го покажавме начинот на кој можете да направите материја од светлина,“ тврди Стивен Роуз од Imperial.
„Ако го направите експериментов, светлината ќе ја претворите во материја.“



Научниците се на работ на создавање машина која ќе може да креира секојдневни предмети, а ресурсите кои ќе бидат искористени да бидат...
налив од електромагнетна енергија. Овој вид на материја може да биде во форма на субатомски честици невидливи за човечкото око.

Оригиналната идеја била промовирана од физичарите Грегори Брејт и Џон Вилер, во далечната 1934 година. Тие дошле до заклучокот дека во ретки ситуации, два фотона можат да се искомбинираат и тоа да доведе до произведување на електрон или неговиот еквивалент во форма на антиматерија, позитрон. Електроните се честици составени од маса формирана од надворешните обвивки на атомите од кои се составени објектите кои ги гледаме околу нас.
Но Брејт и Вилер не очекувале нивната теорија да биде докажана во брзо време.
Во нивната студија, физичарите забележале дека процесот е толку редок и тежок за произведување што би било „безнадежно со помош на лабораториски експерименти, да се опсервира формацијата на паровите...“.

Оливер Пајк, водечкиот истражувач на студијава, тврди дека процесот е една од најелегантните демонстрации на Ајнштајновата позната врска која покажува дека материјата и енергијата се меѓусебно поврзани величини. „ Брејт-Вилеровиот процес е едноставен начин за материјата да може да се конвертира во светлина и е една од најдиректните демонстрации на E=mc2," тврди Оливер.

Истражувачите работеле на тоа како да направат материја од чиста светлина и планираат низ следниве 12 месеци, да ја прикажат оваа законитост.

Во журналот Nature Photonics, научниците го опишуваат начинот на кој ќе ја претворат светлината во материја со помош на неколку одделни чекори. Првиот чекор се состои од испукување на електрони врз златна плоча за произведување на зрак од фотони со огромна фреквенција. Следниот чекор се состои од ласер со висока енергија кој е испукан во тесна златна капсула наречена хохлраум (од германскиот збор „празна соба“). Ова произведува светлина, сјајна како таа која е емитирана од самите ѕвезди.
Во крајната фаза, тие го пуштаат првиот сноп од фотони во хохлариумот во кој двата снопа на електрони се судираат.
Калкулациите покажуваат дека оваа поставеност истиснува доволно честици на светлина, со доволно високи енергии во мал но доволен волумен за создавање на околу 100 000 парови на електрони/позитрони.

Овој процес е едно до најспектакуларните предвидувања кои следуваат од земањето на теоријата наречена квантна електродинамика како премиса.
Оваа теорија е развиена за време на Втората светска војна.
„Може да се каже дека појавава е една од најдраматичните последици на КЕД (квантна електродинамика) и јасно покажува дека светлината и енергијата се конвертираат од една во друга,“ тврди Роуз.
Научниците се надеваат дека ќе го покажат овој процес во следниве 12 месеца. Има голем број на институти во светот кои ја имаат оваа технологија. Како на пример, големиот ласер Омега во Роучестер, Њујорк, а исто така и ласерот Орион во Алдермастон, фабриката за создавање на атомски оружја во Беркшајр.

Успешната демонстрација ќе ги охрабри физичарите кои ја разгледуваат можноста за машина која ќе го иницира судирањето на фотоните.
„Таква машина може да биде искористена за истражување на фундаменталните физички законитости и претставува добра експериментална постава во која влезот е чиста светлина, а излезот материја.
Овој експеримент ќе биде првата демонстрација на ова, “ кажува Пајк.

Според Андреј Сереи, директор на институтот Џон Адамс во Оксфордскиот Универзитет:
„...самата помисла на тоа дека овие два елемента кои знаевме дека се поврзани, сега знаеме дека можат да бидат конвертирани еден во друг, е вчудовидувачка.
Материјата и енергијата, честичките и светлината.
Дали во иднина ќе можеме да ја конвертираме енергијата во време и обратно?
 

Stojna7

професорка пред хотел
Член од
2 декември 2013
Мислења
69
Поени од реакции
89
Дали во иднина ќе можеме да ја конвертираме енергијата во време и обратно?
Ако може, нека прават летно време, или во најлош случај пролетно (околу Ѓурѓовден некаде би било добро). Измрзнавме вака ебати снегоите.
 
Член од
8 октомври 2007
Мислења
4.680
Поени од реакции
8.511
Интересна статија за биг бенгот.
Почнува вака:
The universe may have existed forever, according to a new model that applies quantum correction terms to complement Einstein's theory of general relativity. The model may also account for dark matter and dark energy, resolving multiple problems at once.

http://phys.org/news/2015-02-big-quantum-equation-universe.html
 
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.139
Поени од реакции
8.246
Aubrey de Grey suggests that death is simply a disease that can be cured, but it will take scientists and researchers from different fields coming together to actually do this.

And it's happening now...

 
D

Daedalus

Гостин
Невронаучниците буквално
го менуваат начинот на кој размислуваме

Научниците од универзитетот Бар-Илан се првите прикажале како надворешен стимул од слаб електрицитет може буквално да го смени начинот на кој размислуваме, со тоа што се произведуваат мерливи зголемувања на мерата во која мечтаеме односно мерата во која се случуваат спонтани мисли коишто се интроспектни и асоцијациите кои се формираат. По пат, направено е и друго изненадувачко откритие:
Додека мечтаеме што може да биде механизам за оттргнување од здодевните обврски, овие мисли имаат позитивен, симултан ефект врз ефикасноста со која се извршуваат обврските.
Овој експеримент е спроведен во лабораториите на универзитетот за когнитивна невронаука Бар-Илан, а надгледуван од професор Моше Бар и специјалисти од Гонда универзитетот за мултидисциплинарни истражувања на мозокот.



Што е тоа што го предизвизвикува мозокот
да мечтае и да се запрашува?

Додека ова е далеку од манипулацијата на сонот во филмот „Инсепшн“, истражувањево покажува дека генеричен екстерен стимул, неповрзан со сензорната перцепција, може да предизвика специфичен вид на мисловна активност.
Во експериментот кој бил дизајниран и спроведен од истражувачот д-р. Вадим Акселрод, учесниците биле третирани со транскранијална директна стимулација со електричен полнеж (TDCS (transcranial direct current stimulation), неинванзивна и безболна процедура во која се користи невростимулација со мала ампеража/волтажа за стимулирање на одредени регии во мозокот.
За време на третманот, од учесниците се барало да лоцираат и да одговараат на одредени бројки кои биле прикажувани на компјутерски екран. На одредени временски интервали, од нив се барало да проценат на скала од 1 до 4, колку често им надоаѓале спонтани мисли кои не биле поврзани со задачата која им била дадена.



Поврзаноста помеѓу мозокот и мечтаењето
Според професор Бар, специфичната регија во мозокот која била стимулирана, не била случајно избрана. „Ги сосредоточивме електричните импулси кон фронталната кора од мозокот бидејќи е најдена поврзаност помеѓу оваа регија и мечтаењето, но исто така бидејќи истата е централна точка на мрежата за контрола врз извршувањето на обврски, поврзана со способноста да се организираме и да ја планираме иднината, а Бар напоменува дека тој се сомневал дека постои поврзаност помеѓу овие две „активности“.
Како референца за споредување и воедно во различни експерименти, истражувачите ја користеле електричната стимулација за стимулирање на окципиталната регија, центарот за визуелно процесирање во задниот дел од мозокот. Тие исто така извршиле контролни експерименти во кои не била користена електрична стимулација.
Учесниците во експериментот, не забележале променет интензитет на мечтаење во случајот кајшто окципиталната кора била стимулирана, но интензитетот на мечтаење бил зголемен кога стимулацијата била извршена врз фронталната кора.
„Нашите резултати одат уште подлабоко од тоа што било постигнато со помош на функционална магнетна резонанца пред експериментов ,“ кажува Бар.
„Со експериментов, покажано е дека фронталниот дел од мозокот игра каузална улога во однесувањето поврзано со мечтаење.“



Подобрен „мисловен капацитет“ на умот кој мечтае

Оваа студија покажала како зголемувањето на мечтаењето кое е предизвикано од надворешна стимулација, не само што не ја попречува способноста на субјектите да успеат во постигнување на одредена цел, туку и помага. Бар верува дека овој изненадувачки резултат може да постои поради конвергенцијата на два механизма за „контрола на мисли“ и извршување на одредена функција и механизмите за активирање на спонтани интроспективни процеси на мечтаење, а се наоѓаат во истата регија на мозокот.
„Низ последниве 15 или 20 години, научниците покажаа дека за разлика од локализираната нервна активност која е поврзана со одредени активности, мечтаењето вклучува активирање на огромна мрежа која вклучува повеќе делови од мозокот. Оваа вклученост на повеќе делови од мозокот можеби е поврзана со бихевијорални (суров превод: однесување/активност) исходи како креативност и расположение, а исто така може да играат улога во способноста за вршење на обврски додека умот оди по неговиот весел ментален пат.“
Иако се претпоставува дека луѓето имаат ограничен мисловен капацитет за обрнување на внимание, Бар тврди дека оваа студија покажува дека вистината е покомплицирана.
„Интересно, додека нашата студија за екстерна стимулација ја зголеми инцидентноста на мечтаењето, наместо да ја намали способноста за извршување на обврска кај субјектите, таа предизвика подобрување на перформансот во извршување на обврски.
Надворешната електрична стимулација всушност го подобри капацитетот за мислење.“



Кон помалку мистериозен ум

Според Бар, во блиска иднина, тој е заинтересиран за испитување на тоа како надворешната електрична стимулација може да влијае на мисловните активности како активноста за фокусирање или паралелно извршување на повеќе активности (multitasking). Додека било каква терапевтска апликација на функционалната електрична стимулација во овој контекст (истата се користи за други терапии кои се потврдени) е шпекулативна, тој верува дека може да им помогне на невронаучниците да го разберат однесувањето на луѓето кои страдаат од мала или абнормална нервна активност.
Во меѓувреме, тимот на Бар во Лабораторијата за когнитивна невронаука е задоволен поради фактот дека со нивната работа, мечтаењето како една од најприсутните внатрешни мисловни функции, го направиле помалку мистериозно.
 

Благоев

The Spartan General
Член од
8 јануари 2014
Мислења
1.357
Поени од реакции
2.087
D

Daedalus

Гостин
Мрежната теорија го прикажува во ново светло
потеклото на свеста


Црните точки одговараат на 264 области во церебралната кора, области кои истражувачите ги испитувале, а линиите одговарале на зголемената сила на функционалните поврзаности помеѓу секоја од овие области кога субјектите „свесно перцепирале одредена мета. „Потоплите“ бои се поврзани со посилни поврзаности. Оваа слика покажува дека свесноста на поединецот кореспондира со зголемена сила на функционалните поврзаности (Мароис/Годвин).
Каде постоите вие, во вашиот мозок? Дали свеста за светот околу вас и вас самите како личност, е резултат на специфични сосредоточени промени во вашиот мозок или свеста се појавува поради опсежната мрежа на невронската активност.
Дали мозокот произведува свест?

Истражувачите од универзитетот Вандерблит, направиле важен чекор кон одговарањето на овие прашања со новата студија во која откриле глобални промени во тоа како мозочните области комуницираат една со друга за време на свесното перцепирање, осознавање и доживување на околината. Нивните пронајдоци кои биле објавени на 9 март, во „Извештаите на Националната Академија на Науките“, ги предизвикуваат претходните теории во кои се хипотетизираше дека регионални промени во мозокот, биле одговорни за произведувањето на феноменот свест.

„Идентификувањето на отпечатоците на свеста во луѓето може да биде важен напредок
при извршувањето на различни истражувања, во најмала рака, да има огромни филозофски импликации при разбирањето на човечкото искуство,“ кажува Рене Мароис, еден од авторите на студијата.
„Многу когнитивни дефекти кои се забележани поради различни невролошки заболувања, можеби потекнуваат од промените во тоа како се комуницираат информациите низ мозокот.“

Со помош на теорија на графови, бранша на математиката која се занимава со објаснување на интерактивните поврзаности помеѓу припадници на комплексна мрежа, како социјалните мрежи или линиите на летови, истражувачите се насочени кон тоа да го окарактеризираат начинот на кој поврзаностите помеѓу различни делови од мозокот се поврзани со свеста.

„Со теоријата на графови, се даваат одговори на прашањата за ефективноста при поврзувањето на транспортните на мрежи низ Соединетите Американски Држави и Европа...“, Даглас Годвин, дипломиран студент и водечки автор на истражувањето, тврди: „Можеме да ги поставиме истите прашања за мозокот и столбовите на невронската комуникација.“

Модерните теории за невронската база на свеста се поделени на две школи: локалната и глобалната. Локалните теории се стремат кон тоа да асоцираат специфични области од мозокот коишто се критични при генерирањето на свеста, додека пак глобалните теории го застапуваат аргументот дека свеста се појавува како резултат на мозочните промени и активноста на мозокот гледано на голема скала. Оваа студија ја примени теоријата за анализа на графови, за да ги спореди овие две теории и да доведе до тело од докази кое може да покаже која од овие е порелеванта.

Истражувачите одбрале 24 членови на универзитетот коишто учествувале во експериментот направен со снимање на мозокот, а користена е функционална магнетна резонанца. За време на снимањето, од учесниците се побарало да забележат одредена светлина која била едвај забележлива и од нив се барало да го детектираат светлечкиот диск. Учесниците одговарале на тоа дали го детектирале светлото и колку биле сигурни дека го забележале истото. Истражувачите потоа ги споредиле резултатите во кои светлото било забележано со сигурност со тие во кои светлото не било забележано со сигурност.

Споредувањето на едните со другите резултати притоа со користење на конвенционална fMRI анализа, укажало на активност на истите регии од мозокот, со само неколку регии на истиот кои покажувале поголема активност за време на детектирањето на метата отколку кога метата не била детектирана.
Оваа студија секако е насочена не само кон региите коишто се активираат за време на перцепирањето на одреден феномен, туку и како истите комуницираат меѓусебно.

За разлика од локалните резултати коишто се гледаат при користењето на поконвенционални методи на анализа, резултатите кои се добиваат со „мрежниот пристап“ довеле до поинаков заклучок. Ниту една регија или мрежа од мозокот не се покажала како помалку/повеќе поврзана од друга за време на свесната перцепција на метата, целиот мозок се покажал функционално повеќе „поврзан“ во резултатите кајшто учествувачите го забележале светлото.

„Знаеме дека постојат многубројни мозочни мрежи коишто контролираат различни когнитивни функции како вниманието, јазикот (семантика наспроти синтакса), контролата над акциите/мислите, со тоа што секој јазол од мрежата е меѓуповрзан со други јазли од истата мрежа, но не со други мрежи,“ кажува Мароис. „Свеста ја разложува модуларноста на овие мрежи, а тоа е утврдено со забележувањето на општо зголемување на функционалната поврзаност помеѓу овие мрежи и свесноста.“

Истражувањето сугерира на тоа дека свеста е најверојатно резултат на распространета комуникација и дека ние можеме кажеме дека сме опсервирале нешто само откако тие се претставени во мозокот на ваков начин. Не постои дел од мозокот кој е „седло на душата“ како што Рене Декарт еднаш пишал во хипотезата за епифизата, туку свеста се појавува како емергентна особина од начинот на кој информацијата е пропагирана низ мозокот.

„Ние го земаме здраво за готово тоа колку унифицирано е нашето искуство за светот.
Ние не искусуваме различни визуелни и аудиторни светови, сето тоа е интегрирано во едно свесно искуство,“ кажува Годвин.
„Распространетата мрежа на комуникации е мрежа преку која свеста се интегрира во единечниот свет.“
 

Благоев

The Spartan General
Член од
8 јануари 2014
Мислења
1.357
Поени од реакции
2.087

Stojna7

професорка пред хотел
Член од
2 декември 2013
Мислења
69
Поени од реакции
89
http://www.technologyreview.com/view/535861/pagerank-algorithm-reveals-worlds-all-time-top-soccer-team/

Едно големо браво за момците и девојките. Да користат ПејџРанк за нешто сосема различно и опипливо за спортските фанови околу светот. Job well done. :)
што аир, нит има добра корелација со сегашната ситуација, нит има предиктивна моќ
 

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.086
Поени од реакции
19.955
Пак ќе го пуштаат LHC. :)
Овој пат веруваат дека може да откријат минијатурни црни дупки, кои би го потврдиле постоењето на повеќе паралелни универзуми. Holy mother of God! :confused:

---------------------------------
LHC би можел да го докаже постоењето на паралелни универзуми


Откривањето минијатурни црни дупки во Големиот хадронски судирач би можело да го докаже постоењето на паралелни универзуми, но, исто така, и дека Големата експлозија воопшто не се случила и дека вселената се протега бесконечно низ времето, велат научниците.

Забрзувачот на честички, кој треба повторно да биде покренат оваа недела, веќе го најде Хигсовиот бозон – божјата честичка, за која се верува дека им ја дава масата на другите честички.

Сега научниците во ЦЕРН во Швајцарија веруваат дека може да откријат минијатурни црни дупки, кои би го потврдиле постоењето на повеќе паралелни универзуми.

А ако добиените црни дупки содржат одредена енергија, тоа ќе ја докаже контроверзната теорија за „виножито-гравитација“, која укажува дека вселената се протега бесконечно низ времето, без одредена временска точка во која се создала, што би значело дека Големата експлозија никогаш не се случила.



Теоријата била поставена како обид да се помират Ајнштајновата теорија на општа релативност, која се занимава со многу големите објекти, и квантната механика – која се концентрира на најмалите „тули“ на универзумот. Името доаѓа од претпоставката дека ефектот на гравитацијата врз вселената влијае различно во зависност од брановите должини на светлината.

Огромните количества енергија што биле потребни за да се создаде „виножито-гравитацијата“ би значеле дека раниот универзум бил многу поинаков. Еден од резултатите би бил тоа што ако почнете да го враќате времето наназад, универзумот станува погуст, приближувајќи се до бесконечната густина, но никогаш не достигнувајќи ја.

Ефектот на виножито-гравитацијата е мал врз објектите како што е Земјата, но е значаен и мерлив во случајот на големите црни дупки. Тој може да биде откриен од Големиот хадронски судирач ако успее да најде или да создаде црни дупки внатре во забрзувачот.

„Ја пресметавме енергијата на која очекуваме да ги откриеме тие минијатурни црни дупки во виножито-гравитацијата. Ако навистина откриеме минијатурни црни дупки на таа енергија, ќе знаеме дека теориите за виножито-гравитацијата и за постоењето на повеќе димензии на вселената се точни“, вели д-р Мир Фајзал од ЦЕРН.

Второто покренување на акцелераторот е закажано за неделава, првпат откако оваа 27-километарска „машина“ беше исклучена кон крајот на 2013 година заради унапредување на системот.

Таа ќе ги судри протоните при речиси двапати поголема енергија од онаа што беше употребена за откривањето на Хигсовиот бозон.

Ролф Хоер, генералниот директор на ЦЕРН, вели дека вклучувањето на унапредениот судирач би можело да ја воведе физиката во „нова ера“, која би можела да ги расветли поимите како темна материја, темна енергија и суперсиметрија.

"Сакам да бидам сведок на првата светлина во мрачниот универзум. Ако се случи тоа, тогаш природата е љубезна кон мене“, рече Хоер.
Научниците веруваат дека можат да го најдат првиот доказ за алтернативни реалности што постојат надвор од нашиот сопствен универзум.

Дури е можно гравитацијата од нашиот сопствен универзум да „истекува“ во тој паралелен универзум, велат научниците од ЦЕРН.

„Исто како што повеќе листови хартија, кои се дводимензионални објекти (ширина и должина) може да постојат во трета димензија (висина), така и паралелните универзуми можат да постојат во повисоки димензии“, додава д-р Фајзал.

„Ние претпоставуваме дека гравитацијата може да протече во други димензии, а ако е така, тогаш во Големиот хадронски судирач може да бидат произведени минијатурни црни дупки. Обично, кога луѓето размислуваат за мултиуниверзумот, тие мислат на интерпретацијата за повеќе светови на квантната механика, каде што се остварува секоја можност. Ова не може да биде проверено, така што тоа е филозофија, а не наука. Тоа не е тоа што ние го подразбираме под паралелни универзуми. Она на што ние мислиме се реални универзуми во други димензии“, вели тој.

Големиот хадронски судирач претрпе важни надградби и поправки во текот на изминатите две години од првото исклучување.

Забрзувачот на честички сега може да се „пофали“ со нови магнети, супериорна криогеника, повисок напон и посилни енергетски зраци, со што машината ќе работи со речиси двојно поголема енергија на судирање од првиот пат.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.347
Поени од реакции
29.818
http://www.sciencemag.org/content/344/6189/1265
Abstract
The high water storage capacity of minerals in Earth’s mantle transition zone (410- to 660-kilometer depth) implies the possibility of a deep H2O reservoir, which could cause dehydration melting of vertically flowing mantle. We examined the effects of downwelling from the transition zone into the lower mantle with high-pressure laboratory experiments, numerical modeling, and seismic P-to-S conversions recorded by a dense seismic array in North America. In experiments, the transition of hydrous ringwoodite to perovskite and (Mg,Fe)O produces intergranular melt. Detections of abrupt decreases in seismic velocity where downwelling mantle is inferred are consistent with partial melt below 660 kilometers. These results suggest hydration of a large region of the transition zone and that dehydration melting may act to trap H2O in the transition zone.

http://www.newscientist.com/article/dn25723-massive-ocean-discovered-towards-earths-core.html#.VRIb1o73-ix
Massive 'ocean' discovered towards Earth's core
A reservoir of water three times the volume of all the oceans has been discovered deep beneath the Earth's surface. The finding could help explain where Earth's seas came from.

The water is hidden inside a blue rock called ringwoodite that lies 700 kilometres underground in the mantle, the layer of hot rock between Earth's surface and its core.

The huge size of the reservoir throws new light on the origin of Earth's water. Some geologists think water arrived in comets as they struck the planet, but the new discovery supports an alternative idea that the oceans gradually oozed out of the interior of the early Earth.

"It's good evidence the Earth's water came from within," says Steven Jacobsen of Northwestern University in Evanston, Illinois. The hidden water could also act as a buffer for the oceans on the surface, explaining why they have stayed the same size for millions of years.


Pinging the planet
Jacobsen's team used 2000 seismometers to study the seismic waves generated by more than 500 earthquakes. These waves move throughout Earth's interior, including the core, and can be detected at the surface. "They make the Earth ring like a bell for days afterwards," says Jacobsen.

By measuring the speed of the waves at different depths, the team could figure out which types of rocks the waves were passing through. The water layer revealed itself because the waves slowed down, as it takes them longer to get through soggy rock than dry rock.

Jacobsen worked out in advance what would happen to the waves if water-containing ringwoodite was present. He grew ringwoodite in his lab, and exposed samples of it to massive pressures and temperatures matching those at 700 kilometres down.

Sure enough, they found signs of wet ringwoodite in the transition zone 700 kilometres down, which divides the upper and lower regions of the mantle. At that depth, the pressures and temperatures are just right to squeeze the water out of the ringwoodite. "It's rock with water along the boundaries between the grains, almost as if they're sweating," says Jacobsen.

Damp down there
Jacobsen's finding supports a recent study by Graham Pearson of the University of Alberta in Edmonton, Canada. Pearson studied a diamond from the transition zone that had been carried to the surface in a volcano, and found that it contained water-bearing ringwoodite, the first strong evidence that there was lots of water in the transition zone (Nature, doi.org/s6h).

"Since our initial report of hydrous ringwoodite, we've found another ringwoodite crystal, also containing water, so the evidence is now very strong," says Pearson.

So far, Jacobsen only has evidence that the watery rock sits beneath the US. He now wants to find out if it wraps around the entire planet.

"We should be grateful for this deep reservoir," says Jacobsen. "If it wasn't there, it would be on the surface of the Earth, and mountain tops would be the only land poking out."

Journal reference: Science, DOI: 10.1126/science.1253358
 

Kajgana Shop

На врв Bottom