Нова химна на АРМ и нови униформи

Статус
Затворена за нови мислења.

koskar

Џон Клиз
Член од
27 август 2005
Мислења
566
Поени од реакции
360
Џабе гомна јадење....
Униформите ги презентираа уште лани, и за разлика од сега има 3 вида на униформи.
Сите се креирани да ги содржат националните бои, но и да изгледаат официјално. Униформите ги креирал Ношпал, не сељандура што пишува по форуми, и споредува со други земји. Ако одиме по логика да немаме униформи слични на другите поарно голи да ги пуштиме војниците.
На барање на гардата се воведени и новите униформи, затоа што оние за кои пекате се претешки и во текот на летото невозможно е да се издржи во таква униформа. Ги имам видено војниците на Пелинце, цела униформа ја соблекуваат пред и после манифестацијата зошто неможат да дишат.
Наша армија да ве потсетам имаме само 20 години, и ова е првпат да се креира нешто ново за нејзе, а да не се остатоци од јна. Униформите се одлични, изгледаат убаво, а затоа што некој зима по некое денарче од сорос да јаде гомна по форуми ич не ми чуе левоо маде.......
ја не зиам пари од сорос (или од било кој друг) и еве кажувам тапа се униформите! не знаеш кои се по-тапа старите или овие.
од каде па ношпал знае да креира униформи? он е за свадби, матурски, макфестови и сл.
плус ношпал има една маана која на англиски се вика "overdoing". така беше и со костумот на тоше (коа му „влечеа“ „крв“ од слабините) од евровизија и со све останато.
свечената униформа треба да биде елегантна и едноставна, војничка, нели...
а, не пре-стилизирана пре-украсена ментална мастурбација на извикан квази креатор

најважно: има цела дискусија баш на овој форум како во АРМ е тешка мизерија денес. сами си носат од дома вода и храна, искинати униформи... што би рекле битолчани : на киселина (оцет) штедиш, а со пајтон се возиш...

али, јбг... со патриотизам (да не кажам национализам) најлесно палиш и контролираш широки народни маси...
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.873
Поени од реакции
23.273
Што значи дека твоето претходно мислење и овоа се различни, од исфрлање во употреба ќе се користеле многу малце.
Не треба многу, само треба малце да разлисташ, за да не си го мењаваш мислењето на секои 10 минути.....
И уште не добив одговор, каде се слични униформиве со бугарските, или сликата постирана претходно се изгуби наназад а сеа ќе трубиме напразно.......
--- надополнето: 19 јули 2012 во 01:49 ---

Еве ви го уште еднаш мислењето на дечкото, по што се слични униформиве, најдете ги сличностите, во боите ли, во капите ли, бо елеците ли, во што се слични?
Е ај ко така кажими со што ги поврзуваш со Македонија и нашата историја. Дека црвена боја имале, голема работа. И албанското знаме е црвено и сега што.
Не сум експерт за ова тематика, ама најчесто свечените униформи се земаат или се модифицираат од некогашните униформи од пред стотина или двеста години. Пошто ние во тоа време сме немале своја држава , уште помалце регуларна војска, најблиску до тоа ми се комитските униформи, нивните специфични капи, темно кафеавата боја и така натаму. Овие ама со ништо не можам да ги поврзам со нас и нашата воена историја. Затоа ме интересира како ти ги поврзуваш и со што, освем се разбира дека црвена боја имале. Имаат и бела боја, тоа е ради малцинството и нивната народна носија или ??
 
Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.467
Поени од реакции
6.810
А море Бозо, кое мислење сум сменил?
Комитските униформи далеку помалце ќе се употребуваат, можда ќе седат на некоја закачалка у Музеј да ги гледаме.
Факт кој ти не сакаш да го видиш е тоа дека овие униформи у најмала рака се смешни и јас не гледам ама баш никаква допирна точка со нашава ни држава и нејзината историја.

Ношпал можда е добар дизајнер, но не да прави гардиски униформи. Тоа нека им го остави на лица кои се занимаваат со таа проблематика цел нивни живот, а не да праи екскурзии од модни дизајни до гардиски дизајни.

И сите будали, само ти си најпаметен па ни солиш памет тука.
Немора да вреѓаш другар, не сум ја крив што ти на претходната страна напиша дека ти е жал за тоа што немало да ги има старите униформи(Абе нек се гонат, какви златни униформи менуваат за ова глупостине све ми боје лепо стоје), а на другата дека истите ќе се користеле, ама малце(твое мислење повторно, АРМ си одлучува кои каде ќе ги користи).

Жалам што не си постојан во мислењата, ама да ме нарекуваш мене со имиња нема да ти помогне со памтењето што си напишал.
 
Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.402
Поени од реакции
16.632

Ох леле...
Ако цел живот јадеш три пати дневно грав, а од утре ќе јадеш еднаш грав а два пати леќа значи гравот си го заменил со леќа.
Јасно е?
 
gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
Kога ќе се каже македонски херој, прва асоцијација ми е на комита, а после на партизан.Значи униформи во кои нашите предци се бореле за слобода.
 
Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.467
Поени од реакции
6.810
ја не зиам пари од сорос (или од било кој друг) и еве кажувам тапа се униформите! не знаеш кои се по-тапа старите или овие.
од каде па ношпал знае да креира униформи? он е за свадби, матурски, макфестови и сл.
плус ношпал има една маана која на англиски се вика "overdoing". така беше и со костумот на тоше (коа му „влечеа“ „крв“ од слабините) од евровизија и со све останато.
свечената униформа треба да биде елегантна и едноставна, војничка, нели...
а, не пре-стилизирана пре-украсена ментална мастурбација на извикан квази креатор

најважно: има цела дискусија баш на овој форум како во АРМ е тешка мизерија денес. сами си носат од дома вода и храна, искинати униформи... што би рекле битолчани : на киселина (оцет) штедиш, а со пајтон се возиш...

али, јбг... со патриотизам (да не кажам национализам) најлесно палиш и контролираш широки народни маси...
Не реков за тебе, се знаат они на форумов кои дечки се, координирани си се, си работат на агендата плукање, нека им служи на чест. Мене ми се свиѓаат униформите, и се сложувам дека ношпал не е човекот што било морално да ги креира, ама ете го земале него, најпознат е во Македонија. Ги направил такви какви што ги направил, АРМ ги прифатиле, end of story. Униформата е микс од повеќе историски периоди на Македонија, барем така пишува во текстот од Канал 5, не е мој текст, нивни е.
Е ај ко така кажими со што ги поврзуваш со Македонија и нашата историја. Дека црвена боја имале, голема работа. И албанското знаме е црвено и сега што.
Не сум експерт за ова тематика, ама најчесто свечените униформи се земаат или се модифицираат од некогашните униформи од пред стотина или двеста години. Пошто ние во тоа време сме немале своја држава , уште помалце регуларна војска, најблиску до тоа ми се комитските униформи, нивните специфични капи, темно кафеавата боја и така натаму. Овие ама со ништо не можам да ги поврзам со нас и нашата воена историја. Затоа ме интересира како ти ги поврзуваш и со што, освем се разбира дека црвена боја имале. Имаат и бела боја, тоа е ради малцинството и нивната народна носија или ??
Јас не ја креирав униформата, мене ми се свиѓа, и убава ми е, затоа прочитав од сите страни како ја правеле и зошто така ја правеле, ете го текстот од Канал 5, види што го инспирирало Ношпал да ја направи таква униформата. Направени се на база на стари униформи како што пишуваш ти, ете го производот.
И да се надеваме нели дека дечкиве погоре нема да се дрзнат да го означат Иљо Малешевски како бугарин.
--- надополнето: 19 јули 2012 во 02:07 ---
Ох леле...
Ако цел живот јадеш три пати дневно грав, а од утре ќе јадеш еднаш грав а два пати леќа значи гравот си го заменил со леќа.
Јасно е?
ти треба да се лечиш....
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.873
Поени од реакции
23.273
Јас не ја креирав униформата, мене ми се свиѓа, и убава ми е, затоа прочитав од сите страни како ја правеле и зошто така ја правеле, ете го текстот од Канал 5, види што го инспирирало Ношпал да ја направи таква униформата. Направени се на база на стари униформи како што пишуваш ти, ете го производот.
И да се надеваме нели дека дечкиве погоре нема да се дрзнат да го означат Иљо Малешевски како бугарин.
Јас не реков дека ти ги креираше, туку те прашувам како ти ги поврзуваш со минатото, во што се препознаваш во нив.
Ете јас кога замижам и се замислам прво на што ми текнува е комитската униформа, значи не фалангата, не прле и тихи туку комитската униформа во нејзина најзастапена форма со специфичното капче.
Инаку тоа што направиле микс од еден куп периоди од историјата во кулинарството кога ке го направиш истото се вика турлитава.
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Новата униформа да не ја крстија Александровка? Потсеќа нели? :D

bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
Новите униформи се со голем дел земени мотиви од мијачката женска народна носија.
Има бел клашеник (сега памук веројатно), црни гајтани, црвена потплата на градниот дел везена со срмен конец и топчести кончиња (оригиналните се сребрени филигрански).

Горниот дел од новите униформи мене многу ме потсеќаат на мијачкиот минтан-елек (бр. 6) или елек (бр 8).

Опозициските членови на форумов секоја дискусија ја користат за политизација, па дури сега ќе испадне дека мијачката носија била “бугарска“, што нема врска, зошто не постои никаква слична бугарска носија на мијачката.

Панталоните од униформите се имитација на традиционалната македонска “бечва“, т.е. машки панталони, кои се носени во сите македонски планински места од пиринска Македонија до Драч, а бечвата е бела клашена панталона со два црни реда гајтани по страните, исто како кај новите униформи, само што кај униформите нема клашеник/волна, туку веројатно се работи за памук. Бечвите се и дел од традиционалната мијачка мОшка носија.

Се дискутира за се` и сешто без никакви предзнаења.
 
Mjolnir

Духот на рамковниот договор
Член од
12 декември 2011
Мислења
1.967
Поени од реакции
1.867
Јадење трици на форумов еј. како прво за новите (т.е. дополнителните пошто старите остануваат во функција) униформи имаше детално објаснување кои мотиви како се вклопени во униформите. Тоа што некој е опседнат од Бугарија ме боли к. Пред некоја година гадуриите од една партија само затоа што се појавил билборд за некоја реклама со бело црвено зелено обвинуваа за бугараштво. По нивната извитоперена логика и лавот е бугарски симбол пошто го има на бугарскиот грб.
Тоа што некој не можел да се "идентификува" со војнички униформи негов проблем. Јас секогаш ќе се идентификувам со униформите на македонските гардисти креирани од Македонци а со цел обележување на Македонски свечани настани. Се друго е политичко срање, препукување власт-опозиција и обратно...
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
2.746
Поени од реакции
1.288

не бе не се слични на бугарските - овде форумџиите или се политички настроени или се бели во очите...
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055

Мене овие униформи ми се како некаква Усташко-Балистичка-Бугарска-Играорска комбинација за кољачки одред.Посебно со тоа гестаповските чизми како да ќе идат по риба,капите на офицерите и капите на војниците.

Посељачка комбинација од ова немам видено дизајнерот може слободно да си пука во колено.
 
RebelMk

₪ ₪ ₪
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.037
Значи кога се бира национална гардиска униформа според мене треба да биде микс од облеки што ги користела Македонската армија низ историјата до ден денес. Што значи елементи од антиката , елементи од времето на Цар Самоил , елементи од Комитите , елементи од Балканските војни , елементи од Македонците во WW1 и WW2 тоа е тоа што би не опишувало а не само овакви елементи од илинденски период
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom