Невообичаени романтични филмови надвор од шаблонот

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.392
Поени од реакции
25.200
Неконвенционалните филмови се многу почести во последнава декада и наивно се пробиваат меѓу типичните шаблон филмови кои се прифатени од поголемата маса, додека овие другите остануваат во побледа сенка затоа што не се многу прифатени од публиката.
Обично кога ќе се спомне жанр комедија и романса, гледачите можеби очекуваат The Notebook филмови и после тоа остануваат разочарани од овој спин оф на класичните љубовни филмови.
Мислам на оној вид филмови кои мене лично многу ми се допаѓаат и секогаш гледам да бидам во тек со тој нетипичен љубовен филм.

Како почнало сето ова?
Па мислам дека овој "подвид" на љубовни филмови започна со Annie Hall и продолжи од тогаш се до денес кога на бокс офисот беше популарен во последно Crazy Stupid Love (ова е најблизу до она што сакам да го доловам).
Вуди Ален напишал тотално друго сценарио за Annie Hall кое притоа не можел да го реализира, па се одлучил на поефтината варијанта и за негова среќа, несвесно измислил еден цел нов жанр затоа што пред тоа љубовните филмови не ги знаеме како филмови кои отскокнуваат од типичниот шаблон, кои експериментираат со долги дијалози и монолози и кои пробуваат да навлезат длабоко во машката т.е. женската психа.
(ако сакате да видите како Вуди Ален го планирал Ени Хол, гледајте го Manhattan Murder Mystery, тоа било основната поента на Вуди за првиот филм)

Да не должам многу, темава ја отворам со неколку примери (подолу) кои ќе ве насочат во случај ова што го прочитавте досега да не ви биде јасно (затоа што брзам со пишувањево и мислам изгледа нејасно :)).

500 days of summer


Сигурно и вам на памет прво ви падна филмов затоа што тоа е перфектен пример за што е намената темава. Во 500 days of Summer како мотив преовладува љубовта, хуморот, ама пред се сарказмот, иронијата најмногу затоа што толку е реален што боли... Сигурно ќе се сложите и дека Before Sunrise/Sunset беа двата филма кои ги изгледавте во еден здив затоа што се толку нетипично "романтични" и толку посвежи отколку сите љубовни филмови со Џенифер Анистон, Сандра Булок и ним сличните.

После, морам да го спомнам High Fidelity, ремек делото со Џон Кјузак во главна улога кое ја опишува машката психа до тој степен што ќе се пронајдете во секој негов потег и во секоја негова мисла. Во филмот исто така главен мотив е љубовта - кон музиката и кон секоја девојка со која дошол во контакт на било каков начин, и тоа е прикажано на фантастичен, реален начин.



Значи, да прекинам овде за да оставам простор и за другите.
Кој некласичен романтичен филм би го препорачале?
Кој ви оставил впечаток?
Кажете нешто во повеќе реченици и кажете зошто, за да не испадне олку сум пишал за да добијам постови од типот "Punch Drunk Love definitivno", напишете барем една причина зошто спаѓа во овој тип на филмови :)

И после да направиме една добра листа па да видам што сум пропуштил.
 
Член од
13 март 2011
Мислења
2.281
Поени од реакции
2.001
Обично кога ќе се спомне жанр комедија и романса, гледачите можеби очекуваат The Notebook филмови и после тоа остануваат разочарани од овој спин оф на класичните љубовни филмови.
Неможе да очекуваат The Notebook филмови, затоа што The Notebook воопшто не е комедија.
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.392
Поени од реакции
25.200
Неможе да очекуваат The Notebook филмови, затоа што The Notebook воопшто не е комедија.
Мислев на второто зборче, не дадов пример за комедија. Не ни сум гледал такви во последно и не ми текнува на ниеден таков пример. Ете напиши било кој филм со невести, свадби и Бен Стилер и слично... и ете ти.
 
Член од
13 март 2011
Мислења
2.281
Поени од реакции
2.001
Мислев на второто зборче, не дадов пример за комедија. Не ни сум гледал такви во последно и не ми текнува на ниеден таков пример. Ете напиши било кој филм со невести, свадби и Бен Стилер и слично... и ете ти.
Не сум фан на тие филмови ниту јас, посебно не на Бен Стилер (мислам дека незнае да глуми). Ми беше чудно само шо го спомна Notebook, не ми беше лош филмот кога го гледав пред 5 години :icon_lol:

А други примери има многу, дури незнам од каде да почнам.Колку и да ми е убава Анистон, мора да се признае дека романтичните комедии го изгубија значењето, тоа па тоа.
Причината е тоа што ги има се повеќе и повеќе.
 
O

Orion.

Гостин
http://www.imdb.com/title/tt0989757/

Филмов перфектно се поклопува со насловот на темата.
Во првите моменти од филмот, мислев дека ќе гледам класична романса или романтична комедија но дефинитивно како поминуваше времето испадна тотално спротивно. Да, го исполнува условот ,,романтичен,, затоа што дефинитивно е love story, ама не само што не е романтична комедија, не само што не е класична романса туку е љубовен филм исполнет со блага меланхолија, чудна но интересна(за мене) приказна и расплет од кој буквално ме здоболе глава. Крајно невообичаен љубовен филм.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Atonement



Љубовнa драма која го опфаќа периодот околку и за време на Втора Светска Војна. Многу специфичен филм и според мене многу отстапува од шаблонот на класични љубовни филмови. На моменти и бизарна би рекла дека е приказната. Сепак го препорачувам топло на секој што сака да го гледа.
Оваа реплика ми остави највеќе впечаток:

I love you. I'll wait for you. Come back. Come back to me.
Pride and prejudice



Според книгата на Џејн Остин, има две верзии едната (понова) со Кеира Најтли, другата е со Колин Фирт. Прекрасна љубовна приказна, јас останав без зборови. Не е нешто динамичен филм или којзнае колку накитен со некоја приказна, ама едноставно односот помеѓу главните ликови е неверојатен. Ах, зошто не сум живеела во тоа време?:love:

You must know... surely, you must know it was all for you. You are too generous to trifle with me. I believe you spoke with my aunt last night, and it has taught me to hope as I'd scarcely allowed myself before. If your feelings are still what they were last April, tell me so at once. My affections and wishes have not changed, but one word from you will silence me forever. If, however, your feelings have changed, I will have to tell you: you have bewitched me, body and soul, and I love, I love, I love you. I never wish to be parted from you from this day on.
Wicker Park



Ако има понеобичен љубовен филм од овој, јас ќе рипнам во Вардар. Филм што ми го има покачено притисокот за 13023243434 степени. Трескав тастатура, вриштев пред компјутер, така одамна се немам изнервирано. Ама вредеше. Предобар филм. ПРЕПРЕДОБАР.

When you see something from afar, you develop a fantasy. But when you see it up close, 9 times out of 10, you wish you hadn't.
Толку сега за сега од мене. Ваљда се надевам не ја утнав темата, ама стварно овие според мене отскокнуваат од шаблонот. :)
 

VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314
Добра тема. Шаблонските романтични филмови одамна станаа досадни. Среќа што некои луѓе се обидуваат да излезат надвор од шаблонот. Вака од прва ми текнуваат следниве филмови:

Eternal Sunshine of the Spotless Mind

Романтичните филмови се наменети најмногу за женските. Научната-фантастика е наменета најмногу за мажите. Што ќе се добие ако се спојат овие два жанра? Одговор: Eternal Sunshine of the Spotless Mind. На кратко, дечко и девојка раскинуваат. Дечкото се обидува да ја заборави девојката. Буквално. Зошто е ова необичен романтичен филм? Бидејќи претвара една обична ситуација со која секој би се соживеал, во низа необични настани. За мене ова е една од најдобрите љубовни приказни кои некогаш се појавиле на филмското платно.

The Science of Sleep

Филмот на некој начин ме потсеќа на филмот што го наведов погоре. Можеби затоа што режисерот е ист. Разликата е што овде, наместо научната фантастика, најмногу е присутна фантазијата. Филмот најмногу е наменет за оние кои се „сонувачи“. Под тоа не мислам на луѓе кои очекуваат да се случи невозможното, туку на оние кои тривијалните работи со кои се' опкружени секојдневно ги доживуваат на визуелно поинаков начин. Едно од најдобрите работи во филмот е дијалогот и тоа што на моменти не знаеш дали пред себе гледаш сон или јаве.

Perfect Sense

Последен романтичен филм што сум го гледал. На кратко, љубов и апокалипса во едно. Според мене, филмот на некој начин ја разработува тезата „се раѓаме сами, умираме сами“. Но дали е тоа така? Дали последните моменти од животот треба да се поминат во прегратката на саканата? За повеќе, прочитајте ми ја рецензијата.

За сега толку. Ако се сетам на уште некој филм, ќе дополнам.
 
S

Sattva

Гостин
Como agua para chocolate

como_agua_para_chocolate_19921.jpg

Нема да рецензирам и развлекувам. Филмов дефинитивно не ме изнасмеал до солзи, а и не би можел да се вгнезди, како што и самиот не тендира, во жанрот “комедии“. Се работи за романса “позајмена“ од истоимената фамозна новела на Лаура Ескивел, нијансирана со тивки копнежи, слатки сензации, вкусови послужени од менито на деликатниот “магичен реализам“, кој јас лично не би го изневерила со никој друг, грубо кажано, “стил“, во било кое уметничко (па и животно) доживување :love:
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Мене прво што ми паѓа на памет е романсата помеѓу мајмунот и Џесика Ланг во King Kong (1976). Нема многу позабегано од тоа...

Passengers (2008)
Sleep with me (1994) - Го утепаа од вртење на МТВ на времето. Прв пат го видов Тарантино тука.
Four Weddings and a Funeral (1994) - Можеби само затоа што е Британски...
Chasing Amy (1997) - не знам како го заборавил џимеј :)
Sommersby (1993) - не знам колку сум далеку од стандардните со овој...
Rebel Without a Cause (1955) - можеби затоа што е класика...
Mr. Nobody (2009) - можеби затоа што е чуден...
Brothers (2009) - брат за брат, сирењето за пари...
Angel Eyes (2001) - многу го сакам филмов, штета што мораше Џенифер Лопез да глуми.

Се разбира и добар дел од филмовите кои ги спомнавте погоре како и незаборавната романса помеѓу Ханибал Лектор и Ејџент Старлинг.

Ме интересира колку се согласувате со еден ваков список, нема многу филмови како High Fidelity...
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.404
Поени од реакции
5.957
If Only

Пожртвуваноста за една љубов од аспект на парапсихолошка појава. Успешно одбегнато клише, плус те држи доволно напнато за да изгледаш до крај без да предвидиш што ќе се случи, т.е. насетуваш дека е далеку од оние филмови and they lived happily ever after.
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.637
Поени од реакции
34.041
Chasing Amy? Штом џимеј не го спомнал изгледа не е темава тоа што мислам. Мора да е бе, comedy/drama/romance со Ben Affleck и е watchable, уствари повеќе од тоа, ретко клишеа, глума доследна на дијалозите, мислам дека навлегоа доста длабоко, иако на почеток се смеев на глас и воопшто не очекував тоа што го приреди текот на филмов.

Ако се ориентирам по drama/romance надвор од кутијата тогаш дефинитивно нешто кое не треба да се испушти е The Reader. Maлку поинаква страна на љубовта, поинакви услови, многу интересна приказна и феноменална глума. Филм кој многу го сакам. :)
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.707
Поени од реакции
13.379
Tуу човек таман да се наостри да пише на темава за „невообичаени романтични филмови“коа пола од списокот више се спомнати :pos:. Но пак ќе кажам нешто накратко.
Во последно време дали поради тоа што веќе ја имам поминато фазата на awkwardness во исклишизираните романтични филмови (Everything written by Sparks, One day и сличните ним.) или можеби несвесно менување на еден дел од начинот на животот, некако повеќе се свртев кон оние филмови кои отскокнуваат од „кутијата“. Па идеме
The graduate
Иако крајот е клише (мое мислење е дека оттука сите црпеле), самата приказна е интересна и малку повеќе го тера човекот да ја мучне тоа главата.
Never Let me go
Интересен склоп на личности, нивните интереси како и конфликти на истите. Одамна го немам гледано така да нема многу да зборам за него - но штом ми останаа неколку сцени, вреди да се види.
Wicker park НЕкако слично ги доживеав ликовите како во претходниот. Иако овде приказната не е толку сурова, сепак емоционално ќе ве седне на теме.
Mr. Nobody
Животот и неговите можности за бирање.
Adam
Малиот принц во љубовен план.
Midnight in Paris
Иако више го омасовија филмов, сепак отскокнува од она што се прикажува како романтична комедија. Повеќе ми беше смешен Ернест него некаков си тип ала Бен Стилер што се прави дека е "good guy, and good guys deserve a chance".
Продолжува...
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Chocolat. Прекрасен филм во кој држењето за рака не е примат на никого. Мора да се вклопите во средината или да ја адаптирате на себе. Тука љубовта или ќе ви помогне или ќе ви одмогне.

Wicker Park. Овој е во топ три вакви филмови. Кој не го гледал не знам што чека. Ќе биде ем воодушевен, ем нерви ќе искине до крај. Е тоа ретко кој филм го има.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Не ги гледам јас овие филмови само Љубов во време на колера ама пак не знам дали спаѓа во оваа категорија.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom