Најтешкото прашање на светот!

  • Креатор на темата Креатор на темата BliND
  • Време на започнување Време на започнување
Јас сум... човечко суштество, од крв и месо како и секој човек со маани и доблести....
па и не е така тешко....
Што ќе бидеш ако ти исечат две раце и две нозе.
Човечко суштество со половинка месо и крв?
 
Епа то
Што ќе бидеш ако ти исечат две раце и две нозе.
Човечко суштество со половинка месо и крв?
Да тогаш ке бидам најгрозното суштество.. ама сеуште ке имам душа и која уште ке постои во целина, ќе сакам и омразувам како и пред тоа.
 
Епа то
Да тогаш ке бидам најгрозното суштество.. ама сеуште ке имам душа и која уште ке постои во целина, ќе сакам и омразувам како и пред тоа.
Ќе имаш душа, или душата ќе има грозно тело?
 
Ќе имаш душа, или душата ќе има грозно тело?

Зошто воопшто се замараш со вакви прашања.. мислам не држат вода!
Прашањето е јасно поставено „Кој сум јас?“ и треба дасе даде јасен разумен одговор..
јас ти одговорив а ти упорно навлегуваш.. ако толку те интересира, ајде да видам што би одговорил ти..?
 
Зошто воопшто се замараш со вакви прашања.. мислам не држат вода!
Прашањето е јасно поставено „Кој сум јас?“ и треба дасе даде јасен разумен одговор..
јас ти одговорив а ти упорно навлегуваш.. ако толку те интересира, ајде да видам што би одговорил ти..?
Ignorance is bliss викаш, сонот е подобар од јаве?
Не џабе прашањето е најтешко :), Ти проба да го симплифицираш не јас.;)
Ако ме прашаш мене одговор неможеш на никого да му дадеш(не можеш да му кажеш), ама можеш да знаеш. Знаењето би се добило надвор од опсегот на 5-те сетила.
 
Ова е најтешкото прашање на светот кое никој не го одговорил.
Тоа е прашањето --Кој сте вие?--
Ќе пастирам дел од еден мој текст кој донекаде дава одговор на прашањево, гледано од езотериски т.е. метафизички аспект:
.....Во кабалата е објаснет овој процес на следниот начин: Креаторот создава сад - "vessel", во вториот чекор го полни со светлина која ја симболизира свесноста, садот или ентитетот развива потреба или желба да прима од креаторот (потребата по задоволство присутна кај секој жив ентитет), наредниот чекор е потребата да дава(особина позната како емпатија или алтруизам) и последниот чекор е желбата да го има статусот на креаторот, т.е. и самиот да стане креатор.
Садот е метафора за егото, првото нешто што свеста го создава - темел на перспективата за одвоеност, одделност карактеристика без која реалноста каква што ја знаеме неможе да постои. Од овие два поима "сад" и "светлина" доаѓа поимот или името Луцифер, поимот за светлина на латински е:"lucis" а за сад т.е. нешто што носи, содржи е:"ferre" Кога ќе се спојат овие два латински називи се добива поимот луцифер. Ако се обидеме тоа да го преставиме симболички, најсоодветен облик за апсолутот е сверата како најсовршен облик кој постои, ако во неа ги распоредиме 5-те чекори на креирање на егото - луцифер, добиваме круг на кој има 5 точки (5-те чекори) кој кога ќе се поврзат се добива познатиот симбол - круг во кој има пентаграм!
Името "его" исто така потекнува од латинскиот јазик и во првод значи "Јас", егото е она што го препознаваме како ЈАС, она што се нарекува битие. Нашето име, сеќавања, карактер се само варијанти а не и самото его ако на пример добиете амнезија вашето име и сеќавања ќе ви бидат непознати но сепак ќе го имате она чуство на "ЈАС".
Кога петтиот чекор од креирањето на егото ќе се случи започнува креирањето на материјалниот, реалниот свет овој момент во науката се нарекува "big bang" а во религиските текстови метафорички е прикажан како бунт на луцифер и негово прогонување на земјата, која ја симболизира реалноста т.е материјалниот свет.
 
Rumi kaza: Jas sum toj sto sum, jas sum toj sto mislam deka sum, jas sum toj sto sakam da sum.....
 
ona shto go podrazbirame kako koj sum jas bi trebalo da bide zhivotna sostojba.,., toa pretstavuva psiholoshko vreme.,., proshlost i idnina:coffee:
 
Најди ја равенката на тангентата на кривата y=x^2 - 1.5 паралелна со правата y=4x-3
 
a sto e sega temava treba sekoj da kaze svoe najtesko prasanje/?ako gospod bil pred 2000 godini covek,togas zoso denesniot coek ne moze da stane ramen na nego?
 
najdete formula za kvadratura na krugot.,/ne btishi ova e vistinsko prashanje od koe i najgolemite matemaichki umovi gi boli glava/
 
Motherfucker...Доволно за тоа кој сум ? :P
 
Тој што сум , што сакам да сум ..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom