мкд владе
arch-enemy
- Член од
- 21 ноември 2009
- Мислења
- 20.647
- Поени од реакции
- 26.022
Сега се сетив кој камини се овие. Додуша не се камини туку повеќе на кај мини шпоренце или ќумбе. Не се нешто посебни, далеку од лоши и ако ти е за една просечна соба ке брка работа. Во секој случај да му се погоди среќата. Колку што се сеќавам на излезот за ќумкот имаат мала клапна, така да ако се одлучите за брикетите од јаглен добро ке ви дојди. И беровските се добри, само што се правени од пилевина а не од јаглен и се со помала калорична вредност. Внимавајте со јаглените брикети да не го прегреете шпоренцето пошто се многу јаки, оти колку што се сеќавам одстрана имаат заштитни шамотни тули, но горе на плотната нема никаква заштита туку е само гус кој е директно изложен на огнот.
За регулација имате само отвор од долу кај пепелта ( ако нема некој измени во меѓувреме па да имаат додадено и кај стаклото нешто да не се валка) и клапната која по правило би требало да ја користите кога ке се направи жар па само да тлее. Тоа е по правило но некои ја користат исто за регулација на горењето, па тука видете со проба како ке ви одговара. Исто со проба и брикетите па ке видите од кој сте позадоволни. Секако во вреќиња ги продаваат од 20 кг( плус минус).
П.с И јас се прашувам како ке ги горите брикетите без дрва за потпал. Без разлика дали било дрво или брикета треба да има слој жар за да се фатат.
уште се троумиме што да купиме
. 