не мислев никој да навредам со тој позајмениот пост да се разбереме немам јас ништо против инверторите напротив сакам и јас еден да си земам ама здравје понатака
Знам дека не сакаш да навредиш никој но начинот на кој го даваш твојот заклучок базиран на тој надворешен пост само по себе делува глупаво, непромислено и навредувачки не само за нас туку и за тебе.
Ќе прашаш зошто ... епа затоа што такви избрзани реакции како твојата кои се базирааат само на еден единствен пронајден податок се нерелевантни и страмота е да се изнесуваат во оваа тема каде пто искуствата од многу други шленови тука го кажуваат спротивното!!
Еве на пример кај мене не работи климата на таков начин на кој што ти го прикажа преземено од некој друг-надворешен форум.
Плус да беше малку по внимателен и да не избрзуваше со донесување заклучоци ке заприметеше дека човекот од твојот пост вика (куќата нема никаква изолација и има невероватно големи загуби на топлина) па и од таму се гледа зошто неговата клима троши толку многу.
На пример кај мене со одлична изолација се однесува сосема спротивно просторијата има многу мали топлотни загуби (од 01 часот при 23 степени до 08 часот изутрина кога климата не работи температурата во просторијата едвај паѓа испод 20 степени)
Додека работи температура постигнува релативно брзо па одтаму и многу често работи на минимум 300- 400 вати.
Инаку просторијата е 40м2 а климата е Toshiba Daiseikai 16000btu.