Најдобро (најсоодветно) државно уредување за Македонија?

Коловрт

Озимандија
Член од
12 април 2010
Мислења
4.015
Поени од реакции
9.164
Ноуп, го нема тоа во Уставот, туку тоа беше дел од прашањето на Референдумот. Не е исто.
Мислев дека има нешто во Уставот и за ова, кога веќе има цел еден нов Устав за првиот дел од прашањето на референдумот, би требало да има и за вториот. Тоа било волја на народот. Но сеедно, значи нема.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Со можност да не емигрираме во тие земји, реално само Британците може да не прифатат како дел од нивната колонија, еве на пример, може да ги трампаме Фолкландските за нас, ионака сме на стратегиско место.
Тамам се имаше Орце фатено ортак со Камерон, слушам и жени му местел. :)[DOUBLEPOST=1420581740][/DOUBLEPOST]
Ехе, полека. Прашањето за плебисцитот е малку подлабоко, во овие услови и опасно. :)
А автономијата(внатрешното одредување правила за евалуација, на пример) е уставна категорија. Државата може да ги подебнува со пари и со посебни закони у кои им вика дека мора да се дисперзираат во село Тртево. Ова сега е одземање на таа внатрешна автономија, која е уставна категорија.

Другото не ви го цитирам, Височество, затоа шо власта има априори обврска финансиски да ги одржува институциите, јавните претпријатија, универзитетите итакодаље. Меѓу другото, затоа и постои.
Јас го чекам твојот предлог. :cool:
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.297
Поени од реакции
5.871
Како прво и најбитно да се смени свеста на населението и да продолжи да се развива. Потоа да ни дојде нов "поглавар" кој реално ке го заслужи местото и ке биде достоен за него. Никако ама никако да не се случуваат партиски вработувања и привилегии. Буџетот на државната каса да се троши на основните човекови потреби... Гледате малку поладно фати и 80% од државава не функционира освен завеани села и градови во општиниве ако пукне цевка стара два века вода се нема една недела. Значи да се подобри урбанизацијата на градовите, улиците да се вложува во градење болници, училишта итн. Да бидат строги законите за уништување на природата. Да се има сериозен критериум како треба да изгледа факултет и добивање диплома. Сето ова е многу возможно и ке се случи ако се промени народот ништо повеќе, ништо помалку. Населенито е еден силен коњ кој одлучува кој ке го јавне што значи дека може да го исфрли "јавачот" кога ке посака али ние сме глуп коњ па незнаеме за доста... Чичко Алек, Александар Русјаков на последното гостување кај Јанко во емисија ме фасцинираше со своите идеали како до подобра Македонија алал вера за човекот.
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.544
МК може да постои како „независна“ само со некој измеќарски статус -- пиши го колонија, протекторат, сингапур-мингапур корпорација, привезок, бутур. Тоа и не е ич лошо ако се напраи пристојна живеачка и функционален систем. Нормално, тој шо ќе биде премиер ќе треба добро да глуми дека сме држава и ќе извршува наредби од газдите без мрчење. И тоа не е лошо -- боље да ти наредуваат саглам газди него УЧК рекетари.

И посаглам земји се измеќари, не е срамота. Срамота е дереџево. Може да дрвиме до сабајле како и зошто нема политички (и инаков) капацитет за оправање, водење и развој на државата. Зијанот не е напраен од вчера. Албанците се за нијанса поарни од нас ама и они се дифтари и копуци и не ги бива. Џабе се курчат, и они се мифки. Е сеа, за да станеме измеќари треба прво да аплицираме и да се потрудиме да нè примат у рок. Али, као шо нè дал госпот, или нема да може да се договориме шо да туриме у апликацијата, или ќе го утнеме рокот. Ќе треба и некој да ни ја попуни апликацијата.
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.778
Поени од реакции
8.228
И друго прашање, кој е твојот предлог? Факт е дека ова не оди, и дека ќе си ебе мајката...
Немам. Знаеш зошто? Затоа што секој во државава е експерт за секое прашање, секој има предлози и секој нуди решенија. Некои се доволно скромни да се држат на тоа малку што научиле и да знаат дека нивната општествена улога е посредничка и советодавна. Јас сум учел за западноевропско континентално уредување и дотаму ми е чергата.
Ние имаме квалитативен проблем, кој единствено може да се реши со истурање пари во образование. Ама истурање пари, најмалку петкратно повеќе од денешниве буџетски распределби. Наместо тоа, ние имаме вакви бајати реформи. Веќе втора декада бајати реформи кои изродија уште една промашена и покакана генерација аналфабети.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.275
можи да се проба со колективна општонародна лоботомија па после да се воведуваат нова свест и норми прифатливи и сфатливи за сите.
Овде со казни и репесалии се сака да се постигне нешто што кај други народи е нормално. Да фрлаш отпадок во канта. Треба да му се заканиш со глоба и од страв да го фрли в канта (а потајно ќе го џитне на улица ако никој не гледа). Да преминеш улица на пешачки. Да не пушташ гласно музика....
одиш на операција, носиш виски за доктор, фаќаш приатели за возачка, се распрашваш кој му е роднина на судијата за казната да ти ја заборави. Наоѓаш мобилен на улица, вадиш картица и си го присвојуваш, не сакаш да платиш карта во автобу, дворовите неуредени, некои личат на депонии
Значи свест за ред и норматив на едно културно понашање. Да е срамота да крадиш, да е понижувачки давање и земање мито, да е скандал непотизам. Од обичниот човек на улица до претседателот. Такво општо мислење и свест да се има - лесно уредувањето само по себе ќе си дојде.
А како шо иди времето - се ми се чини дека одиме подлабоко. Веќе ни еден скандал не ме вознемирува, рамнодушност, “остај брат дај види како да се бега од тука...“ или “Ај речи му на петре од таа нафтата за школото да земеме некоја канта“
Се нема веќе свест ни осет за сопствена а ни туѓа одговорност.
A владеењето е одговорност.
голема.
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.207
Пред да аседентираме и да дискутираме било какви реформи во образование или слични раскошни сектори не е лошо да
се осврнеме на основиците, односно примарниот сектор или попрецизно неговата сатанизација до критично ниво.

Најпроста концептуализација за раководење и решавање проблеми е "Што имам? - Што можам да направам со него?" и ние
од старт тотално ја промашуваме поентата насилно одејќи прекутрупа.
Со оглед на тоа дека сме страотно неспособни да создадеме кадар кој може да биде функционално утилизиран
очигледно е дека фокусот мора да падне на тие "попримитивните" стопански гранки кои сакале - нејќеле ќе ги регулираме плански.

Вака можеме да функционираме солидно и како протекторат, колонија итн итн и тоа со бенефиции за обете страни.

Проблемот со ова е што дополнително се силуваат трошките национална свест која беше дисперзирана после 500+ години робување
под секакви лудачки режими а најголемите гомна денес ни се случуваат токму поради таа осакатена национална свест.
Пошто од раѓање, генерации уназад сме учени дека не треба да не боли цеф за државата и општото добро туку единствено
гајле треба да ни бидат индивидуалните интереси и некаков карнален хедонизам, па затоа и
засекогаш ќе бидеме Херкулесот позади желката, лутајќи како муви без глави
во крпеницава што ни на сон не може да биде нешто повеќе од трагикомедија.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Немам. Знаеш зошто? Затоа што секој во државава е експерт за секое прашање, секој има предлози и секој нуди решенија. Некои се доволно скромни да се држат на тоа малку што научиле и да знаат дека нивната општествена улога е посредничка и советодавна. Јас сум учел за западноевропско континентално уредување и дотаму ми е чергата.
Ние имаме квалитативен проблем, кој единствено може да се реши со истурање пари во образование. Ама истурање пари, најмалку петкратно повеќе од денешниве буџетски распределби. Наместо тоа, ние имаме вакви бајати реформи. Веќе втора декада бајати реформи кои изродија уште една промашена и покакана генерација аналфабети.
Го немаш луксузот да немаш предлог. Ти имаш години колку што имаш, и ти треба најголемиот дел од твојот живот да го поминеш овде (ако се разбира не избегаш некаде). Ти и твојата генерација наебавте за сите пари. Не можеш да немаш предлог.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.201
Поени од реакции
25.911
МК може да постои како „независна“ само со некој измеќарски статус -- пиши го колонија, протекторат, сингапур-мингапур корпорација, привезок, бутур. Тоа и не е ич лошо ако се напраи пристојна живеачка и функционален систем. Нормално, тој шо ќе биде премиер ќе треба добро да глуми дека сме држава и ќе извршува наредби од газдите без мрчење. И тоа не е лошо -- боље да ти наредуваат саглам газди него УЧК рекетари.

И посаглам земји се измеќари, не е срамота. Срамота е дереџево. Може да дрвиме до сабајле како и зошто нема политички (и инаков) капацитет за оправање, водење и развој на државата. Зијанот не е напраен од вчера. Албанците се за нијанса поарни од нас ама и они се дифтари и копуци и не ги бива. Џабе се курчат, и они се мифки. Е сеа, за да станеме измеќари треба прво да аплицираме и да се потрудиме да нè примат у рок. Али, као шо нè дал госпот, или нема да може да се договориме шо да туриме у апликацијата, или ќе го утнеме рокот. Ќе треба и некој да ни ја попуни апликацијата.
Тука само се поставува прашање дали и денес не глумат дека сме држава и дали можеме да најдеме газда кој би не направил функционален систем. Не верувам дека би му се исплатело, има многу за инвестирање.
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.544
Тука само се поставува прашање дали и денес не глумат дека сме држава и дали можеме да најдеме газда кој би не направил функционален систем. Не верувам дека би му се исплатело, има многу за инвестирање.
Секако дека денес поише глумат држава, а глумат и инвестиции. Јасно е дка нема инвестиции ако немаш асален систем за заштита на инвестициите, а со вакви нема да има асален систем никад. Чаре: апликација до газди со молба шо сакаат да праат, само да не ни даваат сами да праиме држава, чисто превентивно.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Али, као шо нè дал госпот, или нема да може да се договориме шо да туриме у апликацијата, или ќе го утнеме рокот. Ќе треба и некој да ни ја попуни апликацијата.
Проблемот е тоа што на калифатот овде не му одговара таа опција, бидејќи ќе значи губење на сите нивни повластици, па нон стоп ја распаѓаат ЕУ, САД, не го даваат името, и ни кажуваат за светлото минато како империја :lolzz: и светлата иднина како дел од пансловенското царство. А народот голта со подотворени очи.
 

Stojna7

професорка пред хотел
Член од
2 декември 2013
Мислења
69
Поени од реакции
89
Ние имаме квалитативен проблем, кој единствено може да се реши со истурање пари во образование. Ама истурање пари, најмалку петкратно повеќе од денешниве буџетски распределби. Наместо тоа, ние имаме вакви бајати реформи. Веќе втора декада бајати реформи кои изродија уште една промашена и покакана генерација аналфабети.
Ако истуриш не петкратно, туку десеткратно повеќе пари во образовниот систем ,ваков каков што е, што мислиш дека ќе се смени? Тие бабите што не им чини хотелот ќе добијат појак фриз? Поубави шишки? Ќе ги прошират студиите на херманевтика на хирсутоидна квир феминистичка литература?
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.201
Поени од реакции
25.911
Секако дека денес поише глумат држава, а глумат и инвестиции. Јасно е дка нема инвестиции ако немаш асален систем за заштита на инвестициите, а со вакви нема да има асален систем никад. Чаре: апликација до газди со молба шо сакаат да праат, само да не ни даваат сами да праиме држава, чисто превентивно.
Се режира реалност, точно. Само јас сум малце повеќе песимист. Мислам дека идејата да се режира реалност иде од газдите, не е наша. Имаат пресметано дека така ќе им биде поефтино, плус немаат одговорност, официјално ние бираме алтернативни патишта, ќе се поврзуваме со истокот.
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.778
Поени од реакции
8.228
Ако истуриш не петкратно, туку десеткратно повеќе пари во образовниот систем ,ваков каков што е, што мислиш дека ќе се смени? Тие бабите што не им чини хотелот ќе добијат појак фриз? Поубави шишки? Ќе ги прошират студиите на херманевтика на хирсутоидна квир феминистичка литература?
Значи како тривијализирате, госпожа, тоа неверојатно. Затоа Владе ви го зема Сорос.
Не, во проекти. Во нарачување на трудови, преведување книги, изградба на инфраструктура, крпење на студентски домови и интернати(овие во поинаков контекст, ама во таа насока), во создавање на повисоки квалитативни критериуми, не финансиски, за некој да може да добие звање професор и да се истиснат примерите од типот на "теткици пред хотел".
 

ʞönig

Миле... ми текна!
Член од
29 декември 2014
Мислења
131
Поени од реакции
614
Монархијата која ја имаме последните 8 години мислам дека е најсоодветна за Македонија.

Ако е здравје и живот ќе го рушиме рекордот на баба Бети.
Уште да му даде господ едно синче на кралот наш, да се осигура лозата по машка линија, барокните замоци се доградуваат, и можеме мирно да спиеме како нација.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom