Најдобри и најлоши работодавци во Македонија?

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.183
Поени од реакции
34.407
Инспириран од статијава, морав да ја отворам темава... :)

По муабети од пријатели, роднини и познаници, но секако и од ваши лични искуства: Што мислите, во која компанија е најдобро да се работи во Македонија, а во која најлошо?

Критериуми: плата, меѓучовечки односи во фирмата, разни привилегии (телефони, службени возила), но разни глупи забрани (строг дрес код, забрана за деколтиња и тн...)

Каде најдобо се третираат вработените, а каде најлошо?
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Кај нас битен е другиот момент... во која фирма има редовно плата на 1-ви без задоцнување. Е тие се компании каде се третираат вработените најдобро.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Најлоши што досега имам слушнато:
-КПМГ - работиш како коњ,од утро до мрак под силен притисок и навреди.
-Скопска пивара-во сабота одиш да зачистиш,покрај притисоците и роковите :)
-Прокредит банка - професионален шетач без пари,од 8 до 8
-Житолукс- што беше тоа плата?
-Сите текстилни фабрики во МКД-не сум слушнала исклучок,без клими на парни пегли за 6000 денари
-Еуролинија-манијак газда со огромно куче кое шета низ канцеларии
.....

Најдобри:
Мојата,можеш што сакаш да правиш,кога сакаш да одиш,без притисок и редовна плата,потребно е само да има резултат,начинот го одбира лично самиот вработен :)
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.291
Поени од реакции
15.508
^Ќе ми чуваш место во ТВОЈАТА каде што е само резултатот битен? :)
 

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Во суштина кога редовно ќе ги следиш огласите и малку подобро ќе ги анализираш ќе забележиш одредени компании кои буквално секој ден се појавуваат по огласите со исти работни места.

Таков пример е KPMG (искрено не знам за каква компанија станува збор, ама многу се досадни), истиот случај е со MEDIA и тоа е компанија што секој ден ја гледам по огласи.

Јас лични имам лошо искуство со Procredit банка и покрај тоа што еднаш за малку ќе се зезнев и ќе одбиев работа во Државна институција за да работам во Прокредит, исто имам лошо искуство со некоја си фантомска фирма која нон стоп ја има по огласи дека бара админстративен кадар, а во суштина бара презентери на кирби машина кои работат на процент и толку многу се очајни да најдат луѓе.

Како лично позитивно искуство ќе одвојам интервју и процес на селекција во EVN, искрено позитивно изненаден сум кога за работно место што предвидуваше ВСС, аплицирав со средно - ме викнаа на разговор и беа спремни да ме примат, позитивен впечаток ми има оставено и Eos Matrix, македонска фирма која работа принципиелно и транспеаретно со прифатени светски стандарди - на секој млад човек искрено му ја препорачувам, јас тука го стегнав првото работно искуство во мојот живот и искрено многу сум им благодарен и истото искуство многу ми значи во животот, тоа е единствена компанија која имаше став дека и покрај тоа што си одам, дека во секој момент можам да се вратам и вратата ќе ми биде отворена - таков гест ретко каде може да се сретне.
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.957
Поени од реакции
5.519
http://mk.wikipedia.org/wiki/KPMG
KPMG веројатно е ревизорска куќа, немав слушнато досега за нив. Но од слушање, работата во ревизорски куќи е доста напорна (иако добро платена) па логично е дека вработените ќе напуштаат и ќе бараат некои помалце стресни работни места. Во Македонија има многу работодавци кои се однесуваат арогантно кон своите вработени, вршат најразличен мобинг врз нив и мислам дека е време да почне да се казнува тој експлоататорски однос.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom