Надворешни односи на Македонија

Член од
1 ноември 2005
Мислења
2.142
Поени од реакции
1.256
Primetuvam edna interesna rabota. So migrantskata kriza vo Evropa, niz svetskite medii redovno se spomnuva Makedonija. Chitam dnevni vesnici ovde vo Toronto, na internet isto taka i sekade nashata drzhava ja oslovuvaat kako Macedonia...ni fajrom ni pajrom. Chinam poleka ama sigurno "Macedonia" si fakja koren:ojeaa:
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.673
Поени од реакции
30.301
@Erich Zann овде ти реплицирам, затоа што мислам дека овде му е местото за следниов пост (а најпосле и затоа што сметам дека темава е неправедно запоставена).


Имаме рандом дркање на Путин, потоа вести за извршени напади од Франција и така натака...
Однапред се извинувам ако ова личи на вадење од контекст, но дозволи ми да те прашам нешто.

Ме интересира што ти мислиш за поставеноста на моќта во денешниов свет.
Од едната страна е „западот“, таканаречената „лулка на демократијата“ која (наводно) негува вредности како демократија, слобода и либерализам. Од другата страна е „истокот“, тие се лошите момци (според западните медиуми од кои социјално не инжинираат и нас овде), тие имаат погрешни вредности, не ги почитуваат човековите слободи, противници се на либерализмот, тие не се демократски општества туку владеени се од диктатори кои го експлоатираат својот народ, кој ахем... кој едвај чека да биде ослободен и да се придружи на слободните западни општества. :rolleyes:

Точно овака размислував и јас, кога бе помлад (и поглуп). Најпосле, израснати сме со американски филмови и повеќето од нас не с(м)е ни свесни колку сме необјективни, и под колкаво влијание сме.
Сега веќе не мислам така. Затоа што сега можам да видам колку демократија навистина има во „демократскиот“ запад и од каде доаѓа целата таа благосостојба во која живеат нивните општества, а на која сите ние останатите им завидуваме.


За нас Македонците постојат две страни, на едната страна имаме директен извезувач на тероризам кој ги огранизираше сите овие војни по Блискиот Исток и Северна Африка, кој морално, логистички и воено ги помогна нашите непријатели и не натера да капитулираме во војна која не ја изгубивме - а на другата страна имаш некој кој не бара потчинет однос, туку едноставно нуди конкретна и реална економска соработка, минус купот од испарувачки смрдлив куп страње кое другиве лицемерно го нарекуваат „демократски и либерални приниципи“ а всушност се разнебитување на нашите традиционални македонски вредности. Тој западот постојано ги поддржува нашите непријатели, а нас Македонците не тера на нови и нови капитулации - последнава во вид на примање на над 30.000 бегалци имигранти на неодредено време, и тоа во објекти од цврста градба (читај згради и куќи).

Затоа земајќи го во обзир сето тоа погоре кажаното, ме интересира ако подршката на истокот е „дркање на Путин“, тогаш како реално би требало да ја наречеш целата таа незаслужена подршка за западот? :cautious:
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.613
Поени од реакции
31.821
@Vanlok добро ми е познато цело американско срање и оние погледи низ призмата на либерализмот. Ми се сери од истите ми се сери од нивната хипокризија и обидот да се изваде поен од која било ситуација. Свесен сум за сите гомнарии кои ги чинат со своето (не)делување во светски рамки, со сите жаришта и фиктивни битки од каде секогаш се обидуваат да поентираат. Од друга страна скурчено ми е од филмовите „братска Русија" оти реално од истите и да не сме виделе никаков чар и придобивка, освен по некое тапкање по рамо, а тоа тапкање по рамо ми чини серка исто. Нешто налик кога ни се распукуваа тука терористиве во Диво Насеље и кога излезе братот Лавров и кажа-Ау не чини таа работа да и ја правите на Македонија. Кој кур од тие зборови? Затоа и го пишав тоа дркање како преголемо величење на работа шо не се случила (а можеби некогаш ќе се случи, а можеби и не) оти во пракса некако поинаку ми стојат работите.

Од една страна лижиме чмар кај западњаците, од друга страна му се тртиме на Русија која ни капка лубрикант не фрлила на нас, и сето тоа не носи во Wormhole од каде абер немаме на крај каде ќе завршиме. То е целава работа што расчепатени сме онака до максимална шпага.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.673
Поени од реакции
30.301
Но реално изборот е или едното или другото. Јас лично, сум решен да гласам ПРОТИВ на евентуален следен референдум за НАТО (или ЕУ) членство.
Мене ме интересира за што ти би гласал, со оглед на тоа дека Движењето на Неврзаните не е никаква опција. ;)


Од една страна лижиме чмар кај западњаците, од друга страна му се тртиме на Русија која ни капка лубрикант не фрлила на нас...
Ова ме интересираше, а Русија во моментов нуди само економска соработка на обострана корист - гасоводот (кој е моментално запнат на турска страна, топло - ладно оди работата, пред некој ден се слушна дека на Г20 самитот се договориле да продолжат со гасоводот).



...скурчено ми е од филмовите „братска Русија" оти реално од истите и да не сме виделе никаков чар и придобивка, освен по некое тапкање по рамо, а тоа тапкање по рамо ми чини серка исто. Нешто налик кога ни се распукуваа тука терористиве во Диво Насеље и кога излезе братот Лавров и кажа-Ау не чини таа работа да и ја правите на Македонија. Кој кур од тие зборови?.
А што ни понуди „братска ’мурика“ (и нивните вазали од НАТО и ЕУ)?
Па тие дури и не укорија за употреба на прекумерна сила, и ни порачаа да го продлабочиме соживотот. Мислам за очекување беше, тие цело време ги подржуваат нашите непријатели и не натераа со сила да капитулираме во војна која не ја изгубивме. Ебаго, дури и со автобуси ги извлекуваа нивните пулени - за да не ја изгубат војната. Тоа е подобра подршка за тебе?? :cautious:

Во однос на тоа погоре, во секое време ќе ја одберам макар и реторичката подршка од Руската Федерација. (y)
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.613
Поени од реакции
31.821
Но реално изборот е или едното или другото. Јас лично, сум решен да гласам ПРОТИВ на евентуален следен референдум за НАТО (или ЕУ) членство.
Мене ме интересира за што ти би гласал, со оглед на тоа дека Движењето на Неврзаните не е никаква опција. ;)



Ова ме интересираше, а Русија во моментов нуди само економска соработка на обострана корист - гасоводот (кој е моментално запнат на турска страна, топло - ладно оди работата, пред некој ден се слушна дека на Г20 самитот се договориле да продолжат со гасоводот).




А што ни понуди „братска ’мурика“ (и нивните вазали од НАТО и ЕУ)?
Па тие дури и не укорија за употреба на прекумерна сила, и ни порачаа да го продлабочиме соживотот. Мислам за очекување беше, тие цело време ги подржуваат нашите непријатели и не натераа со сила да капитулираме во војна која не ја изгубивме. Ебаго, дури и со автобуси ги извлекуваа нивните пулени - за да не ја изгубат војната. Тоа е подобра подршка за тебе?? :cautious:

Во однос на тоа погоре, во секое време ќе ја одберам макар и реторичката подршка од Руската Федерација. (y)
Јесте да гасоводот ќе ни дадеше салам поволности. Како и отворање на можноста Русија да пласира и други проекти кои ќе и годат на земјава. Тоа не го оспорувам. Туку прашањето ми е која ќе биде цената што ќе треба да ја платимe на западот за да се оствари такво нешто? Уште Диви Насељиња, војна, засилени бунтови, што? Тука мене ме кочи одговорот на прашањето кое ми го поставуваш погоре Дали за нато и еу или јок? Ако цената се човечки животи и дополнителни срањеници и крвопролвања, натежнувам на кај НЕ за Русија..........оти на прво рамниште ја клавам вредноста на човечкиот живот, па после се останато. Ако тие пеналчиња и казни и не се така болни тогаш ДА за Русија. А во моментов ова прашање е едно од ретките (како и она за или против смртна казна) на кое не можам да изберам еден елемент од дуалитетот и да го оправдам, цврсто да застанам со сите факти зад него, оти и тие спротивните ми натежнуваат доста.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.673
Поени од реакции
30.301
Тој момент на попуштање пред уцената е тоа што ме погодува. Уште повеќе затоа што ние сме постојано под уцена. САД не уценуваат со мирот, со активирање на албанскиот фактор во идни воени судири. ЕУ не уценува со пристапно членство, и со таа уцена ни го руши суверинитетот. Албанците ни ја уценуваат демократијата, преку рамковниот договор и Бадентеровиот принцип.
Ебаго, сите не уценуваат и тоа никогаш нема да има крај... Се додека еднаш конечно не се расчисти со елементите на уцена наведени погоре.

ЕУ сметам дека не ни треба, никаков напредок не гледам кај државите како Хрватска и Бугарија. Напротив, им страдаат многу дејности како земјоделството - посебно на Хрватска. Добиваат некои кредити, ама тие нели секако треба да се враќаат. Стандардот на живеење... слабо.

Другиот фактор за уценување се сведува на Албанците, и тука пред се проблемот не е самиот народ, туку неколку качачки банди кои по потреба ставаат ознаки на УЧК. Кога ќе се расчисти со тие банди, и кога ќе се расчисти со финансирањето преку невладините организации (целосно да се забрани надворешното финансирање), и кога ќе се расчисти со нелегалното оружје кое никако да се собере преку една опсежна акција... Тогаш Албанците ќе си легнат на брашното, мнозинството не се толку екстремни - колку што од државата им е системски дозволено да претеруваат (од погоре објаснетите причини).

Муабетот ми е дека еднаш мора да се расчистат работите. Попуштање под уцени, само носи нови и нови уцени. Мора да се постави црвена линија, позади која веќе нема да има повлекување (иако кај нас реалната локација на таа линија одамна е надмината).
 
S

silmarillion

Гостин
Приказните за влезот во ЕУ и НАТО се различни, очигледно дека Бугарија, Хрватска и Романија многу многу не се превртија од среќа како што пројде извесен период. Од друга страна, Чесите, Словаците и Маџарите видоа бенефит од истото веројатно влијанието на Русија таму највеќе ги исплашило бриселските буљаши. А ние да влеземе утре, најверојатно ќе видиме помалце ќар и од Бугарите и Хрватите.

Реално да правиме муабет, со моменталниот економско-социјален статус ние не сме за во ниедно друштво каде што ќе мораш да играш по нивни правила. Приклонувањето кон ЕУ и НАТО и општо Западот не ни донесе ама баш никакво добро, и истото ќе се случи ако тргнеме према Русија. Не е тоа магично стапче па ајде сега од утре е подобро.

Џабе се, кога народот дозволува едни Бранко Љубчо и Грујо со заедно IQ на ретардирана кокошка да му ебава матер 30 години. Додека тоа не го решиме, секој муабет за геостратегија на Македонија е излишен.
 
Член од
8 јули 2011
Мислења
265
Поени од реакции
202
Дечки ви ја пратам дискусијата - горе високо удолу длабоко.
Скоро сите наши кредити инвестиции доаѓаат од запад,е па не можи некој да ти дава кредит а ти со кешот да одиш да го трошиш кај неговата конкуренција.
Тоа е тоа кога ќе си послаб мора да се приклучиш на една банда и да си послушен во тој свет нема на средина е сега биди паметен кога ќе дојди до финален обрачун да останиш жив и на победничката страна
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.673
Поени од реакции
30.301
Не би бил толку сигурен која ќе биде „победничката страна“. Но треба да бидеш глуп за да не ги сослушаш сите понуди пред да се одлучиш.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.261
Поени од реакции
18.078
Не би бил толку сигурен која ќе биде „победничката страна“. Но треба да бидеш глуп за да не ги сослушаш сите понуди пред да се одлучиш.
Кој понуди Ванлоче, можи да наведеш?

Турски тек на пример :pos:
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.673
Поени од реакции
30.301
Се повикуваат мајмуните, да не прават мајмунски работи. ;)
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.673
Поени од реакции
30.301
Браво за министерот Поповски. До кога британските медиуми ќе се заебаваат прво ти вика не ги пуштај после еј зошто користиш солзавец.
Спремен човек, елоквентен и интелегентен. Малку ме потсеќа на Груевски во времето на изродот Георгиевски (со таа разлика што е многу поедуциран), мислам не ме потсеќа визуелно, говорнички, или од друг таков аспект - туку од аспект на тоа дека очигледно е најспособниот можен конкурент.

Мое предвидување е дека ако некогаш му се разниша партиската положба на Груевски, ова ќе биде човекот кој ќе го замени. Со таа разлика што Груевски не е Георгиевски, па таква работа нема лесно да се случи.

Но останува да се надеваме, нели? ;)
Потребни се измени и во надворешната и во внатрешната политика на државата. На Македонија очајно и треба таква квалитативна промена, а тоа секако не се изродите што сега се на чело на опозицијата (која толку очигледно ја ставија во служба на странски интереси).
 
Ф

Флеш

Гостин
Антонио Милошовски е после Грујо,најблиску што може да конкурира во ВМРО.Што мислите за Илија Димовски?И за него мислам дека е силен,јака вилица има човекот,добар говорник,остри мисли?
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Антонио Милошовски е после Грујо,најблиску што може да конкурира во ВМРО.Што мислите за Илија Димовски?И за него мислам дека е силен,јака вилица има човекот,добар говорник,остри мисли?
чекај да пројдат изборите:)
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.673
Поени од реакции
30.301
Да не ја дригресираме дискусијата, ДПМНЕ не е тема на муебетов - туку како да дојде до промена на подобро (наместо на полошо).
 

Kajgana Shop

На врв Bottom