Еден од главните постулати на т.н. наречените мултикултуралисти е немањето на граници, наводно границите постојат само во главите на луѓето и затоа требало да има ,,no borders".
Ајде да видиме дали е така.
Концептот на ,,no borders" е против човековата и мајката природа. Секој што ја набљудува природата ќе забележи дека сите живи суштества имаат територија со јасно маркирани граници. Животните секогаш ги бранат границите на својата територија, понекогаш и по цена на животот.
Зошто?
Доколку ја изгубат, не само што тие ќе изумрат, ќе изумре и нивното семејство (безразлика дали е глутница, стадо, јато и сл), често може да се случи да изумре и целиот вид.
Главната причина поради која сите изумрени видови исчезнале од планетата земја е фактот дека други суштества помалку или повеќе интелигентни, но во секој случај поагресивни им се вселиле на нивната територија.
Територијата има две функции. Обезбедува извор на храна. Контролирањето на територијата единствено од твоја страна ти дава ексклузивитет дека само ти ќе ги исцрпуваш ресурсите кои ти се неопходни за опстанок како храна, вода, засолниште и тн. Втората улога на територијата е безбедно место како што ќе може да се одгледува потомството од сите надворешни предатори и натрапници. Значи територијата обезбедува опстанок и продолжување на родот (потомството).
Одтука може да заклучиме дека границите и територијата се природна конструкција и човекот како вид не ги измислил ниту има авторско право над нив.
Природата почива на граници. Границите се природна конструкција.
Ако се спуштиме на микро ниво, сите луѓе имаме граници. Некои тоа го нарекуваат домашна ограда со која си го оградуваат домот/куќата, некои го нарекуваат приватен простор. Секој од нас има приватен простор во дел од домот во кој одиме кога не сакаме да не вознемируваат, Човекот како единка има потреба од свој личен простор и тој наш приватен простор исто така почина на граници. Сите тие граници имаат една функција - заштита од влез на несакани лица.
Во целиот цивилизиран свет секој што ќе ги наруши границите на нашиот дом (кривично дело провала) или границите на нашата нација како проширена форма на семејството се смета за КРИВИЧНО ДЕЛО и напад на територијата и интегритетот на заедницата , безразлика дали се работи за семејство, народ, нација или раса. ТОЧКА!
Границите безразлика дали се на микро или макро ниво се природни и потребни. Затоа што не штитат од конкурентски групи и овозможуваат само ние да ги исцрпуваме ресурсите кои ни се неопходни за понатамошен опстанок на нас, нашите деца и идните генерации што доаѓаат.
Отварањето на границите на конкурентски и непријателски настроени групи на луѓе под маската на толеранција и мултикултура само предизвикува хаос и жив пекол, такви се примерите во Германија за Нова Година, во Парис. Кај нас во Чаир, Струга, Тетово или на балканот на Северно Косово. Меѓутоа секаде на светот резултатот е ист мултикултурата е рецепт за човечка катастрофа и насилни конфликти кои ќе донесат само реки од крв, страдање и чемер.
Тоа добивате од концептот еден свет, еден мир. Во суштина тоа е еден свет никогаш во мир.
Џабе збориш брат,верувај.Исотово ова го имав објаснувано на форумов(не ми текнува дали на оваа тема или на друга за тоа no borders и социјалните контркуции)
Контролата на границите е КЛУЧЕН фактор за опстанокот и еволутивниот развиток на тој вид.
Еве еден пример со нашите најблиски од животниското царство.Шимпанзата и бонобото.
Двете се речиси исти но имаат доста клучни разлики.
Они се сосема спортивни во нивната ментална и социјална природа.
Шимпанзата се воинствени(да ова е докажано научно,дека тие имаат ген за агресија),бонобото се мирољубиви хипици.
Но зошто е тоа така?Како овие 2 речиси исти животни(од заеднички предок) настанале толку различни.
Во далечното минато,во тој дел од Африка поради голема сеизмичка активност) се поделила земјата и една група од нив останала на една страна а другата од спортивната(тогаш сеуште биле ист вид)
Е сега,тука доаѓа интересното.
На страната каде што останале шимпанзата,теритоијата исто ја делеле со леопарди,горили,бабуни итн.
Додека пак Бонобото,буквално биле сами со себе.
Поради овие фактори шимпанзата морале да станат воинствени и агресивни за да можат така да опстанат.Нивниот свет бил брутален,морало да се гледа да останат само најсилните и најбруталните(бидејќи такви и ти треба кога си во борба со леопард или група бабуни).Затоа до ден денешен шимпанзата имаат бувкално племенски војни(да војната не е исклучиво човечка особина) и проблемите ги решаваат со насилство.
Додека пак бонобото поради никаква природна борба за опстанок во нивната територија,тие станале пацифисти.Доколу има некаков проблем во групата,тие го решаваат со....секс.Бувкално после секс сите проблеми ги занемаруваат и така мирно просперираат.
У секој случај џабе објаснуваме.Кога сакаат да земат пример од природата(аа има многу видови кои практикуваат хомосексуалност),односно тоа што им одговара на нивната агенда-тогаш е ок.
Но доколку им спомнеш дека територијата,припадноста на племе/нација/раса,канибализам,педофилија,инцест,опстанок на најсилните-еее не може така,па сепак сме ние различни од животните.Лол
Границите СЕ на еден или друг начин природни.
И да,најголемата социјална конструкција од сите е поимот ЕДНАКВОСТ.
Благодарение на најсилните единки од нашите предци,ние сме овде.
Да имаше еднаквост и социјална правда во тие општества,сите ќе беа на време изедени од сабјесто заби тигри и пештерски мечки.