Може ли Македонија да ги врати воопшто кредитите што ги зема?

  • Креатор на темата Креатор на темата Mister No
  • Време на започнување Време на започнување
Еве ти контра пример, во 2010 година во К Паланка се родиле 236 деца, а во 2014 се родиле 194 деца. Тоа ти е намалување од скоро 18%. Третородените деца во 80% од случаите се деца на роми (заради субвенциите), на твое место јас не би се радувал на таков податок.
А зошто баш 2010 си ја земал? Пошто има најмногу деца родено?:-) Само напишав интересна вест, ниту реков дека се радувам ни ништо. Јас за мои деца се радувам другите секој за себе ги прави. Не го прават тоа ради натпревар. Или го прават?:-)
 
А зошто баш 2010 си ја земал? Пошто има најмногу деца родено?

Барав инфо од 2005-та, ама не најдов. Затоа земав 5 години уназад.
Најмногу деца се раѓале пред 50-60 години, сега не сме ни до половина од тие вредности.

Не го прават тоа ради натпревар. Или го прават?

Го прават тоа ради детски додаток, субвенција за трето дете, социјален стан. Ама изгледа ти не си од тука.

ПС. Темава е за кредитите, има посебна тема за наталитетот, може таму да се префрлиме со муабетот, ако сакаш.
 
Продолжува падот на девизните резерви и во август, од јануари до сега се стопиле над 300 милиона евра

ДЕВИЗНИ РЕЗЕРВИ

август 2 177 700 000 евра
јули 2 198 300 000 евра
јуни 2 254 800 000 евра
мај 2 328 500 000 евра
април 2 344 300 000 евра
март 2 354 800 000 евра
февруари 2 330 700 000 евра
јануари 2 483 700 000 евра

извор: НБРМ
 
Пред неколку минути бев во продавница и купив 5 кила шеќер
шеќерот е од Алжир
А сега Вие заклучете дали Македонија може да ги врати кредитите
 
Пред неколку минути бев во продавница и купив 5 кила шеќер
шеќерот е од Алжир
А сега Вие заклучете дали Македонија може да ги врати кредитите
Не знам од каде очекуваш да биде?
Македонија нема шеќерна трска, а богами од поново време, ни шекерна репка !
 
Апсолутно погрешно прашање кое непотрено ги вознемирува растреперените души на пучанството..;) Она вистинското кое треба да се постави е прашањето : до кога Македонија ќе може кредити да зема...
 
Македонија е ниско до умерено задолжена земја и овие нереални приказни за “високиот долг“ на државата се од политичка маркетиншка природа.

Јавниот долг на Македонија е 43,6% од БДПто, а државниот долг е 36% од БДПто и моментално сме сме 5та најмалку задолжена земја во Европа, што е голем успех, со оглед дека голем дел на долгот отпаѓа на огромни инфраструктурни објекти како изградба на автопатишта низ цела Македонија и гасификацијата од Клечовце до Штип.

-------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Приходите натфрлени, со ребалансот повеќе пари за капитални проекти
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------


Мој коментар...
Ако приходите во буџетот се натфрлени, значи дека се има издржана економската политика на задолжувања и правилно распределување на државните средства, солидна макроекономска и микроекономска политика, така што се продуцира економски раст и преку даноците од зголемените приходи на стопанските и други субјекти се зголемуваат и буџетските приходи, од кои пак се сервисира државниот долг и се овозможува државата да расходува за проекти и мерки кои ќе иницираат понатамошен економски раст на државата.

Македонија е сосема успешна во својата економија од 2008 г. наваму, па затоа имаме континуиран раст на БДПто (за разлика од соседните земји кои имаат рецесија), континуиран огромен раст на извозот, трговската размена, земјоделското производство, намалување на невработеноста за една третина итн.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom