Министерот Тодоров ги фати на спиење сестрите и лекарот во штипската болница!

Член од
17 јануари 2009
Мислења
97
Поени од реакции
21
Министерот Тодоров ги фати на спиење сестрите и лекарот во штипската болница!

Опуштеност до невидени рамки, две медицински сестри се казнети, а шест се прераспределени – реагираше министерот откако ги фати дежурниот лекар на штипскиот клинички центар и сестрите како спијат.​

Разбуди се докторе од зимскиот сон - министерот Тодоров во доцните вечерни часови ги будеше лекарите. Министерот не го фаќало сон, со отворени очи решил да види како лекарите ги лекуваат болните во штипската клиничка болница за време на ноќните дежурства, ги затекнал како спијат и сестрите и дежурниот лекар. Имате жена за породување,време е да станете, на работа не се спие – го искара или тивко го разбуди Тодоров заспаниот гинеколог.

Опуштеност до невидени рамки, две медицински сестри се казнети, а шест се прераспределени – реагираше министерот.

Тодоров ги казни дежурните спијачи ,покрај заспаните затекнал и медицински сестри како пушат цигари во простори каде е строго забранет. Непријатната глетка го разлути министерот,револтиран веднаш одлучил да ги казни вработените.Но ова не е прв пат, како што дознаваме Тодоров ги проверувал вработените на дежурство и на скопска хирургија. Министерот не застанува тука,без најава ќе ги посетува скопските клиники кои од вработените си оди од работа пред да заврши работното време. Лекарската фела на штрек, младиот министер работи ноќе и дење,преполн со енергија цврсто е решен да воведе ред и дисциплина во здравствениот сектор.​
Конечно се најде некој барем малку од малку да воведе ред​
 
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
Среќа на д*пење не ги фатил.
не,шала на страна,и редно беше,додека лежев во болница,велерта 1 саат се утепав викајки по сестрата,да ми даде инекција против болки,она дојде дури у 6 сабајлето.
 
Член од
14 септември 2011
Мислења
577
Поени од реакции
179
треба вака низ сите болници да шета и се живо што ќе фати како спие нека го пади од работа..и така болниците ни се за никаде..уште лекарите и сестрите да спијат на сред работно време фали..
 
Член од
12 октомври 2011
Мислења
377
Поени од реакции
116
Добро е што не ги фатил на "онаа" работа. Кој би знаел како ќе ја објавеа веста. А што пушеле пушеле не проветриле се зезнале сестрите, корнело на цигари. :pos: И докторот многу се успал не слушнал никого.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
97
Поени од реакции
21
треба вака низ сите болници да шета и се живо што ќе фати како спие нека го пади од работа..и така болниците ни се за никаде..уште лекарите и сестрите да спијат на сред работно време фали..
И јас исто мислам дури поефикасно ке е даработи само ноќе барем ке се плашат да спијат нема да знаат каде ке е таа вечер
 
Член од
12 октомври 2011
Мислења
377
Поени од реакции
116
Среќа на д*пење не ги фатил.
не,шала на страна,и редно беше,додека лежев во болница,велерта 1 саат се утепав викајки по сестрата,да ми даде инекција против болки,она дојде дури у 6 сабајлето.
Инаку против болки инекција тешко даваат и така и така за да не се навлечеш озбилно ова.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
97
Поени од реакции
21
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Вие може да дискутирате тука општо за дравството ама сепак ова е нова информација нова тема
Па да отвореше ќе видеше дека е ова дел од тој проектот, ама нема врска ајт...
 
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
Инаку против болки инекција тешко даваат и така и така за да не се навлечеш озбилно ова.
Ама човече,не можев да трпам толкава болка,како да ми ја сечат ногата болеше.
 

Кико Д.

ULTRAS - way of life
Член од
26 јануари 2010
Мислења
11.435
Поени од реакции
9.676
Среќа на д*пење не ги фатил.
не,шала на страна,и редно беше,додека лежев во болница,велерта 1 саат се утепав викајки по сестрата,да ми даде инекција против болки,она дојде дури у 6 сабајлето.
несреќник, како и шо ти е никот :)

Јас пак кога лежев на болница,после неколку часа после операција и велам на сестрата да ми поможи да станам за да одам до вц и ми вели ајде треба сам да станваш не со моја помош.
И така со маки и со болки, станав и заминав во вц.
 
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
несреќник, како и шо ти е никот :)

Јас пак кога лежев на болница,после неколку часа после операција и велам на сестрата да ми поможи да станам за да одам до вц и ми вели ајде треба сам да станваш не со моја помош.
И така со маки и со болки, станав и заминав во вц.
Шо оперираше?
абе јас да можев да станам,ќе одев да ја викнам сам,ама неможев.
 
Член од
12 октомври 2011
Мислења
377
Поени од реакции
116
Ама човече,не можев да трпам толкава болка,како да ми ја сечат ногата болеше.
Го имам истото доживеано, но кога видов што даваат за болки на интернет, сега ќе бев навлачен сигурно. Инаку ногата ми ја оперираа.
 

Кико Д.

ULTRAS - way of life
Член од
26 јануари 2010
Мислења
11.435
Поени од реакции
9.676
Шо оперираше?
абе јас да можев да станам,ќе одев да ја викнам сам,ама неможев.
Слепо црево. Само 5-6 сати беа поминати од операцијата и ми беше страв да станвам.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom