Фрчковски за Монструм вели:
•
Заев изјави дека ќе им даде шанса на преговорите пред да настапи радикализација? Очекувате ли договор пред да влеземе во една таква фаза, која ќе донесе многу неизвесност на сите полиња?
- Што е таа очекувана радикализација? Што реално би можело да се очекува? Радикализацијата би била ситуација после неуспехот на ова посредништво да се убеди себеси и да го убеди Груевски дека треба тој лично да се повлече. Јасно е дека таа најдиректно зависи од успехот на ова посредништво да разбере дека Груевски персонално е проблем и дека тој е апсолутен симбол на длабоката политичка криза во која државата е донесена и не може ни теоретски ни практично да ја води транзицијата кон излез од таа криза. Кога ќе споменеме радикализирање на отпорот, тоа не значи секогаш судир, но може да се очекуваат две линии на радикализација, едната е повеќе т.н. албанска, а другата т.н. македонска, координирани заедно. Првата ќе биде веројатно мобилизација околу информациите за случајот „Монструм“ кои треба да бидат објавени и Македонците треба да ги поддржат Албанците за овој случај, зашто тоа не е албанско прашање, туку е прашање на можноста некој да биде осуден без доволно докази и во политичка монтажа. Од друга страна, македонскиот дел од протестите се поврзува со притисокот на власта врз лидерот на опозицијата. Македонците не смее да дозволат, а сигурен сум тоа нема да го дозволат ниту Албанците, оваа власт и овие корумпирани и партизирани институции да го судат шефот на опозицијата преку порачани случаи лично од премиерот. Тука Заев треба да го одржи својот титовски говор „не го признавам овој суд“. Тоа не е по дефиниција активен отпор, но станува активен ако дојде полицијата да го собере Заев. Радикализацијата ќе се состои во одрекување на институциите и нивната легалност. Но, многу реално е да се овие два протеста да колидираат заедно. Заедништвото во борба се тестира и тоа е најздраво заедништво. И тоа е највредниот момент на целата оваа приказна. Затоа и не може власта да инсценира лесно меѓуетнички судири. Ќе биде многу важно тоа ефективно да продолжи и да биде вредност на новата политика. Радикализацијата е можност за подигнување на влоговите во кризата. Одеднаш покерот се игра со повеќе жетони на маса. Кризата така станува елемент на ново посредништво.
http://plusinfo.mk/mislenje/584/preodnata-vlada-bez-gruevski-e-izvesna
Значи и странците бараат да не се изнесе во јавност, ДУИ бара да не се изнесе, ДПМНЕ бара да не се изнесе ... тоа само по себе кажува за тежината на материјалите.
А да пробаат да ја објават во делови, за да се избегне масовна реакција на граѓаните?