Македонски специјални единици (полициски и воени)

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
Една од тезите кои се пласираат во специјалната војна која се води против Македонија е дека
"кога би имало војна, сите би избегале" или "не вреди да се бориш, за кого ќе се бориш", и други такви небулози.
Многу јасно е дека целта на овие тези е да во случај на војна, Македонецот да биде деморализиран и да се одврати
од давање на отпор, за да им се олесни работата на нашите непријатели.

Но реалноста е сосема поинаква, херои имало, и ќе има, и јас сум горд на тоа.

Работата е следнава:

Од конфликтот во 2001 видовме дека оние кои застанаа во одбрана на својата татковина,
денеска се турнати на страна, омаловажувани и исмевани од страна на кукавиците и предавниците што се криеа и педерски се смееа од страна.
Ова е стандардна работа во системот во кој живееме и кој се нарекува - Демократија.
Така да наредниот пат кога ќе има војна, имајте го ова во предвид.
Дали ќе се бориме за Демократија, или еден здрав систем во кој предавниците и патриотите ќе си го добијат она што го заслужиле.
 
Последно уредено:
Член од
14 октомври 2013
Мислења
875
Поени од реакции
3.441
Да се потсетиме да не се заборави!
Зошто дојде до прекин на огнот...
Какво ми беше чувството после 14 сати константен оган во Арачиново да слушнам наредба - ПРЕКИНИ СО СЕКАКВО ДЕЈСТВУВАЊЕ ОСВЕН ВО САМООДБРАНА!!!???
Во сите акции бевме попречувани!
Арачиново беше под целосен обрач и мораше да падне!Но до тоа не дојде…

18yjqs.jpg
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Член од
21 септември 2012
Мислења
1.308
Поени од реакции
1.443
https://www.facebook.com/Igor.Guns

Дали е овај ИГОР МАНОЈЛОВСКИ началникот од Тетово кој ја продаде патролата кај Вејце???
Ако стварно ја продал, мислиш се' уште ќе беше жив и ќе работеше во МВР ? :) Не ширете дезинформации, поготово не со име презиме и линкови.
 

Zoran MKD

Мијак на квадрат.
Член од
11 септември 2010
Мислења
2.021
Поени од реакции
1.019
Ако стварно ја продал, мислиш се' уште ќе беше жив и ќе работеше во МВР ? :) Не ширете дезинформации, поготово не со име презиме и линкови.
Е тоа да видиш.
 
Член од
14 октомври 2013
Мислења
875
Поени од реакции
3.441
Ако стварно ја продал, мислиш се' уште ќе беше жив и ќе работеше во МВР ? :) Не ширете дезинформации, поготово не со име презиме и линкови.
1
PATOT DO USPEHOT VO NASATA ZEMJA E CUDEN .....EVE DEL OD UCESNICITE KADE BEA I KADE SE PO MASAKROT...
IGOR SI E ZIV I ZDRAV I NE MISLAM USTE RABOTI VO MVR UNAPREDEN E I VLAKNO NE MU FALI GOSPOD NEKA MU SUDI STO ZACRNI 8 SEMEJSTVA ZA PARI....
Toj e sega e unapreden vo SVR SKOPJE glaven se za site stanici vo glavniot grad a sto mu FALI NA TALAT DZAFERI BESE OFICER PA ZAMENIK MINISTER I MINISTER ZA ODBRANA ZIV E I VLAKNO NE MU FALI ZA HAZBI LIKA ZAM MINISTER NA MVR I EKS GRADONACALNIK FATMIR DEHGARI EKS ZAMENI DIREKTOR NA UBK I GRADONACALNIK NA KICEVO I DR..... ZDRAVI I ZIVI DA NE NABROJUVAM ZABORAVI KADE ZIVEES BAZEEE
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
После некое време можно е линкот да не работи, па ке го пастирам текстот

ГОДИШНИНА ОД ЅВЕРСКОТО ЗЛОСТОРСТВО ВО ТЕТОВСКО
Роднините на масакрираните бранители бараат одговорност за Вејце
За учество во масакрот ќе бидат обвинети уште дваесетина лица, од кои повеќето се Македонци

Семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили во Вејце бараат македонските органи сериозно да се зафатат да ги пронајдат и да ги казнат виновниците за ѕверскиот масакр што пред една година беше извршен врз осумте нивни синови. Тие велат дека виновниците нема да ја избегнат одговорноста, бидејќи ако македонските судови немаат сила да им изречат казни, тоа ќе го стори новоформираниот Меѓународен кривичен суд во Хаг.

На 28 април лани терористите во заседа ја пречекаа и со пушки и ракетни фрлачи ја нападнаа патролата кај селото Вејце. Осум лица беа убиени откако ѕверски биле измачувани. Најмногу од масакрираните биле ранети, а потоа бодени и сечени со нож и живи запалени.

Другите осум члена на патролата успеале да се спасат.

- Помина цела година од масакрот, а случајот не доби соодветен третман од органите на прогонот и во правосудството. Скопското обвинителство ја отфрли нашата кривична пријава против 10 актуелни и поранешни високи функционери како директни и индиректни виновници за масакрот, меѓу кои е и претседателот на државава. Поднесовме приватна тужба против нив во Основниот суд 1 во Скопје, иако не веруваме дека ќе биде поведена постапка. Но, виновниците нема да останат неказнети. Идното лето ќе профункционира Меѓународниот кривичен суд во Хаг, надлежен за вакви дела - изјави адвокатот Игнат Панчевски, правен застапник на семејствата на загинатите и ранетите припадници на безбедносните сили во Вејце, на вчерашната прес-конференција.

Семејствата на загинатите ги обвинуваат како индиректни виновници за масакрот претседателот Трајковски, поранешните министри за внатрешни работи и за одбрана Доста Димовска и Љубен Пауновски, бившиот началник на Генералштабот на АРМ Јован Андревски, лидерите на двете албански партии Арбен Џафери и Имер Имери и самопрогласениот лидер на ОНА, Али Ахмети. Тие обвинуваат и тројца тогашни полициски началници - Шаиб Билали, Ѕвонко К. и Игор Манојловски. Тие ги повторија сознанијата дека патролата намерно била испратена во Вејце за да биде ликвидирана. Целта, наводно, била да се деморализираат македонските безбедносни сили и да се оправдаат добиените пари за извршување на злосторството.

- Најголем дел од директните учесници во масакрот е ликвидиран, но има и живи, кои сега сами се фалат што направиле во Вејце. Наскоро тужбата ќе ја прошириме со уште дваесетина лица, од кои најголем дел се Македонци. Кај еден Македонец беа најдени 600.000 ГМ, што е дел од парите за масакрот. Парите потоа ги снема, но ние ќе откриеме кој се "почестил" со нив. Другото лице за кое постојат индиции дека ги предал нашите сили едно време го снема и се мислеше дека полицијата си ја работи работата, но тоа подоцна се појави со повисок чин. Како поинаку да се протолкува тоа што не било испратено засилување за заштита на патролата, освен како предавство - вели Панчевски.

За нив, наводниот интерес на Хашкиот трибунал за случајот "Вејце" е "обична фарса наменета за смирување на духовите".

- Тврдам дека Хашкиот ад хок трибунал за воени злосторства во поранешна Југославија никогаш нема да ги гони извршителите на масакрот, бидејќи тие не се припадници на воена формација. Хаг е заинтересиран за други случаи, како што е оној во Љуботен. Канцеларијата на Хашкиот суд во Скопје досега не побарала од нас докази што би можело да бидат вклучени во нивната истрага за случајот - вели Панчевски.[DOUBLEPOST=1467074917][/DOUBLEPOST]
После некое време можно е линкот да не работи, па ке го пастирам текстот

ГОДИШНИНА ОД ЅВЕРСКОТО ЗЛОСТОРСТВО ВО ТЕТОВСКО
Роднините на масакрираните бранители бараат одговорност за Вејце
За учество во масакрот ќе бидат обвинети уште дваесетина лица, од кои повеќето се Македонци

Семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили во Вејце бараат македонските органи сериозно да се зафатат да ги пронајдат и да ги казнат виновниците за ѕверскиот масакр што пред една година беше извршен врз осумте нивни синови. Тие велат дека виновниците нема да ја избегнат одговорноста, бидејќи ако македонските судови немаат сила да им изречат казни, тоа ќе го стори новоформираниот Меѓународен кривичен суд во Хаг.

На 28 април лани терористите во заседа ја пречекаа и со пушки и ракетни фрлачи ја нападнаа патролата кај селото Вејце. Осум лица беа убиени откако ѕверски биле измачувани. Најмногу од масакрираните биле ранети, а потоа бодени и сечени со нож и живи запалени.

Другите осум члена на патролата успеале да се спасат.

- Помина цела година од масакрот, а случајот не доби соодветен третман од органите на прогонот и во правосудството. Скопското обвинителство ја отфрли нашата кривична пријава против 10 актуелни и поранешни високи функционери како директни и индиректни виновници за масакрот, меѓу кои е и претседателот на државава. Поднесовме приватна тужба против нив во Основниот суд 1 во Скопје, иако не веруваме дека ќе биде поведена постапка. Но, виновниците нема да останат неказнети. Идното лето ќе профункционира Меѓународниот кривичен суд во Хаг, надлежен за вакви дела - изјави адвокатот Игнат Панчевски, правен застапник на семејствата на загинатите и ранетите припадници на безбедносните сили во Вејце, на вчерашната прес-конференција.

Семејствата на загинатите ги обвинуваат како индиректни виновници за масакрот претседателот Трајковски, поранешните министри за внатрешни работи и за одбрана Доста Димовска и Љубен Пауновски, бившиот началник на Генералштабот на АРМ Јован Андревски, лидерите на двете албански партии Арбен Џафери и Имер Имери и самопрогласениот лидер на ОНА, Али Ахмети. Тие обвинуваат и тројца тогашни полициски началници - Шаиб Билали, Ѕвонко К. и Игор Манојловски. Тие ги повторија сознанијата дека патролата намерно била испратена во Вејце за да биде ликвидирана. Целта, наводно, била да се деморализираат македонските безбедносни сили и да се оправдаат добиените пари за извршување на злосторството.

- Најголем дел од директните учесници во масакрот е ликвидиран, но има и живи, кои сега сами се фалат што направиле во Вејце. Наскоро тужбата ќе ја прошириме со уште дваесетина лица, од кои најголем дел се Македонци. Кај еден Македонец беа најдени 600.000 ГМ, што е дел од парите за масакрот. Парите потоа ги снема, но ние ќе откриеме кој се "почестил" со нив. Другото лице за кое постојат индиции дека ги предал нашите сили едно време го снема и се мислеше дека полицијата си ја работи работата, но тоа подоцна се појави со повисок чин. Како поинаку да се протолкува тоа што не било испратено засилување за заштита на патролата, освен како предавство - вели Панчевски.

За нив, наводниот интерес на Хашкиот трибунал за случајот "Вејце" е "обична фарса наменета за смирување на духовите".

- Тврдам дека Хашкиот ад хок трибунал за воени злосторства во поранешна Југославија никогаш нема да ги гони извршителите на масакрот, бидејќи тие не се припадници на воена формација. Хаг е заинтересиран за други случаи, како што е оној во Љуботен. Канцеларијата на Хашкиот суд во Скопје досега не побарала од нас докази што би можело да бидат вклучени во нивната истрага за случајот - вели Панчевски.
 
Член од
14 октомври 2013
Мислења
875
Поени од реакции
3.441
Единица за специјални задачи Тигар
пред 31 минути ·
СПОДЕЛЕТЕ
На денешен ден пред 15 години (28.06.2001), во скопските клиники подлегнува ОЛИВЕР КИТАНОВСКИ (†21, ЕСЗ ТИГАР) од Велешко Башино село на раните, здобиени на 23 Јуни 2001 година во битката за Арачиново.
Голем животен предизвик беше Оливер кој на 21 години застана на одбрана на придобивките на независноста на својата земја.На локацијата крај селските гробишта меѓу Брњарци и Арачиново, недалеку од Скопје во рововите ја извршуваше достоинствено поставената задача. На 23 Јуни 2001 година, беше тешко ранет од терористички истрел. Пет дена траеше битката на лекарите за младиот живот кој згасна на само 21 година.
Родителите Марко и Љупка го проколнуваат злобникот и sверскиот убиец на нивниот син кој беше лика и прилика за многу моми. Башиноселците гледајќи го неговиот гроб прашуваат: Дали се повторува историјата и минатото, да страдаме од оние на кои најмногу сме им помагнале.
ВЕЧНА ТИ СЛАВА ХЕРОЈУ!

13512153_10210293001905292_6926902225122851389_n.jpg mleko.jpg
 

• Војник •

БОРБА ТЕ ЧЕКА!
Член од
6 април 2011
Мислења
457
Поени од реакции
1.256
ОЛИВЕР КИТАНОВСКИ - МЛЕКО (1980 – † 28.06.2001)

Оливер Китановски (Башино Село, Велес, 1980 – Арачиново, Скопско, 28 јуни 2001) бил македонски бранител, специјалец во ЕСЗ Тигар, учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Тешко ранет е од граната на 23 јуни 2001 кај гробиштата во Брњарци во битката за Арачиново. По пет дена во шок соба умира Оливер во скопските клиники.

За Оливер голем животен предизвик беше на 21 годишна возраст да застане на одбрана на придобивките на независноста на својата земја. На локацијата крај селските гробишта меѓу Брњарци и Арачиново, недалеку од Скопје во рововите ја извршуваше достоинствено поставената задача. Во воениот конфликт уште на самиот почеток учествувал во акцијата за ослободување на Тетовското Кале, но исто така и во помали битки на Шар Планина против качачките банди.

Луѓето на него се сеќаваат како на грамада високо стројно, убаво градено момче со решителен и праведен карактер. Прекарот му бил Орце Млекото поради тоа што бил плав. Во слободно време Оливер често се занимавал со рибарство. Китановски, иако најмлад во водот, доброволно се пријавил да учествува во првите борбени редови во битката за Арачиново. Оливер според неговите соборци „тие денови не оставаше никој да биде пред него. Цело време беше пред нас, јуначки водеше битка – гради в' гради со непријателот.

При акцијата, која ЕСЗ Тигар ја започна западно од Арачиново во Брњарци, кај селските гробишта е погоден од армиска граната заедно со Атанас Јанев, Александар Стојчев и Никола Пехчевски, кои на лице место загинуваат. Напредувањето на ЕСЗ Тигар не беше известено, и кога се нашле на поранешна непријателска позиција биле погодени од армиска граната. Се води како несреќен случај и нема виновни. Некоординираноста помеѓу АРМ и МВР е причината. За разлика од другите тројца бранители, Оливер тешко ранет преживува и е однесен во скопските клиники, каде е вештачки одржан на живот со апарати. При експлозијата пола глава му била разнесена, односно тилот му фалел. Јуначкото срце чукало, но кобни беа повредите на главата. Тој бил во истата шок соба заедно генералот Стојанче Ангелов кој бил исто така повреден при акцијата за ослободување на Арачиново. Пет дена подоцна Оливер Китановски подлегна на тешките рани со кои се здоби.

Денес, во Башино Село има три улици од кои една се вика Оливер Китановски. Исто улицата Прва Комуна во Велес е прекрстена по него. Сред село има споменик во негова чест. Погребан е кај селските гробишта во родното Башино Село. Кога се поминува тунелот пред Велес на автопатот „Александар Македонски“, кај Башино село, лево на ридот се вее јарбол над неговото почивалиште, кое потсетува на ликот и делото на Оливер Китановски.

ВЕЧНА ТИ СЛАВА ХЕРОЈУ!

 
Последно уредено:

Miss.Independent

Me,Myself & I
Член од
26 јуни 2013
Мислења
1.362
Поени од реакции
3.345
За комшо :oeoeoe:
Зоран Марковски беше Македонски специјалец, припадник на Tигрите.Зоран Марковски, беше женет и татко на две деца.
Полицаецот Марковски беше убиен на 3 јануари 2008, кога од возило во движење беше стрелано кон полициски џип "ландровер" во близина на бензинската пумпа "Макпетрол, во скопската населба Автокоманда.Петмината тигри кобната вечер со службено возило се враќале од работа кога кон нив бил отворен оган. Тогаш, во нападот беа ранети тројца припадници на специјалната полициска единица "Тигри". Марковски почина на пат кон болница додека двајца негови колеги со прострелни рани на шаката и рамото беа згрижени во Клиничкиот центар.

 
Член од
14 октомври 2013
Мислења
875
Поени од реакции
3.441
Vecna mu slava go imaa objaveno na fb stranata na Tigrite

https://www.facebook.com/404967979709498/photos/a.405526609653635.1073741827.404967979709498/464678927071736/?type=3&theater[DOUBLEPOST=1467397464][/DOUBLEPOST]eve uste edna na denot koja ja objavija

Единица за специјални задачи Тигар
Ми се допаѓа оваа страница · 3 јануари ·


СПОДЕЛЕТЕ
Никогаш нема да те заборавиме.Почивај во мир.
Зоран Марковски (1967 Миладиновци - Автокоманда, Скопје) е Македонски специјалец, припадник на Tигрите.Зоран Марковски, беше женет и татко на две деца.
Полицаецот Марковски беше убиен на 3 јануари 2008, кога од возило во движење беше стрелано кон полициски џип "ландровер" во близина на бензинската пумпа "Макпетрол, во скопската населба Автокоманда.Петмината тигри кобната вечер со службено возило се враќале од работа кога кон нив бил отворен оган. Тогаш, во нападот беа ранети тројца припадници на специјалната полициска единица "Тигри". Марковски почина на пат кон болница додека двајца негови колеги со прострелни рани на шаката и рамото беа згрижени во Клиничкиот центар

. 1915469_423532167853079_8224893260460426731_n.jpg
 

Kajgana Shop

На врв Bottom