Македонски специјални единици (полициски и воени)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
уште некоја година планирам да одам доброволец војник,па од таму здравје планирам полицаец/специјалец па да прашам јас на лекарски преглед пошто треба да носам наочари дали ке ми прааат проблем со видот?малце не м исе гледа од далеку
 
Последно уредено:
уште некоја година планирам да одам доброволец војник,па од таму здравје планирам полицаец/специјалец па да прашам јас на лекарски преглед пошто треба да носам наочари дали ке ми прааат проблем со видот?малце не м исе гледа од далеку
продолжи си со кантер страјк шо ќе ти е сега метла да фаќаш?! ова од мене добро намерно
 
http://www.globusmagazin.com.mk/?ItemID=123A84A87F89AA4A87E4FF661DC50586

DA NE SE ZABORAVI

КАКО ГЛЕН НАЈ ГИ СПАСУВАЛ АМЕРИКАНЦИТЕ ОД АРАЧИНОВО



Изборната програма на конгресниот кандидат од, Вирџинија се темели, мегу другото, и на неговата мисија за време на воениот конфликт во Македонија во 2001 година

пишува БОРИС ГЕОРГИЕВСКИ

Гласајте за Глен Нај за американскиот Конгрес! Тој е човекот кој спаси 27 американски животи за време на војната во Македонија!

ДЕБАТА Интересна дебата се води деновиве во американската сојузна држава Вирџинија. Поточно во нејзиниот втор дистрикт. На почетокот на ноември годинава, паралелно со претседателските избори во земјата, ќе се бираат и конгресмени од неколку држави. Во Вирџинија, републиканката Телма Дрејк, долгогодишен конгресмен од оваа држава, се соочува со Демократот Глен Нај, младиот и агресивен, 33-годишен, поранешен службеник во Стејт департментот и во УСАИД.

Битката во Вирџинија е карактеристична по тоа што огромно мнозинство од гласачите во оваа држава се воен персонал, дел пензионирани, а дел активни војници од шесте големи воени бази во Хамптон, Норфолк и Вирџинија бич. За политичките аспиранти од оваа држава има само еден пат до срцата на гласачите, или се освојуваат со славно воено минато или со херојски дела, во служба на државата. За да стигнете до Капитол Хил од вториот дистрикт во Вирџинија, како што тоа деновиве сликовито го објасни воениот ветеран и поддржувач на госпоѓа Дрејк, Грег Робинет не е доволно да сте службувале во УСАИД, затоа што таа работа „не смее да се изедначува со воена служба“.

Ваквиот табиет на гласачите во Вирџинија мораше на виделина да го изнесе најдоброто од Нај, кој очигледно е цврсто решен да не и дозволи на Дрејк да го добие и третиот мандат едноподруго во Конгресот. За таа цел, Глен Нај го извади и последниот адут од ракавот- наградата за особени заслуги која Стејт департментот му ја додели во 2001 година. Наградата не е за било што, туку за спасување на животите на 27 Американци од крвавиот конфликт во далечната Македонија. Нај, уште кога ја објави кандидатурата се фалеше дека лично тој спасувал Американци по македонските планини во 2001 година, но недовербата и обвинувањата од спротивниот табор дека лаже, го натераа на оној последен, решавачки чекор- да ја покаже и наградата. И во неа, како што вели и Нај, црно на бело пишува, „за организирање на спасувањето на американски државјани заглавени зад востаничките линии за време на граѓанскиот конфликт во Македонија и за обезбедување на ослободувањето на еден американски државјанин кој бил држен како заложник од востаниците“. Се' на се', 27 на број.

За лицето кое било држено како заложник од „востаниците“ се знае дека станува збор за Војислав Михајловиќ, пензионер кој бил киднапиран во јуни 2001 година, најверојатно во околината на Липково, а бил ослободен 8 недели подоцна, на 26 август, неколку часа по убиството на тројцата Македонци во мотелот „Бриони“ во Челопек. Но, кои се останатите 26 американски државјани кои пожртвуваниот Нај ги спасил од зад воените линии на ОНА?

ПРИКАЗНА „Голема група Американците беше блокирана меѓу две села во северозападна Македонија. Амбасадата знаеше дека се таму, но сите телефонски врски беа прекинати. Глен (Нај) сметаше дека има шанси да контактира со Американците преку локални политички контакти... Добивме телефонски број на еден политички активист кој живееше во кризниот регион. Користејќи ја таа врска и проширувајќи ја со други броеви од мобилни телефони, Глен успеа да ја организира идентификацијата на сите Американци кои требаше да бидат евакуирани. Потоа Глен разговараше со координаторот за бегалци на Амбасадата за да се обезбеди шофер на автобус кој ќе сака да влезе во областа и ќе ги земе Американците“.

Ова е приказната на Глен Нај објавена во гласилото на американскиот сервис за надворешна политика, која денес ги краси и плакатите од неговата политичка кампања. Во меѓувреме, истите наводи тој ќе ги потврди и во уште неколку интервјуа во локалните медиуми во Вирџинија, особено откако пред неколку недели се засилија критиките од неговите политички противници, дека ја измислил целата приказна.

Глен Нај навистина во 2001 година работел во Американската амбасада во Скопје, а потоа добил позиција на советник во амбасадата на САД во Сингапур, каде ги штител американските интелектуални права за време на преговорите за договорот за слободна трговија меѓу САД и Сингапур. Отаму продолжил и во Израел, Авганистан и во Ирак. Активен бил и дома, во САД, каде бил задолжен за регистрирање на квалификуваните гласачи за новоформираниот парламент во Ирак.

Иако од Амбасадата во Скопје потврдуваат дека Нај им бил колега во 2001 година, не сакаат да ги коментираат неговите наводи, ниту пак, да објаснат кои се Американските државјани кои тој ги спасувал во конфликтот, и од каде биле спасувани. „Не коментираме изјави на приватни лица“, кусо ни одговорија од Амбасадата во Скопје. Ниту штабот на кандидатот Нај нема време да даде објаснување за херојските акти на нивниот шеф во Македонија во 2001 година.



АРАЧИНОВО - Настанот кој го опишуваат Нај и новинарите кои го опеваат, многу потсеќа на случувањата во Арачиново во јуни 2001 година. Приказната за спасувањето на инструкторите на американската агенција МПРИ од селото, иако официјално никогаш не беше потврдена од САД, сепак и до денес остана да кружи во јавноста. За потсетување, на 8 јуни 2001 година Арачиново го зазедоа припадниците на ОНА, а на 26 јуни тие си заминаа со автобуси од селото, по иницијатива на меѓународната заедница, заедно со инструкторите на МПРИ. Ноќта, револтираните демонстранти го сардисаа Собранието, а беа каменувани и неколку амбасади на западните држави, настани кои делумно ги опишува и Нај во своите изјави.

Иако приказната на Нај има многу нејаснотии и „дупки“, факт е дека тој за делото кое го сторил добил пофалба од Стејт департментот. Но, Нај никогаш не дава точна временска одредница за периодот кога ги спасувал „заскитаните“ сонародници, иако во едно интервју го споменува месец јули, а за имиња на луѓе или на места, со исклучок на споменатиот Михајловиќ, нема ниту збор.

Поранешниот Директор за јавна безбедност во МВР, Горан Митевски вели дека не чул за Нај, а неговата приказна ја поврзува со случувањата во Арачиново. Според Митевски, Амбасадата на САД била против извлекувањето на припадниците на МПРИ од Арачиново, а тоа не сакала да го стори ниту ЦИА, бидејќи сметале дека со тоа само ќе се испровоцира реакцијата на Македонците. Негова проценка е дека тоа би можела единствено да го стори воено-разузнавачката агенција на САД, а целиот бекграунд на Нај, говори дека тој работел за неа.

Процена на Митевски е дека е можно Нај да си придава и поголемо значење од вистинското. „Тоа што тој кажува различни датуми за настанот и за местоположбата и други бројки на луѓе, веројатно е обид да се прикрие вистинскиот настан, и сигурно така и го советувале“, вели Митевски,

МПРИ - Дали Глен Нај ги спасувал претставниците на МПРИ од Македонија или други цивили кои случајно се нашле на линијата на фронтот, и дали воопшто некого спасувал, ќе остане мистерија. Фактите велат дека и Нај и МПРИ, биле во Македонија во 2001 година. Во соопштение до медиумите, испратено во 2002 година, точно една година по настаните во Арачиново и неколку дена откако медиумите во Холандија, во Грција и во земјава ја објавија веста за присуството на МПРИ во Арачиново, Амбасадата на САД во Скопје тврдеше дека „во Арачиново не биле присутни претставници на МПРИ, ниту, пак, друг американски персонал, освен воениот контингент на НАТО, кој бил испратен во тој крај по барање на македонската Влада“.

„Американци не беа вклучени во обучување или помагање на ОНА во Македонија“, тврдеше Амбасадата.

Наспроти ова, угледниот „Њујорк тајмс“ на 13 октомври 2002 година ќе објави опширна анализа за ангажманот на приватните воени компании- контрактори, низ воените зони во светот, со посебен акцент на МПРИ, за која забележува дека била присутна во Македонија.

„Контракторите и' овозможуваат на администрацијата да ги реализира своите надворешно – политички цели во конфликтите од ниско ниво низ светот- кои често се поттикнати од етничка омраза или вишок оружје од студената војна – без да стравува од медиумското внимание доколку Американски војници се вратат дома во пластични вреќи“, пишуваше „Њујорк тајмс“.
 
МВР

„Тигарот“ Примислав Димовски стана командант на „aлфите“

Со специјалната полицискa единицa Алфа од денеска раководи Примислав Димовски, досегашен припадник на полициската единица Тигар. Димовски со оваа единица учествуваше за време на конфликтот во 2001 година, а беше и дел од специјалците за време на минатогодишната мајска интервенција во Куманово.

mkd-93355.jpg
Димовски е неколкукратен првак на Македонија во бокс, а го освои и петтото место на Светското првенство во бокс во супертешка категорија.

Името на Ивица Антевски – Пуки, досегашниот командант на единицата Алфи, се слушаше и на аудиоснимките од прислушуваните разговори што ги објавуваше претседателот на СДСМ Зоран Заев. Пуки учествуваше и во апсењето на Љубе Бошковски пред ресторанот „Воденица”.

Полициската единица Алфа e задолжена за интервенции во урбани средини за спречување на тешки облици на криминал.


Пред една недела Управниот суд донесе времена мерка на решенијата на техничкиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски за одделни унапредувања
 
Примислав беше нешто како инструктор т.с физички ги спремаше тигрите а сега во алфите оди како како кадар на Оливер т.с сдсм.
 
Dolgi godini e vo ESZ TIGAR ima mnogu pominato i 2001 i kumanovo covekot e PROFESIONALEC i SPORTIST a sega ke go izvalkaat!!!
Bidejki SDSM go unapred a DPMNE ke go degradira koga ke se smenat rabotite demek sega zosto go unapredija e sdsmovec avtomatski drzaven neprijatel a do vcera istite sto go falea kako sportist denes ke go plukaat e ova e samo eden primer na profesionalec i branitel kako partiite go rusat za moment cela kariera i ke pocnat degradiranja omalovazuvanja etiketiranja od totalno neprofesionalni kadri brz niv ....
 
Кога можам да се пријавам за доброволен војник и каде?
 
Кога можам да се пријавам за доброволен војник и каде?

Во подрачна единица на Министерство за Одбрана во секоја општина има ... Можеш уште утре да отидеш бидејќи наредната класа е сега средина на март
 
Во подрачна единица на Министерство за Одбрана во секоја општина има ... Можеш уште утре да отидеш бидејќи наредната класа е сега средина на март
Наредна класа е од 22 февруари најверојатно и бројката би требало да е затворена ама ако аплицира сега е печен за во јуни. Иначе нема шанси да ги мине сите прегледи за 2 недели и сите административни постапки
 
МВР
Со специјалната полицискa единицa Алфа од денеска раководи

Која црна специјална единица бе... се знае која е специјална единица во МВР. Ама интересно им е да се кажуваат специјална единица и специјалци, и алфиве и ебр. :) Нека се радуваат и нека лапаат +45%. :D
 
Dolgi godini e vo ESZ TIGAR ima mnogu pominato i 2001 i kumanovo covekot e PROFESIONALEC i SPORTIST a sega ke go izvalkaat!!!
Bidejki SDSM go unapred a DPMNE ke go degradira koga ke se smenat rabotite demek sega zosto go unapredija e sdsmovec avtomatski drzaven neprijatel a do vcera istite sto go falea kako sportist denes ke go plukaat e ova e samo eden primer na profesionalec i branitel kako partiite go rusat za moment cela kariera i ke pocnat degradiranja omalovazuvanja etiketiranja od totalno neprofesionalni kadri brz niv ....

Нема ништо случајно, кој разбира му е јасно зашто сега и зашто тој.
Во моментов се извршува подготовката за насилна смена на власта, слично како Украина или Слободан Милошевиќ. Минатиот мајдан на СДСМ не успеа, од американската амбасада ја прават оваа нова усилена варијанта.
Главното е за време на пучот брзо да го заземат парламентот, полицијата да е блокирана и да не може да ја сврши работата, СДСМ после државниот удар треба да има директна команда врз специјалците и полицијата, да не стане како во Киев каде законската власт ги контролираше полициските сили и на десен сектор(СДСМ) им беше потешко да дојдат на власт, тука ќе се направи брзо и по српското сценарио со смената на Милошевиќ иако победи на изборите. Заев ќе изјави дека победиле и ВМРО ги фалсификувала резултатите, ќе ги пушти ордите да го заземат парламентот, полицијата нема да реагира, одма ќе добие честитки за победата од САД и ЕС, горе доле им требаат околу 48 часа контрола за пучот да успее и да состават нова влада со нивните фалсификувани резултати, нема да има кој да ги стави во затвор, дури и полошо неизвесни 'револуционери' ќе го егзекутираат Груевски, нема да има кој да го заштити.
Дечкото може и да е добар но полицијата и армијата се хиерархиска структура и главно исполнуваат наредби, цел живот ги обучуваат за тоа, така да е важно за време на пучот тие што ги даваат командите да се луѓе на СДСМ, и самото бездејсвие истотака е команда, ако не добијат наредба, нема да го заштитат парламентот, стопроцентна нема да има таква команда. Груевски и Иванов може да пробаат на ниско ниво да контролираат определени единици, затоа на кукловодите им е важно на главните јазли во таа пирамида да се луѓе на СДСМ.
 
Последно уредено:
Нема ништо случајно, кој разбира му е јасно зашто сега и зашто тој.
Во моментов се извршува подготовката за насилна смена на власта, слично како Украина или Слободан Милошевиќ. Минатиот мајдан на СДСМ не успеа, од американската амбасада ја прават оваа нова усилена варијанта.
Главното е за време на пучот брзо да го заземат парламентот, полицијата да е блокирана и да не може да ја сврши работата, СДСМ после државниот удар треба да има директна команда врз специјалците и полицијата, да не стане како во Киев каде законската власт ги контролираше полициските сили и на десен сектор(СДСМ) им беше потешко да дојдат на власт, тука ќе се направи брзо и по српското сценарио со смената на Милошевиќ иако победи на изборите. Заев ќе изјави дека победиле и ВМРО ги фалсификувала резултатите, ќе ги пушти ордите да го заземат парламентот, полицијата нема да реагира, одма ќе добие честитки за победата од САД и ЕС, горе доле им требаат околу 48 часа контрола за пучот да успее и да состават нова влада со нивните фалсификувани резултати, нема да има кој да ги стави во затвор, дури и полошо неизвесни 'револуционери' ќе го егзекутираат Груевски, нема да има кој да го заштити.
ова е за друга тема ама ми се допаѓа твоето рразмислување, секако се надевам дека нема да се оствари
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom