Македонски звучи подобро (полуфинале)

  • Креатор на темата ЏинЏер
  • Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Џ

ЏинЏер

Гостин
Епа драги мои, стигнавме и до четвртиот круг на изборот за најдобра македонска песна „Македонски звучи подобро“. Бидејќи следните кругови ќе бидат се’ пократки, нема потреба да отвораме нови теми за секој од нив, така што ова е темата на која ќе гласаме од овој круг, па се’ до финалето, кое, ако продолжиме со ова темпо, би се случило на почетокот на октомври.

Како мала ретроспектива на она што се случуваше во претходните кругови, еве ја листата на топ 5 песни со најголем вкупен број на гласови заклучно со третиот круг:
  • Ареа – Сите мои слики (62 гласа)
  • Кемал Монтено – Кој да ти каже Ивана (50 гласа)
  • Драган Мијалковски – 223305 (48 гласа)
  • Брејк – Во бестрага ( 46 гласа)
  • Трајче Манев – Осамен (46 гласа)

И „најлошите меѓу најдобрите“ – оние што имаа среќа да влезат во четвртиот круг и покрај малиот број на гласови:
  • Љубојна – Многу ми го фалат бабо вашето девојче (5 гласа)
  • Тони Зен и Нокаут – Исти (8 гласа)
  • Дани Димитровска – Црно на бело (9 гласа)
  • Бадмингтонс – Ако ми дадеш (9 гласа)
  • Зоран Стаменковски – Се на свое место (10 гласа)

Во четвртиот круг имаме 64 дуели, односно 128 песни. Листа на песни – ТУКА.

Начинот на гласање веќе ви е познат:
  • Дуелите се објавуваат секој ден во периодот 19:00-20:00.
  • Се гласа за една песна во еден од дуелите или по една песна од двата дуели.
  • Во случај на изедначен резултат, победникот се бира според вкупниот број на гласови од претходните кругови.


И да не должам многу, еве ги дуелите за денес:



 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
  1. ДАНИ ДИМИТРОВСКА - ШТО ДО ТОГАШ
  2. АРЕА - СИТЕ МОИ СЛИКИ
За да направам сефте :ROFLMAO:

Инаку мало инфо на 24 август 2015 година Македонски звучи подобро ќе наполни две годинки, веќе ќе може и да пропее :D шала на страна две години не се малку секојдневно да се објавуваат нови дуели.
 
Последно уредено:
Член од
11 февруари 2009
Мислења
1.072
Поени од реакции
1.144
  1. ДАНИ ДИМИТРОВСКА - ШТО ДО ТОГАШ
  2. АРЕА - СИТЕ МОИ СЛИКИ
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom