Македонија - внатрешни случувања (генерална дискусија)

  • Креатор на темата Shellshock nam67
  • Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
12 април 2010
Мислења
10.060
Поени од реакции
15.032
Ало бре..во Прилеп (град/општина) нема албанци, албанци има во Долненска општина
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Затоа сега во Ѓорче не смеат да поминат!!!
Абе колку пати кажа дека дека си/сте јаки, ај напиши уште 50 пати. Ви истепаа 30 годишни мажи до смрт на 100 м од куќата, 80% од локалите ги држат браќата од Сарај, а ти овде ми промовираш сила. За тоа во колкав процент ги има во Ѓорче и околина пак се закон.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.773
Поени од реакции
9.896
Mislam deka vladeackata koalicija ima odgovornost da pokaze deka Makedonija e pravna drzava i deka storitelite,direktnite izvrsiteli i potiknuvacite na ovie incidenti ke bidat soodvetno kazneti. Politickoto rakovodstvo na MVR ima celosna odgovornost da ja zacuva doverbata na graganite vo policijata..
Me интересира од тебе мислење како Турчин,едно генерално, за малцинствово..сум слушал дека и Турците неможат да ги смислат,иако верата ви е иста... точно или не?
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.124
Поени од реакции
83.724
Просто мислење, ептен просто. Затуцано.
Еве, јас вечерва ќе спортувам со Албанци. И знам дека можат да ми го пукнат носот (исто како што Македонец ми го спука минатиот пат), ама тоа ќе биде ненамерно. Или да си зеам палка за секој случај и да ги претепам само затоа што се Албанци? Не тропајте глупости. Бројот на забегани и лесно запаливи Албанци е еднаков на заебагни и лесно запаливи Македонци. Тие што си бркаат друга работа, не се глупи да потпаѓаат на вакви провокации и да излезат надвор и да претепаат некого само затоа што не е од нивниот етникум.
Да, гледам дека ти сеуште праксата ја именуваш со збор со речиси спротивно значење - инцидент.

Еднаков бил бројот на "забегани" Албанци и Македонци?
Епа зашто бројот на напади врз Македонци е далеку, далеку, далеку, далеку.........................далеку поголем?

Или кога мислиш на забегани Македонци, мислиш на забегани во стилот на Кили или оној од Студени Нозе?


Патем, еве листа (од 2012 година) на сите напади од страна на Албанци врз Македонци или неалбанци (Власи, Срби...) кои се каури:

(тука не влегуваат вакви вести, или недај боже вакви, тие се мајчји кашаљ више. Плус речиси сите напади врз цркви се изоставени.)

- 25 јануари 2012 -
Албанци од Струга го поддржаа човекот што го запали македонското знам
Неколку стотини Албанци вчера попладне се собрале пред судот во Струга за да му дадат поддршка на Минир Исмаили, човекот што пред два дена го запали македонското знаме пред општинската зграда во градот.
Протестот за поддршка на Исмаили се одржувал додека тој бил пред истражен судија, а граѓаните барале да не му биде изречена мерка притвор.
Тој е обвинет за предизвикување национална, расна и верска омраза и раздор и нетрпеливост.

- од 31 Јануари 2012 –
Во селото Мала Речица, Тетово, вечерва е запалена штотуку обновената црква Св.Ѓорѓија.
Пожарот зафатил еден ѕид од црквата откако засега непознати лица поставиле даски покрај него и ги запалиле.
Противпожарните служби се на терен. Штетата засега не се знае.

- 23 февруари 2012 -
15-годишно момче повредено во тепачка во автобус попладнево
Петнаесет годишниот Александар М. заврши в болница попладнево, откако беше повреден во тепачка меѓу две групи средношколци – Албанци и Македонци.
Инцидентот се случил во автобус со број 65 во скопско Стајковци, по претходна вербална расправија. Откако излегле надвор од автобусот, конфликтот ескалирал.
Полицијата го расчистува случајот.

- 27 февруари 2012 -
Претепан тинејџер во автобус во Чаир
Непознати лица во група помеѓу 10 и 15-мина на број нападнале 19 годишно момче на улицата Цветан Димов во Чаир.
Момчето имало повеќе повреди по главата и по телото. Инцидентот се случил околу 20 часот вчера вечер. Нападанатиот тинејџер од македонска националност се возел во автобусот број 57 кој сообраќал од Радишани кон центарот на Скопје.
Поголема група помлади патници во автобусот се организирала и го нападнала момчето кое било претепано. Полицијата соопшти дека жртвата била нападната без повод и дека презема мерки за да ги пронајде напаѓачите

- 2 март 2012 -
Недолични песни на натпреварот Лирија-Торус СЦБТ
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на натпреварот присуствувале околу 500 навивачи. Околу 150 биле фанови на Лирија. Група од десеттина навивачи од нив за време на натпреварот пееле недолични песни.

- 2 март 2012 -
Во Бутел претепан Македонец од група Албанци Група десетина лица од албанска националност претепале момче од македонска националност на улица Босна и Херцеговина пред старата општина Бутел.
Сашо Ц. бил нападнат од група од 8-10 малолетни лица, кои го удирале со тупаници и клоци во пределот на главата и телото нанесувајќи му видливи повреди.
Нападот врз малолетникот во полициска станица околу 18:45 часот го пријавил неговиот татко. Според пријавата Сашо бил нападнат без никаков повод.

- 2 март 2012 -
Хорор филм во Гостивар
Мета им беа локалите во сопственост на Македонци Се е искршено, ни јавува нашиот извор. Кафичот Бејби Блуе и дискотеката В-клуб се испокршени, и од надвор и одвнатре. Бутици, продавници, месарницата МЕГА, сендвичари, наплатниот центар на ЕВН, банките и останати објекти …сите излози , прозори и врати се искршени од камењата и топките снег со кои маваа протестантите. Демолирани биле и неколку возила. Никој не излегол надвор, исплашено набљудувале од балконите и терасите. Од страв многу од продавниците и угостителските објекти не ни отвориле утринава. На улиците од Македонците имало само малкумина мажи.

- 2 март 2012 -
Претепано 15 годишно момче во Скопје
Попладнево околу 17:15 во Скопје на улица Мирче Ацев бб. спроти Тинекс група од 5-6 лица од албанска националност претепале 15 годишно момче од македонска националност, информираше МВР.
Петнаесетгодишниот Матео Т. бил нападнат од засега непознати лица кои го удирале со клоци и тупаници по главата и телото. Од тоа нападнатиот се здобил со видливи физички повреди.

- 03.03.2012 -
Двајца Албанци без повод и причина нападнале 17-годишно момче што се возело во автобусот што застанал на последната автобуска станица во село Никиштане.
Момчето добило шамар и бокс, а било навредувано и во текот на патувањето кон село Никиштане.
Патниците успеале да ги раздвојат напаѓалите, по што возачот отворил врата и тие побегнале.
Полицијата од Ѓорче Петров презема мерки за пронаоѓање на напаѓачите на малолетното момче од Волково.

-03.03.2012 -
Кичевчанецот Славко Петрески завршил во болница. Нападнат е околу 2 часот по полноќ од Зекири Урим.
Скршен му е носот а со повреди се здобил и во делот на тестисите. Во обид да интервенира и да помогне и полицаецот Васе Миновски бил нападнат.


- 04.03.2012 –
Две момчиња на возраст од 12 години, денеска се ограбени во центарот на Скопје. Како што соопшти МВР, настанот во полиција го пријавил таткото на едно од момчињата.
Според МВР три засега непознати лица, денеска околу 12 часот ги пресретнале момчињата пред интенрет кафето Ентернет на улицата 8 Март во центарот на Скопје.
Ги фатиле за јакинте и почнале да ги влечат, а откако момчињата, пружиле отпор, извадиле нож и им се заканиле дека ќе ги убијат. Потоа ги одвлекле 20 метри подалеку и почнале да ги претресуваат. Им одзеле мобилен телефон, околу 500 денари и ранец.
Од МВР велат дека суште нема никакви инфомации за евентуалните сторители на ова разбојништо, но дека се работи на неговото расветлување.

- 04.03.2012 –
Деветнаесетгодишно момче е прободено со нож во градниот кош откако разминувајќи се удрил во едно од група лица од албанска националност, соопшува полицијата.
Настанот се случил во 19,30 часот пред Скопската чаршија, кога Ф.Д. бил физички нападнат од четири непознати лица, при што бил удрен во пределот на градите.
Причина за физичкиот напад било тоа што додека се разминувале со лицата, едното од нив се удрило со Ф.Д. со рацете, по што истото на албански јазик му се обратило со зборовите: “Што се шириш толку“, а потоа од појасот извадило нож со кој му ја нанел повредата.
На Ф.Д. му е укажана лекарска помош во Градска болница, каде му е констатирана телесна повреда и е задржан на опсервирање.

- 7 март 2012 -
Претепан ученик во дворот на средното земјоделско во Тетово
Двајца од нив, кои од порано ги познавал, му се доближиле и без повод и причина почнале да го удираат по главата и телото, а потоа на нападот му се приклучиле и другите три лица. Реагирале тројца професори и го прекинале нападот, а напаѓачите избегале.
Потоа случајот е пријавен во полицијата. Сите петмина се идентификувани, а полицијата соопшти дека сите ќе бидат повикани на разговор. Тепачката има и меѓуетнички карактер со оглед дека напаѓачите биле Албанци, а нападнатиот Македонец.

- 07.03.2012 -
Скопјанец на 19-годишна возраст бил нападнат од три непознати лица и избоден со нож во грбот.
Инцидентот се случил 15 минути пред полноќ на булеварот „Крсте Мисирков“, кај надземниот пешачки премин.
Повреденото момче е префрлено во Градската општа болница каде е констатирана тешка телесна повреда и е задржан за понатамошно лекување.
Од страна на СВР Скопје се преземаат мерки за откривање на сторителите и за расчистување на случајот.

- 08.03.2012 -
Ноќеска околу 00:40 во Скопје на улица Цветан Димов на автобуската станица спроти трговскиот центар Чаирчанка во автобус на ЈСП со број 57 се качиле две лица од албанска националност и физички го нападнале Пеце.Н.
Го удирале и го влечеле но не успеале да го извлечат од автобусот кој веќе почнал да се движи.
Напаѓачите со тврд предмет искршиле две стакла од задната врата.
По автобусот почнале да трчаат 10тина лица од кои едниот успеал да се качи и да го нападне возачот. Откако го сопрел автобусот влегле и останатите 10тина лица и почнале да го демолираат возилото.
По инцидентот со телесни повреди на клиника се јавиле 36 годишниот возач Васил Д. кој е задржан на лекување и 22 годишната патничка Катерина Д.

- 08.03.2012 -
Уште еден напад се случил утрово во автобус на Јавното сообраќајно претпријатие “Скопје“. Третиот напад во последното деноноќие се случил околу 10,40 часот во автобусот со број “65“ на автобуската кај Бит Пазар во Скопје.
Група од 16 до 18 напаѓачи се качиле во автобусот на постојката кај средното училиште АСУЦ “Боро Петрушевски“ и пред автобусот да застане на постојката на Бит пазар нападнале двајца патници.
Кога автобусот доближил до станицата Бит Пазар кај 26-ти јули, информираат од полицијата, лицата без повод ги нападнале со тупаници осуманесетгодишниот З.С. од селото Црешево и Т.И. (20) од Скопје.

- 09.03.2012 -
Двајца браќа на возраст од 28 и 31 година вчеравечер биле претепани од група од околу седум лица од албанска националност, во близина на стадионот во скопската населба Ѓорче Петров.
Тие почнале да ги удираат по телото со палки, притоа нанесувајќи им сериозни телесни повреди.
Браќата веднаш биле пренесени со возило на Брза помош на Клиниката за трауматологија, каде биле задржани на лекување.
Полицијата го потврдува случајот, и информираат дека работат на откривање на сторителите.

- 09.03.2012 -
Во Полициската станица во Гази Баба синоќа е пријавено дека група од 5-6 малолетни лица оштетиле 10 возила на ул.„Антон Попов„ позади бензинската на „Макпетрол.
Малолетниците на возраст од 14-16 години ги искршиле ретровизорите на неколу автомобили.
Од страна на полицијата во Гази Баба во тек се мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот.

- 09.03.2012 -
Вчера нешто пред 20 часот во близина на Основниот Суд во Тетово, физички било нападнато 17- годишно момче од група од 2 до 4 лица.
Според информациите до кои дојде Сител напаѓачите без никаков повод и причина се нафрлиле врз момчето и почнале да го удираат.
Во инцидентот тој се здобил со полесни телесни повреди.
Инцидентот најверојатно има меѓуетничка димензија бидејќи нападнатото момче било од македонска, а напаѓачите од албанска националност.
МВР ја потврдува информацијата. Велат дека тетовската полиција ги превзема сите неопходни мерки за расчистување на случајот

- 09.03.2012 -
Непознат сторител фрлал со камења по 65-ка кај Бит Пазар при што биле скршени предните стакла на автобусот. За среќа во инцидентот нема повредени.
По тепачките во автобусите, инцидентите се префрлија надвор од нив. Вчеравечер околу 19,30 часот автобусот со број 65 на Јавното сообраќајно претпријатие, што тргнал од Транспортниот центар кон селото Стајковци, полн со патници, бил каменуван кај надвозникот на Бит Пазар. Сторителот ги искршил предните и страничните стакла на автобусот, но за среќа нема повредени.

- 9.03.2012 -
Вечерва околу 19 часот на кејот кон Градскиот парк 4 лица од албанска националност претепале три малолетни деца од македонска националност.
Напаѓачите покрај со клоци и боксови децата ги тепале и со метална шипка.
Две деца се здобиле со потешки повреди. Едното од повредите со шипка е пренесено во градската хируршка болница.

- 9.03.2012 -
Уште еден инцидент на улица Шуто Оризари се случи вечерва кога 4 лица од албанска националност физички го нападнале 20 годишниот Муса Б.
Жртвата поминала со полесни повреди во пределот на главата.
При напуштањето на местото на настанот напаѓачите испукале 2 куршуми во воздух.

(Муса Б. е неалбанец)

- 9.03.2012 -
15 годишната Ѓургица вечерва била нападната на улица Коце Стојчевски додека се дви„ела со својата другарка.
Двете девојчиња биле пресретнати од група од 5 непознати лица на возраст од околу 18 години од алабанска националност и без повод и причина биле нападнати, дознаваме од извори во полицијата.
Ѓургица била удирана во пределот на главата и со нога во пределот на задникот. Со висок тон напаѓачите и се обратиле на албански јазик.
СВР Тетово презема мерки за расчистување на случајот.



- 9.03.2012 -
Дваесет и петгодишно момче доцна ноќеска беше прободено со нож во центарот на Скопје по, како што известува полицијата, расправија со друго момче.
Ноќеска околу 2,30 часот А.Ч., заедно со девојката, се движеле по улицата Рузвелтова во скопската населба Дебар Маало, кога дваесет и тригодишниот С.С. поради претходна кавга го прободел со нож во градите.
Момчето во моментов се наоѓа на одделението за Интензивна нега во Градската хируршка болница “Св. Наум Охридски“. Оттаму велат дека е поврзано на апарти и засега е стабилно.
Полицијата се уште е во потрага по напаѓачот.

- 10.03.2012 -
Р.И., вработен на наплатната рампа кај село Желино, доцна синоќа пријавил дека бил физички нападнат од страна на две лица.
Откако Р.И. не ги пуштил да поминат без да платат патарина излегле од возилото, влегле во кабината и физички го нападнале удирајќи го со тупаници во пределот на главата, при што му нанеле видливи повреди.

- 10.03.2012 -
Вчера околу 17:40 часот, во Скопје на ул.„Славеј Планина“ во домот на Ѓ.Б. (61), влегле Р.М. (21), О.М. (15), С.М. (37), Р. М. (40), Б.М. (27), Р.М. (63) и С. М. (16) сите од Скопје и со камења, безбол палки и други тврди предмети почнале да кршат по куќата при што ја искршиле влезната врата, прозорите од куќата, и целосно го искршиле излогот на дуќанот.
Ги нападнале Ѓ.Б., Н.Б. (58) и С.Б. (36). Тројцата повредени биле пренесени во Ургентен центар каде што им се констатирани тешки телесни повреди. МВР ги привела лицата кои го извршиле нападот и против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.



Не е готово, подоле продолжува.
 

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.726
Поени од реакции
21.304
Просто мислење, ептен просто. Затуцано.
Еве, јас вечерва ќе спортувам со Албанци. И знам дека можат да ми го пукнат носот (исто како што Македонец ми го спука минатиот пат), ама тоа ќе биде ненамерно. Или да си зеам палка за секој случај и да ги претепам само затоа што се Албанци? Не тропајте глупости. Бројот на забегани и лесно запаливи Албанци е еднаков на заебагни и лесно запаливи Македонци. Тие што си бркаат друга работа, не се глупи да потпаѓаат на вакви провокации и да излезат надвор и да претепаат некого само затоа што не е од нивниот етникум.
Колку не си само во право ... ама тоа додека не ти тропне и на твоја врата па брзо ќе смениш мислење .

Кога говориш вакво нешто ги ставаш и двете страни во ист кош , само што едните се криминалци тепачи дилери на дрога, оружје проституција убиства и така натака а другите се оние на кои им пукнало филм (со чисто досие) , ама сите им рипнаа зашто биле ВМРО-вци .

Четворица од приведените кои се идентификувани како насилниците од пред интернет кафето, и порано прекршочно и кривично се пријавувани за „кражби“, „тешки кражби“, „разбојништва“, „насилства“ и други прекршоци, информираат од МВР.
Јаким бил крив ? Ова што се случуваше беше се според план , почнуваајќи од Јаким ... или како што кажа другар ти Dardan-ia .. "е како не бе за еден шамар бокс 5-6 брцања со нож ли се убива човек " . Најди ми ти еден македонец што ќе извади нож и ќе се осмели да брца другa личност зашто ете му е интересно !!!! Срамота
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.124
Поени од реакции
83.724
Продолжение од погоре:

- 10.03.2012 -

Вчера околу пладне, засега непознат сторител го украл македонското знаме кое било поставено во комплексот Арабати Баба Теќе во Тетово, соопштија од СВР Тетово.
Во текот на вчерапниот ден во периодот од 11.00 до 13.00 часот, од страна на непознато лице е украдено македонското знаме кое било поставено во комплексот Арабати Баба Теќе во Тетово, поставено на Бектешката заедница во Република Македонија – Света Столица Тетово.
СВР Тетово превзема мерки за расчистување на случајот.

- 10.03.2012 -
Инцидентите продолжуваат. Синоќа околу 21 часот четири лица се тепале на скопската улица Цветан Димов во Чаир. Тие претходно се расправале по што започнала тепачка пред спортската обложувалница, Спротлајф. Едно од момчињата извадило нож, а според првичните информации немало повредени.
Жителите од околината го пријавиле случајот во полиција , но полицијата не затекнала ниту едно од момчињата. Им било посочено дека во случајот е вмешано 17 годишно момче од село Блаце, кај кое бил направен претрес. Кај него биле пронајдени нож со сечиво долго 8 сантиметри и боксирач.

- 10.03.2012 -
Градски автобус со број 57 е каменуван ноќеска околу 00:45 пред трговскиот центар „Чаирчанка“. Неколку лица со камења почнале да фрлаат по автобусот, кршејќи ги стаклата. Покрај автобусот настрадало и патничко возило Пежо кое било во непосредна близина на автобусот. Според МВР нема повредени. Полицијата идентификувала тројца од напаѓачите, и истите ги привела на распит. Се работи за лица од албанска националност.

- 10.03.2012 -
Двајца тетовчани пријавиле дека ноќеска во 1 часот и 40 минути биле нападнати од група лица од албанска националност. Според . Д.К.(23) и Н.К.(23) додека се движеле по булеварот „Маршал Тито“ во близина на сендвичарницата „Шатци“ без повод и причина биле нападнати од 6 до 7 млади лица кои им се нафрлиле, ги собориле на земја по што почнале да ги тепаат.
Наишла полициска екипа и успеала да ја прекине тепачката, но при интервенцијата на еден полицаец му е наесена исекотина на лицето поради што полицаецот е задржан на лекување во Тетовската клиничка болница. Напаѓачот е веќе идентификуван и се работи на негово пронаоѓање.

- 10.03.2012 -
Претепан уште еден малолетник. 15 годишниот Андреј К. бил нападнат поладнево околу 17 часот, од страна на поголема група лица од албанска националност. Го пресретнале пред интернет кафулето Ентернет на улица Орце Николов во Дебар Маало. Благодарение на зголемената полициска контрола низ градот петмина од напаѓачите биле приведени. За жал, момчето завршило во Градската хируршка болница.
Овие од ДПА изглеа биле.

- 10.03.2012 -
65 годишен маж жртва на уште еден напад на насилниците кои тепаат случајни минувачи. Аце О. вечерва околу 19 часот и 40 минути бил претепан од група непознати лица во Ѓорче Петров. Десетина насилници го пресретнале пред Евопската очна болница Св.Лазар и почнале да го удираат со безбол палки, боксови и клоци во пределот на главата и телото. По ова напаѓачите се дале во бегство преку мостот кон Сарај. МВР трага по нив.

- 10.03.2012 -
15 минути по 19 часот во паркот во населбата Ченто три непознати лица од албанска националност без повод и причина го нападнале малолетникот Филип Н. Бил удрен со бокс во главата по што избегал од местото на настанот.

- 10.03.2012 -
Двајца скопјани биле нападнати час пред полноќ во близина на амбулантата кај Бит пазар.
Сторителите засега се непознати.

- 10.03.2012 -
Во 23.10 часот, пак, на ул. „Цветан Димов“ во Чаир, лицата А.Ф. (19) и Т.Б. (19) од Скопје без повод биле нападнати од десет лица на возраст од 20 до 30 години. Биле удирани со тупаници и клоци по главата и телото и добиле видливи повреди.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.738
Поени од реакции
18.484
Убо им е, шо бараат таму, знаат дека ги напаѓаат баш на тие места. Убаво рече Сајбер едно време, како можат тие да се информирани за се, а нашиве како дудуци се силат на празно.
Не се бламирај.....
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.206
Поени од реакции
34.443
:)))

И што, поради ова треба да ги мразам СИТЕ Албанци?
 
B

Beck's

Гостин
Me интересира од тебе мислење како Турчин,едно генерално, за малцинствово..сум слушал дека и Турците неможат да ги смислат,иако верата ви е иста... точно или не?
ne sakam da navredam nikogo no ovde bi ti kazal jas kako e, turcite se isti ko romite vo ova smisla. Znaci zavisi kaj ziveat, ete na primer u Tetovo turcite ve mrazat a u nekoe drugo mesto kaj ste vie mnozinstvo ne mrazat nam. Romite od Potok zborat makedonski a onie od Teqe albanski. Od tie na Potok imase sto sedea kaj punktot blizu stadionot u 2001, a tie od Teqe sedea so UCK. Personalno mislenje, nisto drugo ;)
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
2.746
Поени од реакции
1.288
:)))

И што, поради ова треба да ги мразам СИТЕ Албанци?
друже,ако Македонците предизвикале 4-5 инциденти во овие 10тина дена,овие другите предизвикале најмалку 20,водат негде со 5-1 фудбалски кажано(пос портот си ептен),а се официјално околу 25% од популацијата,па рачунај ти сега КОЈ Е КРИВ !
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
4.133
:)))

И што, поради ова треба да ги мразам СИТЕ Албанци?
не,само да сфатиш дека не е еднаков бројот на забегани албанци и Македонци...
Колку што изедоја ќотек последниве 10 ден. Македонците во оваа држава,немаат изедено нашите во околните држави последниве 10 г.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom