Македонија - Данска [21.01.2012 - 18:15 ч.]

  • Креатор на темата Мартин`
  • Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
М

Мартин`

Гостин
Иако имам 38+ температура сепак сакам да ја отворам и втората тема за 2рата победа против Данска :D

По одличната игра и победа против Чешка, Македонија успеа да ја оствари првата победа на ова Европско првенство што ни овозможува понатамошен пласман во втората група во Белград каде што нашите навивачи ќе извршат инвазија се надевам. Македонија во втората група пренесува 1 бод а сегашни противници во новата група ќе бидат репрезентациите на Данска, Србија и Полска односно првите 3 пласирани репрезентации во групата А.

Табелата во новата група изгледа вака ..
1. Германија - 4
2. Србија - 4
3. Полска - 2
4. Македонија - 1
5. Шведска - 1
6. Данска - 0

Натпреварот се игра на 21 Јануари (Сабота) во 18:15 во Белградската арена чиј капацитет е скоро 23.000. Мое мислење е дека Македонија повторно ќе успее да издвојува победа (иако тесна) против Данска.. ова победа против Чешка ќе им даде многу повеќе самодоверба и мотив да направат нешто повеќе и во оваа следна група, се гледа дека играчите работеле на тактиката уште повеќе и тоа ме радува и ми дава отпимизам дека ќе оствариме добар успех.

Ајде со господ напред во нови победи, па бујрум повелете :coffee:
 
Член од
18 април 2010
Мислења
2.656
Поени од реакции
3.570
Нема да игра во Пионир?
Арена е многу голема бе.
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.830
Поени од реакции
6.383
Чисто се сомневам дека Данците ќе киксант пак.Два пати е премногу за вака силна репрезентација.Во лоша форма се ќе мора тоа да го искористиме,верувам и самодовербата им е доста опадната и тоа е добро за нас.Сепак и такви никакви данците се врвот на ракометот.Нивната трета постава реално може по квалитет да ни парира.Добро е што забранија тропалки во салите,па нема ко ретардирани нивните да можат да лупаат со нив.Да им ѓи дозволеа и 15 000 Македонци во Белград нема да бидеме доволни да ги надгласаме.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
После ова денес за мене се е бонус.
Ќе пишам само што ме загрижува за понатамошните дуели. Најмногу се плашам од физичката форма на нашите играчи. Мајко моја колку ќотек изедоа. Многумина од нив веќе имаат повреди. И самиот Кире кажуваше дека изеле невиден ќотек, за кој нормално судиите се правеа на Тошо и сега ни криви ни должни ќе имаат хендикеп на тој план.

Како и да е во тек е операција наречена: Окупирај го Белград. 100 децибели се смешка за нас. Можеме ние повеќе и подобро. Со среќа момци. (y)
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.001
Поени од реакции
5.635
Најсилниот дел од навивањето ми е кога викаме... Многу сме јаки!!! Тоа е врвот, криво ми е што нема да одам во Белград, бев во Хрватска баш против Данска и би сакал реванш :) Тогаш Наумче и Алушовски беа повредени па едвај не победија, ама сега им нема спас, посебно ако се игра како денес во второто полувреме.
 
Член од
29 август 2008
Мислења
2.646
Поени од реакции
931
Мора да се искористи слабата форма на Данците, очајно изиграа досега и се најголемо разочарување според мене од тим кој претендира за висок пласман.
Натпреварот се игра во Пиноир и очекувам да има уште позрела и посмирена и сигурна игра во напад и брзо враќање во одбрана за да спречиме брз центар.
 
Член од
19 октомври 2010
Мислења
576
Поени од реакции
344
Момциве според мене не се надминаа на оваа утакмица... Нивното допрва следува! Се виде дека можат да се носат со секоја репрезентација и самите сме свесни што пропуштивме против Шведска и Германија, али топка е се врти никој небеше крив (но стално има такви што мора да јадат :гомце:, али опростено им е посилно од нив е хејтањето)
Со мала анализа, да се увидат грешките, да не се избрзува, да се игра мушка одбрана со сецкање на играта на 9метри (+пресинг), во напад да се разигруваат и крилата да не се чека само на бекови би стигнале и подалеку од што очекуваме, али ај да почекаме и да видиме... Шундовски мора да стапи на сцена со воиграни акции, ротации, до сега се вадевме на искуство (читај Кире јер да многу плукаа ама нека проверат статистика!) али тој не е тренер да донесува секогаш одлуки (па после он ви е крив) мора малку Шундо да стегне, да се разигра и Наумче и се да биде како подмачкано, зашто момциве стварно тоа и го можат, а и го заслужуваат!!!
За кого?
Па се знае, ЗА МАКЕДОНИЈА!!!!
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Анализа подоцна, сега за сега значи ова е официјалниот распоред на натпреварите:

‎21 јануари : Македонија - Данска (18.15 ч.)
23 јануари : Македонија - Полска (16.20 ч.)
25 јануари : Македонија - Србија (20.15 ч.)

Две работи уше да додадам:
1. Кире: „ Раширете крила играјте за Mојсо не се моткајте по средина “:pos:

2. Ние можеме и појако против Дaнска:

:cuc:
http://www.tv4play.se/sport/sporten?title=se_de_makedonska_fansens_firande&videoid=2141197

:cuc:

 

Кико Д.

ULTRAS - way of life
Член од
26 јануари 2010
Мислења
11.435
Поени од реакции
9.676
Анализа подоцна, сега за сега значи ова е официјалниот распоред на натпреварите:

‎21 јануари : Македонија - Данска (18.15 ч.)
23 јануари : Македонија - Полска (16.20 ч.)
25 јануари : Македонија - Србија (20.15 ч.)

Две работи уше да додадам:
1. Кире: „Отворете игра не се моткајте наоколу“:pos:

2. Ние можеме и појако против Дaнска:

:cuc:
http://www.tv4play.se/sport/sporten?title=se_de_makedonska_fansens_firande&videoid=2141197

:cuc:
Ќе се добијат првите неоправдани во второто полугодие уште првиот ден :D. Ама ако, нека се множат само ние да победваме :)
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.580
Добри беа денес, само Кире многу утки прави, мора малку повеќе да се потруди за да докаже дека е прва класа играч.
Второто полувреме ни беше одлично. Така треба и со Данска да изиграсме.
Чудно денес Столе слабо го гледав, во минатите натревари повеќе играше.
 
В

Вори

Гостин
Навредување не доаѓа во обзир,евентуално мала критика,ама и тоа не е на одмет.

Данска е сила,реално да зборуваме.Налик на Шведска,брз и модерен ракомет.Корпулентни и големи играчи,треба да се надминеме себеси.
Ништо не е невозможно.Ракометот и кошарката ни се во подем,затоа веќе верувам дека можеме да победиме секого,за разлика од минатите години.
Чуда се случуваат,жив пример ви беше 4-то место во Литванија :)

Има уште нешто.Борко не е разбранет како што треба.Мојсо не е разигран како што треба,истото важи и за Лазаров.
Ама нели,мора да им тргне некогаш,така?Па двајца од горенаведениве да функционираат како што треба,а останатите да играат како досега,ете ја посакуваната победа.

Замислете бај д веј,колку јако би било да ги тепаме и Данска и Полска,па со домаќинот да решаваме за полуфинале.Уффф!
 

Bianconero vero

Il Capitano
Член од
10 ноември 2008
Мислења
9.237
Поени од реакции
8.135
Добри беа денес, само Кире многу утки прави, мора малку повеќе да се потруди за да докаже дека е прва класа играч.
Второто полувреме ни беше одлично. Така треба и со Данска да изиграсме.
Чудно денес Столе слабо го гледав, во минатите натревари повеќе играше.
Нема потреба Кире ова да го докажува. Одамна е се докажано и покажано. Доволно е да одигра со срце за Македонија како што и досега играл и резултатите ќе си дојдат сами по себе.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom