Македонија Вечна - Скопје

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.311
Поени од реакции
46.071
Добар спот за с.Скопје..
......и пак ќе повторам од горе, ОВА НЕ Е СКОПЈЕ!!!!
така е соборецу, прав си

еве го правото Скопје. Aко сакаат да го вратат духот на градот, под итно да срушат све и да направат пак аутобуска на плоштадот.​
 
Член од
25 јануари 2011
Мислења
2.263
Поени од реакции
5.081
Споредбата Скопје - Лондон... priceless.
онтопик: фрлање пари за глупости.
 

Dave

subcomandante
Член од
15 февруари 2008
Мислења
1.663
Поени од реакции
2.949
Aко сакаат да го вратат духот на градот, под итно да срушат све и да направат пак аутобуска на плоштадот.


Дух не враќаат згради и асфалт....луѓето и нивниот меѓусебен однос....дух може и фавела да има....
Ова на спотов има се', само дух нема...
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
така е соборецу, прав си

еве го правото Скопје. Aко сакаат да го вратат духот на градот, под итно да срушат све и да направат пак аутобуска на плоштадот.​
Е ОВА Е СКОПЈЕ
чудо,во овие двоспратни автобуси сум се возел,многупати
а во овие денешниве„маде ин чајна“- се уште не,
-од лева страна на сликата,паркчето каде ќе испоседневме и ќе гледаме некој филм во „кино џабе“,се прожектираше од Офицерскиот дом на еден бел ѕид на една куќа.
- Вардар ловевме и ракови,тука лево од мостот,а потоа дојде пола МАкедонија да сере во него,и со заминаа на југ.
- банката,онаа преку реката,ги нема рекламите на петте зелени човечиња,а ние дечиња застанати на мостот гледаме како се палат и гасат,едно по едно.
- Гази Баба -„гола“- ПМФ во цела големина видлив.
- лево на тротоарот,стаклениот столб,каде се поставуваа слики од најновите филмови што доаѓаа во градскоте кина.
Точно знаевме кога се тие менуваа и одевме тој ден предпладне да видиме,што филм има наредните денови.
-потоа тоа „култно“,место на прочуеното скопско корзо.
- во средината (веројатно) саобраќаен милицаец,треба да стои на подигнатото стојалиште до него,и го регулира саобраќајот,помеѓу автобусите,пајтоните и чезите,и на еден час-два некоја опел Олимпија или фиат Тополино.
-кон средина на плоштадот „амал“,ја влече количката,од железничка станица кон чаршијата.За овие луѓе повеќе ќе напишам во “ Еврејско мааало,во мојте сеќавања“.
- првпат гледам слика од плоштадот без (секојдневната слика) скопските гулаби (по скопски),пешки требаше да пвнимаваш каде одиш,ти се плеткаа помеѓу нозе.
-десно во дрвата преку реката-автобуската станица.
-крајот на мостот невидлив и не го коментитам,а има што.
- се уште ги нема овдека познатите сакцции во два реда кој го делеа плоштадот на улица и шеталиште.
-многу малку народ на плоштадот-сликано е во тек на работно време,некаде околу пладне.
 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
Иако не сум живеела во тоа време, сликите и коментарите кажуваат дека е многу поубаво од ова денешното
 

Kajgana Shop

На врв Bottom