Мазохизам

ZoraNaSlobodata

Чоечко суштество
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.736
Поени од реакции
111
Мазохизам претставува психолошка состојба во која некое лице ужива при понижување и нанесување на болка врз него.

Овај термин се користи за да се опиши ментална болест, психопатологија или сексуални активности.Терминот е извлечен од името на авторот и новинар Leopold von Sacher Mazoch.

Значи еве со краток вовед,темата е посветена општо на мазохизмот.

За почеток дали меѓу почитуваните форумџии има мазохисти кои уживаат да им биди нанесена болка? :pipi:
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.784
Поени од реакции
4.023
Сите сме и мазохисти и садисти во некој дел од денот/неделата/месецот/годината.
Тоа го добиваме како гратис коа се раѓаме како луѓе.

Не сум знаела дека е ментална болест...хм.
 

ZoraNaSlobodata

Чоечко суштество
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.736
Поени од реакции
111
Сите сме и мазохисти и садисти во некој дел од денот/неделата/месецот/годината.
Тоа го добиваме како гратис коа се раѓаме како луѓе.

Не сум знаела дека е ментална болест...хм.

Така пиши во Вики,уште и како психијатриско пореметување :toe:
 

DonJas

Married and Happy
Член од
22 јуни 2008
Мислења
2.651
Поени од реакции
586
Така пиши во Вики,уште и како психијатриско пореметување :toe:

Всушност и е пореметување, немаше да ми представува задоволство да се истурам на ѕидот кога сум нервозен да не беше пореметување, ама среќа само кога сум нервозен. После тоа онака ке искршам рацете, ама се осеќам подобро, ја истурам таа негативна енергија што е во мене.

Магде ме караше да најдам друг начин да не кршам раце и прсти, ама не биват, тое.

Сеа се трудам помалку да се нервирам, да сум поладнокрвен, среќа ми успева, па неам многу потреба да се пробувам против ѕидот од мојата лева страна.
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
За почеток дали меѓу почитуваните форумџии има мазохисти кои уживаат да им биди нанесена болка? :pipi:
Не уживам но некогаш просто ко да сакам да страдам, да бидам онеправдан, отколку некој друг да биде онеправдан поради мене, но само на ментален план. Посебно во емотивни врски :) Ваљда за да можам да имам што повисоко мислење за себеси. Нескромно би рекол дека тоа е еден од моите адути, способноста за поднесување болка. На прв поглед ме слабее, но длабоко внатре ме челичи, од темел. Како што беше во еден од филмовите со Гавранот (The Crow), - болката е мојата сила. И омразата. :)
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.329
Поени од реакции
7.796
Мазохизам садизам, садо-мазохизам, садо мааазо....
Поимот садизам е добиен по легендарниот француски писател Маркиз де Сад, кој го интересира што е тоа да си го прочита човекот, а не Википедија да ја користи како извор, посебно ја препорачувам Жустин.
Е сега мазохизам човек да ужива во болка :icon_lol:, тешка работа тоа само на филм го имам видено, и филмот си е филм а реалноста реалност.
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Епидемија од широки размери,особено за најголем дел од женската популација на Балканот а веројатно и пошироко.
Емоционално задоволство од страдање мизерија и болка,поради целосно или делумно блокирани механизми за доживување задоволство.
Активна потрага по страдање мизерија и болка како замена за радосни,убави,позитивни и конструктивни работи.
Желба за изнаоѓање на ситуации кои водат кон пораз,разочарување,безнадежност,немоќ,апатија...

Сексуална сублимација.

Потекнува од разно разни трауми и кондиционирања длабоко закопани во катакомбите на потсвеста.

Некаде познато под името патриотизам.
 

ZoraNaSlobodata

Чоечко суштество
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.736
Поени од реакции
111
Мазохизам садизам, садо-мазохизам, садо мааазо....
Поимот садизам е добиен по легендарниот француски писател Маркиз де Сад, кој го интересира што е тоа да си го прочита човекот, а не Википедија да ја користи како извор, посебно ја препорачувам Жустин.
Е сега мазохизам човек да ужива во болка :icon_lol:, тешка работа тоа само на филм го имам видено, и филмот си е филм а реалноста реалност.
Сега види,не мора да биди како на филмојте или во настраните порничи.Ако видиш секој чоек барем понекогаш ужива да си нанесва себеси болка,макар и во мали количини.

Исто така,прочитај го Toe cutter.Баш во тој правец поќе сакав да се развива темата,за таков вид мазохизам :)
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.329
Поени од реакции
7.796
Сега види,не мора да биди како на филмојте или во настраните порничи.Ако видиш секој чоек барем понекогаш ужива да си нанесва себеси болка,макар и во мали количини.
Јас никогаш не сум уживал така да не генерализирај.
Инаку познати ми се тие финти со гасење цигари од сопствената рака и слични глупости, ама тоа се само адолесценски игри ништо повеќе.
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Јас никогаш не сум уживал така да не генерализирај.
Инаку познати ми се тие финти со гасење цигари од сопствената рака и слични глупости, ама тоа се само адолесценски игри ништо повеќе.
Мазохизмот е општо познат преку неговата сексуална сублимација,но ни од далеку не е ограничен на сексот туку го има насекаде.За некои тоа е дури и животна филозофија.
Мазохистите доаѓаат до задоволство во претежно или исклучиво негативни ситуации кои им штетат и ним и на околината (затоа често се мешаат поими како садо и мазо,што е и нормално на некој начин).
Наоѓаат емоционална сатисфакција во работи кои им носат болка,незадоволство,несреќа,мизерија,понижување...секако секој си има право да си избере пат во животот но проблемот е што таквите луѓе не се сами туку во интеракција со други и ним им предизвикуваат или пренесуваат такви емоции и ситуации.
Секако сево ова зависи од основната дефиниција дека задоволството претставува позитивно искуство (среќа,радост,еуфорија,ведрина итн.).

Една од работите кои ги нема кај животните (во случајов луѓето можат да научат од нив)...освен веројатно овците...

Инаку во психологијата не е никогаш званично признаен мазохизмот како болест или нарушување поради политичката коректност.:tapp:
 
Член од
8 мај 2009
Мислења
284
Поени од реакции
102
Сите имаме барем мал процент на садо - мазохизам во нашиот живот :) зависи од периодот. Тоа се работи и во склопот на нашиот. Јас конфликтите на личноста понекогаш ги нарекувам садо мазохистички. Зошто? Има периоди кога еден дел преовладува и го казнува другиот цело време додека тој трпи и не се бунтува, абе глас не му се слуша. И јас така тогаш си ги трпам интроектираните гласови во главата кои дозволувам да ме критикуваат и да управуваат со мојот живот ткаејќи ми несвесно маска, да ме шамараат се додека не се удавам во солзи каејќи се за некоја одредена моја постапка :uvo: сите имаме такви периоди поаѓајќи од самите себе, а потоа следат и случки од секојдневниот живот и кои се движат во граница на нормалата, но има некои луѓе излегуваат од колосек. Но секој си знае како му е најарно, не навлегувам во другите животи, секогаш можам и смеам да зборувам само за себе:pipi:
 
K

Kicky

Гостин
Садизмот и мазохизмот во психијатријата не се ништо друго туку посебен вид на патолошка сексуалност. И овие два поими влегуваат во склоп на квалитативните нарушувања на нагоните кај луѓето т.е нагонот за одржување на видот - сексуалниот каде што се постигнува сексуално задоволство ако на партнерот му се зададе болка односно ако се трпи болка.
 
S

smart ass

Гостин
Точно и сексуалноста е важна,но фактор овде е и воспитувањето на индивидуата како и однесувањето на средината спрема него.
 

Keepitreal

И сега ?....
Член од
18 септември 2012
Мислења
386
Поени од реакции
371
Да ! Јас сум масохист, се во границите ( исклучок е коа имам борба ). Пример коа правам спаринг или коа имам борба, ме сити коа примам удари и чувствувам болка. Значи обожавам коа ме удира некој, стално му се смеам коа примам удари од противникот. Али само во ова област..
 
Член од
7 април 2012
Мислења
961
Поени од реакции
703
Да ! Јас сум масохист, се во границите ( исклучок е коа имам борба ). Пример коа правам спаринг или коа имам борба, ме сити коа примам удари и чувствувам болка. Значи обожавам коа ме удира некој, стално му се смеам коа примам удари од противникот. Али само во ова област..
Дај да се собереме десетина души да те исчеличеме :D...ем ќе ти биде убаво ем ќе се испукаме ние....а после противникот нема да може да те тепа толку колку што можеш да издржеш
 

Kajgana Shop

На врв Bottom