МЕПСО ќе гради сноу-борд патеки

Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
МЕПСО ќе гради сноу-борд патеки


Државната компанија за пренос на електрична енергија ќе гради терени за зимски спортови. Според тендерите објавени деновиве, МЕПСО бара изведувач на објекти планирани за Крушево и за Осогово а за националниот парк Галичица изработувач на студија.

- „Во ски-центрите Пониква и Крушево ќе се градат сноу борд паркови, ќе се постават машини за вештачки снег (водени топови) и осветлување на патеките. За Галичица ќе се прави физибилити студија и мастер план за да се утврди дали има економска оправданост за изградба на ски парк“- велат од МЕПСО.

Колку пари ќе чинат проектите ќе се знае кога тендерите ќе завршат. Од енергетската компанија уверуваат дека патеките и студијата нема да ја зголемат цената на струјата.

-„ Инвестициската програма е одобрена од Владата, во чија сопственост е АД МЕПСО. За овие инвестции МЕПСО има обезбедено финаниски средства од досегашното работење. Овие активности нема да предизвикаат зголемување на трошоците ниту МЕПСО ќе бара корекција на тарифата што ја добива од РКЕ.“- одговорија од МЕПСО

Причината што државната енергетска компанија финансира терени за зимски спортови, од МЕПСО го објаснуваат со нивната општествената одговорност. Проектите биле дел од инвестициската програма за јавен интерес.

Извор
 

бутЕ

старлета
Член од
29 март 2011
Мислења
2.231
Поени од реакции
3.830
Друже шо бара темава во Македонски Градови??
 

Andrew

ќ
Член од
27 октомври 2011
Мислења
5.832
Поени од реакции
15.261
фак јеа !
конечно на Пониква
 

acetetovo

Македонец!
Член од
1 мај 2007
Мислења
4.002
Поени од реакции
2.375
Која логика е да ја оскапат струјата за 20% а ваму да се расфрлаат со пари!? Народов едвај крај со крај врзува овие со сноуборд патеки се расфрлаат!:facepalm:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom