Лоботомија

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Лоботомијата претставува посебна неврохируршка постапка со која по хируршки пат се отстранува дел од мозокот на пациентот.Се изведува врз пациенти со тешки психијатриски пореметувања,кога психологот и психијатарот дигнале раце и го сметаат за безнадежен случај, после сите сеанси,терапии,психоанализи,лекови,електро и инсулински шокови,епилептични шокови со кардиазол и слични методи како последна инстанца останува лоботомијата,некој вид “сребрен куршум“ за спас на умоболниот пациент.

Во зависност од какво пореметување треба да се третира во основа постојат три вида лоботомии :vozbud:

1.Фронтална, која се користи за најтешки случаи и се изведува со бушење дупка во черепот на пациентот :vozbud: при што се елиминира дел од фронталниот кортекс на мозокот.За оваа цел се користи инструментот леукотом, метален, со кој се сече мозокот, а има и друга посуптилна варијанта каде се вбризгува висококонцентриран алкохол во кортексот.



2.Префронтална, која се користи во тешки случаи, за разлика од фронталната се користи прецизен скалпел со кој се сече дел од кортексот.



3.Трансорбитална, која се користи во не толку тешки случаи и била најчесто употребувана, процедурата се состои од ставање на специјални
инструменти во очните дупки од каде се допира до фронталниот кортекс и се врши кратка и брза интервенција со прекинување на некои нерви.



Пионери во областа на лоботомијата биле германскиот лекар Готлиб Буркхарт кој ги извел првите лоботомии во модерна смисла (уште во античко време имало операции на мозокот зо цел да “излезат лоши духови“ од главата, трепанација и други ни малку нежни методи на лечење на лудилото) во 1888.
Лечел неколку пациенти, првиот лоботомиран пациент умрел за пет дена,вториот за нешто подолго од јак епилептичен напад,кај третиот операцијата била успешна но извршил самоубиство по неколку месеци,четвртиот и петтиот не покажале никава реакција после лоботомијата а шестиот и седмиот станале некако премногу “тивки“ после процедурата...
Со тек на време лоботомијата се усовршувала, а револуција направил португалскиот лекар Антониу Егаш Муњиз кој во триесетите ги дефинирар трите вида на лоботомија во зависност од степеност на умоболност на пациентот.Во кариерата извршил стотици лоботомии.
На наеговата работа се надоврзале англичаните Фултон и Карлајл кои лоботомирале шимпанза со установено лудило во лабораторија за да добијат експериментални резултати кои подоцна би ги користеле врз луѓе.
За залугите во усовршувањето на лоботомијата Др.Муњиз добил нобелова награда за медицина во 1949 година,која подоцна предизвикала контроверзи бидејќи оваа процедура почнале да ја сметаат за нехумана и варварска.

Во САД лоботомијата доживеала свои ѕвездени мигови, на пример до 1951 биле изведени преку 20.000 лоботомии, во Канада се вршеле по 150 до 160 лоботомии годишно, во Британија биле лоботомизирани 17.000 пациенти, а врвот оваа постапка го доживеала во Сакндинавија каде се изведувале далеку најмногу лоботомии по глава на жител.



Меѓу најпознатите случаи на лоботомија се сестрата на американскиот претседател Џон Ф. Кенеди која била лоботомирана на 23 години, Шведскиот сликар Сигрид Хјертен кој умрел одма по лоботомирањето, Кандаскиот пејач Ализ Роби, Хауард Дали кој бил присилно лоботомиран на 12 годишна возраст и подоцна напишал книга за неговите страдања и други...



Лоботомијата била присутна и во многу литературни и филмски дела, а највпечатливи се секако „Лет над кукавичкото гнездо“ и “Пи“ (со славната сцена на своерачна лоботомија со бор-машина...:vozbud:)

Во нашите три лудници (Бардовци,Демир Хисар и Негорци) овој третман не бил во програмата на лечење.

Што мислите за оваа медицинска постапка, дали е хумано или не, и дали би прифатиле да бидете лоботомирани доколку нема друго чаре?
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Исто како што не прифаќам во основа еутаназија и абортус исто така не прифаќам и лоботомија.
Е сега дали би прифатил лоботомија лично на себе некогаш? Па не сум луд :icon_lol:, само луд може да го побара тоа и луд може да се согласи на таква постапка.......
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Исто како што не прифаќам во основа еутаназија и абортус исто така не прифаќам и лоботомија.
Е сега дали би прифатил лоботомија лично на себе некогаш? Па не сум луд :icon_lol:, само луд може да го побара тоа и луд може да се согласи на таква постапка.......
Па не е исто лоботомија со еутаназија и абортус...кај овие имаш смртен исход по правило, а кај лоботомијата многу ретко...
Имало присилна и доброволна лоботомија.Кај првата лекарите или родителите-старателите го праќале лицето да му извадат дел од мозокот, а кај втората која е сега на сила,бидејќи е забранета присилна во повеќето земји, пациентот доброволно бара да му се одстрани парче од мозокот со цел да стане нормален т.е. да ја излечи болеста на тој начин...

Јас сум неутрален по тоа прашање...во принцип не, ама знаеш како велат...never say never...:vozbud:
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.447
Поени од реакции
5.130
:vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:

Инаку кај доста луѓе во светот е "вршена" лоботомија или масовно перење мозоци. :vozbud::vozbud:
 
Член од
26 април 2010
Мислења
501
Поени од реакции
21
Овде требе да се испита можност не за отстранување на мозок туку за дотурање на мозок, на одредени поединци.....
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.818
Поени од реакции
12.308
Ќе почна одназад :)
Скоро гледав еден филм "Session 9" во кој се работи за расчистување на една болница Danvers State Insane Asilum (дсиа) заради повторно активирање на истата. Болницата навистина постои и се претпоставува (според Вики) дека таму е започнато со префронтална лоботомија (дел од дејството беше поврзано со лоботомијата).
It is rumored to have been the birthplace of the pre-frontal lobotomy.
Во филмот беше накратко опишано како се врши лоботомија како и тоа дека пациентите после лоботомија носат црни очила ради оштетување на окото (затоа што алатката се провлекува низ окото). За ова Тојкатер колку е точно со очилата не ми е познато.

Туку, прво размислував дали е оваа техника во ред или не, истовремено барајќи на нет податоци за успешност и резултати од примената на лоботомијата. Истите укажуваат на многу релативни резултати при примената.
Од една страна најдов податоци дека околу 40% случаи се успешни, позитивни резултати 35%, слаби резултати 25% (Вики) со смртност до 3%. Овие бројки укажуваат на успех, но од друга страна од пациентот како што сфатив се добива целосен идиот, односно човек неспособен за водење било каков живот. Од трета страна, оној за кого би бил наменет ваков зафат секако дека не бил способен за водење било каков понормален живот па сходно на тоа за мене е оправдано да се проба макар да се доведе таков крајно болен човек во некоја состојба како овие гореспоменати пациенти
а шестиот и седмиот станале некако премногу “тивки“ после процедурата...
Инаку и мене ми делува на варварско и нехумано, но кога ќе се видат пациентите, нивното секојдневно однесување кон себе и околината, начин на не/функционирање и постојаниот прогрес на одредени ментални болести...ех, човек да не знае што е "подобро"...од две зла, поголемото.

--- надополнето ---
 
T

theTinule

Гостин
Каков и да е човекот, дали неможе да зборува, да не може да контролира движења, зборови итн. , после операцијата има загарантираност дека пациентот ќе стане „понормален“? Нема.
Со лоботомијата постои ризик после тоа да умре. Вреди ли да се уништи човечки живот за вакво нешто од кое што нема никаква полза?

Не, не оправдувам каков и да било вид на лоботомија. Не е хумано во никој случај.

Никогаш не би направила лоботомија! Само што, секако, мене нема да ме прашаат, па можно е да бидам првиот пациент во Македонија.
 
S

smart ass

Гостин
Доколку се продлжат истражувањата јас веруам дека сепак има и добра страна...никој не ви дава право да убиете...налик еутансија или пак абортус,но си има стручнњаци кои можат да определат дали самата метода ќе го реши случајот.




Луртз не знам дали си чул за јунит 731...тоа е куп "хумани" биолози,генетичари...научници-и навистина биле напредни и имале многу знаење...бидејќи испитувале врз ЛУЃЕ,биле користени разнични токсини,,па различни методи.(имало дури и смрзнување на екстремитет кај пациент кој добил гангрена и отстранување на истата)..и како резултат на овие истражувања јапонија успева да убие илјадници благодарение на овие експерименти...менгеле за нив е тинејџер забеган....но поентата ми е НЕ БИЛЕ КАЗНЕТИ-Причина ги предале документите на САД(од програмот).

 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.818
Поени од реакции
12.308
Имам гледано доку. за оваа единица ама толку беше морбидно што не го догледав. Експериментите кои се вршени врз недолжно население се исто така морбидни како и оние со лоботомијата. За лоботомија во смисол дека истата не била практикувана само врз крајните и безнадежни случаи.
И да, нацистите обвинувани за страшни злостори се далеку помали крвници во поглед на експериментирањето отколку другите држави (Јапонија, САД, па не знам, можеби и СССР)

Се во интерес на науката :(
и парите

Додаток-дефинитивно не за лоботомијата како лек или експеримент. Не гледам дека кај некого е постигнат успех со примена на овој вид лекување/блокирање, што и да е.
 
S

smart ass

Гостин
Ирониата е што НЕ ОДГОВАРААТ!!!!!

ОК се случило што се случило....резултатите се практични(јапонците виде дури до детали испитувале.т.е биле први на тоа поле)...чуму на САД и Сојузниците им биле потребни тие резултати????

Едноставно-да ја продолжат нивната работа само што во случаов не врз луѓе(ма и врз луѓе де) само што овде математички можеле веќе да го моделираат ширењето и ефектите на заразата....исто било и со третманот од експолозив,напалм..се верува дека јапонците се први кои успеале да напрват химера организам т.е лек кој уште повеќе ќе ја појача болеста па дури и активира трета.

Што се однесува до лоботомијата факт е дека била вршена и врз луѓе кои не прифаќале(денес се врши врз животни),но на крај краеви и да успева лоботомијата отстранувајќиго лудилотосепак ако продуцира истата лица неспособни за било каков придонес за заедницата тогаш е неприфатлива.
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Ќе почна одназад :)
Скоро гледав еден филм "Session 9" во кој се работи за расчистување на една болница Danvers State Insane Asilum (дсиа) заради повторно активирање на истата. Болницата навистина постои и се претпоставува (според Вики) дека таму е започнато со префронтална лоботомија (дел од дејството беше поврзано со лоботомијата).
Во филмот беше накратко опишано како се врши лоботомија како и тоа дека пациентите после лоботомија носат црни очила ради оштетување на окото (затоа што алатката се провлекува низ окото). За ова Тојкатер колку е точно со очилата не ми е познато.

Туку, прво размислував дали е оваа техника во ред или не, истовремено барајќи на нет податоци за успешност и резултати од примената на лоботомијата. Истите укажуваат на многу релативни резултати при примената.
Од една страна најдов податоци дека околу 40% случаи се успешни, позитивни резултати 35%, слаби резултати 25% (Вики) со смртност до 3%. Овие бројки укажуваат на успех, но од друга страна од пациентот како што сфатив се добива целосен идиот, односно човек неспособен за водење било каков живот. Од трета страна, оној за кого би бил наменет ваков зафат секако дека не бил способен за водење било каков понормален живот па сходно на тоа за мене е оправдано да се проба макар да се доведе таков крајно болен човек во некоја состојба како овие гореспоменати пациенти Инаку и мене ми делува на варварско и нехумано, но кога ќе се видат пациентите, нивното секојдневно однесување кон себе и околината, начин на не/функционирање и постојаниот прогрес на одредени ментални болести...ех, човек да не знае што е "подобро"...од две зла, поголемото.

--- надополнето ---
Пациентите кои биле третирани со трансорбитална лоботомија носеле затемнети очила некое време по операцијата,поради заштита на очите,точно...
Инаку првите лоботомии датираат уште од антички времиња иако не под тоа име,кога се бушеле дупки во черепите на умоболни лица и се вадел едл од мозокот на примитивен начин за да се “истераат лошите духови“ кои како се верувало го “запоседнале“ човекот т.е. лудилото за кое се немало јасна претстава што претставува точно...
Првите модерни лоботомии иако пак не под тоа име се во Германија при крај на 19. век (Др.Буркхарт)...самото име лоботомија точно е дека се поврзува за САД каде овој термин влегол во употреба во триесетите години, а Данверс лудницата е навистина една од најпознатите места кои практикувале лоботомија, најчесто присилна врз пациенти.
Инаку точно после процедурата посебно со фронтална и префронтална најчесто се добиваат “растенија“ но со трансорбиталната пациентите можат да продолжат со животот горе-долу нормално...



Интересно но во СССР оваа процедура се користела само неколку години и била напуштена како пракса поради нехуманоста...дури и забранета во 1950.

Во САД голем проблем претставувал фактот што лудниците биле преполни и немало место за нови пациенти, ниту пак за доволен третман на оние кои веќе биле институционализирани,па многу лекари се решавале за лоботомија кај тешки случаи само за да не се замараат повеќе со нив и да ослободат место за нови пациенти...Најозлогласен бил Волтер Фриман кој е рекордер по изведени лоботомии во светот...кај него завршувале и луѓе од кои семејството сакало да се отараси па ги праќале на лоботомија под изговор дека ги фаќа лудило.Многу потенцијални наследници на имот и пари завршиле под чеканот и шилото за кршење мраз на Фриман поради вакви причини...

За успешноста имало различни мислења но преовладало мислењето дека резултатите се скромни поради можноста лудиот да заврши како идиот или имбецил...Белгија на пример сеуште ја има оваа терапија и годишно вршат околу 70 лоботомии...



Подоцна бројот на лоботомии бил значително намален со појавувањето на лекот Торазин кој се сметал за “хемиска“ лоботомија...



Ова е МекЛин ВИП лудницата каде своевремено се разгледувала можноста за лоботомија на поетесата Силвија Плат, пејачот Реј Чарлс и други познати личности...

Доколку се продлжат истражувањата јас веруам дека сепак има и добра страна...никој не ви дава право да убиете...налик еутансија или пак абортус,но си има стручнњаци кои можат да определат дали самата метода ќе го реши случајот.

Луртз не знам дали си чул за јунит 731...тоа е куп "хумани" биолози,генетичари...научници-и навистина биле напредни и имале многу знаење...бидејќи испитувале врз ЛУЃЕ,биле користени разнични токсини,,па различни методи.(имало дури и смрзнување на екстремитет кај пациент кој добил гангрена и отстранување на истата)..и како резултат на овие истражувања јапонија успева да убие илјадници благодарение на овие експерименти...менгеле за нив е тинејџер забеган....но поентата ми е НЕ БИЛЕ КАЗНЕТИ-Причина ги предале документите на САД(од програмот).
Да, единицата 731 на чело со Др. Широ Иши претставува најлошото можно од медицината,изведувале и лоботомии,анестезијата била непознат поим...но оваа единица како и Менгеле или Карл Клауберг се случаи на тешка злоупотреба на медицината во воени и идеолошки цели...
 
S

smart ass

Гостин
Трансорбилталната лоботомија има....иднина.

Имено вршени се низа експерименти во случајов со канцер на црниот дроб,и користејќи ја модерната технологија научниците испешно вбризгувале азот...умртвувајќи ги канцерогените клетки.

Ова може да се употби и кај трансорбиталната...и да нема колатерална штета т.е да нема здрави мозочни клетки жртви на алкохоло:vozbud:
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Документарец за Волтер Фриман кој лоботомирал илјадници лица меѓу кои и четиригодишни деца кои пателе од она кое денес се нарекува хиперкативност (АДД) и се лекува со риталин...овој херој на медицината - едноставно ги лоботомирал...

 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
мало надополнување - кај нас има четири лудници...ја заборавив Демир Капија...
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Јас сум неутрален по тоа прашање...во принцип не, ама знаеш како велат...never say never...:vozbud:
Имаш камен во бубрегот и ти или докторот наместо каменот сакате цел бубрег да го извадите. Во пракса лоботомијата е тоа дисекција на дел од орган.....
Е сега подобро е со еден бубрег да живее човек или со два?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom