1,Мислам дека лицимерството освен шо може да се открие по некои постапки (на пример: премногу комлименти, умилкување, "на зорле" смеење...) може да се познае и по некои физички знаци (некои велат дека на лицимерните луѓе очите "им играат" како на лисица).:jaj:Не разгледав дали постои ваква тема,ако постои извинете ме,и слободно преместете ја :smir:
Моите прашања во врска со ова тема се:
-Како да ги откриеме лицемерите? Постапки...
-Што потоа со нив?
-Што ако некоја личност ја засакаме премногу,и дури потоа увидуваме дека не е всушност онаква каква што се претставила?
Што потоа?
Очекувам ваши размислувања...
За третово апсолутно истово имам да го кажам,, потполно истата ситуација.. Баш поради ова,,затоа што ми се има случено мислам дека треба да бидеме претпазливи секогаш за кој и да станува збор..Затоа што обично предоцна дознаваме колку луѓето околу нас се навистина она што сме мислеле дека се..3,И јас имав еден ваков случај. Ништо. Едноставно се одалечивме малку, согледав како стојат работите. Денес сме блиски, но не толку колку шо некогаш бевме. Тоа никогаш нема да го имаме повеќе. Од мое лично искуство ве советувам дека не треба на сите слепо да им веруваме и да се "крстиме" на нив. Еднаш се изгорев,и никогаш повеќе. Денес внимавам на кого му верувам и колку му верувам.
Како ќе ги тестираш? За да тестираш некого треба да претпоставуваш дека е лицемер. За да претпоставуваш претходно треба да имаш лично лошо искуство што наликува на лицемерие со него или некој друг од твојата околина. И тоа не е гаранција бидејќи луѓето не се лицемерни со секого на ист начин. Зависи од тоа што им треба од тебе и колку ти им играш улога во животот. Значи и претходно некој да ти каже дека одредена личност е лицемер може и да не се испостави како точно во односот кон тебе и обратно.Testiraj gi bez da te otkrijat.:smir:
Veruvam deka ne postoi covek koj ne doshol vo sudir so licemeri.Како ќе ги тестираш? За да тестираш некого треба да претпоставуваш дека е лицемер. За да претпоставуваш претходно треба да имаш лично лошо искуство што наликува на лицемерие со него или некој друг од твојата околина. И тоа не е гаранција бидејќи луѓето не се лицемерни со секого на ист начин. Зависи од тоа што им треба од тебе и колку ти им играш улога во животот. Значи и претходно некој да ти каже дека одредена личност е лицемер може и да не се испостави како точно во односот кон тебе и обратно.
Лицемерот, ама оној "професионален" e многу тешко да го пробиеш. Оговарачот можеш да го тестираш и кога ќе си ја слушнеш "доверената тајна" од други знаеш на што си. Ама лицемерот ако не го знаеш можеш многу да го платиш.
За да некој лицемерно се однесува кон тебе мора ти да му играш улога во животот. Мора да зависи од тебе на некаков начин и да се однесува лицемерно. Луѓето денес (освен искрено блиските луѓе) ако немаат било каков интерес од тебе не те перцепираат, а не да си трошат време, енергија и стратегии за лицемерство на некој небитен во нивниот живот. На ова мислев кога реков дека треба да му играш некаква улога во животот.Veruvam deka ne postoi covek koj ne doshol vo sudir so licemeri.
(mozno e samo vo slucaj da ne primetil ili da ne doznal)
Odnosot na sekoj covek ne e ist kon sekogo,taka da na kazanato ne mozesh da se potpresh se slozuvam.Za da me zainteresira nekoj i da mu napravam test" ne treba jas da mu/i igram uloga vo negoviot zivot,tuku toj vo mojot ....site onie licemeri koi sekojdnevno se sretnuvaat ne me ni intresira dali se licemerni....ednostavno samo ti ugoduvaat.....ne preci dokolku ne ti zastanat na patot,a dokolku zastanat poveke ne se licemeri...tuku se luge so stavovi(vakvi ili onakvi)...
Da, tocno e deka "profesionalniot" licemer teshko se otkriva no sekogash postoi nacin dokolku te zainteresira se razbira...
- Прво, лицемер од моето размислување, се познава по тоа што без исклучок нема да каже лош збор за тебе, но ќе каже илјадници лоши за илјадници други луѓе. И како што некој рече, не мора од корист, стил е тоа. Така е човек навикнат.-Како да ги откриеме лицемерите? Постапки...
-Што потоа со нив?
-Што ако некоја личност ја засакаме премногу,и дури потоа увидуваме дека не е всушност онаква каква што се претставила?
Што потоа?
Очекувам ваши размислувања...
Кога ќе налетам на вакви постови, просто се чудам како сум успеала да ја контролирам потребата за повраќање.Лицемерните сами се откриваат. После некој твој успех на некое поле, тие во првите доаѓаат да ти честитаат, ама и ти нагласуваат дека и тие на некој начин имаат заслуга, или дека ти помогнале. Лицемерните сами се откриваат, наша работа е да ги препознаеме и да ги изолираме од нас, зошто од нив нема аир.
100% се согласувам со ова и би надоврзал: лицемерието е само средство за преживување. Мислам, со нашите најблиски сме 100% искрени (барем сметам дека така би требало да биде) и им мислиме најдобро и тие нам и немаме никаква резера пред нив. Со луѓето што ги гледаме еднаш месечно на некакви состаноци, на пример, зарем ќе ги искажеме сите наши најдлабоки мисли и чувства?Сите ние сме лицемери, од прв до последен, лицемерни сме со своите пријатели, со луѓето во кои што сме заљубени, со нашите родители и со нашите деца, никој не е изолиран од оваа човечка особина која што секој од нас сакал или не ја стекнал со животот на оваа планета.
Човекот секогаш има базична потреба да биде допадлив, да биде сакан или да биде почитуван, за тоа да го постигне „маските“ кои што ги става лицемерно на него не се ништо друго туку кислород за да преживее или уште подобро за да живее, а не само маргинално да егзистира.
Има разлика меѓу ситуации во кои лицемерно се однесуваш и лицемерие како константна карактеристика. Не е ниту страшно, ниту осудувачки ако во одредена ситуација, некогаш, ретко постапиш лицемерно доколку ситуацијата го бара тоа. Но, да ти е дел од карактерот, да ти е дел од начинот на однесување со другите е страшно. И треба да се избегнува втората категорија, ама не од причина што им судиме на лицемерите, туку со нив не знаеш на што си. Не знаеш дали тоа што го кажуваат е така или праат лице у моментот. Од вакви луѓе не си сигурен да побараш ниту совет, ниту мислење, ниту сугестија, а такви на никого не му требаат у секојдневна комуникација. :smir:Кога ќе налетам на вакви постови, просто се чудам како сум успеала да ја контролирам потребата за повраќање.
Лицемерите треба да се изолираат, треба да ги препознаеме, треба да ги распнеме јавно на плоштад и да ги посочиме како зло во нашето ооо прекрасно општество преполно со хуманизам и алтруизам.
Абе ајде!
Сите ние сме лицемери, од прв до последен, лицемерни сме со своите пријатели, со луѓето во кои што сме заљубени, со нашите родители и со нашите деца, никој не е изолиран од оваа човечка особина која што секој од нас сакал или не ја стекнал со животот на оваа планета.
Човекот секогаш има базична потреба да биде допадлив, да биде сакан или да биде почитуван, за тоа да го постигне „маските“ кои што ги става лицемерно на него не се ништо друго туку кислород за да преживее или уште подобро за да живее, а не само маргинално да егзистира.
Затоа со постови од овој вид, само се повеќе разбирам, најлошата форма на лицемерие е онаа што ја имаме кон себе!
Жалосно!:turn: