Еххх, мн ми е криво што не ти го начекав описов, пред да тргнеме. Мн добро си го опишал островот..... Јас денеска се вратив и можам да кажам дека до сега најубав остров од веќе видените ( Тасос, Скијатос )...... таква вода, бистрина у живот немам видено.
Прво да кажам дека овој остров не е за помалку од 10 ден, нас аранжманот ни беше 7 дена, од кој првиот ден целосно пропадна, затоа што дури во 15ч стигнавме по локално време, ужас.... Бевме сместени во Нидри, конкретно Вила Спирос, преубава со поглед на море, меѓутоа Нидри не го препорачувам за смештај поради тоа што се утепавме од возење за да стигнеме до плажите. Само што се сместивме, правец да бараме ауто, кога скоро сите рент а кар, освен Авис ( кои мн се знаесуваа со цените ) не работеа од 14-18ч, и тука останавме заебани со првиот ден, моравме да чекаме да отворат а на градската плажа не ни се одеше. Среќа се најдовме со еден Грк, мислам Хомер се викаше агенцијата, со ценкање се погодивме за 25 евра за ден, 7 дена.
Првиот ден се упативме кон
Агиофили, човеков напомена да ја оставиме колата во Василики, па викаме ај ќе бидеме чесни и ќе го послушаме ама некако се покајавме. Искрено патот не е толку лош , барем според мене. Ок, да не е сфалтиран, но тоа се само 2 км без некои посебни кривини, ако се вози полека нема никакви фрки. Ама ете ние пешки си тргавнме и си ја оставивме душата по пат. Искрено, плажата не беше нешто посебно, малецка е, кон 12ч веќе стана гужва и почна да станува напета, но секако за прв ден на нас супер ни беше....лежалките беа по 10 евра, и имаше некое мало барче за кафе,сок, коктели.
Порто Катцики беше втора на ред, тргнавме преку Василики, по тоа угорниците, точно возевме 1:30ч, по ужасни кривини....она баш да ти се смучи додека да стигнеш, ама ја догледуваш плажата и одма забораваш на се
Преубаво нешто, водата чиста, чиста, местото е рај. Е сега имаше луѓе, а веќе бевме 13 септ, а вториот горен паркинг веќе во 12ч беше полн, верувам дека јули-август мора да се стигне порано за место.
Егремни што можам да кажам, поубаво место на Планетава барем до сега немам видено....искрено, мн се мислевме дали да се упатиме кон плажата, читав секакви коментари и некако условите за идење со кола ми делуваа прифатливи.... ја оставуивме колата покрај патот, видовме дека има и др коли, и тргнавме пешки... Првиот дел од патот е ок, малку е језиво зошто е целосно распукнат асфалтот, а откако слушнавме и за земјотресите во Ск, уште толку те лазат морници....поелка за околу 10 мин стигнавме до вториот дел.... е тука почнуваше страшното..... Јас стварно не ги сфаќам Грциве, или нека се затвори скрос патот и нека се забрани пристап со ауто или брате земи среди ја патеката, да не претерувам ама мн лесно може таму трагедија да се деси......сум качувала и планини и карпи ама ова стварно беше екстремно. Проблемот е што тргнав со онакви еспадрили за во вода, додуша ок се за карпи не се лизгаа, но сепак за оваа патека потребни се некои по ок планински патики. Ставиле од страна јаже, ама не е стегнато туку е скрос лабаво и ако се ислажеш и се фатиш за него мислејки дека ќе те додржи , одиш десно во провалијата. Па среќа еден човек позади мене го фати јажето, го затегна и чекаше да се спуштам до доле.... ај помина тоа, дојде еден мал дел кај што од лево нема јаже, а од десно срушена шипката за држење, а стрмно у пм, ставаш нога и тоа камчињата се лизгаат, па пробуваш на страна стапалото, се држиш за карпите некако и молиш бога да не се лизнеш зошто ако ти се струполиш ќе ги однесеш сите под тебе. Дечко ми беше во ок патики ама сепак дека натоварен со ранец на грб, некако се лизна и падна на гз ама успеа да се задржи. Сепак овој дел е мал, ама треба да се внимава, после дојдоа скалите и веќе ни олесни, ама и тие една скала ок една преполовена а стрмно е да рипаш скали, па полека од страна ќе згазнеш.....ииии конечно се спуштивме и повторно забораваш се што си поминал за 10 мин. Најубавиот момент е што плажата беше празнаааа, ем најубава ем речиси празна, како да бевме на некој пуст остров, а водата најчиста од било која др плажа..... Али не препорачувам идење пешки, одете со брод.... Сите напоменуваа за враќање ќе е проблем, мене за искачување ми беше мн полесно, можеби е подолго ама мн побезбедно.
Мегали Петра ми остави голем впечаток, по убавина слична на Егремни а каде-каде по пристапна, искулирана плажа со уникатен изглед, беше мирно-водата пречиста, до неа беше
Кефаликефта али мн хаотично, мала е, мн луѓе на едно емсто, галама, едноставно не ми се допадна.
Еден ден, мн ни се смучи од кривините и од долга вожња, па рековме ај ќе искулираме на лежалки на комерцијалната
Катисма.....кое кулирање, идеш околу 11 и 30 и само четврт и пет ред се слободни, ајде ок се сместуваш и почнуваат викотници... Хакуна Матата, Но Вомен но крај....те напаѓаат црнци од сите страни, рагараа бугараа, лелеее среќа си носевме слушалици, масажи, параглајдери само нешто нудат ко на пазар да си отишол..... ај влагаш у вода да искулираш и прљавштини од сите страни, лебдат фластери околу тебе....ужас.... Најлоша плажа од виденото !!!
Криво ми е што не отидовме до
Гиалос, бевме решени ама комшиите до нас ни кажаа дека дента биле и дека патот до доле бил мн лош, па се премисливме зошто колата веќе претходно на угорница ни зализга неколку пати, пошто гумите беа катастрофааа, тоа исто е лошо кога се рента пошто 100 пати ти нагласуваат дека не спаѓаат во осигурањето, кузнае од кога не беа сменети.
Инаку за 6.5 дена извозевме 580 км, со тоа што бевме сместени во Нидри, па се ни беше далеку.... али сепак ни фалеа барем уште 2-3 дена за убаво да го прошетаме островот.... Ако би се враќала повторно би го избрала за смештај Агиос Никитас или околу главниот град. Заклучокот е дека ова и те како беше активен одмор, али нас и не ни беше некој проблем зошто секогаш го превртуваме островот од шетање, али бара активност. Пр на Тасос и Скијатос, во текот на еден ден менувавме по 3 плажи, е тука го немаш тоа време, се укотвуваш на една и не мрдаш ама и нема потреба зошто не можеш да и се изнагледаш на убавината...