Летечки аеродроми на нуклеарен погон

S

Shellshock nam67

Гостин
Кога се работи за летала, поголемо е подобро. Со зголемувањето на димензиите се зголемува и ефикасноста - токму оваа филозофија стои зад огромниот Airbus A-380. Но за вистинска ефикаснсот се потребни уште поголеми димензии, многу поголеми. Всушност потребно е толку големо летало што други летала ќе можат да слетаат на него.

„Летечко Метро“ концептот е токму тоа: експресен воз на небото. Но како дел од општ метро или железнички систем, не може да се оди со експресна линија од почеток до крај. Помал автобус или воз ве носи до експресниот воз, по што друг помал воз или автобус ве носи до дестинацијата откако ќе го напуштите експресниот воз. Во случајот на Летечкото Метро нормалниот авион ќе полета од регионален аеродром, тој ќе отиде до џиновскиот летечки аеродром, каде што патниците ќе летаат неколку илјади километри по што повторно со нормален авион ќе се упатат кон друг регионален аеродром.

Џиновскиот летечки аеродром би можел да носи околу 3000 патници истовремено, и нормалните авиони или ќе слетуваат директно на неговиот „грб“ или преку некој тип на докирање ќе вршат трансфер на патници. Но ако еден од овие џиновски аеродроми постојано слетува и полетува, тоа би било крајно неефикасно; наместо тоа некој тип на нуклеарен реактор би ја создавал енергијата потребна за постојано летање.

Концептот предвидува флота од овие џиновски авиони да летаат постојано од Лос Анџелес преку Чикаго и Њујорк до Лондон, преку Европа и назад. За лет на огромно растојание, патникот едноставно ќе се качи на кус лет до следниот џиновски експрес авион и да се опушти сè додека да се приближи на својата дестинација. Потоа повторно со мало комерцијално летало ќе стигне до саканата дестинација.

Ова би било побрзо и поефикасно за патниците, и би придонело кон 40 процентно намалување на потрошувачката на гориво за патување од 965 километри па се до 80 процентно намалување на патување од 9656 километри. Но до создавањето на технологијата потребна за остварување на овој план, но ако некогаш биде остварен, би настанала револуција во воздушниот транспорт. [Nuclear powered flying airports would never have to land]
izvor 365.com.mk
 
B

Black Guard

Гостин
Здравје....безжичен пренос на енергија или фузија евентуално.

Ова би било побрзо и поефикасно за патниците, и би придонело кон 40 процентно намалување на потрошувачката на гориво за патување од 965 километри па се до 80 процентно намалување на патување од 9656 километри
На патниците баш им е гајле колку троши авионот...важни се стјуардесите:vozbud:
 

d r a g a n

Чаве
Член од
13 мај 2009
Мислења
352
Поени од реакции
82
Здравје....безжичен пренос на енергија
А Тесла? :)
_______________________________________________

Да се вратиме на темата - ја гледам логиката на тоа дека би било исплатливо на економски план, ама во блиска иднина не мислам дека ќе видиме нешто вакво.
 
Член од
26 април 2011
Мислења
23
Поени од реакции
4
Којзнае колку ќе чини билетот!? :unsure: :cuc: (гледано од македонска перспектива) :pos:
 

d r a g a n

Чаве
Член од
13 мај 2009
Мислења
352
Поени од реакции
82
Од секогаш сум бил лош во паметење датуми :)

Колку да не сме во матно, се обраќав на некој документарец шо начекав за Тесла и неговите експерименти каде се спомнуваше за бежичен пренос на енергија преку јоносферата мислам. Наводно бомбардирал некоја област во Сибир со енергија(буквално бомбардирал) од својата лабораторија во САД. Енергијата ја пренел преку јоносферата, се шпекулира.

Сепак, се шо ќе прочитам и видам на нет го читам со голема резерва и искрено не мислам дека е веродостојно.

Тоа настрана, темава е за визионери и проекти од утрешнината па мислев дека колку-толку би се вклопило и тоа во муабетов пошто некој спомна бежичен пренос на енергија.

Вашиот глупав,
... :D
 
B

Black Guard

Гостин
Тоа пријателе се шпекулации како наводно Никола Тесла ја предизвикал Тунгуска(Сибир) и е крајно смешно бидејќи и супермен тоа не го може.

2007: Using electrodynamic induction a physics research group, led by Prof. Marin Soljacic, at MIT, wirelessly power a 60W light bulb with 40% efficiency at a 2 metres (6.6 ft) distance with two 60 cm-diameter coils
Има и уште куп истражувања на ова поле ама по се изгледа тешко да биде економски исплатливо.
 
Член од
18 јануари 2012
Мислења
9
Поени од реакции
4
Досега патниците никогаш не се грижеа дали ќе се урне пистата, а сега во иднината постои можност и за таа опција.
И бесплатно атомско бомбардирање таму каде што ќе падне ова чудо.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom