Купи куќа-купи стан (v.2 - Купи куќа за млади)

Член од
5 декември 2008
Мислења
698
Поени од реакции
211
Еве да речиме не е ни 900 евра , еве да биде 500 евра..
Зарем немаш семејство, зарем не ти идат секој месец сметки ?
Колкава плата е просечна во Македонија? Вака од памет колку што знам 200-400 евра?
Што ќе правиш? Нема начин јас не знам, сеуште стојам на претходното мислење дека ова не е за посиромашните луѓе..
Од дома мислеа дека платата треба да надминува над 900 евра, а и ми се чини дека така е најреално, зошто вака е просто апсурд. Точно е ова горе, ниедна будала не би се осудила да земе кредит и тоа на толку долг период, не знам како ке го отплаќа .. ова е фантазерска идеја на владата демек нешто прајме... во реалноста е неприфатлива... изводлива е само за ретки поединци..
 
Член од
25 јули 2010
Мислења
7.382
Поени од реакции
2.398
Од дома мислеа дека платата треба да надминува над 900 евра, а и ми се чини дека така е најреално, зошто вака е просто апсурд. Точно е ова горе, ниедна будала не би се осудила да земе кредит и тоа на толку долг период, не знам како ке го отплаќа .. ова е фантазерска идеја на владата демек нешто прајме... во реалноста е неприфатлива... изводлива е само за ретки поединци..
Ете што сакав да кажам со моите 2 претходни постови ама со други зборови се изразив.
Владава демек прави нешто,a тоа е Mission Imposible.... Демек направиле нешто....
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.881
ако сака да помогне влатада може на многу подобар начин. многу е просто и едноставно. и онака се гради на велико - нека изгради згради со буџетски пари па цените на становите нека ги дава по пристојна цена на кредит на долг рок. ете со роков е некаде 20 ггодини. место камата према банката може камата према државата да се плаќа на 30 години со пониска стапка.

пример - ако ја плаќам 200 евра месечно за кредит према банката 20 години би можело да се направи да плаќам према државата по 120/130 евра на 30 годии. мислам дека по олеснителна околност е и за државата и за граѓаните кои ке се осмелат на ваков чекор. ја искрено никад не би сакал да земам кредит од банкиве зашо гледам како го враќаат луѓево и стварно жал ми паѓа.
:гомце:
Па после ко шо направија со опшествените станови што ги купија за 2000 марки а сега им бараат по 30 000 евра. Неможе сакаш да си фраер да купиш стан ортомата околу врат, па само ке чекаш некој да го клоцне столчето.
 
Член од
22 ноември 2008
Мислења
596
Поени од реакции
99
Имам прочитано на веб страната ама многу е кратко напишано и не ми е јасно, за можноста владата да ти плака половина рата??? Дали ти плаќа ем пола од сумата ем половина рата(ова малку ми е нелогично) или како???? И по колку време се плакаат тие рати по 20 год?? Во овој случај кога ти плаќаат половина рата средствата не се враќале наазд. Ај ако сака некој поупатен да ми објасни накратко
 
Член од
22 јануари 2012
Мислења
76
Поени од реакции
23
Имам прочитано на веб страната ама многу е кратко напишано и не ми е јасно, за можноста владата да ти плака половина рата??? Дали ти плаќа ем пола од сумата ем половина рата(ова малку ми е нелогично) или како???? И по колку време се плакаат тие рати по 20 год?? Во овој случај кога ти плаќаат половина рата средствата не се враќале наазд. Ај ако сака некој поупатен да ми објасни накратко
da ne pisime ista rabota po 100 pati vrati se dve tri strani nanazad i se e objasnato ;) :)
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
714
Имам прочитано на веб страната ама многу е кратко напишано и не ми е јасно, за можноста владата да ти плака половина рата??? Дали ти плаќа ем пола од сумата ем половина рата(ова малку ми е нелогично) или како???? И по колку време се плакаат тие рати по 20 год?? Во овој случај кога ти плаќаат половина рата средствата не се враќале наазд. Ај ако сака некој поупатен да ми објасни накратко
или пола од ратата во првите 5 години ( а кредитот мора да е на 20 години) или пола од учеството кое не смее да биде повеке од 25% од сумата за станот, односно тој максимум и тое 25% да се 6250 евра, е владата ти дава пола од оваа сума... усвари не ти ја дава туку на банките ја плаќа...

кога идеа рекламиве, како објаснуваше груевски, за некој кој е по малку збунет, како ти на пример, ке помисли, ебаго, овој ке ми купи стан, ја само да фрлам нешто ситно и се уселуем одма... а реалноста вели дека не се претегнаа баш, не проаѓа повеке од 3.000 евра помошта, било кој модел да го избереш, а и условите за да го земеш тој кредит се скоро невозможна мисија...
 

Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
Имам прочитано на веб страната ама многу е кратко напишано и не ми е јасно, за можноста владата да ти плака половина рата??? Дали ти плаќа ем пола од сумата ем половина рата(ова малку ми е нелогично) или како???? И по колку време се плакаат тие рати по 20 год?? Во овој случај кога ти плаќаат половина рата средствата не се враќале наазд. Ај ако сака некој поупатен да ми објасни накратко

Значи нема тука што да се објаснува Владата само ве помага првите пет години со пола од сумата за враќање према банката дел од РАТАТА не за целата сума значи преведено 25 посто од сумата која треба да ја вратите .

Ако се прекршат тие услови тогаш ги враќате парите на владата и не дај боже да не им плаќате на Банките ќе ви земат стан и плус ќе плаќате пенали.

Хорор приказна .

Можеби би било подобро да има 50 посто враќање на кредит за период до 8 – 10 години и 50 посто од сумата да се плати во кеш тоа би било фер и возможно .Има млади луѓе кои печалат надвор и можат да донесат некој динар за недвижност.

Ви текнува како вика еден мој другар.
 
Член од
5 декември 2011
Мислења
12
Поени од реакции
14
Се е тоа ок, ама во Скопје нема нови станови по таа цена. Во остатокот од МК нема нови станови воопшто. Целата оваа ујдурма само ке ги качи цените на становите во предпродажба, за кои едвај да има маркица, а камоли абер за градење. Би предложил, во корист на форумот, сите што саакат нешто да прашаат првин да ги прегледаат претходните постови, да не се повторуваме донедоглед
 
Член од
4 април 2006
Мислења
9.179
Поени од реакции
3.072
Чек сеа нешо ме интересира .... еве јас веќе имам почнато со изградба на спрат па да речиме ако земам најниската понуда 6250 евра .... колку би плаќал месечно и на колку време /

Не можам да ги разберам овие камативе како се шо се
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.209
ГРАДЕЖНАТА ЕКСПАНЗИЈА ГО ГУБИ ЗДИВОТ

Соња Јованова

За 9% падна бројот на издадени дозволи за градење лани во споредба со 2010 година, или 15% во споредба со 2009 година. Познавачите се сомневаат дека статистиката веќе почна да ја отсликува заситеноста на пазарот со недвижности

фото: Филип Поповски


280
милиони евра должат градежните компании во банките
П
о градежниот бум кој во последнте две години ги зафати македонските општини, најверојатно следи период на забавување на изградбата на станови. Последните статистички податоци покажуваат голем пад на бројот на издадените дозволи за градење од 9% лани во споредба со 2010 година, или за дури 15% во споредба со 2009 година. Статистиката регистрира и пад на предвидената вредност на објектите која само во декември лани е помала за дури 45,3% во споредба со истиот период во 2010 година.
Дел од градежните компании признават дека пазарот е веќе заситен и нема голема побарувачка за станови. Други, пак, сметаат дека проблем е тоа што сè уште многу општини немаат донесено урбанистички планови, а нема ниту слободни локации кои би биле атрактивни за инвеститорите.
За реализација на мегаломанските проекти во делот на станбената изградба, според податоците на Народната банка, градежните компании се задолжиле кај банките 280 милиони евра, од кои 7% се спорни за враќање. Познавачите коментират дека иако процентот на спорни кредити можеби не е голем, сепак, градежните компании важат за најпроблематични должници.
„Факт е дека владата се обидува некако да го задржи колапсот во градежништвото кој неминовно ќе дојде. Она што во последо време се прави е навистина за поздрав, намален данок од 5%, проектот ’Купи куќа, купи стан‘, но лошото ќе дојде во моментот кога државата ќе престане да помага. И тогаш што правиме? Од терен јасно се гледа дека нема побарувачка, заработката е многу мала. Само ние имаме 100 непродадени станови, иако секој ден продаваме по еден стан“, вели Зоран Азманов, од градежната компанија Настел.
Со проектот „Купи куќа, купи стан“ владата планира да ја засили станбената изградба, но експертите се сомневаат дека со проектот владата повеќе ќе им помогне на гредежните компании да ги продадат непродадените станови. Статстиката покажува дека во Македонија во просек годишно се градат 5.000 станови.
„Има потреба од изградба на станови, но нема купувачи и тоа е проблем. Се надеваме дека мерката ќе придонесе барем да се продадат становите кои се веќе изградени. Неколку големи станбени проекти се во изградба и допрва ќе има нови станови на пазарот. Прашање е по која цена ќе се нудат и дали ќе се продадат“, вели Никола Велковски, претседател на Здружението на градежници при Стопанската комора.
Освен дома, македонските градежни компании ја губат работата и на странските пазари. Минатата година имаа три пати помалку договорени и извршени градежни работи во странство отколку во 2007 година, кога е постигнат рекордот на извоз на градежни услуги од Македонија од дури 81.6 милиони евра. Последните податоци од Државниот завод за статистика се алармантни. За првите девет месеци лани извршени се градежни работи во странство во вредност од 27,7 милиони евра.
Светската економска криза која ги измести сите градежни параметри како градежната експанзија во земјава, проблемите со наплата на сработеното дома и во странство и неможноста од обезбедување на високите банкарски гаранции се главните причини кои ја прават 2011 година најлоша за македонското градежништво во странство.

Share




RSS

КОМЕНТАРИ
 
Член од
11 април 2012
Мислења
5
Поени од реакции
0
moze da mi kaze nekoj kolku procenti od kreditot ti davat za kupi kuka kupi stan ? primer ako stanot cini 45 000 evra? kolku od ovi pari dava bankata kako kredit ? kolku % od 45 000
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Живееме во опшество каде што човек треба да плати за три куќи или станови а да живее во една куќа или стан, и тоа се смета за нормално нешто.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
300 000 евра чинела владината реклама за овој проект. Го искористиле претежно богатите, оти сиромашните немале што да стават под хипотека. Наменет за млади брачни парови, жими газов. Перална, проект на Влада на РМ.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom