Криминалци и криминални групи во МК

Член од
12 март 2009
Мислења
19.800
Поени од реакции
15.715
Знаеш, тикви со расол, по навика си шириш дезинформации... затвор лежел...
Урко има добиено кривична за сообраќајката, уште не е подигнато ни обвинение, а и у секој случај нема да го осудат на ефективна казна затвор ако го огласат за виновен, ќе му дадат условна осуда 2 години затвор со 5 години рок на проверување, семејството потоа ќе го тужи за надомест на штета во граѓанска постапка.
да, згрешив, лежењето затвор, го помешав убиецот Спасов со Урко, но ова што пишува во постот дека Урко пред месец дена згазил дете на полна линија првпат слушам...како и да е си има од опозицијата министер на МВР, а не мешајте насилие со сообраќајни прекршоци, иако и за тешки сообраќајни прекршоци може да се лежи.. оној кај Зебра е осуден како треба...
Патем има и намерни газења, од ликвидацијата во Карпош па се до неколку случаи задниве години кога се обидуват да згазат полицаец
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.895
Поени од реакции
17.521
Добро бе како може некој за ваква работа да браните па утре може на некој твој близок или лично на тебе ќе ти се случи.Не зборувам за овие или оние за сите се додека фаќаме страни и за вакви работи ќе не газаат и тепаат по улица оти они се некој фактор у партиите.Еден грст народ останавме и пак поделби.И да не се валка повеќе оваа убава тема со дневно-партиска политика.
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.295
Поени од реакции
5.860
Македонските крининалци во најголем дел се исти со останатите словенски криминални групи, по карактер, организација, структура и криминалните активности шти ги работат.

Ако после години интерес и истражување за криминалот си дадам право да коментирам, криминалците од словенските земји се едни од најспремните во светот гледано од аспект на поединечност, од аспект на единство не е толку розово.

Зошто толку спремни ? Земјите на балканот и останатите словенски земји до пред не така одамна беа социјалистички и комунистички земји што значи обука воена за секој маж читај професионална работа со оружје. Голем дел специјалци и професионални спортисти особено од боречките спортови во овие земји стануваат дел од подземјето. Скоро секој криминалец и без такво потекло е физички спремен во смисла има тренирано боречки спорт или барем теретана, имаат искуство со повеке видови криминали и имаат политичка поддршка што е огромна привилегија. Сметам дека за успех пред се треба единство и добра професионална организација, а тоа баш фали кај нас и кај сите словенски криминални групи дури и русите што со албанците важат за најсоединети на светско ниво организации како дел од словенска група криминалци во 90-тите имало големи меѓусебни војни во подземјето со доаѓањето на цврстата рака на Путин крајот на девеести се се исхармонизирало, а албанската мафија и успехот се интересен момент со нив се подтврдува дека единството и карактерните вредности (како и кај италијанците) се многу битни ако не и најбитни во овој проклет занает.
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.295
Поени од реакции
5.860
За два дена двајца ликови од Велешкото подземје починаа

Тоше Коцев Кравата (43)
Попладнево убиен пред својот дом наводно од Шуманот (31) со околу пет куршуми, Тоше и Шуманот биле пријатели и ноќта пред убиството играле карти кај Тоше дома, која е причината за убиството не се знае. Се случило во дворот на Тоше околу 14 часот убиецот се појавил кај него на врата со пиштол и кога излегол во дворот го застрелал во градите и стомакот, убиецот не побегнал од полицијата ниту давал отпор стоел до ранетиот Тоше кој иако крварел сеуште бил жив, подоцна по пристигањето на полицијата и брзата помош околу 14:20 бил пренесен а наводно дури во 14 и 40 бил пренесен во ЈЗУ Општа Болница Велес набргу реанимиран и подготвен за операција но пред самиот почеток починал, телото е дадено на обдукција а на местото на настанот пристигнала форензичка екипа од Скопје.
Тошо Кравата е познат велешки криминалец од постарите генерации (којнички тип криминалец), братучед на познатиот Лазе Николов Чакот (убиен 2002 слично како него) и кум или кумашин на Сашко Нугербауер Лапето (во затвор) интересно е дека сите овие тројца роднини и комшии се познати криминалци и сите живеат на иста улица на дваесетина, триесетина метри еден од друг на Којник од памтивек населба легендарна по криминални херои во Велес. Тошо го памтат велешани по легендарната бејзбол палка која секаде ја носеше со себе со огромна величина, по многу тепачки и неговата храброст и лудост, по периодот кога заглави во дрогата како зависник, по тоа дека стално беше многу наоружан и со огнено оружје. Осудуван е многу пати најчесто за тешки кражби, тепачки и нелегално коцкање последен пат лежеше пред 3, 4 години една помала затворска казна. Меѓу велешани се претпоставува дека причината е коцкарски долг од причина дека со убиецот негов пријател ноќта пред убиството цела ноќ играле карти. (За жал слика неможев да најдам.)

Ти реков ми рече (најдетално објаснето) http://tirekovmirece.com/Novost/Убиство--на-Којник

Канал 5 со репортажа за настанот http://www.kanal5.com.mk/vesti_detail.asp?ID=112466

Влатко Киров Ачи
1546215_858583384157708_1900785000434584760_n.jpg
Ачи е најден починат незнам каде најверојатно во неговиот дом, најверојатно како што се зборува меѓу велешани од предозираност. Влатко беше дечко што во подземјето на Велес се појавија пред десетина години заедно со неговиот баџанак Пепи Димовски (Перо Билдерот, Перо Питбулче) познат тепач, се развиваа во тој смер заедно. Вежбаа боди билдинг правеа тепачки, беа во Франкфурт Мафија и донесоа по некоа пара по што возеа Јамахи Р1 и работеа како обезбедување и вратари по дискотеки низ Велес. Во последните неколку години Ачи и Перо не се дружеа како некогаш и Ачи го снема од работните места како обезбедување каде беше познат Казиното во Центарот и Кафичот и дискотека Пјур. Наспрема Перо, Ачи беше поуспешен во дилерската кариера од ортакот Перо (Направи повеке пари во Франкфурт) ама Перо беше поуспешен во "тепачката" кариера од него. Се памети дека работеше и во Бугарија преку лето како обезбедување и дека припаѓаше во некоја од сектите и обожаваше мотори. Пресуди посериозни како што се знае немал, но тепачки доста, се памети легендарната тепачка пред 7, 8 години кога Тигрите од Велес го претепаа, поточно еден од нив а другите од екипата стоеле како гаранција за доминација. Дали вистина Ачи починал од предозираност и во последно време се дрогирал тешко е да се гарантира а можеби тоа што со ортакот Перо повеке не се дружеа е некој знак дека е точна информацијата.

Како и да е бог нека ги прости двајцата.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.596
Поени од реакции
38.744

Прегледај го приврзокот 161114

Два пати ги прочитав текстовиве и ништо не сфатив што се десило
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.295
Поени од реакции
5.860
Два пати ги прочитав текстовиве и ништо не сфатив што се десило
За првиот случај убиството имаш линкови од нив највеке ке разбереш, а за вториот случај човекот починал од предозирање.
 
K

kicodarker

Гостин
криминалците од словенските земји се едни од најспремните во светот ....

Зошто толку спремни ? Скоро секој криминалец и без такво потекло е физички спремен во смисла има тренирано боречки спорт или барем теретана
Абе aј не зaебaвaј. Нaјспремни биле oти иделе вo теретaнa. Гo изгледaa РАНЕ три пaти и сите мaaлa дoбијa мaaлски деликвенти сo цигaрa и пивo. Дa се тепa и шлaјфa сo кoлa,дa глуми мaнгуп сo лaнец не е ниту мaфијaш ни криминaлец туку oбичен селјo oд типoт " види мaмo без рaце вoзaм тoчaк" сaмo oвде тoј мoрa дa имa вернa публикa усрaнa вo гaќи кoјa му aплaудирa нa секoј негoв пoтег кaкo нaчин нa улизувaње зa дa не дoбие oвoј некoјa психo реaкцијa.
Укрaл прoдaвницa дилaл тревa пoмешaнa сo херби oд ливaдa,имaл зaстaвa неиспрaвен oд дедoму пиштoл,шлaјфки прaвел нa рaскрсницa и нaјјaкoтo штo гo рече В ТЕРЕТАНА билдaл и бил МАФИЈАШ.
Нaшите се универзaлци и се сoживувaaт сo тoј живoт. Пoчнувaaт сaмите дa си дaвaaт нaдимaци кao лoпoв,дилер и сл мислaт декa требa дa се oд сите беззaкoниј aкo бил дoбaр вo дилaње дрoгa пoчнувa и дa прaви плaнoви зa крaжби,ќе фрли нештo ситнo нa кoмaр,пa стaнувaaт лихвaри и oнaкa бaлкaнски универзaлец зa се декa гo бивa ќе се усере негде или сaми меѓусебе ќе си извaдaт oчите и тoлку беше.
Зaтoa немa успешни. А тие штo беa и се редoвнo се пoд вoдствo нa некoј прибрaн и пaметен гoспoдин. Oбичнo пoтрчкoвци. Бaлкaнски ментaлитет не бивa зa мaфијaш или криминaлец. Мoже сaмo зa мaaлски мaнгуп и тепaч пo кaфaни. Зaтoa штo не мoже дa истрaе и дa не се исчaлaми штo нaпрaвил. Oбичнo дури и сaкaaт дa се зaприметливи пa кaкo стил гo oдбирaaт нaјчестo дифoлт oд филмoвите (рaне) кoсa нa кец,теснa мaицa иaкo мoже дa е дебел 150 килaш,лaнец пoдебел oд oнa зa куче,редoвнo шетa питбул oдврзaн,вoзи беемве 320кa,нoси цел икoнoстaс oд тетoвaжи нa рaкa,и aкo не гo фермaaт 2% вo лoкaлoт кaј штo е седнaт пoчнувa дa мрчи и дa се чaлaми.
Дa гo видиш Пaблo ескoбaр нa сликa ќе пoмислиш декa е пензиoнирaн прoфесoр пo фрaнцуски,a чoвекoт пoлa aмерикa јa дрмaше и гoдини беше движечa силa нa нaркo кaртелите.
 
Последно уредено од модератор:
Член од
9 јули 2016
Мислења
51
Поени од реакции
15
@Црноризец Храбар наброја доста криминалци но најверојатно не си слушнал за еден од најголемите од Скопје

Насер Џелили
Албански гангстер роден 2 Јули 1960 г. во Скопје, Македонија. Емигрирал во Гетеборг, Шведска, во почетокот на 1979, и се стекнал со дозвола за постојан престој, беше осуден во 1983 година и 1984 година за грабеж. Една година по неговото ослободување, тој беше осуден на осум месеци затвор за кражба. Во 1987 беше осуден на две години затвор за тежок напад. И после одлежаната казна тој продолжи да тоне во криминал и стана лидер на една албанска банда во Гетеборг наречена ''Naserligan'' (Лигата на Насер). ''Naserligan'' била вмешана во трговија со хероин, кражба на автомобили, нелегално коцкање, рекет и шверц на цигари. Во 2001г. доаѓа до ривалство и престрелка со Original Gangsters за контрола на Гетеборг (https://en.m.wikipedia.org/wiki/Original_Gangsters_(gang) лидер на оваа банда бил Denho Acar (https://en.m.wikipedia.org/wiki/Denho_Acar). Во 1993 година, Насер бил уапсен во Норвешка но е ослободен поради недоволно докази. Во 1995 и 1996 година, неколкумина негови соработници беа уапсени во Норвешка за трговија со хероин. Членовите на Naserligan се најмногу познати по најголемиот грабеж на банката NOKAS во Ставангер, Норвешка (за овој грабеж има и филм http://m.imdb.com/title/tt1337366/ 13 тешко вооружени мажи упаднаа во банката, тие успеаа да украдат 57,4 милиони норвешки круни (околу 10 милиони $ ) во престрелката со полицијата убиен е еден полицаец. Во 2006 г. Џелили преживува обид за убиство, каде што е застрелан неколку пати во грбот (од кого и зошто незнам), а во моментов е осомничен за тешка измама.

Јусуф Хани
(http://www.tv2.no/a/2874263) роден во Октомври 1980 во 1982 емигрирал во Гетеборг со неговите родители, еден од учесниците во грабежот, побегнал со 50 милиони норвешки круни и после пет години бегство во Скопје го депортираат во Осло каде му е изречена казна затвор од 9 год.

Насер Џелили
Јусуф Хани е со белата тренерка
 
Attachments

Последно уредено:

Во право си Криминалец, Криминал и Организиран Криминал на Балканот се нејасни поими од аспект на дефиниција.
 
Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.066
Поени од реакции
3.212
Во право си Криминалец, Криминал и Организиран Криминал на Балканот се нејасни поими од аспект на дефиниција.
Криминалец е човек кој врши некаков криминал, но не е поврзан со власта, додека организиран криминал ти е група на повеќе криминалци кој не се занимаваат со политика.
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.295
Поени од реакции
5.860
@Црноризец Храбар наброја доста криминалци но најверојатно не си слушнал за еден од најголемите од Скопје

Насер Џелили
Албански гангстер роден 2 Јули 1960 г. во Скопје, Македонија. Емигрирал во Гетеборг, Шведска, во почетокот на 1979, и се стекнал со дозвола за постојан престој, беше осуден во 1983 година и 1984 година за грабеж. Една година по неговото ослободување, тој беше осуден на осум месеци затвор за кражба. Во 1987 беше осуден на две години затвор за тежок напад. И после одлежаната казна тој продолжи да тоне во криминал и стана лидер на една албанска банда во Гетеборг наречена ''Naserligan'' (Лигата на Насер). ''Naserligan'' била вмешана во трговија со хероин, кражба на автомобили, нелегално коцкање, рекет и шверц на цигари. Во 2001г. доаѓа до ривалство и престрелка со Original Gangsters за контрола на Гетеборг (https://en.m.wikipedia.org/wiki/Original_Gangsters_(gang) лидер на оваа банда бил Denho Acar (https://en.m.wikipedia.org/wiki/Denho_Acar). Во 1993 година, Насер бил уапсен во Норвешка но е ослободен поради недоволно докази. Во 1995 и 1996 година, неколкумина негови соработници беа уапсени во Норвешка за трговија со хероин. Членовите на Naserligan се најмногу познати по најголемиот грабеж на банката NOKAS во Ставангер, Норвешка (за овој грабеж има и филм http://m.imdb.com/title/tt1337366/ 13 тешко вооружени мажи упаднаа во банката, тие успеаа да украдат 57,4 милиони норвешки круни (околу 10 милиони $ ) во престрелката со полицијата убиен е еден полицаец. Во 2006 г. Џелили преживува обид за убиство, каде што е застрелан неколку пати во грбот (од кого и зошто незнам), а во моментов е осомничен за тешка измама.

Јусуф Хани
(http://www.tv2.no/a/2874263) роден во Октомври 1980 во 1982 емигрирал во Гетеборг со неговите родители, еден од учесниците во грабежот, побегнал со 50 милиони норвешки круни и после пет години бегство во Скопје го депортираат во Осло каде му е изречена казна затвор од 9 год.

Насер Џелили
Јусуф Хани е со белата тренерка
Прв пат слушам фала ти што сподели, овие што работеле надвор од МК се помалку познати кај нас особено ако немаат многу контакти овде и не се вратат да живеат тука.[DOUBLEPOST=1481202862][/DOUBLEPOST]Happy.Маster.7 Драган Јоксовиќ Јоксо е интересен лик од балканско-шведската крими историја разгледај го за него има доста да се зборува.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom