- Член од
- 5 септември 2007
- Мислења
- 3.848
- Поени од реакции
- 960
- Локација
- Скопје
- Веб-сајт
- evangelos.blog.mk
Доказите за еволуционизмот се многу, за креационизмот скоро никави,
Ова го тврдат (се разбира пристрасно) или Дарвинистите или пак индоктринираните лаици од типот на една другарка која што дозна дека не верувам во еволуцијата и онака зачудено ми рече: „Па зарем ти не веруваш во еволуцијата? Како е можно?!“ Потоа ја прашав: „А кои се аргументите за твојата вера во еволуцијата?“ А она: „Абе не знам ама нели така не учеа уште во основно.“
Го пазите аргументов? „Затоа што наставничката така ми кажа“
А кој и кажал на неа? Е на неа и кажа нејзината наставничка
итн филозофија „наследи го ветерот“. Додека на светско ниво се бијат големи дебати меѓу научниците, кај нас децата пред семкарница велат „абе ќути таму сељак еден тоа е научен факт“. Да да, научен факт непотврден со ниту еден експеримент, контрадикторен на сите очекувања на Дарвин и хипотеза што го нема издржано ригорозниот тест на експериментот.