Дигитален архив: Компилација на историски извори за Македонците!

Член од
7 мај 2005
Мислења
1.231
Поени од реакции
307
Мемоарите на познатиот хрватски скулптор Иван Мештровиќ.

Издадена во 1961 година во Буенос Аирес, Аргентина, книгата подоцна е преиздадена од "Матица Хрватска" - Загреб во 1969 година.




Од истово издание следуваат за нас и за оваа тема мошне важните страни 30-31:

 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.266
Antizionist: Се обидуваме да ја презентираме македонската историја, но и нашите историчари тешко го можат тоа.

ПОРАKА ДО МАKЕДОНСKИТЕ ИСТОРИЧАРИ

ИЗБРИШЕТЕ ГО ЗБОРОТ МАКЕДОНЦИ И ЌЕ ВЕ ИМА ВО СПИСАНИЕ

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=76F7974D200A8547A472FC9BAD5F17F6
.
 

Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.615
Статија од македонскиот историчар д-р Димитар Љоровски Вамваковски за тајните извештаи на грчкиот дипломат Георгиос Цорбазоглу од почетокот на 20 век.

Oбјавена е во две продолженија (5 и 12 јули, 2013) во македонскиот неделник „Република"







Двете продолженија од статијата во пдф формат на следниов линк:

Извештаите на Георгиос Цорбазоглу

http://www.scribd.com/doc/160761997/Извештаите-на-Георгиос-Цорбазоглу
.
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
Tри години по срамниот букурешки договор и парчосувањето на Македонија - гејладска мапа , но со приказ на постоењето на Македонци во окупираниот дел од Македонија, обележени со темно зелено:



http://img175.imageshack.us/img175/1184/ethnologikosxartismakedbk9.jpg


Во 1907 пишуваат дека македонскиот јазик постоел, ама стотина години подоцна гејовите тврдат дека не е така...



.
 
Член од
26 јули 2013
Мислења
287
Поени од реакции
180
Грците како и сите наши останати соседи имаат исполитизирана историја односно историја која се движи само во кореист на нивните државни интереси.
Уште од антиката Демостен со неговиот говор `Филипики` укажувал на тоа дека Македонците не се грчки народ со тоа што ги нарекувал варвари и поробители позната е и неговата мисла дека кога Филипја освоил Атина тогаш умрела слободата.
А македонскиот јазик не можат да го негираат од едноставна причина што постојат премногу докази за неговото постоење.
И покрај договорите за размена на населението сепак еден дел останале да живеат во Грција.
Писмата до весникот Ризоспасти кој го издавала КПГ од 1917 јасно ни говори за постоењето на МАКЕДОНСКОТО население во Грција.

Сега ќе објавам две писма од Македоците до весникот Ризоспасти:

Двајца македонски војници од Лерин, револтирани од неподносливиот јарем што го трпат упатиле писмо до „Ризоспасти“. Бидејќи не знаеле грчки, писмото го напишале на својот мајчин јазик, македонски. Во него стоело:

Драги наши во „Ризоспасти“
Секој пат кога станува антимилитаристичка изјава во нашите полкови, офицерите како бесни не пцујат нас Македонците. Тие велат дека тоа што ние го правиме се комитаџиски работи и дека сакаме да ја помогнеме Бугарија.
На ваквите смрдливи клевети им одговараме дека тие самите се комитаџии и дека и тие ја остваруваат спрема нас Македонците истата крвава политика што е остварувана и во Бугарија против Бугарите. И за да им докажеме дека тие се исто со Бугарите –комитаџии, ги прашуваме:
Што бараат секој ден вашиот управник Хр.Фиотакиси командантот на граничниот сектор мајорот Џорџос во канцелариите на докажаниот бугарски комитаџија Ромпапа, кој сега стана водач на ЕЕЕ (значи, на фашистичката организација Национален сојуз на Грција) во Лерин? Тие и само тие, едно до едно се исти мачители како бугарските.
Ние сме Македонци, се бориме за слободата на цела Македонија и Тракија, било Грци да владеат, Бугари, Срби илиТурци. И како единствен комитетја признаваме ВМРО (обединета).
Лерин, септември 1934.

2. Драги „Ризоспасти“
До Тебе, кој што си единствениот заштитник на угнетените национални малцинства, ти ги пишуваме овие неколку зборови:

"Целиот грчки народ го следеше овие денови просфигискиот проблем во Лигата на народите за грчкото малцинство коешто живее во Албанија и стенка под јаремот на албанската влада. Грците во Албанија, гледајќи дека им ги затвораат училиштата, бараат, со полно право, да се почитуваат државните договори што ги потпишаа Албанија и Грција.
Ние, притиснатото македонско малцинство, со сета наша душа навистина сакаме да се остварат барањата на браќата Северноепироти, зашто и ние Македонците се наоѓаме во истата положба, под јаремот на грчката влада. И ние исто така бараме од целата работничка класа и прогресивниот печат и тие да го дадат својот глас за нашите права. И ние сакаме слободно да си го зборуваме нашиот македонски јазик и да отвориме наши училишта, македонски, во кои ќе учат нашите деца.
Бараме од грчката влада да ги спроведе спогодбите за малцинствата, коишто ги угнетува толку години како нас, Македонците (исто како и другите малцинства - бел. на „Ризоспастис"). Но грчката влада наместо да ни ги даде нашите права, гледа само како со сила да не „погрчи". Од друга страна пак, со помош на шовинистичките „суперпатриотски" весници се стреми да не претстави како божем ние Македонците 'сме „славофони", значи „чисти Грци".
Протестираме исто така и против теророт на разни фашистички националистички организации, кои земаат големо учество во нашето прогонување. Тие, заедно со полицијата, постојано ги апсат Македонците, ги нарекуваат „комитаџии", ги тепаат и ги измачуваат нечовечки.
Ги повикуваме нашите браќа Македонци да станат против ваквата ситуација. Обединети со грчките работници и земјоделци, ќе се бориме за нивните права и нивната слобода. Да го уништиме засекогаш фашистичкиот терор, за да може слободно да се употребува нашиот јазик, за да отворат македонски училишта....“

Ова писмо е објавено и во „Македонско дело" Х/195 (Февруари 1935 г.), стр. 8.
 
E

emission

Гостин

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
Во романскиот град Таргу Њамц се наоѓа Њамцкиот манастир основан во XIV век во кој некогаш приповедал и творел познатиот Паисиј Величковски (1722-1794) - украинскиот светец.

Во времето на преподобниот Паисиј во манастирот имало 1100 монаси од 23- националности: грци, руси, романци, бугари, македонци и други . Учениците негови основале 110 манастири низ светот.





http://www.palomnik.by/palomnik/sermons/art-417/
.
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.587
Мора да има историски сведенија за Македонци во таква богата библиотека. Треба некој наш истражувач да го посети манастиров.

Grammatik der griechischen Vulgarsprache in historischer Entwicklung
Autorzy Friedrich Wilhelm August Mullach
G. Dümmler, 1856




Уште еден извор, книга - Vorlesungen über die Alterthumswissenschaft од 1835, страна 28:

Die Macedonier muss man nicht zu den Griechen ziehen;
sie wurden auch von den Alten nicht zu denselben gerechnet
und Barbaren genannt; ja Macedo war ein Schimpfname.
Македонците не треба да се сметаат за Грци; од старите тие не беа сметани за исти и ги нарекуваа Варвари; да Macedo беше пцовка-име.

Sie unterschieden sich von den Griechen in den Sitten und hatten
noch lange viel Barbarisches, als die Griechen schon cultivirt
waren.
Тие се разликуваа од Грците во етиката и имаа во себе уште долго време многу варварско, додека грците беа култивирани.

Das erstemal wo wir Macedonien glänzen sehen, ist zur Zeit des Archelaus zu Sokrates Zeit. Dieser hat einen, Hof, wo griechische Cultur, und eine Mengen junger Leute, um sich. Im Lande selbst war keine Bildung; diese wurde erst zu Philipps Zeiten bewerkstelligt.
За прв пат каде што ја гледаме Македонија да „блеска„, е во времето на Aрхеалус во Сократово време. Тој имаше еден двор, каде што грчката култура и многу млади луѓе покрај себе. Во државата немаше образование; тоа се појави за времето на Филип.

Auch waren die Macedonier von den Griechen durch die Sprache unterschieden.
Македонците беа и по јазикот различни од Грците.

Es wargar kein rein griechischer Dialekt. ef. Strabo 6, pag. 326. Curtius lib. 9, cap. 9, 34 übertrebt es so, dass man einen Macedonier gar nicht hätte verstehen können.
Не беше ниту грчки диалект ef. Strabo 6, pag. 326. Curtius lib. 9, cap. 9, 34претерува дури, дека Македонецот не можеше воопшто да се разбере.

Allein dieser Mann weiss nichts. So viel ist aber gewiss, die Macedonier waren von den Griechen sehr verschieden in Regierungsform, Sitten und Sprache; deshalb geht uns hier Macedonien als Macedonien nichts an.
Сам тој човек не знае ништо. Толку се знае, Македонците се разликуваа од Грците; затоа Македонија како Македонија овде не нè интересира повеќе.

http://books.google.de/books?id=hRE...den Griechen ziehen&ei=L-1iSdOdE52EzgSLw7ClDQ
.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.282
Поени од реакции
15.423
Во кои граници Њујорк Тајмс ја претставил Македонија во 19 век

АКТУЕЛНО, ОД ТЕРЕН | 01.12.2013, 23:20
„Македонија, земјата на три реки, Вардар, Струма и Бистрица, е обрабена со возвишени планини, од кои најпознати или највисоки се Олимп, Шар Планина и Родопите – високи меѓу 8.000 и 9.000 стапки над нивото на морето. Таа е меѓу најживописните земји од Европа…“ – вели авторот на текстот „Непозната Македонија“ објавен на 3 ноември 1895 година во весникот „The New York Times“.

Во статијата „Непозната Македонија“, опишувајќи ја земјата како една од најживописните земји на Европа и сеуште неоформена како држава, авторот релативно прецизно ги дава географските граници на земјата, сместувајќи ја територијата на Македонија меѓу планините Олимп, Шара и Родопите.

Иако авторот е збунет од т.н. „Кинеска загатка“, која пропагандите кои делуваат во тоа време ја наметнуваат во однос на припадноста на населението на територијата на Македонија, од текстот е видливо, дека според тогашните географски карти тој му дава предност на славјанскиот народ (македонскиот народ), доколку го издвоиме турскиот како носител на власта, а дури потоа на грчкиот и арабанашкиот етникум, чии имиња повремено се појавуваат на тогашните карти во зависност од тоа кој ги изработил.

Со поетски речник, авторот ја прикажува Македонија како неодоливо привлечна, но дива и опасна земја, земја на авантури, во која во одредени делови, Европејците немаат стапнато скоро еден милениум.

Во текстот „Непозната Македонија“, кој го објавува „The New York Times“ во 1895 година, авторот меѓу другото ќе напише дека:

„Македонија e практично непознатa за пошироката јавност како голема неоформена територија во која некогаш живееле трите сестри Граи кои му помогнале на Персеј да ја избегне смртта. Дури и добро информиран политичар кој може да си избере пат низ Централна Африка е често неспособен да ја каже разликата помеѓу Помаците и Цинцарите (Власите н.з.), помеѓу Јуруците и Арнаутите, или да каже дали тие се овошје, алатка или луѓе. Не само што географијата на земјата е многу комплицирана и недоволно проучена, гледаме дека речиси секој округ, река, езеро и град се познати по најмалку две целосно различни имиња, едно турско и друго славјанско, грчко или албанско — од кои две повремено се исфрлени од некои мапи кои ние ги поседуваме, тука етнографијата е повеќе збунувачка од Кинеска загатка, и не постои маж или жена кои можат да понудат решение на проблемот на начин кој ќе ги задоволи народите од Источна Европа. И покрај железничката мрежа од околу 600 милји, комуникацијата со внатрешноста не е само примитивна и тешка, туку многу опасна. Практично е невозможно да посетите било кој од оддалечените и многу од главните области без придружба на турски заптии, а понекогаш дури и на неколку Арнаути убијци, како мерка на претпазливост. Постојат места во Македонија — особено помеѓу реката Вардар, од една страна, и Дрина и Морава од друга страна — кои не биле посетени од Европејците уште од деновите кога воинствениот Самоил бил цар, околу 900-тите година. Македонија, земјата на три реки, Вардар, Струма и Бистрица, е обрабена со возвишени планини, од кои најпознати или највисоки се Олимп, Шар Планина и Родопите – високи меѓу 8.000 и 9.000 стапки над нивото на морето. Таа е меѓу најживописните земји од Европа, богата со прекрасни шуми кои се искачуваат по ридовите, декорирани со реки и скриени острови; дивите планински сцени, прекрасните водопади и мирните езерски површини – соодветен амбиент за скапоцените камења од смарагдните островчиња, длабоките клисури, вртоглавите планински патеки, насмеаните рамнини и напуштени предели, кои треба да докажат една неодолива привлечност за патникот, кому опасноста и авантурата му претставуваат вистинско задоволство“.

„Современиот Преглед“ на Македонија од XIX век претставува вистински туристички водич кој ги претставува убавините на земјата, но истовремено ни ги прикажува не само границите на земјата, туку посредно и на сите контраверзи кои се појавуваат како последица на бугарската, српската и грчката пропаганда во тој период.
.
Линк од оригиналната статија на Њујорк Тајмс на 3 Ноември 1895 год.

http://query.nytimes.com/mem/archive-free/pdf?res=F30C15FC3A5D15738DDDAA0894D9415B8585F0D3

Извор: misterijamk.blogspot.com
 
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.202
Созомен во Historia Ecclesiastica покрај другите ги споменува и Македонците едновремено со други народи така да џокерите за географски поими Македонци во смисол на грци и не знам што тука не важат.

The Christians of the East, as far as Libya on the borders of Egypt, did not dare to meet openly as a church; for Licinius had withdrawn his favor from them; but the Christians of the West, the Greeks, the Macedonians, and the Illyrians, met for worship in safety through the protection of Constantine, who was then at the head of the Roman Empire.

http://www.voskrese.info/spl/SozoH1_02.html
.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
The author present the data about members of Serbian regiments in New Serbia, that is, Slavonic Serbia, who declared themselves as Macedonians. In Sevic’s regiment 74 persons declared that they came from the “Macedonian nation”. According to the Russian author Kabuzanov, in 1754 in New Serbia there were 2,225 persons, out of which 124 Macedonians.

In 1759 the Macedonian hussar regiment was formed. The commander of the regiment was Aleksij Kostjurin, and the supreme commander of all regiments was Jovan Horvat.

According to the data from 1765–1769 out of the total of 271 merchants who were registered in the “Nezin Greek Fraternity”, 54 declared that they were from the “Macedonian province”, mostly from Kostur, Thessalonica, Vodena, Skoplje and Strumica.

The Macedonian regiment was terminated in 1773. The dislocated population adapted to the new environment and by the time passing they became ethnically assimilated.

“Preseljenitsi iz Makedonije u Rusko Tsarstvo sredinom 18. veka” by Milka Zdraveva, page 145.

http://www.rastko.rs/rastko-ukr/istorija/2003-ns/mzdraveva.pdf

Later in 1759–60, three more Hussar regiments were raised:
  • Zeltiy (Yellow)
  • Makedonskiy (Macedonian)
  • Bolgarskiy (Bulgarian)
http://en.wikipedia.org/wiki/Hussar

Makedonski hussars, page 11
http://books.google.sk/books?id=K55QpcFfle4C&pg=PA11&dq=Macedonian hussars&hl=en&sa=X&ei=pHK7UsD4KsmqhQeNnIDYAQ&ved=0CC4Q6AEwAA#v=onepage&q=Macedonian hussars&f=false
 

Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.615
Созомен во Historia Ecclesiastica покрај другите ги споменува и Македонците едновремено со други народи така да џокерите за географски поими Македонци во смисол на грци и не знам што тука не важат.

The Christians of the East, as far as Libya on the borders of Egypt, did not dare to meet openly as a church; for Licinius had withdrawn his favor from them; but the Christians of the West, the Greeks, the Macedonians, and the Illyrians, met for worship in safety through the protection of Constantine, who was then at the head of the Roman Empire.
http://www.voskrese.info/spl/SozoH1_02.html
Изгрев, одличен цитат.

Само би те замолил друг пат, покрај изворот да доставиш и превод на македонски.

"Христијаните од истокот, дури до Либија на границите со Египет, не се осмелуваа јавно црковно да се собираат; затоа што Ликиниј ја прекина неговата наклоност за нив; но христијаните од западот, Грците, Македонците, и Илирите безбедно се собираа да обожуваат заради заштитата од Константин, којшто тогаш беше на чело на Римската Империја."


Хермиј Созомен е еден од т.н. рани историчари на христијанството. Се смета дека е роден во појасот Газа во Палестина, дека живеел помеѓу 400-450 г. и дека своите книги за црковните истории ги пишувал во последната деценија т.е. помеѓу 440-450 г.
Цитатов е од првата книга (второ поглавје) во која од прилика се покриени годините 312-325 т.е. владеењето на Константин Први Велики.

Заедно со други автори е споменат во "Историја на македонскиот народ" ИНИ, 2008, Скопје, стр.88-89



ИЗВОР
http://www.scribd.com/doc/67790259/Istorija-Na-Makedonskiot-Narod-History-of-the-Macedonian-People

Неговите книги за раните христијански црковни збиднувања низ вековите се многу пати објавувани на сите поважни јазици по цела Европа.

Еве едно постаро издание од 1677 г. во кое последователно се поместени прво историјата на Сократ од Константинопол (попознат како Сократ Схоластик т.е. Учениот) а потоа и историјата на Хермиј Созомен. Текстовите се паралелно објавени во оригинал и превод на латински.

Насловните страни:






Еве го цитатот покажан од Изгрев, на стр. 403:




Малку подолу, во последниот пасус од поглавје #6 повторно се споменати Македонците.
Тоа го има и на православната веб страна покажана од Изгрев погоре.

"After the battle of Cibalis [one of the battles in which Licinius was routed by Constantine, a.d. 314. Eutrop. Brev. hist. Rom. x. 5,] the Dardanians and the Macedonians, the inhabitants of the banks of the Ister, of Hellas, and the whole nation of Illyria, became subject to Constantine."

http://www.voskrese.info/spl/SozoH1_06.html

Превод:
"После битката кај Кибалае [една од битките во која Ликиниј бил поразен од страна на Константин, 314 г.] Дарданците, и Македонците, жителите на бреговите на Дунав, на Грција, и целиот народ(нација) на Илирија, станаа поданици на Константин."


Во истото издание од 1677 г. поглавјето се наоѓа на страните 407-408:





ИЗВОР
http://books.google.co.uk/books?id=I0RAAAAAcAAJ&pg=PP13#v=onepage&q&f=true

Битката спомената во пасусот во којашто Константин Први го победил Ликиниј иако имал помалубројна војска, се одиграла во октомври 314 година, некаде кај денешното гратче Винковци во Хрватска (блиску до Вуковар и Војводина).
Местото Cibalae е означено на оваа карта од 1867 г. на која се прикажани: Панонија, Дакија, Илирик, Мизија, Македонија и Тракија (веднаш десно до "I"-то кај што пишува "PANNONIA")

 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Друштвото за издавачка дејност „Македоника“ неодамна ја објави книгата „Македонската православна црква – Охридска архиепископија и другите православни помесни цркви“ од проф. д-р Александар Трајановски.




Овој труд има монографски карактер и ја обработува историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, но истовремено тоа е труд и за историјата на православјето, односно на сите православни цркви, на кои, повеќе или помалку, авторот им посветува посебно внимание.

За секоја црква посебно пишува за нејзината историја, но и за нејзините актуелни состојби. Книгата, всушност, е резултат на скоро дведецениски предавања на авторот на предметот Историја на православните помесни цркви на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје, но и на посветеноста на авторот да ја истражува историјата на МПЦ.

Овој труд на Трајановски е најактуелната историографска и монографска публикација за Македонската православна црква – Охридска архиепископија, кој се појавува по 45-годишнината од автокефалноста на МПЦ. Книгата претставува и најкомплексниот труд на македонски јазик посветен на историјата на другите православни цркви.

Инаку, проф. д-р Александар Трајановски бил носител и координатор на повеќе проекти во ИНИ, МАНУ, ДАРМ, ИСППИ и Филолошкиот факултет во Скопје, како и на Педагошкиот факултет во Битола. Сите поранешни научни проекти ги трансформирал во забележителни научни студии, монографии, зборници на документи или друг вид на одделни публикации. Учествувал на над стотина научни конференции, конгреси, тркалезни маси, предавања и друг вид на научни собири во земјата и странство. Тој е автор или редактор на повеќе од триесет одделни публикации, учебници, зборници на документи или историографии.
.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom