Колку вистина има во астрологијата/хороскопот?

Член од
14 април 2010
Мислења
628
Поени од реакции
219
Имам забележано,скоро секоја жена обично-кога отвара профил на некој на фејбук-гледа кога е роден,или што е во хороскоп.И повеќето луѓе,не само жените.Или со други зборови,да го стави горе доле во категорија,тоа е одлика скоро на секој човек.Кога имаш однапред информации за некого,демек"посигурно да се чувствуваш",да знаеш со шо си имаш работа :tapp:
Ако е Овен е лош,остар ако е Вага е фин,џенталмен и слично.Дали сте се запрашале,колку има вистина во хороскопот/астрологијата?

Секој човек кога е изнервиран,знае да се налути,да се издере и слично.Секој кога е среќен-тоа го покажува на ваков или таков начин.Според мене,како битен,ако не и најбитен елемент е социолошкиот елемент.Кој,како е растен.Пример,ако некој како дете е тепан од татко пијаница,шо и да е во хороскоп,сигурно кога ќе порасне ќе избие неговиот бес на ваков или на таков начин.Ако е па и превише лигавен,ќе биде некое педерастично феминизирано типче и.т.н.

Еве,пример за мојот знак.Читам –анти хороскоп,лошите страни на хороскопскиве знаци. Овен- злобни гадови, секогаш мораат да бидат шефови и главни во сè. Сето тоа е најверојатно резултат на малиот пенис, или минијатурните гради. Болни посесивци кои на партнерот би му ја одземале целата слобода, а себе би си дозволиле харем љубовници. Секогаш целат кон неосвоиви тврдини и не познаваат пораз сè додека комплетно психички не бидат уништени. Многу се несредени во мозокот, скокаат за сè и сешто и се што ќе замислат мора да биде така, не тактизираат, а ги нервира чекање.
Од овоа,само ми погодија-ги нервира чекање :vozbud: Па јас не знам човек,шо сака да чека.
Од 7 милијарди луѓе,583 000 000 се овен во хороскоп по проста пресметка. И значи според овој текст,сите луѓе на планетава земја што се во хороскоп овен треба да се пронајдат тука?И некој ќе одговори,ама зависи што е во подзнак и во месечина :icon_lol:
Многу интересна работа.Дали се запрашал некој,како тоа влијае некоја планета,звезда или соѕвездие на луѓето?Како магнет,гравитацијата ?Која заблуда..
Еве пример од годишен хороскоп шо читав за Овен..како тоа – “Особено е важен периодот од 8 февруари до 6 март, кога Венера ќе престојува во вашето соѕвездие и ќе има најдобро влијание на вашата љубовна среќа”. КАКО тоа -Венера,како една обична вжештена планета составена од лава/магма,ќе ми решава работи со љубовта-I mean,come on.А што правиме ако некој е тотален лузер,и не испаѓа од дома-како Венера ќе го реши тоа ?
ќе му прати комшика на кафе да се заљубат :pos:

Венера,зрачи ли со љубов?Марс со воиственост/ароганција?Ако си под Јупитер,сречко си бил?Итн..Сакам објаснување на ФИЗИЧКИОТ дел од тоа,како планетите/ѕвездите дејствуваат врз луѓето.
По прифатливо ми е да верувам во тоа дека-во Април и Мај се раѓаат по “активни” деца,а во ладните месеци како Декември/Јануари по мирни и по “пасивни” деца.Значи ова е од гледна точка на годишните времиња на Земјата.
Како тоа,никој не сака да си го објасни хороскопот/астрологијата а скоро секој верува? :sneaky:



Посебно ми се интересни,тие шо толкуваат : на 12.8.2012 Нептун ќе влезе во твојот знак и тоа значело дека ќе се издигнете повеќе на духовно ниво
Или,Јупитер и Уран ќе бидат у линија со Марс,така да пазете се,може да ви се десат бедови !
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
1.424
Поени од реакции
789
Да да многу е точно има милиони луѓе кои што се на пр. водолија и сеа еден текст од 5 реда ќе им ја каже судбината на тие сите луѓе божем се однесува на сите нив, NO SENSE како што вели Јанко ;)
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.692
Поени од реакции
4.439
Друже ништо ново не кажуваш хороскопот е најпроста работа на цел свет .
Ќе наброиш особини како тврдоглавост,егоистичност итн... што се присутни помалку или повеќе кај сите луѓе на планетава и ете ти хороскоп.
 
Член од
14 април 2010
Мислења
628
Поени од реакции
219
Друже ништо ново не кажуваш хороскопот е најпроста работа на цел свет .
Ќе наброиш особини како тврдоглавост,егоистичност итн... што се присутни помалку или повеќе кај сите луѓе на планетава и ете ти хороскоп.
Па не ми е ни поентата да измислам топла вода,само ме чуди-како астрологијата како наука опстоила толку многу години?Ако не се лажам,постара е дури и од моменталниве водечки религии.Толку многу се оди далеку,шо се прават натални карти,што ќе ти кажат до ден што ќе ти се деси,ти ја гледаат судбината демек.Туку мене ме интересира од тие што се по запознаени,да одговорат-како планетите и ѕвездите влијаат врз личноста,зошто има дури и изучување астрологија факултет ако не се лажам
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.553
Поени од реакции
33.799
Па не ми е ни поентата да измислам топла вода,само ме чуди-како астрологијата како наука опстоила толку многу години?Ако не се лажам,постара е дури и од моменталниве водечки религии.Толку многу се оди далеку,шо се прават натални карти,што ќе ти кажат до ден што ќе ти се деси,ти ја гледаат судбината демек.Туку мене ме интересира од тие што се по запознаени,да одговорат-како планетите и ѕвездите влијаат врз личноста,зошто има дури и изучување астрологија факултет ако не се кажам
Kako da ti objasnam neznam, ama imaat golemo vlijanie planetite i zvezdite vrz licnosta.
Nesto kako mesecinata i branovite.
Magija.
: D
 
Член од
14 април 2010
Мислења
628
Поени од реакции
219
Kako da ti objasnam neznam, ama imaat golemo vlijanie planetite i zvezdite vrz licnosta.
Nesto kako mesecinata i branovite.
Magija.
: D
Шо викаш ..Абе не е заебанција човек :) Дури и христијаните и муслиманите "им веруваат" на ѕвездите.Шо е толку фазонот со тие ѕвезди мајкуму :eek:
 
Член од
6 декември 2011
Мислења
2.027
Поени од реакции
3.357
Во хороскопот, се пишуваат 90% убави охрабрувачки работи кои ти го креваат моралот и сето тоа е обземено општо за секоја личност да се пронајде во некоја нивна реченица и затоа лугето го читаат. А тие 10% ''лоши дејствија што ќе ти се десат'' се како пропаганда, дека оваа е нешто вистинско, ние на лажиме само предвидуваме јебига денес не ти е среќен ден затоа што си јарец.
Постојат 3 типови на луѓе во врска со ова прашање:

-Луѓе кои веруваат дека хороскопот е виновен за секоја нивна постапка, и секој момент од денот ги асоцира во "предвидувањето од видовитите" односно си ги толкуваат дејствијата врз база на хороскопот. Ми се дупна гумата на колата- ми пишеше дека нешто денес страшно ќе ми се случи.

-Луѓе кои воопшто не се замараат со "судбиносните прашања", не читаат хороскопи, не го сакаат воопшто предвидувањето, едноставно кој ве ебит видовити, јас си гледам за мене вие гледајте си за вас. Никогаш нема да поверуваат дека некој си ѕвезди или планети преку измислени животни ја толкуваат нивната иднина, и дека им го знаат нивното минато комплетно а ја знаат само нивинот датум на раѓање- како па да не!

-Луѓе кои си факаат сеир и за нив е ова смешно, во која групација и јас се вбројувам. Редовно ги следат клиповите и епичните предвидувања на своите "видовити идоли" и паѓаат од смеење. Ако сака и комети и сателити нека кажува само да на нас ние комично е целта, да не беше тоа јавувањето по 100 денари минута јас редовно ќе им се јавував на "видовитите" за мои измислени проблеми само да го слушнам нивниот коментар и совет како би ми помогнале. Добар ден Милан тарот имам проблем, ме остави девојката роден сум на 07.01.1952 за Божик а ме крстија Велко, ги помешале празниците со имињата(божик и велигден) во знак сум јарец а подзнак лав а во кинески хороскоп змеј, а во јапонски жирафа, те молам за совет.
Еве нешто од мојот идол, Најголемиот лудак во целиот универзум
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Пак ќе кажам, звездите покажуваат а не одлучуваат.

Сепак интересно е како и ваквите теми и истражувањата што се прават секогаш имаат за цел да ја деградираат астрологијата (не хороскопот) .
Нормално сега ако гледаме банално на работите како дневни хороскопи и слично тогаш ќе е полно со глупости.

Ама било кој од вас да отиде кај професионален астролог ќе смени мислење и тоа веднаш.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.405
-да беше ова сега “61-“62 год. не ти треба хороскоп
си поминуваш по Камениот мост и неможе да ја одминеш “среќата“
ромката-жена во средни години,со кутија од чевли во рацете и ти
вика тебе како и секому - “ бели миш сречу дели“ а внатре во кутијата
бело глувче и еден куп разнобојни ливчина и глувчето за 10 денари ти
ја одредува и кажува судбината со зимање на едно ливче од кутијата
со неговите заби.Ти среќен веднаш си ја читаш среќата.А ако си од
овчеполијата или мариово може и имаш нарачки за уште едно или две
ливчина за снајки,золви или комшии кој со нетрпение те чекат да се
вратиш од големиот град да им донесеш покрај други нарачки и ова
во тоа време најверодостојен хороскоп.Со среќа нека е народе.
 
D

dystopian

Гостин
Оваа недела иако беше напишано најопштото од најопштото нешто ми погоди, значи има вистина! Од кај иначе би знаеле они дека јас во период од 7 дена/168 часа одредено време сум бил малку депресивен? Мора да има нешто повеќе...
:tapp:
 
Член од
6 декември 2011
Мислења
2.027
Поени од реакции
3.357
Пак ќе кажам, звездите покажуваат а не одлучуваат.

Сепак интересно е како и ваквите теми и истражувањата што се прават секогаш имаат за цел да ја деградираат астрологијата (не хороскопот) .
Нормално сега ако гледаме банално на работите како дневни хороскопи и слично тогаш ќе е полно со глупости.

Ама било кој од вас да отиде кај професионален астролог ќе смени мислење и тоа веднаш.
Секој со свое мислење;). Астролозите се добри филозофи и вешто ги толкуваат знаците на соѕвездието а секако можат да се најдат уште 10 различни толкувања на истите. Затоа кој верува во тоа би му било интересно и занимливо а кој не верува ако сака астрологот и на марс и на венера да го однеси да ја искуси таа влијателна енергија кои ја давале планетите овај пак ке си остане истиот, џабе му е.
--- надополнето: 13 февруари 2012 во 12:59 ---
Оваа недела иако беше напишано најопштото од најопштото нешто ми погоди, значи има вистина! Од кај иначе би знаеле они дека јас во период од 7 дена/168 часа одредено време сум бил малку депресивен? Мора да има нешто повеќе...
:tapp:
magija.jpg
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.501
Поени од реакции
58.887
Хороскопот е убава занимација за некои луѓе и фино се вклопува во весници, тоа е се. Астрологијата е нешто како ментално ретардирана сестра на Астрономијата.

Дека не држи воопшто потврдено е и со едноставни експерименти од типот: група рандом луѓе или да речеме ученици од еден клас ги прашуваат што се во хороскоп. Секој од нив одговара по што им се поделуваат соодветни ливчиња со хороскопот за оваа недела. После тоа ги прашуваат дали мислат дека е точен хороскопот, и секогаш мнозинството вели дека е добро и дека се пронашле во текстот. И на крај им кажуваат дека сите добиле ист текст.
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Хороскопот е убава занимација за некои луѓе и фино се вклопува во весници, тоа е се. Астрологијата е нешто како ментално ретардирана сестра на Астрономијата.

Дека не држи воопшто потврдено е и со едноставни експерименти од типот: група рандом луѓе или да речеме ученици од еден клас ги прашуваат што се во хороскоп. Секој од нив одговара по што им се поделуваат соодветни ливчиња со хороскопот за оваа недела. После тоа ги прашуваат дали мислат дека е точен хороскопот, и секогаш мнозинството вели дека е добро и дека се пронашле во текстот. И на крај им кажуваат дека сите добиле ист текст.
Тоа е за натална карта....

Еве ќе го постирам и прв ќе кажам да леле мајко мила.
Ама намената му е да те заебе и затоа е успешно :)

 
Член од
14 април 2010
Мислења
628
Поени од реакции
219
Пак ќе кажам, звездите покажуваат а не одлучуваат.

Сепак интересно е како и ваквите теми и истражувањата што се прават секогаш имаат за цел да ја деградираат астрологијата (не хороскопот) .
Нормално сега ако гледаме банално на работите како дневни хороскопи и слично тогаш ќе е полно со глупости.

Ама било кој од вас да отиде кај професионален астролог ќе смени мислење и тоа веднаш.
Јас би ја деградирал,тоа и ми е поентата-оти нема поента :)
Не можат ѕвездите против слободната воља-тргам од таму,а после сите други работи,шо не можат да се објаснат на никаков начин за тоа како делува универзумот на нас.
Еден човек шо го знам,имаше бааги навлезено во вие работи,имаше и направено натална карта,и ми викаше-абе има вистина стварно.Многу работи му се погодиле ТОЈ период како шо вика картата.А имало и еден дел,кај шо вика дека нешто многу лошо ќе му се деси-па не му се деси.:)
Имам слушано астролози,предвиделе издигање и крахови на земји,мењавање претцедатели,и разни воочливи работи у рамки на 1 држава.Дури и Хитлер и таквите владетели коо него,сите си имале меѓу најблиските астролог,којшто ги усмерувал,во кој период што да прават.Па дури и Аце наш :D
Добар ден Милан тарот имам проблем, ме остави девојката роден сум на 07.01.1952 за Божик а ме крстија Велко, ги помешале празниците со имињата(божик и велигден) во знак сум јарец а подзнак лав а во кинески хороскоп змеј, а во јапонски жирафа, те молам за совет.
Еве нешто од мојот идол, Најголемиот лудак во целиот универзум
:pos: жирафа
Абе остај го вој Милан тарот-ебати лудакот :pos: Не е он астролог,он е... и он не знае шо е.Али врти пара,ја лаже рајата балканска.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom