Мистичен
Човек
- Член од
- 23 јануари 2005
- Мислења
- 13.578
- Поени од реакции
- 1.098
Кламидијата е една од најчестите полови болести кај младите, а нејзините симптоми во повеќето случаи се неприметни. Доколку не се лечи, може да предизвика неплодност и други компликации кои можат да имаат трајни негативни последици.
Според податоците, со кламидија се заразени околу 20-25% од сексуално активните лица до 24 години, а најризична група е оние до 19 години. За кламидијата, болеста која е предизвикана од бактеријата Chlamydia trachomatis сигурно веќе сте чуле, но ајде малку поопширно.
ЗНАЦИ
Најголемиот проблем кај кламидијата е во тоа што симптомите најчесто се неприметни. Податоците говорат дека дури 70% од заразените жени немаат никакви, а останатите 30% имаат одвај приметливи благи знаци. Мажите сепак имаат поголеми шанси да сфатат дека нешто не е во ред, бидејќи кај нив процентот на оние без никакви знаци е помал - 50%. Затоа, доколку се заразиш, имаш големи шанси воопшто да не знаеш.
Заразените можат долго време да имаат кламидија без да се развијат симптоми, а заразата се шири преку сексуални односи без заштита. Некои девојки со години боледуваат од кламидија, а го откриваат тоа дури кога безуспешно ќе се обидат да затруднат. Доколку сепак постојат, симптомите се појавуваат по една до три недели по половиот однос без заштита со некој кој е заразен од кламидија, а тие се:
Кај мажите: инфекцијата најчесто предизвикува уретритис - воспаление на надворешниот дел на мочниот систем сместен во телото и главата на пенисот. Како симптоми може да се јават проблеми и печење при мокрењето, светол исцедок, честа потреба за мокрење и евентуално црвенило на главата на пенисот.
Кај жените: исто така се јавува воспаление на мочниот систем и цервицитис - воспаление на матката, како и печење при мокрењето и исцедок со жолтеникава боја.
КАКО ДА СЕ ТЕСТИРАТЕ?
Инфекцијата најчесто доаѓа "во пакет" со некоја друга полова болест, најчесто со ХПВ (Human papiloma virus), па при тестирањето на кламидија добро е да се побара детален преглед и тестирање на други болести. Кламидијата не може да се открие со обичен преглед, туку исклучиво со лабараториски тестови.
Кај мажите: обратете се кај матичниот лекар и побарајте упат за уролог каде ќе го извршите тестирањето. Потребен е примерок (брис) кој ќе биде испратен на анализа во лабараторија.
Кај жените: за време на гинеколошкиот преглед се зема брис кој се праќа на анализа. Постапката трае неколку секунди и е безболна.
КАКО СЕ ЛЕЧИ?
Кламидијата се лечи со антибиотици, а истовремено на терапија треба да се подложи и партнерот.
ШТО ДОКОЛКУ НЕ СЕ ЛЕКУВАМ?
Доколку не знаеш дека имаш кламидија и не се лекуваш, следат сериозни компликации. Освен тоа, можеш да заразиш и други, а воопшто да не си свесен/свесна за тоа.