Квиз за Бугарите, прашања и одговори!

  • Креатор на темата Креатор на темата Bratot
  • Време на започнување Време на започнување
Ајде малку да ја обновиме темава и да ги размрдаме дежурните Бугари на форумов и сите други што будно ја следат Кајгана.

Прашање:

Кој е автор на цитативе?



PS-T1-61_zps78222b35.png


PS-T1-86_1_zps88223395.jpg


PS-T1-86_2_zps9b6dfc53.jpg


PS-T1-87_zps80b194a3.jpg


PS-T1-90_1_zps534329b8.jpg


PS-T1-90_2_zpsd2beea89.jpg


PS-T1-91_zpse9854e5e.jpg
 
Павел Шатев е авторот! ;)

Казаки, темава е специјалка.
Ние Македонците прашуваме, Бугарите (ако знаат) одговараат.
Требаше да им оставиш простор на нив да пробаат да одговорат...
... расипувач на забави. :)

Инаку одговорот ти е точен.
Цитатите се на Павел Шатев и се извадени од Том 1 т.е. од „Историја на Македонија“ од 9-томната збирка негови записи што беше објавена под наслов „Пишаната оставина на Павел Шатев“, а на крајот на декември минатата година имаше промоција.

http://www.makedonija24.mk/play/promocija-na-kapitalnata-edicija-pisanata-ostavina-na-pavel-satev

На погорните цитати ќе додадам уште еден од кој на некои ќе им дојде многу зорт, ама тоа е тоа.

PSatev-T1-164_zps3753b50f.jpg


Пу јаз'к бре анасана!
И овој Павел Шатев да ти бил АНТИКВИЗАТОР!!!

:rolleyes:
 
Какви Бугари, какви црни камења, бараш да ти одговорат на прашањето? Ко небаре Шатев пишува таму дека Македонците се дојдени од долината на р. Волга!?

Да пишуваше можи ќе ги оставев да одговорат. ;)
 
Ченто да даде линк до целата книга. Нели такви се правилата на форумот.
 
Последно уредено од модератор:
Ченто да даде линк до целата книга. Нели такви се правилата на форумот.

Правилата на подфорумов за историја, со посебен акцент на бугарските тролови како тебе, се дека за секој цитат без разлика дали е напишан или пренесен преку скен и сл. тој што го постира треба да даде точен извор: автор, наслов, публикација, година на издавање, и страница.

Ако цитираната содржина ја има на интернет, може и треба да се достави линк до неа.

Јас точно сум посочил од каде се извадени цитатите што ве вознемирија на темава.

Цитатите се на Павел Шатев и се извадени од Том 1 т.е. од „Историја на Македонија“ од 9-томната збирка негови записи што беше објавена под наслов „Пишаната оставина на Павел Шатев“, а на крајот на декември минатата година имаше промоција.
На секој од исечоците има број на страниците од каде се земени.

Божемните "дилеми" што ги имате околу веродостојноста на напишаното од Шатев ќе си ги решавате со издавачите, Државен Архив на Република Македонија (ДАРМ) и Македоника Литера.

PS-T1-Naslovna_zpsa8a0cee1.jpg


Ракописите на Павел Шатев, на повеќе од 4000 страници, од страна на ќерката Милка во неколку наврати му се предадени на македонскиот новинар Предраг Димитровски, којшто во својот предговор на изданието јасно го кажува тоа:

"- Оригиналните ракописи и се што имам од татко ми сакам да биде во Македонија. Со оваа помисла сум обземена, не можам навечер да спијам и верувајте ми, тоа ми е поголем товар од годините што ги носам.

Со овие зборови, во јануари 2012 ме пречека во Загреб, Република Хрватска во својот дом, Милка Шатева, ќерка и единствениот директен жив наследник на гемиџијата и истакнат македонски револуционер, првиот министер за правосудство на повоена Македонија, Павел Шатев.
...
...во форма на микроилм ми ги даде сите необјавени ракописи на нејзиниот татко Павел Шатев. "Земете ги и во Македонија конечно да се дознае вистината за мојот татко", ми порача тогаш таа."

Павел Шатев "Историја на Македонија (Материјали)", Том 1, Скопје, 2012, стр.5


Во функција на редактор на изданието свој предговор во него има и д-р Зоран Тодоровски. Во него тој кажува:

"Зборникот претставува прв том од необјавените ракописни материјали на Павел Шатев.

...

Текстовите се изворно пренесени, а интервениравме со белешки (фусноти), таму каде што сметавме дека е потребно соодветно прецизирање и објаснување."

Павел Шатев "Историја на Македонија (Материјали)", Том 1, Скопје, 2012, стр.23

Во изданието е објавен и краткиот предговор којшто го напишал самиот Павел Шатев:

PS-T1-Predgovor_zps571a598a.jpg



Значи нема никаква потреба од глупаво бугарско тролање, туку собирање малку храброст да се соочите со напишаново од Павел Шатев.

.
 
Последно уредено од модератор:
Nie sme sooceni. Citajte vie. Ako vi se korektni prevodite od bugarski na makedonski.
Koga ke procitate se, ke razberete dali Satev celosno uspeal da se transforira od Bugarin vo etnicki Makedonec ili nekade okolu 1948 g. transformacijata soprela.
 
Nie sme sooceni. Citajte vie. Ako vi se korektni prevodite od bugarski na makedonski.
Koga ke procitate se, ke razberete dali Satev celosno uspeal da se transforira od Bugarin vo etnicki Makedonec ili nekade okolu 1948 g. transformacijata soprela.

Доколку ти ги беше прочитал и доколку имаше и најмала причина за сомнеж досега ќе ги постираше “оригиналите“.

Текстот е доволно јасен. Денес седми февруари 2014 и ние сме Македонци.

Твоето знаење беше дискредитирано во десетици наврати. Доколку немаш некаква конкретна интелектуална понуда за нас воздржи се од празни редови на темава.
 
Последно уредено од модератор:
3ошто во Бугарија нема екзкурзии до монголските гробови, пронајдени низ страната?
3ошто во Бугарија нема екзкурзии до историските места од старите бугари, а каде сега живеат роми и турци??

Тоа е кога ќе ти пикаат во глава пропаганда и пропаганда и не знаеш ни сам што правиш,дали асимилираш,создаваш,измислуваш,истребуваш еден народ.. (за нив зборам).. голема е бугарската логика..
--- надополнето: 8 февруари 2014 во 16:21 ---
Во која година е пишувано? Оти ако е пред 1935 г. се однесува и на тебе.
Немој да се сепарираш од општобугарскиот етники супстрат. Првите етнички Македонци се појавуваат по долгогодишно освестување околу 1935г. Плус-минус 1 година.

Пред 1934 г. нема сведоштва за постоење на етнички Македоци.
Ако знаеш некој, презентирај го. Баба кажала, дедо потврдил не се бројат.

Знам дека е постар постов но почуствував потреба да се вмешам.Да не биде баба кажала а дедо потврдил ќе ти кажам на кратко за историјата на моето потекло.

Таткото на Никола Карев и таткото на мојата баба Спасија биле браќа,во Крушево и ден денеска имам роднини во куќата каде што е роден (ако идеш некогаш таму прашај ги дали имаат роднини во Тетово,јас би ти ги пишал имињата на тие што живеат во таа куќа ама да не биде онака сум ги дознал па пушувам тука),јас не се презивам Карев бидејќи е по женска страна и баба ми го зела преизмето на дедо ми.. и што викаш нема ОСВЕСТЕНИ МАКЕДОНЦИ пред 1935? штета ти ја урнав идеологијата на асимилација..
 
Последно уредено од модератор:
Ве молам без офтопици, на оваа тема ние прашуваме - Бугарите одговараат.
 
Русија - ослободител или окупатор?

Конфронтацијата меѓу „русофилите“ и „русофобите“, која во Бугарија има долга историја, во моментов добива нов потстрек. Во официјалната бугарска историографија Русија важи за „ослободител од турскиот јарем“, бидејќи бугарската државност е повторно воспоставена по Руско-турската војна во 1877/78 година.

Бугарскиот историчар Пламен Цветков вели: “Повеќето Бугари воопшто не знаат дека мировниот договор од 1878 година не претставувал ослободување, туку ја запечатил долгорочната окупација на Бугарија од страна на руската армија и служел за спроведување на руските политички интереси на Босфорот“.

http://www.dw.de/бугарија-растргната-меѓу-москва-и-брисел/a-17518694
 
Odamna nemaat pisano Bugarive na temava... Zosto taka?
 
Odamna nemaat pisano Bugarive na temava... Zosto taka?
Обично во оваа тема пишуваат Македонци кои мислат дека пронашле нешто што ги разликува Македонците и Бугарите. Прашуват и откако се покаже дека аргументите не им чинат, администраторите почнуваат да бришат мислења.

Ако имаш друго прашање постави го и ќе видиш дека токму тоа ќе се случи.
 
Обично во оваа тема пишуваат Македонци кои мислат дека пронашле нешто што ги разликува Македонците и Бугарите. Прашуват и откако се покаже дека аргументите не им чинат, администраторите почнуваат да бришат мислења.
Ти си друже школски пример за "confirmation bias". Не дека и од другава страна нема, али кај тебе е баш онака очигледно изразено.
 
Обично во оваа тема пишуваат Македонци кои мислат дека пронашле нешто што ги разликува Македонците и Бугарите. Прашуват и откако се покаже дека аргументите не им чинат, администраторите почнуваат да бришат мислења.

Ако имаш друго прашање постави го и ќе видиш дека токму тоа ќе се случи.

Еве јас да те прашам тебе, и другите кои го делат твоете мислење дека Македонците се Бугари, како и зошто Македонците денеска не се сметаат за Бугари, туку за посебен народ. Имам слушнато мал милион теории, од најпознатата дека Тито не создал во 1945та, дека Србите ни го испрале мозокот и така натака. Ме интересира лично твоето мислење на ова прашање, и на сите што го делат твоето мислење. Ме интересира логиката, т.е. како вие си го рационализирате фактот дека "горди Бугари" решиле да станат Македонци и зошто.

А за разликите кај Македонците и Бугарите на форумов има колку сакаш, стварно незнам, после сите докази што ви се поставени на форумов како вие се враќате и упорно тврдите спротивно, незнам какви докази вас ви се бришат, незнам какви докази имате што би ги побиле сите недвосмислени изјаснувања на Македонци и странци за посебноста на Македонците.
 
Еве јас да те прашам тебе, и другите кои го делат твоете мислење дека Македонците се Бугари, како и зошто Македонците денеска не се сметаат за Бугари, туку за посебен народ. Имам слушнато мал милион теории

Една вечер 1944 година , Волшебникот Мерлин ги претворил сите Срби,Бугари и Грци во Македонија во Македонци, и така тоа утро тие сите станале од креветот и нивниот прв збор беше:
"Од денес сум Македонец/Македонка"

И така волшебникот Мерлин ги зафркна Србите,Бугарите и Грците...
Велат старите луѓе дека Мерлин Волшебникот бил лут на Србите и Бугарите па затоа го сторил тоа...

Но почна нешто чудно да се случува во светот..И тамо во далечната Америка и Австралија почнале многу души да се искажуват дека се Македонци.
Мерлин волшебникот беше збунет како и самите Срби,Бугари и Грци.

Како тоа и во Америка и Австралија имало Македонци?

Тогаш се јави Волшебникот од ОЗ и се слатко насмеја.
Тој им рече дека намерно да го изнервира Мерлин и некои луѓе од разните народи ги претворил во Македонци по цел свет..

И така денес во цел свет има Македонци..

Wizard-21.gif
 
Бугариве божем појма немаат како функционира еден форум а? Подфорум? Теми? Сите глупости што беа пишани тука се веќе дискутирани со години во други теми, во најголем број од случаите има и посебни теми. Најди си таква тема, прочитај ја цела и кликни цитирај ако имаш нешто да додадеш.
 
Појма немаш како функционира еден форум а? Подфорум? Теми? Сите глупости што беа пишани тука се веќе дискутирани со години во други теми, во најголем број од случаите има и посебни теми. Најди си таква тема, прочитај ја цела и кликни цитирај ако имаш нешто да додадеш.

Немој да се трудите да се објаснувате со сезонските пропагатори кои немаат никаков интерес од дискусија, туку падобрански се обидуваат да пласираат веќе евидентирани пропагандни лаги.

Веќе 10 години не им дава мир форумов и ептен е смешно што не измислиле ништо ново, освен обвинувањата за немање слобода на говор додека истовремено се обидуваат да ти кажат дека не постоиш и креираат 10 лажни профили за да добијат на квантитет. :icon_lol:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom