[Кајгана готвач] Натпревар за оваа недела: Смути

  • Креатор на темата Креатор на темата Ilumious
  • Време на започнување Време на започнување
За оваа недела го избрав ова, таман сите имаме тегли ајвар домче :)

Ролат со ајвар

Потребни состојки:

За тесто:
3 јајца
3 лажици брашно
1 прашок за печиво
3 лажици ајвар
100 мл јогурт

За фил:
250 мл кисела павлака
100 гр шунка
150 гр кашкавал
50 гр печурки


Во длабок сад со миксер изматете ги јајцата со јогуртот. Додадете ги брашното и прашокот за печиво. На крај, ставете го ајварот и убаво измешајте. Смесата претурете ја во тава за печење обложена со хартија за печење. Не го печете тестото во тавче од рерна, туку во помало. Печете го во рерна загреана на 230 целзиусови степени, околу 20 минути. Кога ќе биде тестото печено, завиткајте го во влажна кујнска крпа.
За тоа време направете го филот мешајќи ги сите состојки предвидени за фил (по желба можете да си додадете и други состојки: кисели краставички, шампињони...). Кога тестото ќе се олади и омекне, отворете го и премачкајте го со филот. Завиткајте го во ролат и исечете го на парчиња.

d5bb5cf93491251eec2c7dd51833c52a_view_l.jpg
 
Еве едно дебело парче од ролатот :)
Во смесата за тестото имам ставено сами едно лажиче ајвар, а филот е павлака, пилешко и печурки :)

1.jpg
 
@Олимпија , дали треба да ставам рецепт за оваа недела ?
 
Малку да одмориме од солени јадења , сега благооо :D.

Рецепт за оваа недела : Суфле ( чоколадно или лимон)

Чоколадно суфле

tortino.jpg

Состојки:
220 гр. чоколадо
250 гр. маргарин
4 јајца
160гр.шекер
120 гр. брашно
малку прашок за пециво

Маргаринот и чоколадото се топат на пареа . Во друг сад се миксираат јајцата со шекерот и се додава брашното . Во садот со миксираните јајца се додава смесата од чоколадо и маргарин . Смесата се става во калапчиња , и се пече 10 мин на 230 степени. Калапите измачкајте ги со маргарин и посипете со брашно , штом се испече суфлето , отпревртете и почекајте малце да се олади за го извадите калапот . Се јаде топло.



Доколку не сте љубител на чоколадо тогаш пробајте лимон суфле.

Суфле од лимон

3.jpg

Состојки:
3 јајца
250гр. шекер
70гр. путер на собна температура
1 лимон
250 мл млеко
60 гр. брашно
прстофат сол
малку прашок за пециво


Посебно измиксирајте ги белките со 50гр. шекер , да се добие цврст снег .
Измиксирајте го путерот со останатиот шекер , да стане пенест . Додавајте ги жолчките , лимонов сок и кора од лимон , се убаво да се соедини. Потоа мешајте со дрвена лажица и полека додавајте го млекото добро да се соедини.
Полека додавајте со лажица од снегот од белките во смесата од жолчки путер и млеко за да остане воздушест снегот од белки.
Ставете ја смесата во калапи и печете додека не порумени , препорачувам на 230 степени , околу 12-15 мин. Доколку ставате во длабок сад цела смеса тогаш 45 мин на 180 степени. Откако ќе го испечете извадете го да постои 10 мин и послужете.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom