[Кајгана готвач] Натпревар за оваа недела: Смути

  • Креатор на темата Креатор на темата Ilumious
  • Време на започнување Време на започнување
дечки да можам на сите по еден гриц! го почнав за доручек го завршив за ручек сендвичот хахахаха
Мори Коцко, да не е правен сендвичот од дечко ти, готвачот? :P Или ти дава приватни часови за готвење? :D

Супер изгледа иначе, си ми ја "украла" идејата за пржено јајце во сендвичот. :)
 
Мори Коцко, да не е правен сендвичот од дечко ти, готвачот? :P Или ти дава приватни часови за готвење? :D

Супер изгледа иначе, си ми ја "украла" идејата за пржено јајце во сендвичот. :)

часови, ми држи часови веќе 4 години хахахахаха иако ја слабо ги практикувам, преферирам да јадам :D али со клуб сендвичот беше љубов на прв поглед! морав да го направам...и пак....и пак...и пак... :P
 
Па да ти кажам, и јас да сум како тебе, со дечко, професионален готвач, би одбрала да дегустирам и уживам само во неговата приготвена храна. И во него де, не само во храната. ;)

Како и да е, супер ти изгледа сендвичот, добро те научил. Си пратела настава на тој час. :)
 
Ајде еве ви од мене.
Тортиља со пилешко.
Ова е апсолутно ладен оброк. Го праам од вечер, во фрижидер, утредента од фрижидер во гладна уста. До душа ова што го гледате на сликава не доживеа да стигне до фрижидер, веќе е минато. Многу бев гладен :)
Прво мачкам хумус, па салата (во случајов е спанаќ, цвекло и некој вид марула)
После тоа пилешки гради, исцепкани и пченка.
На крај томато салса и павлака.
Не е лошо. Се праи за 30 секунди. Нормално да имаш се спремно.

29uqag7.jpg
 
Ќе го разочараме Летчо и оваа недела со рецептот, повторно ќе биде „салатовиден“.
Многу лесно и брзо се прави.
Рецептот за оваа недела е: Патлиџани полнети со туна (литературно е домати-бла-бла-ен-два-три-ја сум од Скопје и не викам домати, deal with it)
Потребни состојки (за 4 луѓе):
- 4 големи патлиџани
- 150 г конзервирана туна во масло
- 2 тврдо варени јајца
- 1 мал кромид, ситно исецкан
- 4 лажици мајонез
- 1 лажичка ситно исецкан свеж магдонос
- сол и бибер (по увиџењу)
Подготовка:
Измијте ги патлиџаните и отсечете го горниот дел (не го чистете делот кај дршката, и така ќе го отсечете, а ќе служи само како капаче). Издлабете ја внатрешноста со лажица.
Посолете ја внатрешноста на патлиџаните, превртете ги, ставете ги на цедилка и оставете да се исцедат.
Исцедете ја туната и иситнете ја со вилушка. Излупете ги и исецкајте ги јајцата. Помешајте ги ситно сецканиот кромид, туната и јајцата со мајонезот и магдоносот и потоа додајте сол и бибер по вкус.
Наполнете ги патлиџаните, ставете ги капачињата и аранжирајте ги полнетите домати (можете со зелена салата под нив, или како сакате, ослободете ја вашата фантазија :свиркам: )

Еве како тоа изгледа во моја изведба:
1277917_10152247274267846_1788611714_o.jpg

Let the 29th Kajgana Hunger Games begin! May the odds be ever in your favor!
 
@AlternativeF, сега на глава ќе ти се качат оти даваш рецепт со домати среде зимо. :D
А јадењево има да ми го правиш кога ќе дојдам!
 
@AlternativeF, сега на глава ќе ти се качат оти даваш рецепт со домати среде зимо. :D
А јадењево има да ми го правиш кога ќе дојдам!
Прошлиот беше со зелена салата, никој не се бунеше. :confused: Само да видам сега да промрчи некој!
 
Ја не готвам ништо додека не дојде помфритот на ред , БОЈКОТ БОЈКОТ!

Ќе дојде секако :D

Прошлиот беше со зелена салата, никој не се бунеше. :confused: Само да видам сега да промрчи некој!
Анфемица влијаела овде со гаранција!

Некако туна не ми е омилено јадење, ќе прескокнам неделава да не се чувствуваш запоставена од мене. Али ќе зготвам риба , да ја споделам тагата со Анфем :D
 
Не прифаќам изговори! :D Можеш туната да ја замениш со иста количина сецкана шунка, излегува супер и така.
Едит: и кромидот со млад кромид, шунка не оди баш со стар.
 
јајца не јадам, мајонез не јадам (логично, ако не јадам јајца)... туна и патлиџан? хм, лично мене не ми е комбинација, ретко и сум сретнал главни намирници да бидат туна и патлиџан. не велам дека е лошо. ако треба да правам нешто вакво, ќе морам многу да го модифицирам.

мал предлог од мене за понатака. наместо конкретно јадење, би било подобро доколку се одберат 3-4 намирници и од нив да се изведе нешто. пример: компир, брокула и риба. тука више имаш 20 кобинации, значи тие намирници да доминираат покрај другите.. често гледам реални шоуа за готвење, овој начин е најдобар да се видит креативните квалитети на секој што готви и нормално презентација. овдека уствари презентацијата е она што вреди 99% :)

ќе пробам да изведам нешто со патлиџан и туна, ама како што реков ќе морам многу да модифицирам :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom