[Кајгана готвач] Натпревар за оваа недела: Смути

  • Креатор на темата Креатор на темата Ilumious
  • Време на започнување Време на започнување
Ова излезе како сите стари моми да сме се собрале од форумот, па се фалиме за некој да не земе по дома. :icon_lol: Следен рецепт, слободно придружи ни се, па фрли не сите во сенка, а Алачки во старт верувам дека ништо не ти може. :icon_lol:
немоj така стари моми, кога сум едваj 37 :pos:
 
Ostaj ti toa , tuku daj pokazi gi tvoite kulinarski vestini:D
да бе, па после по цел град да ме бркате, а? :pos:
а слаб сум на кондиција, така да маме ќе ми .......... :D
да не бидам ОФ, пофалба за сите учесници (пошто темава во илегала си ја пратам до почеток), почнувајќи од леандра која ни омлет на знаеше да спржи, па до кафето (y) СИТЕ
 
Anne.
Секоја чест прекрасно изгледа, дали со модри патлиџани или со компири се гледа дека е вкусно :)
 
ova posledno.JPG Ајде да видите како готви првата домаќинка во Солуна
и јас ко Ане не љубам многу патлиџани :icon_lol:
prvvo.JPGprvvo.JPG
 

Attachments

  • vtoro.JPG
    vtoro.JPG
    811,6 KB · Прегледи: 36
  • DSC00460.JPG
    DSC00460.JPG
    709,4 KB · Прегледи: 315
  • DSC00457.JPG
    DSC00457.JPG
    684,6 KB · Прегледи: 37
Еве рецепт и за оваа недела - Палачинки

Ова е основниот рецепт по кој јас ги правам, ако поинаку ги припремате, напоменете го постот кога ќе ги постирате. :)

Состојки:

250 мл. млеко
250 мл. кисела вода
300 гр. брашно
3 јајца
1-2 лажички зејтин
сосема малку сол

Припрема:

Изматете ги јајцата со солта ( значи сосема малку сол ) и постепено додавајте го млекото и киселата вода. Додадете го и зејтинот и продолжете да матите. Со лажичка постепено додавајте го и брашното за да не ви се направат грутки. Ако немате миксер, можете и со жица за матење ама со поголема сила.
Оставете ја смесата барем 10 минути да одмори или додека да ви се загрее тавчето. Натаму постапката за пржење сигурно ја знаете. Треба да имате нелепливо тавче и сосема по малку да го намастувате пред секоја палачинка. Јас тоа го правам со салфетка. Во филџан ставам зејтин и со салфетката премачкувам.
Количината на состојките можеби ќе варира сосема малку во зависност од брашното, големината на јајцата ама одприлика ќе знаете дали треба да додадете течност уште сосема малку или брашно.

Полнењето е по ваша желба, солени или благи. Имате можност за импровизации и креативност, па само осмелете се и оваа недела да не готвите! :))

palacinki4.jpg


Delicious-pancakes-with-strawberries_1920x1200.jpg



Олимпија јас сум готова. :))
 
Нема шанси ова, јас вака прва храбро да се откажам, ова е за мене научна фантастика. Со среќа дечки, јас еднаш бркав дебели палачинки по таван, втор пат реков не :)
 
Нема шанси ова, јас вака прва храбро да се откажам, ова е за мене научна фантастика. Со среќа дечки, јас еднаш бркав дебели палачинки по таван, втор пат реков не :)

Не се занесувај. Со оваа смеса нема да утнеш, а за да не ти се дебели единствена финта е доволно да е загреана тавата и да ти е навалена додека ја ставаш смесата, така набрзина се распределува.
Гледав поедноставен рецепт, види ти што правиш сега! :))
 
Јас не ставам ни млеко ни кисела вода а ни јајца :D. Само брашно вода и масло , малку сол .
 
Јас не ставам ни млеко ни кисела вода а ни јајца :D. Само брашно вода и масло , малку сол .

Направи ги тогаш така. :D

leandra а за таванот нема потреба да импровизираш со превртување. Јас цел живот со прсти правам палачинки. Кога ќе биде готова од едната страна, таа сама си се одлепува и само ја фаќам со рацете и ја превртувам. Обиди се. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom