Ме касна куче, а докторите ме пратија да го уловам...

  • Креатор на темата Креатор на темата emmy007
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
21 јуни 2012
Мислења
65
Поени од реакции
84
Пред неполни 3 часа ме касна куче во сред центар. Веднаш отидов во градската болница, таму ми направија преврска и ми дадоа упат за во државна болница е тука почнува револтот. Влегувам таму нема ниту доктор ниту жива душа доаѓа еден студент и ми вика ништо ќе одиш да го бараш кучето му викам како да го барам ми вика така му реков има ли тука доктор може ли да дојде некој и и се јавува на таа доаѓа и почнува да ми вика ( сум ја прекинала во некоја кафе дискусија ) што да ти правам јас сега и викам вие мене каже ти ми што јас да правам ништо ми вика иди најди го кучето и јави се на ветеринар да дојде да го види и викам а кучето ќе стој таму и ќе го чека веретинарот да дојде да го види и што ако случајно повторно ме нападне ми вика па што јас да ти правам сега тебе имаш 24 часа и тоа е тоа. Каков е овој закон, каквов е тој однос доктор-пациент? Колкави се шансите на површина од 50км да пронајдеш куче скитник? Срамно е и жално, бедно и патетично каков третман добиваат пациентите од оние во кои што го гледаат единствениот спас..
 
Као бе така кучето да го најдеш? Тие нормални се?
Неможат нешо брис да ти земат или крв, па да проверат дали е се у реду?
Свашта.
 
Кога би се ставил во твоја кожа, би викнал друштвото за да се смени и тонот и начинот на обраќање. Дури и покрај тоа што веќе поминала работата, сметам дека несмее да помине неказнето. Викни другари и заканувајте и се на кокошката малку да и се стресе газето а во меѓувреме вие ќе се забавувате а тебе ќе ти се исполни душичката.
 
на приватно си најди вакцини за тетанус и беснило.
После некое време, иди провери се за кучешка тенија.

Најверојатно, ништо не ти е. Ама за да си сигурна...
 
Наместо да седиш тука на форумов и отвараш теми зошто не се обидеш да го најдеш кучето.. е мрзлива младина и после држава ќе правиме.
А што ако го најдам кучето и повторно ме нападне? Да чекам цела вечер од некаде да се појави? Мислиш кучето ке стои 1 час додека дојдат тие од Бардариште да го земат или можеби треба да го следам? Ако сметаш дека некој е мрзелив кога се работи за неговото здравје верувај тој е само реален. И ако си толку сигурен дека ќе се појави може да дојдеш па заедно да го бараме !
 
Девојче, да бев јас ќе им најдев некое кучиште разлајано, бесно такво од улица и ќе им го пуштев внатре, ќе им речев еве ви го кучето што го баравте. На лустери ќе се качеа.

За грев сме еј....
 
на приватно си најди вакцини за тетанус и беснило.
После некое време, иди провери се за кучешка тенија.

Најверојатно, ништо не ти е. Ама за да си сигурна...
Не смеат да даваат никакви вакцини додека кучето не биде пронајдено за да се провери дали има беснило. Инаку се јавив на ветеринар и тој ми рече дека тоа не се вакцини туку серуми кои чинат 100 евра за една и терапијата трае 1 месец и е многу болна проследена со температура, треска повраќање..и со тоа се интервенира само кога веќе ќе имас беснило
--- надополнето: 27 октомври 2012 во 23:51 ---
Као бе така кучето да го најдеш? Тие нормални се?
Неможат нешо брис да ти земат или крв, па да проверат дали е се у реду?
Свашта.
Не може симптоми се појавуваат после 48 часа
 
И да идеш да го бараш кучето најверојатно нема да бидеш сигурна дека е баш тоа куче. Дали се нормални овие од болнициве.
Па уште и преврска направиле, да не ти ги зашија и раните доколку биле подлабоки?
 
ЛОЛ! да го бараш кучето? :D нема потреба, само нека ти ги дадат редовните вакцини и немаш гајле.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom