Izvestaj na Karnegievata Balkanska Komisija
ИЗВЕШТАЈ НА КАРНЕГИЕВАТА БАЛКАНСКА КОМИСИЈА
Каков "доказ” е Извештајот на “Карнеги балканска комисијата” за негаторите на македонскиот народ?!
Вовед – Македонското издание на Извештајот
Детално за извештајот
Насловната од Извештајот на Карнигиевата комисија од 1914 година
- IV. 2000 год., издаден од Скопска “Култура” - Извештајот на Карнеги балканската комисија со наслов - “Поранешните балкански војни 1912-1923 г.”
- Според редакцијата, “сведочењето” ќе овозможело“ разбирање на нашето минато и сегашност” (?!) од историски, политиколошки, правни, психолошки, филозофски, воени и др. аспекти!
- Оваа двосмисленост е проѕирна. За Балканските војни документацијата е толку обемна што еден Извештај обременет од докажливи пристрасности и целосно да е непристрасен (а не е), не може да ја избрише вистината.
- Уште помалку од него наеднаш да си ги“разбереме нашето минато и сегашност”, кои ете од некои причини не сме си ги знаеле(?!).
- “Култура” подржана од Министерство за култура на Р.Македонија, го отпечати предходно и -Зборникот од народни песни на Миладиновци, со наслов“Б`лгарски”, нешта одлучени и случени во време на Министерот Димитар Димитров, познат по пробугарските си ставови.
- Ако и има нешто добро, добро е што се издаде, за да и се виде целата пропагандна трулост, зашто во 1993 г., Извештајот на Карнеги балканската комисија, се издаде и во Бугарија (второ издание). А таму славје, токму од констатациите на пишувачот од Извештајот дека Македонија е населена со –“Бугари” (?!).
- Но настрана домашните подметнувања и бугарските од исток, навистина да видиме со што овие“душегрижници” всушност се радуваат, т.е. дали пак не си се најдоа во трагикомична ситуација како и при други нивни големи “ФАКТИ”.
Компарација со други “историски вистини” од Извештаи на Меѓународни комисии
- За подобро согледување на Извештајот од 1913 год., првин неопходна е компарација со други Извештаи од слични Меѓународни комисии.
I. Таков еден Извештај во однос на друг страдален народ – Евреите (a и тие страдаа и од Бугарите) од 1944 год. е посебно интересен за компарација.
- Извештајот од Меѓународната Инспекција на Црвениот крст поднесен во Женева 1944 год. од г-нот МОРИС РАСЕЛ а во однос Евреите во Германија, според Бугарската логика за “историски вистини”, е НОТОРНА ВИСТИНА (?!). Но каква е и што и е блиско со онаа на Карнеги извештајот?
- Мисијата и е - ВИСТИНАТА за теророт врз Евреите во Германија. Но на терен, во градот од Евреи,Терезинштат- Германија 1944 год., членовите на Комисијата видоа чисти улици, згради и “среќни“ Евреи (?!).
- Евреи кои “најслободно“ читаа во библиотеки, слушаат класична музика и спортуваа, инвалиди и пензионери примаат пензии, деца јадат чоколади и др.
(молат да им се земат сардините- биле сити?!). И се ова во Германија во 1944 год.?!
- Г-нот Морис Расел по враќањето на Комисијата со представници на повеќе земји од светот, во Женева поднесува детален Извештај. Според Извештајот, Евреите во Германија се со “слободни” граѓански права (?!).
- Вистината е дека се беше режија на СС службите за пред Меѓународната јавност. Повеќе од 133 000 Евреи веќе од наредниот ден, се депортирани од Терезинштат во Аушвиц. Од нив 33 818 само умреа од глад, а другите се ликвидирани (од 10 500 деца- преживеаа само 142 и.т.н.).
- Хитлер инспириран од лесното прифаќање на Еврејската “среќа” од Меѓународната комисија, бара и филмови, за цел свет да ја виде.
- На снимките лицата се блиску, да се препознае оваа “среќа” од “хуманоста” на Германците. Герон е само еден од наивните Евреи, кој откога здушно учествува во ова фалоспевие, прв е ликвидиран во Аушвиц.
II. КАРНЕГИ балканската комисија како и оваа Меѓународна комисија на Црвениот крст за Евреите, ни дава слика за Македонци - бегалци во Бугарија како на плоштадот во Самоков се кажуваат за –“Бугари” (?!).
- Пред 20-тина полицајци, војници и агенти, тие “најслободно“ (а во Бугарија и пред Бугари) се декларираат за – “Бугари” и тоа бележано од Павел Милјуков (бугарофил – види за него опширно) како член на комисијата, и овековечено со фотос (?!).
- Македонците во Самоков слично на Евреите во Терезинштат ја прикажуваат сета своја ”среќа“ од нивните “ангели - чувари“ (Бугарите) и пред Меѓународниве “независни”, кажуваат она што од нив го бараат“домаќините“ и сето тоа...
- Во услови на војна за нивните домови, добра и животи, во услови на нивно истребување – Македонците во Балканските, Евреите во Втората светска војна.
- И сега кој е тука глупавиот а кој треба да се направи таков со она дека токму еден“независен“Меѓународен извештај ќе овозможел “разбирање на нашето минато и сегашност” (?!). Но по кој знае кој пат, Бугарите и нашите домашни слуги и овојпат испаднаа – глупавите, особено и од она што следи.
Мотив и подготовки за испраќање на Карнеги комисијата на Балканот
Ендрју Карнеги, основачот на фондацијата
- Комисијата е финансирана од Карнегиевата фондација за мир, основана од Ендрју Карнеги (1835 – 1919) индустријалец од САД и од Шкотско потекло.
- Комисијата се организира на иницијатива од Николас Муреј Батлер,еден од водачите на Фондацијата и Претседател на Универзитетот “Колумбија” .
- По Извештаите што “Њујорк Тајмс” ги објавил во јули 1913 г., за ѕверства ивршени на Балканот,Батлер праќа итна телеграма до Претседателот на Одборот на администраторите г-нот Елиху Рут (Elihu Root), тогаш сенатор на САД и поранешен секретар на војната и државен секретар.
Уште во телеграмата приметно е кон која од страните во конфликтот каков е пристапот:
“Вџашувачките бугарски обвинувања за срамни постапки што му се припишуваат на кралот на Грција ни даваат голема можност за брза акција. Ако одобрите, веднаш ќе испратам угледна комисија на Балканот да ги провери фактите и да ја утврди одговорноста за продолжителните непријателства и извршените срамни постапки. Ве молам одговорете.. уште денес ако е можно“.
- Рут итно одобрува комисијата уште вечерта - на полноќ.
Прашања кои веднаш се наметнуваат:
а) - Зошто комисијата се формира дури по “вџашувачките обвинувања” од Бугарија, особено што печатот и пред тоа е полн со ѕверствата?!
б) - Зошто таква итност во барањето -“уште денес“(?!), но и одобрението од полноќ. Дали оти Бугарија е во целосен крах, со Романски трупи пред Софија?! Имено...
- Токму јули 1913 г.(кога се “случуваат” Извештаите во “Њујорк Тајмс”) сојузницитe со кои ќе ги бркаше Турците од Балканот и се свртеа со се Турција – и ја прегазија Бугарија. Ова само ја докажа фалшивоста на бугарската теза со војната за“заштита на Бугарите” од Македонија! Имено...
- 11 јули 1913 г. - Романците ја преминаа границата и за 3 дена се пред Софија.
Романски високи офицери од пред Балканските војни
- 11 јули 1913 г. - Бугарија го упатува првиот апел за помош до Европа.
- 12 јули 1913 г. - Турција пак ја зазема Тракија и продолжува кон Бугарија.
- 14 јули 1913 г. - Србите низ Крива Паланка,одат кон внатрешноста на Бугарија.
- 15 јули 1913 г. - Фердинанд моли посредување од Франц Јосиф кај Романците.
- 25/30 јули 1913 г. - Грците се кај Џумаја, а Србите кај Видин.
- 30 јули 1913 г. - Во Букурешт почнаа преговори за мир.
- 10 август 1913 г. - по неколку примирја, потпишан е Букурешкиот мир.
в) - Ако војната е за наводна заштита на “Б`лгарите“ од Македонија, Зошто одсуствува било каква хуманост кон невидените страдања на Македонците а камо ли прокламираната “еднородност“(?!).
....