Канцелариска работа во "оперативен сектор" во фирма - што претставува?

Член од
31 јули 2008
Мислења
2.767
Поени од реакции
1.461
Значи фирмата се бави со набавка и испорака на колонијална стока, и имам шаса да добијам канцелариска работа во "оперативниот сектор".

Пред да одам на наредното интервју за работа од огромно значење ми е да знам што ке претставува таа работа - работење во оперативен сектор. Секое едно мислење многу би ми помогнало.

Благодарам однапред.
 
ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.258
Поени од реакции
3.608
Сега да не се цитирам ама сето она што комерцијалистот ќе го среди за продажба оперативниот сектор треба да го проследи до надлежните вработени за да порачката се испорача на местото каде комерцијалистот заверил дека треба да се испрати. Значи проследување на порачка до магацини, Завршување и средувае на фактури, испратници и слично. При тоа повратно од магацините ќе добиваш инфо што и како е состојбата тамо па да се извршат порачки на големо од најчесто надворешни но и домашни прозиводствени или увозни фабрики и погони... значи тоа е тоа , оперативното ти е канцеларија/книговодство и слично...
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Оперативниот сектор е поврзан со набавки, транспорт, царинење и достава на робата. Значи чим се работи за колонијална стока, треба да ги продолжиш контактите со набавувачите, да ги проследиш нарачките кој ќе ги добиеш од дистрибутивната мрежа до нив, да организираш транспорт на робата до Македонија, документација за царинење и превземање до Ваш склад. Понатаму дистрибутивната мрежа ќе разнесе. Треба да имаш одлично познавање на странски јазик (зависи од каде ви се набавките) и да отвориш очи со документацијата која ја прати стоката. Не е тешко, само треба да влезеш во шема. Ќе ти кажат од каде набавуваат и колку треба да набавиш од тој и тој производ. И така.
 
Ви благодарам на одговорите, сакам да се надоврзам со само уште едно доста важно прашање.

Колкава е платата?
Немора точно, барем приближно некаде.
 
Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.621
Поени од реакции
10.879
Колкава е платата?
Немора точно, барем приближно некаде.
Зависи пријател од фирмата и од газдата. Од 12.000 ден па нагоре.
Некаде имаш храна и превоз, некаде немаш.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Ви благодарам на одговорите, сакам да се надоврзам со само уште едно доста важно прашање.

Колкава е платата?
Немора точно, барем приближно некаде.
Да бидам искрена, ти си почетник без никакво работно искуство. Како за тебе плата за првите два месеца треба да е од 3000-6000денари плус процент од продажба. Ако те бива ќе ти покачат, ако не те бива ќе те избркаат и така. Во комерција нема високи фиксни плати, имаш стандард за покривање пат и појадок, другото си го вадиш од продажба (зависи од фирмата, претежно процентите се многу високи, но секој труд се наградува).
 
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.767
Поени од реакции
1.461
Благодарам уште еднаш на сите, од понеделник сум примен на проба па да видиме што ке биде.
 
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.767
Поени од реакции
1.461
Па за нијанса се сменија работите. Изненадно добив понуда да заменувам вработен по мојата струка во времетраење од 2-3 максимум 4 месеци (девојка на породилно). За околу 70 - 80% подобра плата.

Веднаш се јавив и разговарав со фирмава кај што требаше да работам како оперативец, да се консултирам дали би ме почекал некој месец. Се договоривме да одржиме отворени контакти па после заменава пак да ги разгледаме опциите за работа во нивната фирма. Мислам дека не ми се затвори вратата и таму.

Од една страна и се осеќам неубаво пошто дечкото од фирмата е навистина фин човек заедно со директорот, а и плус станува збор за трајно вработување, иако со помала плата. Во разговорот му реков "Дали ке ме почекаш некој месец? Ако е не, кажи ми, веднаш ке ја одбијам понудава за замена". Дечкото ме советуваше да ја искористам шансава да поработам по струката, па во меѓувреме да останеме во "редовни контакти".

Се надевам дека не изгубив шанса во таа фирма бидејки работата ми се допаѓа, газдата е добар човек, можеби на почетокот не е којзнае каква платата но има место за напредок...

Пошто не работам во саботините, со цел да ги задржам контактите таму, размислувам да му се понудам да поработам како волонтер кога ке имам слободно време. Мислам дека би било тоа добра идеа нели?
 
Член од
7 март 2009
Мислења
1.127
Поени од реакции
788
Ви благодарам на одговорите, сакам да се надоврзам со само уште едно доста важно прашање.

Колкава е платата?
Немора точно, барем приближно некаде.
Хммм,кое прашање еј,вакви прашања имаат широкопојасни одговори,еве на пр.ако си супер-секси цура која е расположена за мали дворски игри со шефот или директорот после работното време,тогаш "платата" може да ти биде голема и тоа како.Пред некое време разговарав со мајка и на едно супер-секси девојче кое го зеле на работа во еден многу јак рудник и тоа директно во дирекција,и замислете женава ми се фали,ми вика(цитирам): Aбе моето девојче го примија поштено,преку оглас и директно отиде кај главните,и таму и рекле,не се секирај,ќе имаш нон-стоп работа,само ти врти се околу нас!-;) Бре мајката,како тоа во управите и кај главните секогаш земаат "поштено" и "преку оглас" атрактивни-секси девојки не знам,веројатно ги шармираат лесно огласувачите,:)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom