Како ќе изгледаат четирисеткатниците во Аеродром?

  • Креатор на темата Креатор на темата oon
  • Време на започнување Време на започнување
И на кого да му веруваме сега ?

На општина Центар, или на турците кои ќе го градат ова здание во наредните 5 до 6 години ?

Колку за потсетување, 5 до 6 години е долг временски период во кој може да се случат многу промени.

Наредните редовни локални избори треба да се одржат во 2013.
Наредните редовни претседателски избори треба да се одржат во 2014.
Наредните редовни парламентарни избори треба да се одржат во 2015.

Што ако во меѓувреме дојде до промена на локалната власт во општина Аеродром и/или во град Скопје ?

Што ако во меѓувреме дојде до промена на централната власт во Република Македонија ?

Што ако во меѓувреме турците се премислат и одлучат да си заминат ?

Што ако турците одлучат да отстранат некој веќе планиран објект во ова здание или одлучат да внесат некој непланиран објект во ова здание ?

На кого да му веруваме сега ?

Но, како и да е, едно е сигурно, а тоа е дека, доколку се во право турците кои ќе го градат ова здание и доколку навистина се гради џамија, тогаш значи ова е суштината на пораката која беше упатена за време на изборната кампања при вонредните парламентарни избори 2011 од страна на еден политичар албанец, претседател на политичка партија која е во коалиција со сегашната најголема владејачка партија во Македонија, а гласеше дека македонското сонце и над Аеродром ќе зајде, а небото ќе го прелетуваат орлите.

Очигледно ова е суштината на таа порака.
Еве го официјалниот сајт на холдингот. http://www.cevahirholding.com.tr/EN/home.html Јас овде не гледам никаква информација за зградите во Скопје, а не пак дека ќе имало верски објекти. И стварно кому да му веруваме сега. На Бранко Геровски или на Општина Аеродром, не Центар. И незнам што има врска промената на власта во проектов, или малку параноја не е на одмет. Турците не може да одлучат да внесат некој нов објект без дозвола од општината, ама ајде.
 
^

Еве:

http://mk.zaman.com.tr/mk-tr/newsDetail_getNewsById.action?newsId=4943

Слободно преведи го преку Google Translate:

http://translate.google.com/

и добиваш информација дека планирана е изградба на црква и џамија.

Јас не знам за Геровски или некој друг, никогаш не обрнувам сериозно внимание на македонските медиуми, а особено не им обрнувам сериозно внимание на македонските Интернет портали кога станува збор за странските инвестиции, но еве турски Интернет портал вели дека се планира изградба на црква и џамија.

Ќе речеш дека тоа е само еден сајт, но тешко е да се верува дека тој веб сајт би објавувал лажни и/или непотврдени информации.

Но, како што веќе спомнав, во период од 5 до 6 години многу работи може да се променат, вклучувајќи ги и плановите на турскиот инвеститор, кој можеби не планира сега да гради црква и џамија, но можеби во наредните 5 до 6 години ќе се премисли и ќе одлучи сепак да изгради црква или џамија.
 
Ќе речеш дека тоа е само еден сајт, но тешко е да се верува дека тој веб сајт би објавувал лажни и/или непотврдени информации.

Но, како што веќе спомнав, во период од 5 до 6 години многу работи може да се променат, вклучувајќи ги и плановите на турскиот инвеститор, кој можеби не планира сега да гради црква и џамија, но можеби во наредните 5 до 6 години ќе се премисли и ќе одлучи сепак да изгради црква или џамија.
Доколку такво нешто е дел од планот најверојатно Општина Аеродром ќе го премолчеше. Вака само му дадоа важност на таа работа. Доколку се изградат верски објекти ќе се самодемантираат. Многу поверојатно е во таков случај да го премолчат ова, особено што и не беше некоја битна тема по македонскиве медиуми. Не ме чуди турскиот сајт да има направено грешка бидејќи и турските медиуми не се нешто многу подобри од нашиве. Не верувам дека толкава инвестиција би ја оставиле на можноста отпосле да направат промена на планот и да изградат верски објекти. Космос не беше баш одамна.
 
Импресивната макета на облакодерите кои ќе се градат во општина Аеродром денеска беа претставени на сеамот за градежништво и недвижности во Скопје.

Облакодерите ќе бидат лоцирани на булевар Србија во близина на бензинската пумпа „Макпетрол“ во Аеродром.
Покрај станбениот простор, 4-те четириесеткатници ќе имаат и други содржини, односно објекти за мали комерцијални и деловни објекти, трговски центар, спортски терен, 7.000 паркинг места, од кои 3.200 ќе бидат за потребите на висококатниците и останати пропратни содржини.Градбата на облакодерите треба да заврши до 2017-та година.
maketa1-500.jpg
maketa2-500.jpg
maketa3-500.jpg


maketa4-500.jpg
maketa6-500.jpg

maketa7-500.jpg

maketa8-500.jpg
Видео:
И ситуација на терен
Oblakoderi%20Cevahir%20AER%200201.jpg
 
Јас одам да се распрашам околу лиценци и дозволи за организирање изведување на Банџи скокови....:D
 
Како кулите вавилонски така ќе изгледаат.
 
Ме интересира дали ќе бидат највисоки згради на Балканот? Според тоа што најдов највисока зграда во Балканот е во Сараево на Дневни Аваз. 142 метри 36 ката + антена од 30 метри.
245px-Sarajevo_Twist_Tower.jpg

http://bs.wikipedia.org/wiki/Avaz_Twist_Tower
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=52813858337&id=14&setIzdanie=22889
oblakoder-aerodrom-banskoli.jpg

Мислам дека и моментално се највисока зграда во МК недоправени.
 
Нема да бидат највисоки на Балканот.
Највисока сеуште ќе биде оваа што ја спомна во Босна па после Cevahir Towers па трета Usce Tower во Белград.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom