Како се регистрира приватно училиште?

Член од
15 април 2024
Мислења
3
Поени од реакции
0
Почитувани форумџии, ве молам за одговор и совет доколку имате искуство со оваа работа.
Во министерство за образование и наука ѕвонам неколку дена и немам добиено никого, а со оглед на тоа дека законите се менуваат со брзина на светлината, потребна ми е свежа информација или релевантен извор.
Ви благодарам.
 
Член од
22 декември 2023
Мислења
223
Поени од реакции
203
Почитувани форумџии, ве молам за одговор и совет доколку имате искуство со оваа работа.
Во министерство за образование и наука ѕвонам неколку дена и немам добиено никого, а со оглед на тоа дека законите се менуваат со брзина на светлината, потребна ми е свежа информација или релевантен извор.
Ви благодарам.
Мислиш дека прашањето е за овде?ако мислиш да регистрираш приватно училиште ќе мораш да се консултираш на друго место не верувам дека овде знае некој ниту пак има приватно училиште
 
Член од
15 април 2024
Мислења
3
Поени од реакции
0
Мислиш дека прашањето е за овде?ако мислиш да регистрираш приватно училиште ќе мораш да се консултираш на друго место не верувам дека овде знае некој ниту пак има приватно училиште
Темата е ,,Образование”, логично е да прашам овде. Не разбирам зошто прашањето не е за овде. Да, пробав да се консултирам со надлежни и не успеав, па се понадевав дека некој тука знае. Фала на одговорот, поздрав.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.842
Поени од реакции
35.244
...се мисли за училиште за приватно основно образование или за средно образование?
 
Член од
7 август 2011
Мислења
4.770
Поени од реакции
12.995
Приватно средно
Во Закон за средно образование од член 10 до член 16 ти е опфатено основањето на приватно средно училиште. Со оглед на тоа што веројатно не си правник, најдобро е да си ангжираш адвокат кој ќе ти ја тера процедурата. Консултантски услуги и регистрација на вакво нешто би те коштало оптирлика 500 до 1000 евра.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.842
Поени од реакции
35.244
...не е лошо да бидеме сите запознати и со ова проблематика, без разлика што ќе бидат ангажирани стручни лица за твојата намера за основање на приватно средно училиште, па ако некој го интересира ќе го прочита малку подолгиот пост со извадоците што ќе ги приложам тука селектирани од НЕТ:
(Закон за средното образование консолидиран текст - ОВДЕ)
Член 10
Приватно средно училиште може да основа домашно и странско правно и физичко лице врз основа на одобрение, согласно со овој закон.

Член 11
Средно училиште може да се основа, ако:
постојат потреби на општината, градот Скопје, односно државата од одреден вид кадри, се донесени наставни планови и програми за воспитно-образовна работа.

- се обезбедени соодветни простории и опрема за остварување на средното образование, со финансиски план е обезбедено одржливо ниво на финансирање најмалку за една генерација на ученици во училиштето,

- е обезбеден потребен број лица кои ги исполнуваат условите утврдени за наставници и стручни соработници во средното образование, кои дале изјава дека ќе се пријават на јавниот оглас и дека ќе засноваат работен однос, ако на јавниот оглас бидат избрани и се исполнети и другите услови кои се утврдени со нормативите и стандардите за основање на средно училиште заради вршење на средно образование.
за основање на средно училиште ги донесува министерот надлежен за вршење на работите од областа на образованието (министерот), на предлог на Бирото за развој на образованието.

Член 11-а
Покрај условите утврдени во членот 11 од овој закон, за основање на приватно средно училиште основачот треба да приложи банкарска гаранција дека ќе биде во состојба да ги надомести средствата кои учениците ги уплатиле на приватното средно училиште кое престанало со работа и другите трошоци кои ќе ги имаат учениците заради префрлувањето во друго средно училиште во земјата.

Висината на банкарската гаранција од ставот 1 на овој член ја утврдува министерот во зависност од бројот на предложените паралелки во елаборатот за основање, како и од висината на надоместокот кој се уплаќа за школување.
Основачот на приватното средно училиште кон барањето одобрение за основање на приватно средно училиште доставува и наставни планови и програми усогласени со Концепцијата за државна матура, училишна матура и завршен испит.

Член 11-б
Постапката за основање средно училиште започнува со доставување на барање за одобрение за основање на средно училиште со елаборат за основање и предлог основачки акт за основање на средно училиште.

Член 11-в
Елаборатот за основање на средно училиште особено ги содржи: податоците за основачот, видот, односно видовите на средното образование кое ќе се остварува во средното училиште, наставните планови и програми, бројот на паралелки, просторните услови и опрема за остварување на средното образование, изворот на финансиските средства за вршење на средното образование, можноста за обезбедување на потребниот број наставници и стручни соработници кои можат да бидат вработени во средното училиште и план за начинот на кој ќе бидат исполнети другите услови кои се утврдени во нормативите и стандардите за основање на средно училиште.

Барањето за одобрение за основање на средно училиште со елаборатот за основање на средно училиште и предлог основачки акт за основање на средно училиште се доставува до Министерството.

За утврдување на исполнетоста на условите од членовите 11 и 11-а на овој закон министерот формира комисија составена од претстaвници од Министерството и Државниот просветен инспекторат.

За наставните планови и програми од ставот 1 на овој член дава мислење Бирото за развој на образованието, односно Центарот за стручно образование и обука.

Член 12
Одлука за давање одобрение за основање на приватно средно училиште донесува:
- Владата по претходно мислење од Министерството,
- Бирото за развој на образованието,
- Центарот за стручно образование и обука,
доколку се исполнети условите утврдени во членот 11 став 1 алинеи 2, 3, 4, 5 и 6, како и условите од членот 11-а на овој закон.

Член 13
Co Одлуката на Владата на Република Македонија за давање одобрение за основање на приватно средно училиште се утврдува:
- воспитно - образовното подрачје, односно видот на средното образование за кое се основа приватното училиште;
- потребен наставен кадар, опрема, простор според педагошки стандарди и нормативи;
- бројот на учениците,
- јазикот на кој ќе се изведува наставата,
- програмата за воспитно - образовната дејност,
- почетокот со работа на приватното училиште.

Член 13-а
По донесувањето на одлуката за давање одобрение за основање на приватно средно училиште, основачот донесува основачки акт, според предлогот на основачкиот акт од членот 11-б на овој закон кој бил приложен кон барањето на одобрение за основање на приватно средно училиште.

Член 14
Одобрението може да се измени или прошири во случај кога основачот бара промена на видот на средното образование или проширување на програмата за воспитно- образовната дејност.

Член 15
Владата на Република Македонија може да го одземе одобрението по предлог на Министерството, ако:
основачот основа приватно училиште спротивно на актот за одобрение од член 13 и се утврди дека приватното училиште повеќе не ги исполнува условите од член 11 став 1 алинеи 2,3,4,5,6 на овој закон или не ги спроведува одредбите од овој закон и подзаконските акти што произлегуваат од него. Одобрението може да престане и по барање на основачот.

Член 15-а
Kога основачот ќе утврди дека престанала потребата од приватното средно училиште, или не е во состојба да ја финансира неговата дејност, го известува за причините органот на управување на приватното средно училиште и другите соосновачи или содружници или акционерите кога основач е правно лице и им дава рок од најмалку 30 дена да одлучат дали приватното средно училиште ќе продолжи да работи со обезбедување на сопствени извори на финансиски средства, односно дали финансирањето на приватното средно училиште ќе го преземе еден од соосновачите, ако приватното средно училиште го основале два или повеќе основачи, или некој од содружниците или акционерите, ако основач на приватното средно училиште е едно правно лице.

Ако органот на управување, односно соосновач, содружник или акционер од ставот 1 на овој член го извести основачот дека не постојат услови за вршење на воспитно-образовната дејност со сопствени извори на финансирање или со средства на еден од основачите, односно содружник или акционер, основачот донесува одлука за престанок на приватното средно училиште. Во одлуката основачот е должен да го утврди начинот на кој учениците ќе го продолжат средното образование.

Ако средствата што основачот ги обезбедил за извршување на дадените гаранции не се доволни за остварување на правото на учениците да го продолжат школувањето, основачот за исполнување на дадените гаранции одговара неограничено со целиот свој имот.

По донесувањето на одлуката за престанок, односно одземање на одобрението за основање на приватното средно училиште, министерот донесува решение за негово бришење од Централниот регистар за средни училишта и поднесува барање за бришење на приватното средно училиште од Централниот регистар.

Во случај на престанок на приватното средно училиште кога е исполнет условот од ставот 2 на овој член, или кога е одземено одобрението за основање на приватно средно училиште, министерот ќе донесе решение со кое ќе обезбеди завршување на учебната година на учениците во приватното средно училиште кое е во ликвидација или префрлување на учениците во друго средно училиште во земјата. Со решението ќе се активира и банкарската гаранција која ја дал основачот за да можат да се надоместат средствата кои учениците ги уплатиле на приватното средно училиште кое престанало со работа и другите трошоци кои ќе ги имаат учениците заради завршување на учебната година или префрлање во друго средно училиште.

Член 16
Приватното средно училиште може да престане со стечај согласно со Законот за стечај.

Банкарската гаранција што согласно со овој закон ја дава основачот на приватното средно училиште не влегува во стечајната маса и се користи исклучиво за намената за која е дадена согласно со овој закон.

Ако средствата од гаранцијата што согласно со овој закон ја дал основачот на приватното средно училиште и средствата од стечајната маса не се доволни за надомест за средствата што учениците ги уплатиле на приватното средно училиште кое престанало со работа и на другите трошоци што ќе ги имаат учениците заради префрлувањето во други средни училишта во земјата, основачот одговара неограничено со целиот свој имот согласно со Законот за стечај и Законот за установитe.

По донесувањето на одлуката за давање одобрение за основање на приватно средно училиште, основачот донесува основачки акт, според предлогот на основачкиот акт од член 21 од овој закон, кој бил приложен кон барањето на одобрение за основање на приватно средно училиште.

********

...според податоци од 2018 година, од Државен завод за статистика има 20 средни приватни училишта кои се верификувани од страна на Министерството за образование и наука (МОН), како и три приватни средни училишта во кои има експериментална програма за основно образование со просек по 3.000 ученици кои посетувале настава во приватно училиште со цена од 1.500 до 5.000 евра, зависно од училиштето.
1. Приватно средно училиште „Јахја Кемал“, Скопје од 25.12.1996 година.
2. Приватно средно училиште „Меѓународни училишта Нова“, Скопје од 18.06.1997 година.
3. Приватно средно училиште „Американско интернационално училиште на Македонија“, Скопје од 15.06.1998 година.
4. Приватно средно музичко училиште „ Оксиа“, Штип од 28.06.2006 година.
5. Приватно средно училиште „Петта приватна гимназија“, Скопје од 12.09.2006 година.
6. Приватно средно училиште „International high School“, Скопје од 12.09.2006 година.
7. Приватно средно училиште за гимназиско образование „Прва приватна гимназија“, Битола од 28.08.2007 година.
8. Приватно средно училиште „ПОИНТ“, Гостивар од 11.09.2007 година.
9. Приватно средно училиште „Средношколска академија за бизнис и администрација – САБА“, Скопје од 11.09.2007 година
10. Приватно средно училиште „Алгоритам“, Скопје од 12.06.2008 година.
11. Приватно средно училиште „Академија Леонтиќ“, Скопје од 20.03.2009 година.
12. Приватно средно училиште „Берлиц јазичен центар“, Скопје од 06.07.2009 година.
13. Приватно средно училиште „Anglo American School“, Скопје од 16.09.2009 година.
14. Приватно средно училиште „Американско училиште Македонија“, Скопје од 29.12.2009 година.
15. Приватно средно училиште„ QSI Интернационално училиште“, Скопје од 25.07.2006 година.
16. Приватно средно училиште„ Скупи“, Скопје од 25.07.2006 година.
17. Приватно средно училиште„ Арди“, Скопје од 27.10.2010 година.
18. Приватно средно училиште„ Woodrow Wilson“, Скопје од 26.03.2012 година.
19. Приватно средно училиште „АМЕРИКАНСКА ГИМНАЗИЈА СКОПЈЕ“, Скопје од 04.04.2017 година.
20. Приватно средно училиште „Св. Лука“, Скопје од 29.03.2018 година.

Според член 16 од Законот за основно образование, основно училиште може да основа општина или државата (Владата) и тие може да бидат општински или државни и согласно со член 45 од Уставот не е дозволено основање на приватно основно училиште,
но Членот 31-а од Законот вели: „Во основното училиште може да се реализираат експериментална програма и развојно-истражувачки проект заради унапредување на воспитно-образовниот процес. Експерименталната програма и развојно-истражувачкиот проект од ставот (1) на овој член ги изготвува и/или предлага Бирото, а ги донесува министерот“.

Во земјава има и основни училишта што не се верификувани во Министерството за образование и наука (МОН), но децата добиваат дипломи издадени од министерствата за образование на странските земји, па потоа може да ги нострифицираат во Македонија.

...така да постојат три приватни средни училишта, кои имаат согласност од МОН да реализираат експериментална програма за основно образование, согласно член 31-a од Законот за основното образование,
- приватното средно училиште „Јахја Кемал“ - Скопје од 2008 година,
- Американската гимназија НОВА - Скопје од 2004 година
- приватното средно училиште „Woodrow Wilson“ - Општина Брвеница од 2012 година.
Контрола над одредбите на законите со кои се регулира дејноста основно и средно образование врши Државниот просветен инспекторат (ДПИ).

...постојат приватни школи, центри за обука, кои не се верификувани од Министерството за образование и наука (МОН), во зависност од нивната регистрација, инспекциски надзор вршат доколку се регистрирани како приватни фирми, пазарната, трудовата инспекција, Управата за јавни приходи, а Министерството за правда доколку се регистрирани како здруженија на граѓани, а издадените документи од овие школи и центри за обука што не се верификувани од МОН немаат примена во правниот систем во Македонија за продолжување на образование или за остварување на правата од работен однос при вработување.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom