Како се празните од негативни чувства?

Член од
19 јуни 2015
Мислења
414
Поени од реакции
623
Во последно време многу се разговара за стресови, стравови, депресии, анаксиозност, психички проблеми. Не можам да видам стабилен и доволно среќен човек, за да потврдам дека живееме во среќно општество, среќна земја. Бар кога се работи за Македонија. Темава е многу директна и очекувам да се развие добра дискусија - пред се‘ заради можноста секој да биде анонимен, а со тоа и искрен. Како се празните?

Мој заклучок од тоа што го набљудувам, е дека луѓето патат од синдром на самоосудување (се плашат да не ги направат нештата кои ги сакаат за да не бидат осудени од другите, а најмногу од себеси). Впрочем осудата или самоосудата ги гледам како едно исто нешто. Бидејќи оној кој е сигурен дека тоа што го прави е во ред за него, тогаш нема да биде ниту под влијание на нечија осуда (нема да се плаши што и да речат другите).

Свесен сум дека ова општество преку религијата и законите вовело многу забрани и ограничувања, кои кај луѓето создаваат спротивен ефект - тие стануваат предизвикани да го направат забранетото дури и ако не ги исполнува вистински. Овие забрани создале блокирани луѓе - луѓе исплашени да се празнат или да живеат како што чувствуваат. И второто прашање: Дали се плашите (или не) да направите тоа што чувствувате дека треба?
 
Член од
15 април 2013
Мислења
1.038
Поени од реакции
796
ти докажувам нешта што нема да ги прифатиш за докази, си правам празни муабети место да работам...
така се празнам
кога се молам се исполнувам... само со нешто многу убаво
 
Последно уредено од модератор:
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.783
Поени од реакции
4.018
1. Зборам за тоа шо ме мачи. Ќе кажам се шо ми лежи на душа и ми станува полесно. Дури и кога знам дека тоа што ме мачи не може да го сменам - зборењето за тоа ми помага.

2. Плачам. Во последно време додуша ретко кога плачам, ептен ако нешто ми се собере и плус сум во пмс денови па ќе ми протечат 2 сузи. И тоа ептен пред спиење. 2 сузи и ќе си легнам порано.

3. Спијам. Мислам дека нема подобар лек од тоа да преспијам и да ми се смират нервите. Секогаш добивам нова перспектива и поинаку гледам на стварите откако ќе се наспијам.

4. Чистам како мањак. Генералка. Нервозата ми помага да исчистам се детално кај шо инаку нема да ми текне да чистам, плус ќе испофрлам еден куп ствари шо не ги користам.
 
S

SpaceTraveler

Гостин
Медитација, спорт, кога читам книга не мислам многу, се мотивирам со изреки од позитивни и високи мислители, шетам сам размислувам за нештата во природа. Животот не е толку лош како што може само да ни се чини дека е...
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: aye
Член од
31 октомври 2015
Мислења
215
Поени од реакции
143
Биди оптимист , реши ги проблемите што можеш , да сватиш дека све не е црно-бело. За зве има одговор само треба чоек да се потруди.

За дистракција да не бидеш во депресија. Гледање филмови , читање , играње игри помага.

Истотака зборувајте со негој другар/ка на кого му/и верувате.

Спортување истотака помага.
 
A

aye

Гостин
Со музика најчесто бидејќи и немам некој друг избор т.е можност за избор.

Дали се плашите (или не) да направите тоа што чувствувате дека треба?
Искрено не се плашам туку не сакам да го правам тоа што мислам дека треба да се прави. Од причина што нема на никого да донесе добро.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom